ТЕМА: Штип

Мислење 17 Авг 2012, 00:11

Magnolija напиша:Смеам ли да кажам какво уживање е пица бурекот од Ребус? Ќе пукнам од задоволство! Со другар ми ќе седнеме на некоја клупичка покрај улицата на велосипетската патека и додека прашините удараат во нас, лакомо ќе живееме ]:)

Баш во овие ноќни часови и несмееше да го спомнеш пица бурекот ;( .
Јас стандард зад Туш на тие клупи покрај школото/градинката (што и да е), секогаш таму јадев.
Е сега лиги ми течат. ;(

И највеќе ја ценам и поштујем Везилка :bow: .
Каква вечер поминав таму во лепо друштво, и жива музика која знае да те крене на нозе. А и храната знаат добро да ја подготват.

Не сум многу била по кафани, зошто кога најдам некое добро место не се местам од таму, но со задоволство би отишла ако ми препорачате добра кафана, атмосфера, и храна.
Минусирајте го Нецко зошто од таму сум многу разочарана.
Аватар на корисникот
caroline.costa

Жолто цветче
 
25502427
Мислења: 1271
Зачленет: 29 Окт 2010, 18:53
Локација: Покрај шанкот, со чаша мартини.
Ти можеби навистина си демонски љубовник, но јас сум лошата вештерка.
Мојата магија е посилна.

Мислење 17 Авг 2012, 00:17

Summer beach festival не се пропушташе тоа беше нешто најдобро досега во штип бев 4 дена и стварно беше екстра тоа како да не се наогаш во штип искрено топ атмосвера
Аватар на корисникот
rak4estip

Сино цветче
 
161175
Мислења: 148
Зачленет: 14 Мар 2012, 21:11

Мислење 17 Авг 2012, 00:20

Еј Каролајн, зашо не ти се допаѓа Нецко, познато е дека таму има највкусна храна. Можда не ти се погодило тогаш. Последен пат у Везилка бев претходното лето кога здраво се опивме со уште две другарки :D Јас одам у Бриони, храната е за никаде и јас не знам зошто одам ама летната тераса е мња. Не знам, некогаш имам желба за кафанче или биртија не можам да си најдам некоја по ќеф.

А да, Самер бич фестивал беше јак. Колку ци*ки сум видела во базенчето охоооо :D Такви у филм сите, играт со водата, а момче, се и се гледа, се. Срцки бе! Само ногу гужва! Сабота, една пичка мичка позади мене игра, бута се, занесува се, а гребе ме со тоа небричените нозе. Треба ли да се тепам, шо? :D

Еј, Класик е супер и ефтино местенце. Сите муштерии ги презеде од Казабланка.
Аватар на корисникот
Magnolija

Жолто цветче
 
39513574
Мислења: 1369
Зачленет: 01 Дек 2009, 13:30
Локација: where the wild roses grow...

Мислење 17 Авг 2012, 00:31

Ајј да Класик колку е ефтино, 30 ден. едно кафе. :lol: Барем толку беше јас кога отидов уште кога го отворија. Само еднаш сум била, а баш сакам да одам на такви местенца, Пиано, Класик.. Ама нема со кој бе, никој нејќе да оде на тие места. |(
Ептен имаше гужва, јас бев 3 дена само, сабота, недела и вчера. Како што ми кажуваа во петокот имало најубава журка. Бањат се во базенот, сликат се, филмат се, кој во балетанки, ниски сандали. Убаво беше.
Да се надоврзам за Везилка. Многу е убаво, жива музика, убаво јадење. И ние бевме на вечера со класот и баш ми е криво што рано си отидев, оти презентирав проект наредниот ден. Супер си поминавме.

Уште Трговскиот да го средат и ќе биде многу поличен градот.
Аватар на корисникот
starbucks

Жолто цветче
 
66175379
Мислења: 3065
Зачленет: 12 Апр 2011, 15:32

Мислење 17 Авг 2012, 00:42

Морам да се согласам со caroline.costa за Везилка. Најубав провод имавме таму со мојата тазе цимерка која ја знаев само една недела. Нес кафето во Версај милини :inlove: , послатко од тоа немам пробано ми се чини. Тони Зен го слушав на Angels fm, свртевме круг и кај кафичот, ама таму фураат самопрогласени ВИП фаци, па местото баш и не ме привлекува многу многу. Паркот спроти полицијата секогаш полн, преку ден или навечер. Сутлакот исто. Од другата страна на реката, веднаш покрај полицијата имаш чувство дека одиш низ некој тунел (ова за мене си зборам), а посебно на есен кога има милион паднати лисја. Доживување - прва класа. Центарот целиот раскопан, ама ако :lol: за убавина и ќе потрпиме. Периферијата - тесни улички, сокачиња. Одредени делови од градот делуваат ептен збиено. А за луѓето не коментирам. Мислењата поделени. Знам арогантни и затрескани, сезнајковци, препотентни, ама сум налетала и на душички, во буквална смисла на зборот. Се наоѓа по некоја добра душа, не е се изгубено ;) Штипјани, немам ништо против вас, само споделувам искуства. Како и да е, потрошив добри 4-5 години таму, поради што градот едноставно ми прирасна за срце :) Да искоментирам и за трговскиот - под итно му треба реновирање. А тие тезгаџиите најдоле - што подалеку од таму. Ако прашаш за некое парче облека не те пуштаат да си одиш ако не го земеш. Лошо искуство со комши, сигурна сум дека повеќето го знаат. Се шетаме со дечко ми и прашувам за една маичка, па кога фати да ми ја покажува, ја врти, ја растегнува :D ама не ја земав. И ми вели, ќе ме запаметите вие мене, пак ќе се вратите :fubar: :fubar: Е во тие ситуации мене најмногу ме исполнуваат нивните „тажни“ фаци :rock: Ќе коментирам уште, ама ќе претерам со постов. Доста е :D :D
Аватар на корисникот
Nati.P

Жолто цветче
 
6881042
Мислења: 1782
Зачленет: 16 Апр 2011, 00:27
Слика

Мислење 17 Авг 2012, 00:45

Најбош, глупо и тупо место за излегување ми било Ајс. Ајс и диџеј Ципи комбинација со Питбул. Па тооо! Поубаво у биртија, ќе пијам и ништо нема да осеќам од музика. И така само сме за муабет и храна... а ова е НЕИЗДРЖЛИВО!

Скверо веќе ми стана силувано место, ама сум за Пијано и Џезо секогаш. Обожавам свирки и промаја!

И лелеее, пуста јас, Попај го забравив! Огромна палачинка со еурокрем, банана и плазма кекс. Јадење- во дворчето позади Ескејп. Е ќе си умрам млада и среќна :D

Nati.P на какви ВИП фази мислеш? :)
Аватар на корисникот
Magnolija

Жолто цветче
 
39513574
Мислења: 1369
Зачленет: 01 Дек 2009, 13:30
Локација: where the wild roses grow...

Мислење 17 Авг 2012, 00:54

Во Класик ги фалат сендвичите, ама немам јадено сеуште. Најефтино мислам дека е во Универзитетскиот, ама нема жива душа, за разлика од другите. Палачинките од Попај, па тоа да ти се слоше од еурокрем. :lol: И плус огромни се, цела нема шанси да изедам.
Јас скоро секогаш одам пеш, живеам близу центарот и се‘ е тука.
Суитлакот ми се ептен свиѓа, навечер едвај да најдеш место на ѕидот покрај реката да седнеш, за клупите не коментирам. Секогаш е полно.
Луѓето нема да ги коментирам, секакви не‘ има.

Едит: Е и мене ми се здосади пред некое време во Сутлакот па не одев, ама последните две вечери што отидов, се потсетив колку е/беше убаво. :D
Последна редакција: GarpovaV на 17 Авг 2012, 01:02; редактирано вкупно 3 пати.
Аватар на корисникот
GarpovaV

Зелено цветче
 
19511374
Мислења: 984
Зачленет: 18 Фев 2011, 22:45
Локација: Право па, лево.

Мислење 17 Авг 2012, 00:56

Леле Магнолија кај го спомна сеа Попај, па и паркчето позади Ескејп. :D

Во Ајс се опив ненормално многу, срам ми е да кажувам. Џезо е многу убав, ама јас немам друштво за таму. :( Многу ми е криво што сакам да одам на места кај што другарките нејќат. Они само Лого, Нова понекогаш и тоа од другата страна на Версај, му го заборавив името. Во Скверо ич нејќам да одам.

А морам да го пофалам и бурекот од Симонче, убав е , ама оној во Ребус е многу поубав. Има и една пекара кај промајата, М-десерт се вика, има многу вкусни кифли со крем.

Во Универзитетскиот нема никаква хигиена, сестра ми беше на пракса, ужасно било во кујната, ама па во повеќето ресторани и кафани е така.

Мене искрено ми здосади од Сутлакот, ретко одам сега.
Аватар на корисникот
starbucks

Жолто цветче
 
66175379
Мислења: 3065
Зачленет: 12 Апр 2011, 15:32

Мислење 17 Авг 2012, 01:08

Magnolija напиша:Најбош, глупо и тупо место за излегување ми било Ајс. Ајс и диџеј Ципи комбинација со Питбул. Па тооо! Поубаво у биртија, ќе пијам и ништо нема да осеќам од музика. И така само сме за муабет и храна... а ова е НЕИЗДРЖЛИВО!

Скверо веќе ми стана силувано место, ама сум за Пијано и Џезо секогаш. Обожавам свирки и промаја!

И лелеее, пуста јас, Попај го забравив! Огромна палачинка со еурокрем, банана и плазма кекс. Јадење- во дворчето позади Ескејп. Е ќе си умрам млада и среќна :D

Nati.P на какви ВИП фази мислеш? :)

:D ВИП фаци, во смисла мама и тато имаат пари и познато име во градот, па јас ќе им ги трошам парите, ќе излегувам во Angels, што автоматски ме прави вип фаца. Или, имам оригинал патики адидас и сум вип фаца, а ние вип фаците излегуваме во Angels (ова ми го имаат речено у фаца). На такви џаболебари мислев. Инаку местото како место е супер, сум била еднаш два пати, со оглед на фактот што ми се гади од такви мамини синови и татини принцези. И да, заборавив да го спомнам и џезот, добри свирки имаат. А едно време се растерети гужвата во дискотеките, кога го отворија Балкан, па Мистик. Ама сега пак иста песна - стариот добар Ice :D :D
Аватар на корисникот
Nati.P

Жолто цветче
 
6881042
Мислења: 1782
Зачленет: 16 Апр 2011, 00:27
Слика

Мислење 17 Авг 2012, 10:52

Епа јас зошто немам во Енџелс отидено. Таму одат нафураните шмизли, и штипските кремци. Оваа фраза дури од штипјани произлезе :lol: .

Во Џезо и мене ми се допаѓа, така најопуштено ми е со музиката во позадина. Мирно, и мислам дека баш таму никој не се замара со тебе како повеќето штипјани во другите кафичи.
А во Класик бев неколку пати, и сендвичите им се врв! Внатре преполнети со сенешто и огромни колку една тепција :D . Цел дефинитивно неможеш да изедеш.

А да ве прашам, имате јадено во мексиканската сендвичара? Таа спроти Хамби?

И кај заборавив да го спомнам Даблин. Таму ми е преубаво. Музиката ме опушта, така мирна атмосфера, и мартини во рака. Таму најубавото мартини го имам пробано, заедно со декорацијата.
Мх, мх, милина.
Аватар на корисникот
caroline.costa

Жолто цветче
 
25502427
Мислења: 1271
Зачленет: 29 Окт 2010, 18:53
Локација: Покрај шанкот, со чаша мартини.
Ти можеби навистина си демонски љубовник, но јас сум лошата вештерка.
Мојата магија е посилна.

Врати се на Патувања и одмори

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости