Овој град сум го посетила во есен и во пролет. Првиот пат дека студено многу малку луѓе имаше низ центарот. Се чудев лелле демек какво место е ова, има ли народ тука?Е втор пат имаше раздвиженост. Симпатично мало место, чисто, само јас да ви каамж не знам некако ми е чудно во такви мали места, дека нема работа, како ли се живее. Се мислам дали и таму иам шмизли како во другиве градови или нема?Епа да го чујам вашето мислење.
Зошто никој не коментирал?Никој не бил во Свети Николе?лелле какво убаво паркче имаат на врв на рид. Таму за Свети Никола има општонародна веселба. Ај годинава може ќе одам.
Интересно градче е, сум била неколку пати и ми оставил убав впечаток. Градот е мал, но среден, мирен и убав град. Луѓето се гостопримливи и дружељубиви. Имаат неколку убави кафичи, како Феникс, Интермецо, кои цело време се полни. Убави места за седење се и пицериите како ТиАмо и најновата Леа. Паркот ми се допаѓа а сега е во изградба и нова фонтана, која мислам дека ќе има изглед на око и додатно ќе го разубави паркот. Во една слаткара, не знам како се викаше, го имам јадено најубавиот сладолед. Има преубава кафана „Мечкуевска куќа“ со прекрасен ентериер со елементи на етно - куќа, храната е убаво подготвена, атмосферата е опуштена. Им недостига диско, имаше едно „Арт“ ама последниот пат кога бев кажаа дека е затворено. Исто така знам дека водата од водовод не е убава за пиење, се посочува како причинител за појава на рак, што го прави градот на врвот на листата на заболени од карцином во државата.
Сум била во Мечкуевска куќа, не е лошо. Ми кажувааат дека од таму луѓето нагло се селат, не знам колку е точно.
Јас во саботата бев во Свети Николе,на гости кај кумашините и тие малку не прошетаа низ градот. Панаѓур,полно луѓе,млади излезени се шетаат... Го видов паркот и фонтаната во вид на око,која што незнам зошто не беше пуштена, и видов неколку кафичи и слаткарница,како и горе спомнатата пицерија ти амо. Исто така видов рушевина која требала порано диско да претставува ама наводно сега одново ќе се гради... Мало,мирно место,средено. Ми остави впечаток и ми се допадна,ама сепак јас не сум човек за мали места....
Јас никогаш не сум била Свети Николе и не сум имала голема желеба за да одам..Незнам оти.. Ама кога ќе ми се пружи прилика ќе одам oneday-да ме прошеташ ти убаво..
Една феминка оставила коментар (отиде изгледа сосе темата во канта) дека едвај чека да заврши средно и да избега во Св.Николе?Зошто е тоа така?Мене ми е сипматично, мирно, чисто гратче, е сега може нема многу можности. Па еве светиниколчанки пишете.
Плоштадот е доста убав. Летово бев во Свети Николе и мојот впечаток е дека е мало, но интересно градче. Не дека не сум била и другпат, имам роднини таму, но најсвежо ми е памтењето од ова лето, бидејќи тогаш сум била мала не помнам.
здраво имам едно прашање за едно место во врска со Св николе нека ми пише некој ако може, фала однапред
Во ресторан Мечкуевска куќа има преубава скара и пристапни цени, вреди да се посети, ско ви е уз пат. Свети Николе е многу мало гратче, нема многу простор и можности за маневрирање и шеткање.