Ајде на помош девојки, дали знаете туристички агенции кои прават еднодневни екскурзии на места во Македонија нешто слично на пензионерските му доаѓа.Ама некоја проверена и стабилна.Гледам на рекорд имаше залепено од Т.А. Мон Ами ама за таа нема веб сајт што е многу чудно,многу непозната,непроверена..Пишете ако знаете.
Таа агенција првпат ја слушам искрено, а ако сакаш од тие пензионерските патувања, обрати се во некое пензионерско друштво - тие најчесто и организираат излети, шетања за членовите. Тоа ти е најпаметно!
Знам дека е доцна, но чисто моето мислење можеби ќе му притреба на друг... Јас сум максимално НЕЗАДОВОЛНА до Савана! Никогаш повеќе не би патувала... Бев во Макарска минатово лето преку нив. Ни ветија соби со тараса и одалечени 5 мин од плажа... Добивме, Соби со прозорче и оддалечени 10 мин од плажа кога ке одиш надоле, а кога ќе се враќаш ќе ти излезе душа бидејќи бевме сместени во шума прилично. Освен што ни наплатија 3 пати од што беше цена во строг центар, патувањето беше посебно патешествие, сменивме 4 автобуси, расипан автобус тргна и неможеше да издржи се гасеше, ни дојде полиција бидејќи застанувавме на 3 мин, после не префрлија во миникомбе каде ни стока не носат а не луѓе, некои седеа и долу на патос пошто немаше место, и после пак не префрлија и после пак во автобус на друга агенција... Патувањето беше хорор, не сум задоволна воопшто. На муабетот ни ветивте соба со тараса они рекоа а не може сме спомнале МОЖЕБИ ќе имате тараса, а да а ние сме смотани... А за Грција беше моја другарка и ми рече помеѓу собата и купатилото немало разделеност, мислам имало врата ама немало подигнато незз како да ви опишам, и кога се бањале(бидејќи немале када, само дупка и туш) велеше под кревети одеше водата во соба, бидејќи немаше каде. И тие не беа ич задоволни. Така да ОГРОМНО НЕ ЗА САВАНА! (од мене)
Едно мислење околу агенциите: моја другарка работеше во агенција и секој ден ми раскажуваше по нешто - така да знам од прилика нешто ) 1) никогаш не им верувајте ако ви кажат 5 мин, секогаш додадете уште 5 исто и за метрите, ако речат 100 м, значи се 200 (и тоа сум си го искусила) * секако, освен ако не видите слика на која јасно се гледа одалеченоста од морето 2) што се однесува до автобусите - тука неможете да окривите никоја агенција, тоа е до превозниците - агенцијата го изнајмува а превозникот е тој што го фали својот автобус. Секако овде знам следат контра аргументи, па агенцијата има договор со превозникот, јасно! Но, боже мој, се расипува - што можам, и јас сум седела на автопат кај Воден добри 5 саати ...на нервозата сите тужевме, мо кога стигнавме дома и сфативме дека водичот т.е агенцијата не е крива, туку превозникот кој излажал дека штотуку го вратил автобусот од на сервис 3) за собите (примерот со девојката што и влегувало вода додека се туширала) - па луѓе мои, што очекувате за цена од 90 еур или помалку во апартмнани 3м х3м, џакузи ли !!! Па тушот ќе го насочиш према плочките а не према вратата - не сме дома 4) ми се ежи косата кога во јајцето се бара влакно а плаќаме смешни цени за одмори - и јас сум била грција за 85 еур, и мене ми беше 150 м собата од морето и немаше подигнато кај вратата ништо - и јас сум се нервирала за расипан автобус или затоа што сум немала тераса со поглед ....а кога поштено си платив 600 еур со авион за Шпанија е па не се пожалив, се си беше на ниво 5) колку пари толку музика 6) секоја чест на исклучоци - но во секоја агенција има и задоволни и незадоволни
И мене ми стигна таква порака, се јавив во агенцијата ми кажаа што е како е ама некако сум скептик, ми рекоа дека можам уште 5 да земам со мене и нив им било безплатно сместувањето ама само сместувањето патот се плаќа ми рекоа дека треба да се доплати 86евра... не знам...ајде ако разбереш нешто кажи ми
Братучетка моја беше на Крф со Јупитер - и беше во глобала задоволна, сместувањето малку подалеку од плажите, ама за толку пари тоа ти е. Тие беа 3-4 другарки, и така ефтинко си поминаа по 70 еур мислам - за влезниците на забавите не купиле, бидејќи толку е само влезот а пијачките посебно се плаќале, а забавите биле луди, баш луди ))....толку знам !
тео травел,ние секогаш со нив одиме,коректни се ,али секоја година истите аранжмани ,сега оваа година ке одиме со некој други,да смениме малце локации оти само лептокарија, закинтос и крф ги работат
таа е велешка агенција,мoите две најдoбри другарки велешанки самo сo нив патуваат и мнoгу ги фалат, а јас пред 2 гoд за закинтoс сo нив бев,цени прифатливи,сместување супер...за разлика oд мнoгу други,oвие се навистина дoбри
Јас одлучив да не одам. Некако сум скептик за патувањево и плус мислам дека со тие 86 евра што треба да се доплатат дека уствари си го плаќам сместувањето. Толку се аранжманите вон сезона. Лани имаше понуда за Крф (септември месец) за 54 евра се платено (патот, сместувањето 7 ноќевања, осигурување, такса, резервација). Така што подобро да не експериментирам Дополнително слушнав дека тоа со алките немало везе, уствари те носеле во дискотеки во кои посекако бил бесплатен влезот (така слушнав што не мора да значи дека е вистина ) така што некако не ми се сигурни Доколку одлучите да одите ви посакувам најубав помин па ќе раскажувате како било
Девојки дали имате искуство со туристичка агенција Арка???? Гледам годинава имаат доста ефтини понуди
[ И мене ми стигна таква порака, се јавив во агенцијата ми кажаа што е како е ама некако сум скептик, ми рекоа дека можам уште 5 да земам со мене и нив им било безплатно сместувањето ама само сместувањето патот се плаќа ми рекоа дека треба да се доплати 86евра... не знам...ајде ако разбереш нешто кажи ми [/quote] Женски кажете дали дознавте нешто повеќе? И мене ми стигна пораката на фб..[/quote]длучите да одите ви посакувам најубав помин па ќе раскажувате како било [/quote] исто и мене ми стигна на фб порака со истите семи со уплата на 86 евра за пат и некоја си такса и со мене да земам мозам уште 5 души и така и направив се информирав ми казаа дека ке ми пратат договор потписанод нивна стараа и јас да уплатам 86 евра ама еве после2 месеци ни повик од нив ни договор да пратат ни ншто и овие се преваранти тески затоа немојте да подлегнета на агенција ЈУПИТЕР ИЛИ ЈУПИТЕР ТРАВЕЛ среката е мја што не се зафрканав да уплатам преку нив
ај пратете ми некој линк од туристички агениции да ги видам понудудите за одмор .. фала ви однапред )
и мене ме интересира информации за АРКА има убави понуди посебно островите. Лани бевме со Савана на Кефалонија, од агенцијата беше се реализирано по договор. А местото исто прекрасно но само за парови, за друство никако.
Gи разгледував понудите на туристичкиве агенции и приметив дека понудите на букинг,агода итн. Sе доста поефтини затоа мој совет пред да уплатите споредете ги цените на хотелите. I така јас се пак се премислив и вториот и третиот одмор решив пак да ги резервирам преку букинг и агода бидејки по незнам кој пат си докажав повекето од понудите на нашиве агенции се рип-офф.
Другарка ми пред два месеца преку оваа агенција беше во Банско и се врати ептен задоволна. Исто на фб во порака и ја пратиле понудата и ја прифатија со друштвото. Мислам како што и беше кажано така и испадна, си стоеа на зборот.