1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. victorijaad

    victorijaad Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0


    Т О Ч Н О
    НАЈЛОШАТ агенција.
    Професионалност НУЛА.
    Односот кон патниците НУЛА.
    Патував со нив и веќе НИКОГАШ.
    Шоферот цело време, 18 часа пат, пушеше цигари и зборуваше на телефон.
    За толкава релација, автобусот беше како градски.
    Накратко кажано , доколку имате можност
    НИКОГАШ И НИКАДЕ НЕ ОДЕТЕ СО ХИСАР.
     
  2. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Годинава на одмор преку Дипломатик,некое искуство? :)
     
  3. Lizzy.Grant

    Lizzy.Grant Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Вака, сестра ми ја избраа по случаен избор на една наградна игра на ,,Кафе пауза'' и доби комплетно платено патување за двајца на Крф за Велигденските празници, со туристичката агенција Јупитер. Бидејќи таа е малолетна, а ние сме петочлено семејство, решивме сите петтина да одиме, а да доплатиме уште за тројца. Па сакав да прашам дали има некој слично искуство и какви се Јупитер како туристичка агенција, зашто читав разни коментари. Фала :)
     
  4. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Јас не, ама мои роднони да. Немој да се зезнаес зошто поголеми коштаплери нема од нив. На сите се јавуваат , мене 4 пати ми се јавиле и ги одбив. знам илуѓе што платиле, рзервирале и кога отишле во хотелот им кажале дека немаат резервација со таква туристицка агенција. Мој совет ти е да не ги фрлас парите у ветер.
     
  5. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Иако немам директно лично искуство,сепак ќе споделам искуство раскажано од многу блиска роднина.
    Катастрофа невидена било,излегле непредвидени трошоци па фактички све си плтиле немало ништо ''наградно''. Она беше разочарана од се,и од организација и од сметувањето.
    Па според мене,подобро платете си во некоја асална и цврста агенција и ќе си бидете на мирно,или пак пробајте сеа немате ништо што да изгубите освен секако некој денар плус или минус.
     
  6. Lizzy.Grant

    Lizzy.Grant Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    ^^Ви благодарам, а баш се израдувавме што и нас некогаш не избрале и тоа по случаен избор, :( но секако ништо нема бесплатно во животот. А инаку не може нешто да помогнат ваучерите што ги зедовме, доколку бидне така како што велите? Да се надеваме дека ќе биде како што велат од таму.Инаку за човек треба да се доплати 86 евра, така и кажале на мајка ми.
    Сепак, фала Ви за одвоеното време. :)
     
  7. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Онаа за Истанбул,не се залажувајте бидејќи си го плаќате сместувањето и патот.Повратна карта до Истанбул и назад е 3000 денари :)
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.558
    Допаѓања:
    171.457
    Пол:
    Женски
    Тоа што ја избраа од Кафе Пауза е баш убаво и верувам дека ќе си помине убаво. Затоа што не е хотелско туку апартманско сместувањето верувам дека нема да имате проблем со тоа затоа што тие ги закупуваат вилите до крај на летото. Само што вилата е далеку од плажа и од се. Истата е летоска што ја нудеа за сместување на Крф.
    Не знам дали воопшто вреди да се доплати за сите вас, ама ако парите не ви се проблем одете затоа што е преубаво :)
    Да беше во хотел сместувањето малку ќе се размислев пред да ти речам да одите.

    Инаку за тие што не знаат, тоа беше наградна игра преку Кафе Пауза и не е како она што се јавуваат - Добивте бесплатен одмор ама треба да доплатите толку евра. ;)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Тоа се чисти глупости, ќе ти кажат дека ти е платено сместувањето ти само преку нас мораш да си го платиш патот и се ќе ти израчунаат во патот па фактички не си добил никаква награда само поголем трошок си направил. Јас на одмори никогаш не одам преку агенции, си има страни на интернет ќе си резервираш дирекно во хотел, за патот дали со кола дали со автобус сам ќе си организираш како ти одговара и ќе си платиш, нема зашто некој да те зеза и да ти уништва одмор. Сега е барем лесно, се е достапно онлајн, резервации се прават за каде сакате, преку букинг однапред се плаќа само одредена сума како потврда за вашата резервација, а потоа на лице место си доплаќате. Зашто некој да ме условува на колкава одалеченост била, па мора со наш превоз, па мора преку ваму преку онаму да се иде, па да се доплати за ова, па за она... И незнам зашто па за во Грција, конкретно за делов на краците и таму поблиску идете преку агенции, палиш колата или автобусот и на лице место си бараш смештај за многу поефтини цени + можеш и да се ценкаш :D и смештајот да ти искочи за џабе за 10тина евра.
    Агенција би ми требала на пример ако сакам да идам на Куба или Бали, еве конкретно за Куба, сега само што се врати другар за 1500 евра авионска повратна + хотел **** ол инклузив, поише се исплати преку агенција за да не се малтретираш со визите и документацијата, за друго ич не си трошете време и пари по агенции.
     
  10. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Дали некој патувал со Магелан?Добро или лошо искуство?
     
  11. Tina.a

    Tina.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Дали некој има патувано со No Limit Travel ?

    Би ве замолила да споделите искуство со мене , бидејќи би сакала летово да уплатам за нивен аранжман :)
     
  12. irena85

    irena85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Некој искуство со Камелија , Мерион или Балкан нет ? :)
     
  13. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Имам искуство само со Фибула,Савана и Аурора..Немам некој поголеми забелешки ама најубаво поминувам со Фибула
     
  14. Tina.a

    Tina.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0

    Со Камелија имам идено на еднодневна екскурзија до Грција. Многу пријатно искуство. Млади, весели и пријателски расположени вработени, добар однос кон сите. Многу позитивно ме изненадија со некои мали гестови како бесплатно кафе, кроасан и шишенца ладна вода во текот на патувањето :)
     
  15. vivi.davvero

    vivi.davvero Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Немам големо искуство ама дефинитивно за Нехар само пофалби. Многу професионални!
    Топло препорачувам! :*
     
  16. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Дали некој може да ми препорача туристичка агенција за одмор во Турција?
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Дали некој патувал со MtTravel што се наоѓа кај Буњаковец пазарчето во Центар?
    Добри/лоши искуства да каже?

    Имаат за 850 денари еднодневна посета на Лутраки: https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 793&type=1

    Што мислите вие за понудава? Сакам да одам на ова.
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    некој искуство со ОК травел од Скопје? гледам не е стара агенцијава од лани е,а истите понуди ги има од другите агенции само што тие познатите немаат слободни апартмани , а во ок травел има. па да си прашам, фала
    иначе најдобро искуство од туристичка агенција сум имала од Вел Јан Кочани, презадоволна
     
  19. irena85

    irena85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    До сега добро искуство сум имала со Савана , Сафари првата година беше се во ред , па затоа следната година отидовме пак преку нив на исто место Олимпик Бич но таму бабата ни правеше проблеми ни искучуваше вода и сл. со Ин травел освен што ни се расипа автобусот пред граница па малку почекавме додека дојде друг ,иначе се друго беше ок, вилата како што ни кажаа беше на самата плажа средено се како што треба.

    Дали некој имал искуство со Мерион травел или да има одено на одмор во Ксамил во Вила Алекс ? Ве молам споделете искуство или препорачате некоја агенција или вила за Ксамил ? Благодарам

    Поздрав
     
  20. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам да не сте информирани некои агенции да имаат студентски попуст за летен одмор?