Рајна те молам прочитај го убаво мојот пост погоре и сигурна сум дека ќе сфатиш што точно сум сакала да кажам и кој за што е виновен...
Луѓе ај не се расправајте веќе,тие шо искусиле нека споделат како било,тие шо се оштетени имаат право да се жалат и да кажат шо не било како шо треба за да внимаваат на тоа сите останати,ако било се во ред немало да се пожалат нели?А задоволните нека споделат убаво искуство. И секој си има свое мислење затоа не се закачајте една со друга. Темата е туристички агенции и можи се да се напиши за нив.
ПРЕКРАСНИСЕ Агенција ''Атлантик-турс''-Кавадарци доживеав три најубави патувања со нив.Организација,сместување,точност начин на плакање договарање само пофални зборови за нив.Сопствениците на агенцијата се брачен пар кој имат смисол за работата ,харизма,душа на човечност,стил во однесувањето.За мене се незаборавни Пролом-бања,Турција и Грција. Секоја чест продолжете така секогаш ке ви се вракат клиентите. Имајте само успеси Атлантик-Кавадарци.
Читам сум пишала дека ќе патувам(в) летово преку агенција од Србија. Мои импресии? Очајно. Патував со Sunline. Цените беа евтини ептен бидејќи агенцијата со која соработуваше оваа агенција е на газдата во хотел каде бев и нормално цените беа смешни за понудата. Македонската агенција која се поврза со српската уште полоша. Патувавме на 43 степени, јас не бев јадена цел ден, се губев на моменти и идиотот не сакаше да пушти клима бидејќи бензин му се троши. А тоа што е приватен платен возач не го занимаше изгледа. Како и да е... Поголема организираност имаат нашите по мој впечаток. Очекував нешто по wow прво дека поголема држава и си викам Југославија, па ваљда авторитет ќе имаа нешто по тоа другите земји од Третиот свет. Ма ништо од тоа. Жена оставија на аеродром од што лошо се спастриле. Остана кутрата со деца сама на аеродром бидејќи немаше место за неа во авион. Чартер! Чартер беше во прашање. Катастрофа. И не само организацијата, не можам да не спомнам презирот кон нас. Од Македонија сме биле тууф, па уште и на англиски ми се обраќаа. -.-
2 години по ред летувавме со агенција од Србија во арапскиот свет, и морам да признаам дека првиот пат беа ВРВ во секоја смисла - прецизното времето на полетување (иако чартет), организацијата таму и односот кон нас. Хотелот немаше врска со нив, тој си беше дел од интернационален ланец така да таму важеа други правила Вториот пат беше.....„држ ме мајко“ Истата агенција, на истата дестинација, во друг де лукс хотел - помин МИЗЕРИЈА. 90 луѓе (од 120 вкупно) чекавме цела ноќ на аеродромот таму пошто ЗАБОРАВИЛЕ да најават дека ќе одиме и лица кои не извадовме визи во Белград; одговорните од агенцијата (2 типки) не можевме да ги најдеме ни за лек; собираа пари за екскурзии, а не им ги даваа сите на локалците, па секој пат по некој остануваше „со прстот в уста“! Џабе карање, џабе расправање, се однесуваа ко да се арапски жени во харем, а бе просто да ти дојди да ја задавиш со перница на спиење Како и да е, на крај сите патници потпишавме согласност и петиција за да ги тужиме и да бараме рефундирање на дел од парите. Кога се вративме во Мк, едно време изгубивме контакт и немавме инфо за случувањата, за да на крај слушнеме на ТВ дека агенцијата ја затвориле баш заради тоа патување Со агенции во МК немам искуство ама баш никакво до сега, а и чисто се сомневам дека некогаш би имала. Фала ти многу интернету
Луѓе да ви кажам нешто... сабајле поштарот донесе едно плико иво него имаше како флаер од travelgroup и на него пишуваше дека сме добиле бесплатно патување во шпанија или во грција 10 дена коеможеме да го искористиме во рок од 12 месеци од добивањето.Сеа да ве прашам вистина е тоа или некоја заебанција ?
не е лага, но не е ни бесплатно обично плаќаш некоја одредена сума за водич, за храна а бесплатно ти е само или превозот или хотелот. ЈАви се во агенцијата ќе ти дадат повеќе објаснувања, овие работат на ист принцип како и т.а Јупитер најверојатно си слушала за нив.поздрав и пиши што ти кажаа.
На тоа пишува бесплатно сместување во високо рангиран хотел, ваљда сместувањето е бесплатно .. Ќе им кажам на моите да се јават
Едни мои пријатели заглавија ова лето со нив. Не е бесплатно, лажат. Тие си платија лепо фино за во Грција и чекаа термин 01,09, хотелот немаше врска од тоа што има кажаа и условите катастрофа. Воопшто не беа задоволни, се покајаа 100 пати што се зезнаа
Нема да сретнеш човек кој ќе ти рече дека е задоволен од нив и дека не бил прелажан. Тие работат на тој принцип, да соберат повеќе наивни луѓе, прават еден вид презентации и ги ловат потенцијалните заинтересирани и вршат буквално напад врз нив. Менаџерите таму се посебно обучени да ги препознаваат лицата кои можат и се спремни да дадат пари и ретко кој бил таму и не потпаднал под нивно влијание. Значи станува збор за разработена агенда, даваш околу 2000 евра и за тие пари, кои ти ги држат и работат околу 2 години, ти веруваат брда и долини, гратис сместувања и слично, а реално не добиваш ни 50% од тоа. Кога ќе се пресметаш, ќе увидиш дека всушност си преплатил и за истите пари ќе си се организирал сам или преку некоја пристојна агенција и ќе си добиел аранжман далеку подобар. За нив можам да зборам до 1000 и назад, лично познавам луѓе кои се џишнале па сега офкаат и не би ги препорачала никому.
Вчера резервиравме со вереникот преку Аурора за Нова Година во Истанбул со авион..Што мислите за оваа агенција?
За Травел Груп од лично искуство знам дека се преваранти и затоа не наседнувајте на нивните приказни.Се што ќе ви стигне од нив фрлајте право во канта. За Аурора можам да дадам оценка 3/5. Лани патувавме со нив бидејќи имаа многу подобра понуда во споредба со останатите агенции. И се одлучивме да летуваме преку нив.Но пред да тргнеме имаа доста пропусти. При секое мое јавување да прашам нешто,вработените различни информации ми даваа. На крај морав да се разберам со директорот. Па ај некако резервиравме, за покасно да следи нема доволно заинтересирани за тој термин, па мораше да тргнеме покасно. И како шлаг на се, и се јавуваат на другарка ми и дечко и, и им кажуваат дека ги заборавиле нивните две места во авион да ги чекираат. Кутрите мораа да патуваат со два лета,тродупло часови. Срамота. Очекував дека се поголеми професионалци но дефинитивно се разочарав.
Имам патувано за Лесковац (Србија) со автобус од агенцијата Галеб (Охридска агенција)-имаат релација Охрид-Београд и попатни станици,ич не сум задоволна. Бевме цело семејство и си имавме платено повратни карти,и знаете што ни направија?!Кога дојде време да си идиме за Македонија се јавија во автобуска станица,и ни рекоја автобусот е ќе биде преполн и нема слободни места,а ние со повратна карта И рекоја чекајте на автобуска ако има слободно место ќе седнете,а ние 7 мина И чекавме до 2 часот ноќта,дремевме и кога конечно стигна автобусов и се качивме стоевме во автобусов,ако можиш некаде ќе потседниш ако не не!И така цела ноќ на нозе преморени И уште еднаш нема да ни текне со нив да одиме негде. Глупи
Јас често одам на одмор со туристичката агенција Бран . Имам посетено многу дестинации со оваа агенција и премногу сум задоволна
А ги потврдивте картите за назад? Не е работата само земи повратни, треба на автобуската во Лесковац да си ги потврдиш со време за да имаш место за назад.
Ги потврдивме картите,само тие зеле патници и од Београд затоа немаше место во автобусот,незнам како можеле така да направат
Само да ви кажам дека сум презадоволна од патувањето во Истанбул,за новогодишната ноќ преку Аурора ..стварно беше се у најдобар ред организирано ..