Последно нешто што прочитав....

Discussion in 'Канта' started by Snow-Queen, Mar 30, 2012.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Во секојдневието читаме и следиме,весници и сајтови.Нон стоп читаме најразлочни новости,некои смешни, некои за плачење, а за некои незнаеш дали да се смееш или да плачеш. Па си велам, многу ме интересираат коментарите на луѓетo,нивните ставови,па затоа да не се отвараат поединечни теми за се живо, еве една тема каде можеме да постираме нешто последно прочитано, и да се кажат вашите мислења за тој чин.

    Последно нешто што го прочитав беше ова....прво нешто што си помислив беше,уффф ова ќе е смрт за моите комшики,знаејќи ги како долните алишта секогаш ги закчуваат напред :lol: тоа ќе е смрт за нив, не ќе се пофалат со новите парчиња :rofl: (мала шала)

    Цитирам:
    ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ КАЗНУВА ЗА СУШЕЊЕ НА ТЕРАСА

    Гаќите мора да бидат спуштени

    Граѓаните од понеделник нема да смеат да сушат алишта на терасите, или ако ги сушат треба да ги спрострат на висина која ја одредува правилникот, за да бидат затскриени.

    Оваа забрана, како и уште низа други е воведена со Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради од 2010, но влегува во сила заедно со Законот за домување, на 1 април годинава. Казните за непочитувачите се движат од...

    Извор:Вест
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,196
    Gender:
    Female
    Шо не ќе измислат |( уште малце и ќе се казнува што дишиме воздух, може и ќе ни одредат и колку треба |( , повеќе комедија, отколку трагедија...ова ни во Африка го нема |(
     
    esperanca likes this.
  3. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    2,083
    Likes Received:
    5,094
    :o Сериозно е ова?А само за зградите важи?
     
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Joined:
    Jan 22, 2012
    Messages:
    1,219
    Likes Received:
    1,764
    ова одамна го има во италија и никој нема алишта надвор сите си ги сушат на сушална или на тераси ама оние тераси што не се напред на зградите демек им го уништува ликот на зградата...иако ова не важи за мк ама ај ке ви кажам да ве насмеам малку зошто ств е смешно..овде во ит лугето кои имаат пример фризерски салон или било каков објект на кој има ставено чадор знаете оние сто се вградени над прозорот и што се спуштаат на надвор за да не влегува сонцето оние како стреа на кука..и сега сопствениците на таквите објекти ке треба да плакаат за сенката што го прави чадорот замислете за сенката..еиии овој монти што нема да измисли боже мили..погајќи од фактот дека една општа проверка на крв е 80 евра со здравствено а недај боже на приватно да појдеш
     
  5. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Joined:
    Apr 12, 2011
    Messages:
    273
    Likes Received:
    64
    Исто е и во Виена, не смеат да сушат алишта на тераса и имаат посебни соби само за тоа :!: ... Според мене и треба вакво нешто бидејќи не личи на зграда да ги пружиш алиштата и сите да гледаат од гаќи, чорапи итн... Па нели идеме во ЕУ хахах? За оние во село е полесно, будејќи живеат во куќи, па кај сакаат можат да сушат, ама сега не може сите во село да живеат... |(
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Не ми се верува :sweat: :x :worried:
    Светот сепак ќе заврши во 2012

    Светот сепак ќе заврши во 2012 година, но многу побргу одошто се мислеше до сега. Утрото на 1 ноември, 2012, во 9 часот по средноевропско време, Земјата ќе се судри со новооткриената планета Тајки - пред малку објави НАСА.
    [​IMG]

    Луѓето кои се занимаваат со теории на заговор, до сега тврдеа дека според вакви или онакви пророштва, светот ќе заврши на 21. 12. 2012. Така, во изминативе неколку години се изнаслушавме за потенцијалните експлозии на Сонцето, за талкачката планета Нибиру што ќе помине низ сончевиот систем и ќе донесе вонземјани кои ќе нѐ убијат и сл. Нормално, ваквите и слични приказни беа многу провидни и токму затоа и филмовите снимени според нив беа исклучително лоши.

    Но, на денешната прес-конференција која заврши пред малку, НАСА објави дека всушност крајот на светот ќе дојде многу порано, во 9 часот наутро по средноевропско време, на 1 ноември. Причината за крајот ќе биде неодамна откриената планета Тајки (која е со големина на Јупитер) и се крие во големиот астероидски појас, на работ од сончевиот систем, неколку милиони километри подалеку од Плутон.

    Планетата Тајки веќе ја загубила стабилната орбита (од до сега неутврден астрономски феномен) и започнала спирално да се приближува кон ѕвездата околу која гравитира. До почетокот на летото ќе може да се види со телескоп, некаде во средината на септември ќе биде видлива и со голо око, а веќе при крајот на септември ќе предизвика незабележани климатски промени на планетава, поради исклучителната близина.
    НАСА наведува дека обидите за формирање колонија на Марс ќе останат само убава замисла, поради недоволниот временски период во којшто треба да се организира сета логистика. Прес-конференцијата била направена со цел сите да знаат уште колку време преостанува до крајот на постоењето, изјавија одговорните лица во НАСА.
    Извор
    Априлилилили :P :P :P :rofl:
    Текстов е превземен,и е шега
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,335
    Likes Received:
    4,420
    Ова првоаприлска шега да не е? :^)
     
  8. Angie.97

    Angie.97 Истакнат член

    Joined:
    Aug 17, 2011
    Messages:
    109
    Likes Received:
    14
    Последно го прочитав КОНКУРСОТ за запишување во средните училишта :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,583
    Likes Received:
    69,613
    Gender:
    Female
Thread Status:
Not open for further replies.