Ако знае некој да ми помогне кои клиники за абортус ги има во Скопје, кои се подобри и како се движат цените. Ви благодарам однапред.
Клиники за абортус-под тоа име нема. Секоја гинеколошка-акушерска амбуланта или приватна болница ти е место каде се одвиваат различни интервенции па и абортуси. Така да во Скопје има во Систина,Ремедика,Св.Лазар-овие се приватни,а можеш да појдеш и во Гак или Чаир-државни.
abortus trudna sum 5 nedeli no so partnerot se razdelivme odluciv da abortiram dali ke mozete da mi kazete kade mozam da ja zavrzam ovaa rabota posto sum od strumica a ovde ne go pravat toa..
Ti pisuva pogore niz sk kade mozes..ili pak vo stip vo bolnicata poblisku ti e.Ne veruvam deka ne vrsat abortus vo Strumica ama ako taka velis...i razmisli dva pati...sepak dete e vo prasanje
како мислиш не го прават? ќе си одиш во државна, ќе си побараш доктор, кој сакаш ти, таму ќе абортираш... 3500 денари е абортусот...
задржи си го бебето, и на тој што те оставил во таква ситуација цел живот да не му дозволиш да си го виде детето.... Какви монструми постојат по планетава Ма за кастрирање се тие како него
Во Ск квалитетните доктори си заминаа од државна,и сега може стажант да се начека како врши абортус,што до негде е ок ама тоа мора да го прави во присуство на доктор од клиника.Подобро прашајте си во ремедика,систина и други
Извини FEMINA.GIRL ама да би била на твое место би го задржала тоа бебе бидејќи после ке се каеш за стореното.. Затоа искористија шансата да станеш мајка Додека ти абортираш има многуу многу што се мачат за да затруднат во истата ситуација сум и јас.. за жал
Mајли,прашањето од femina.girl е многу повеќе од јасно,така да не знам зошто се ставаш во позиција на делење совети,кога тоа никој не го побара од тебе. Cекоја планина со своја тежина си е,никој не знае кој што,како и зошто некој поминува низ некои работи...глупаво е да споредуваш луѓе што се трудат да добијат деца,со оние кои не се спремни од X причини за деца..
Здраво, Денес направив тест за бременост и покажа позитивен. Ми доцни неколку дена... Сакам да прашам колку се релевантни тестовите, иако на нив пишува 99%... Ги пребарав сите клиники за да најдам гинеколог и да се информирам за опциите, ама денес не работат. И пошто резултатот е позитивен сакам да се информирам кои се можностите за абортус.... Методи и клиники. Ако има некој искуство го молам да сподели.
Тестовите за бременост се точни. Јас со двете деца направив тест и тоа без да ми доцни и ми покажа бледа линија односно позитивен тест. Првин треба да идеш кај матичниот гинеколог за и тој да ја потврди бременоста, па тој ќе ти ги каже можностите за абортус. Инаку телефонски по клиниките нема да добиеш одговор.Оди на гинеколог што порано тоа побезболно.
Мислите дека сега е толку едноставен абортусот со новиот Закон за прекинување на бременост? Море и „министерот“ треба да даде одобрување, а ако си малолетен оффофофоф.
Абе не ни знаат дека постои, си мислат како порано остани трудна плати кај гинеколог и оп завршена работа, сега и гинеколозите се плашат поради големата глоба. Е не ми се верува каде им е акалот на ова децава.
Проблемот е во тоа што не забременуваат само малолетнички, туку на секоја жена може да и се случи. Па кај ќе мора да се соочиш со внатрешниот суд ако одлучиш да абортираш, дополнително ќе се истрауматизираш со тоа што ќе се влечкаш по разни установи за консултација. Се` со цел да ти го изгубат времето, додека не се доведеш во поризична ситуација, за на крај да не ти го одобрат барањето (нели у случај да прошла 10-тата недела).
Обично ги одобруваат ама налет кога ќе те измрцварат.Е сеа не се сеќавам добро во која тема го имав постирано ама имаше нешто со недели колку си па причини па совети немој, зошто, па 3 ца доктори да одобрат. Вистина се случуваат несакани бремености, ама пак сега сме повеќе едуцирани има милион заштитни средства, само што многу сум изненадена од конзумација на норлево од ова младинава. Ќе спречи бременост да. ама низ организмот р’шум прави.
Само не знам за кој ѓавол толку процедури!?.. Не е ваљда дека сме стоки па само онака без причина ни дошла потребата да абортираме. Муабетот ми е дека скоро секоја жена ќе се преиспита себе си` десет пати пред да се одлучи на еден таков чекор. Зарем и се потребни вакви глупости кои само додаваат сол на раната? Сметам дека сешто требало да направат е да обезбедат еден доктор и гинеколог кој ќе ја провери здравствената состојба на жената за да се осигураат дека е се` во ред и може да се изврши процедурата. Ова другово со консултациите ми е тотално безмислено, и само губење време и живци.