1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација за време на одмор

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од inanina, 28 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    а која цена се?
     
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    И јас за една недела заминувам на одмор и ќе имам добиено ама во никој случај не помислив да ја одложувам менструацијата..тоа не ми паѓа напамет да го нарушувам нормалниот тек.И јас имам дечко и тоа врска на далечина па замислете колку се гледаме..
    Да,непријатно е, но јас мирно го прифатив тоа иако веднаш на почеток од одморот ќе имам.Првите денови додека е пообилно ќе избегнувам да се бањам и сончам, а потоа никаков проблем.
    Менструацијата не треба да не попречува да функционираме најнормално,тоа е нешто природно и не би било убаво да одиме против тоа барем јас така мислам :)
     
  3. Femin4e.mk

    Femin4e.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    jas se banjam so uloska :P
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425

    Јас ги земав некаде околу 150 денари, не се сеќавам зошто купував и друго. Не знам како е во други аптеки може се поскапи. Има 20 таблети внатре.
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Како тоа со влошка ? :tmi:
    Како прво може да ти протече,како второ штетно е.
     
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    КАКО ТРЕТЕО,може влошката да ти се одлепи од купачите.И да се пострамотиш!
     
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас денес почнав со Диане 35 (контрацептивни пилули) кои ми ги препорача гинекологот бидејќи со Примолутот можело сепак да се случи да добијам. Но за разлика од Примолутот, за овие треба консултација со гинеколог и одат само со рецепта.
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас лани имав негде 4ти, 5ти ден се бањав со влошка (не само на купаќи и шорцеви носев за во вода) кога ќе искочев ја менував.Инаку во вода не тече ако не знаевте. :D
     
  9. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Јас сега баш кога ќе одам на одмор ќе ми биде четврти ден. Многу се нервирам бидејќи нема да останеме многу, а мене ми трае 5-6 дена.
     
  10. Femin4e.mk

    Femin4e.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Не во вода не тече, прво мислев дека ме лажат но вистина е :)
    иначе над купачите облакам некои кратки панталони, за да не се случи некоја непосакувана незгода. Да знам дека е штетно ама кога имам добиено се бањам 2 пати во денот и многу малце чисто колку да се разладам. Ви благодарам на советите :*
     
  11. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Еве и мене истото ќе ми се случи на баш на одмор кога ќе отидам некаде 4 или 5 ден ќе добијам....сепак се двоумам меѓу тампони или таблети, а од ова што го исчитав дојдов до заклучок дека изгледа најсигурна работа се тампоните па ќе видиме во текот на денот ќе мора да одлучам :(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ајде честито мене денес ми дојде а сабота заминвам на одмор и ке ми биди 4врти ден рачунав рачунав ама 4 дена порано ми дојде работите секогаш неможиш да ги контролираш,природна работа нема врска проблем имам првите 2 дена и тогаш ми е нај обилно потоа немам гајле 6 тиот ден ,ми завршва така да за последните 2 3 дена ке се спасам со тампони то е то ...
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост немам прочитано во животот девојко незнам кој ти е гинеколог ама јас ти препорачувам одма да се испишиш од кај него оти појма си нема од животот,алоооо Примолутот се специјално наменети за одложување на циклусот и непостој никакви шанси да добиеш јас ги имам пиено 2 пати,додека Диане35 се контрацептивни таблети и се препорачуват за хормонски терапи немат врска со циклусот и со одложувањето... |(
     
  14. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    До оваа година секогаш си го темпирав одморот ама на маж ми му излезе многу работа и така испадна да одиме покасно што значи тоа време додека ќе бидеме таму јас ќе добијам. И бев во двоумење што: таблети или тампони? сепак купив тампони ....епа сега со Господ напред ќе видиме што ќе биде ќе ви пишам после 10 дена...се надевам дека успешно ќе ги ставам и ќе ги извадам :D сепак првпат ќе ми биде ете така ќе се погоди ама морам да бидам подготвена..искрено не ми се ризикува со таблети иако сум 35 годишна...поздрав
     
    На kjukli и tessie им се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Знам и јас се чудев и во упатството не пишува дека може да се користат и за оваа намена. Но многу ѝ верувам на мојот гинеколог, ептен е искусна и совесна жена, мајка ми 10 години оди кај неа, а и сепак гинеколог е, не знам јас повеќе од неа за да ѝ се инатам. Така да си ги почнав, еве трет ден ми е. И мене ми беше шубе и се двоумев и дури ја препрашав, ама ми тврди дека за 3 недели пиење нема шанси да има никакви несакани последици, бидејќи тие воопшто не ни делуваат како контрацепција. Зашто нели како контрацепција се пијат од прв ден на циклусот и се пијат барем месец за да сме заштитени. Верувај јас сум против контрацепција, не би ги пиела да делуваат како такви. :) А со Примолутот дека може да протече може, баш разгледувајќи една од темиве прочитав феминка со такво искуство, само што никој не знаеше да ѝ го објасни гинеколошки. Примолутот се пие за регулирање на хормоните и за предизвикување менструација почесто отколку одложување на истата. Едноставно не се доволно јаки хормони за да успеат кај млад организам скроз да го спречат крварењето веројатно, може само да го намалат. :)
     
  16. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Леле бре девојчиња... Знам дека одмор е еднаш во годината, знам дека сакате да си поминете најубаво, и пливање и секс и се со ред... Ама дали вреди? Не знам сериозно како не сте свесни што хормоните прават. Не ми верувајте мене, верувајте на гинеколозите, само што јас немам договор со компанијата. Побарајте статистики за зголемување на бројот на миоми на матка (особено кај млади девојки) во последните 10тина години од кога се појави „безбедните“ контрацептивни апчиња. А и да не барате јас ќе ви кажам. 30% и расте.
     
    На kjukli и Cka им се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Да де, контрацепција. Пиење за прв пат во живот 3 недели одобрено од гинеколог (без да делуваат како контрацепција), се сомневам. И да, ги даваат дури и на тинејџерки за регулирање на хормони, акни, раст на влакна и слично. Гледај си за себе, јас сум и пресовесна за моето здравје, од секогаш сум била.
     
  18. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    Еве јас да кажам конкретно за Примолутот.3 години по ред ми се погодува терминот баш на одмор да треба да добијам и си пијам Примолут и гајле немам,не ми се случило да добијам иако морам да признаам дека со страв ги пиев,сепак хормони се во прашање ама пошто мене менструацијата ми трае 6-7 дена морав,иначе ќе ми пропадне цел одмор.. :worried:
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.547
    Сакаш да кажеш дека апчињата не делуваат како контрацепција ако не им кажеш? Мислиш дека ке забремениш ако ги пиеш, оти ги пиеш за одложување на мензис?
    Значи, кога пијам апче за глава, да му кажам за што е, оти може и на колено да ми делува, па и коленото да не ме боли :( Што нема да видам.
    И да, ги даваат на тинејџерки за регулирање на хормони ОТИ ИМ СЕ ПОРЕМЕТЕНИ! Да им се во ред, нема да им ги даваат. Хормонални апчиња не ти прават добро чисто онака ако си ги пиеш.
    Биди пресовесна и пиј си по 2 наеднаш, едното за да одолговлечи менстуација, а другото за добар секс за време на одмор, да не мислиш на бременост.
    А гинекологот не ти ги дава аапчињата од што сака, туки ТИ бараш. А он ке ти пише што сакаш. Кога ке отидеш на пластична хирургија, докторот ке ти направи липосукција. Никаде не пишува дека е одлично тоа и дека имаш ризик од операција, Сама си бараш, се претпоставува дека знаеш.
    Макар треба да ти каже гинекологот деека контрацептивни пилули не се за секој ден и да пометуваш менструација за да си се банкаш и сексаш 7 дена на одмор.
    Што е со мене, одма 3 пати на одмор годишно? 3 пати да помесувам?! Опрвдано е тоа?
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Бог да чува, човек да не сподели искуство и да не напише ништо! Ти ќе ми кажеш колку сум совесна и зашто ги пијам, знаеш ти. Не може да делува за 3 недели како контрацепција, за да заштити од бременост се пијат 1 месец најмалку. Извини госпоѓице гинеколог, ако те слушам тебе значи сум заштитена и не треба да пазам нели? Свашта. Да, лично гинекологот ми кажа со таа цел да ги пијам секој ден, до 3 недели. Два пати ја препрашав за да ми потврди дека не делуваат како контрацепција.

    Користете го тоа мерачко паметување кај неискусни членки кои навистина бараат помош и поставуваат прашања, ги има и повеќе од доволно, јас не побарав ни совет ни мислење.

    И јас не сум поместувала кога одев 3 пати годишно, прв пат поместувам зашто сама си знам со која душа го чекав цело лето одморов, вечност ми се виде, а и не требаше да имам ми доцнеше две недели и испадна така, криво ми беше. А и не гледам зашто да се правдам, ниту ти зашто да прашуваш дали е оправдано да одложуваш 3 пати, кој да ти оправда? Малоумна сум јас да, како тие што се клукаат со Норлево сум па ќе ме критикуваш. Се сметам себеси за предоволно совесна за да знам кога е во ред и колку е во ред нешто да си дозволам. Ме изиритира стварно. Фала за грижливоста.

    Вакви мислења само може да ме натераат ништо веќе да споделувам на форумов, а за тоа сум тука. Жалосно но таква сум, не би си дозволила никој да ми паметува кога мислам дека не треба, ни на домашните не им дозволувам не па на непознати. Тука сме за споделување искуство, но.... тоа е тоа.

    И да, сметам дека имам доволно мислења за ти (па и сите други) да знаеш како размислувам и што тип на човек сум. Да, сакам да имам секс на одмор со дечко ми бидејќи можам така да заспивам и да се будам само еднаш во годината и да, со душа чекам да влезам во море, годинава ни во базен не сум се брцнала така испадна. Ако сум си дозволила вакви апчиња за прв пат во животот и сум мислела дека е во ред, сигурно не планирам пак да ги пијам во блиска иднина и сигурно ми била голема желбата за опуштен одмор. Ако е тоа грев.... Девојки пијат постојано контрацепција само за заштита од бременост, јас еднаш ги пијам за одложување на циклус и немам намера да ги пијам во блиска иднина пак, уау колку несовесно. Мислам дека доволно се оправдав сега? :angel: Бог да чува.
     
    На Sigma* и tessie им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.