Со цел да бидете информирани за сите промени, случувања и новости поврзани со форумот на Femina.mk (а и веб-сајтот), овде ќе ве известуваме за нив.
„Форумските игри“ не го зголемуваат бројот на мислења Мислењата испратени во категоријата „Форумски игри“ веќе не го зголемуваат вкупниот број на мислења на членовите и не влијаат на добивањето на цветчиња. Исто така, темите од форумски игри не се појавуваат во списоците „Нови мислења“ и „Активни теми“.
Поедноставно поставување на видеа од YouTube Од денес, поставувањето на видеа од YouTube е поедноставно. Само копирајте ја адресата на видеото (URL-то) и вметнете ја во вашето мислење. Исто така, можете да користите и Embed-код. Видео поставено со URL http://youtube.com/watch?v=6PHOeXIPNZE Истото видео поставено со Embed-код <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/6PHOeXIPNZE&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0xcc2550&color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/6PHOeXIPNZE&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0xcc2550&color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object> Embed-кодот ќе го пронајдете откако ќе кликнете на копчето <Embed>, коешто се наоѓа веднаш под видеото на YouTube. На овој начин ќе можете да си изберете големина на видеото и боја. Внимавајте ширината на видеото секогаш да биде помала од 700 пиксела.
Технички проблеми заради надградба Од утре па до почетокот на септември, форумот на Femina.mk ќе претрпи низа промени (а исто така и други делови од сајтот). Во текот на овој период, можни се технички проблеми од различна природа. Доколку наидете на било каков проблем при користењето на сајтот, ве молиме да нè известите за тоа во темата Технички проблеми.
Нов дизајн и функционалност на форумот Како што веројатно веќе забележавте , конечно успеавме да ви го донесеме новиот дизајн на „Фемина“ форумот. Освен подобрувањето на изгледот, прегледноста и употребливоста, направивме и бројни други промени и воведовме нови можности. Еве дел од нив: Копче „Ми се допаѓа“ Идејата на системот за „лајкнување“ на мислењата е да ги истакне најквалитетните мислења во секоја тема. При добивање на определен број на „лајкови“, индикаторот за рејтинг под мислењето ја менува бојата (10 – зелена, 25 – жолта, 50 – црвена). На овој начин ќе можете полесно да дојдете до најважните информации во темите. Затоа, ве замолуваме да го користите копчето „Ми се допаѓа“ кога ќе наидете на корисно, квалитетно или поради друга причина важно мислење. Рејтинг на членовите Со кликнување на копчето „Ми се допаѓа“, вие му доделувате ѕвездичка на авторот на мислењето. За да го разгледате списокот на членовите со бројот на добиени и дадени ѕвездички, кликнете на копчето „Рејтинг“ во основното мени (сината лента горе). Поголеми слики на профилите (аватари) Сликата на профилот е веќе за 40% поголема. НАПОМЕНА: за да се зголеми сликата на вашиот профил, треба да ја прикачите наново. Брз одговор Опцијата „Брз одговор“ ви овозможува веднаш да испратите одговор на дадена тема, останувајќи на истата страница на темата и заштедувајќи време. Оваа опција е корисна доколку сакате да напишете мислење без притоа да користите цитати, без да форматирате текст и сл. Рачно зголемување на полето за пишување на мислење Кликнете на сивата лента на дното на полето каде што ги пишувате мислењата и без да го пуштате копчето на глувчето повлечете надолу. Пријавување на лични пораки Веќе постои копче со чијашто помош ќе можете да ги пријавувате личните пораки кои ги нарушуваат правилата. НАПОМЕНА: пријавувањето на личната порака автоматски ја испраќа нејзината содржина до модераторскиот тим. Во текот на наредните неколку дена ќе се случи следното: Реорганизација на категориите Нови правила на форумот Проширување на модераторскиот тим Паралелно со промените на форумот, работиме и на почетната страница на сајтот. Очекувајте во блиска иднина: Подобрување на изгледот Зголемен број на содржини Соновник (конечно ) P.S. Добив голем број на лични пораки во изминатиов период, но имаме полни раце работа и за жал не сум во можност да одговорам поради презафатеност . Ви се извинувам на сите и ќе се потрудам да ви испратам одговор веднаш штом ми се укаже можност.
Зголемен број на лични пораки во вашето сандаче Бројот на лични пораки што можете да ги чувате во секоја од папките во вашето поштенско сандаче веќе е 100. Нов BB-код за скриен текст (spoiler) Ако дискутирате за филмови, серии, книги и сл., секогаш кога сакате да откриете детали од содржината, поставувајте ги како скриен текст! На овој начин, луѓето што не го гледале филмот или што не ја прочитале книгата, можат да одберат да не го читаат тој дел од вашето мислење. За да поставите дел од мислењето како скриен текст, едноставно селектирајте го текстот и кликнете на копчето spoiler (се наоѓа над полето за пишување на мислењето, најлево). Кодот што ќе го добиете треба да изгледа вака: Code: [spoiler]Текст што ќе биде скриен.[/spoiler] Значи во иднина, наместо да го напишете ова: Направете го ова:
ВАЖНО: Нови правила на форумот Нови правила на форумот Со цел подобрување на квалитетот на дискусиите и подобрување на организираноста, создадовме нови правила на форумот. Ве молам да одделите време за да ги прочитате.
Назначени се нови модератори на Фемина Назначени се нови модератори на Фемина! Им посакуваме срдечно добредојде во нашиот тим на: Angelche, Annath, baguf4e, Gordana10, k.i.m, Lilit, Lux, Offspring, RainBow, Tenkai, Unfaithful18, veri, viki44e и Wild.Child. Список на модераторите по категории » Новите модератори ќе имаат и построги критериуми, па ако не сте го сториле тоа досега, прочитајте ги новите правила на форумот.
Исклучен е бројачот на мислења за „Кафе-муабети“ Од денес па натаму, мислењата напишани во категоријата Кафе-муабети нема да го зголемуваат вашиот вкупен број на мислења.
Проблеми при отворање на сајтот Како што дел од вас веќе забележаа, повремено сајтот и форумот стануваат бавни или недостапни. Сакаме да ве известиме дека ова се должи на надградбите што ги правиме на нашите сервери, сè со цел страниците на Фемина да се отвораат уште побрзо во иднина. Очекуваме да завршиме со интервенциите до крајот на наредната недела. Ве молиме за разбирање и се извинуваме за непријатностите. EDIT: Завршивме со интервенциите и веќе сè е во најдобар ред.
Нов редизајниран чет Нов редизајниран чет Четот е подобрен, редизајниран и достапен само за членовите што имаат цветче, односно најмалку 50 мислења. Па, ако имате барем бело цветче, ѕирнете го новиот чет овде: Чет