Помош !!! би сакала некој да ми одговори ако двајца брака едниот има договор поклон од 1990г а другиов тестамент кој се сумња како е направен бидејки оставителот го поклонил имотот! и тестаментот е правен на 95г кој документ е посилен?!дали треба да се води судска постапка или не??
поклон или тестамент Поклонот е подобро, зошто треба да се тужат дарителот и примателот, за да се одземе покоонот, зошто се дава при здрава совест. Знам дедо ми кога препишуваше на мене и сестра ми нотарот ни рече дека е подобро поклон отколку тестамент. И кај нас ќе имаше такви проблеми со тетките мои ама зошто е поклон се откажаа. Ако некој е подобро упатен нека ме поправи.
Ако договорот за поклон бил направен прв, тогаш не може да се препише на друг (од страна на оној кој го поклонил), бидејќи предметот веќе не е во негова сопственост. Првиот документ е посилен.
договорот за дар е посилен. ако куќата пример била дадена на дар во 2010, а тестаментот е направен 2011 тогаш во тестаментот влага целата или дел од оставината која починатиот ја има во моментот на смрт во која значи не спаѓа и куќата која претходно ја подарил е сега незнам што би се случило кога во тестаментот индивудуално е определена оставината која тестаторот ја остава рецимо куќа таа и таа ја оставам на тој и тој и е напишан во 2010 а дарот е даден 2011. ипак мислам дека договорот за дар во секој случај е посилен затоа што јас можам на 20 години да направам тестамент а во текот на животот рецимо да изгубам дел од стварите кои сум ги навела во оставината па на 60 години од тоа да имам само пар чарапи. нема ваљда да се оди по комшии и роднини да се прибираат ствари што јас сум ги поклонила пред 40 години.
Се согласувам со мислењето на Lacrymosa. Мислам и во случај да тестаментот е направен пред договорот за дар, пак договорот за дар ќе има појака правна сила, зошто тестаментот не произведува никакво правно дејство до смртта на оставителот и за времето додека е жив оставителот може да го отповика тестаментот. Штом после тестаментот, оставителот направил и договор за дар, тоа е негова последна волја. Тестаментот ќе си остане валиден и ќе се отвори по смртта на оставителот, а од него ќе се одземе имотот кој е поклонет со договорот за дар, а тестаменталниот наследник ќе си го наследи останатиот имот, ако го има секако
и јас мислам дека е подобро подарок отколку тестамент, иако во некои случаеви е навистина одлично да се има оставено тестамент(повеке наследници на имот, земјиште, кука стан...)
Абе луѓе не прашува дали да направат договор или тестамент, пишува дека ИМА И ДОГОВОР И ТЕСТАМЕНТ, и прашува кој има појака правна сила!
За тоа кој има појака правна сила треба да се размислува пред да се направат, а сека поради тоа што има и договор за дар и тестамент ќе се земе во предвид оној правен акт кој што е со понов датум , односно последниот направен акт.
И мене ме интересира дали може да се оспори поклон?куќата дедо ми кој е починат ја поклонил на чичко ми без знаење на татко ми кој е починат сега? плс одговор???
Подарок не може да се оспори. Имаме имот со сестра ми на наше име, оставен од дедо ми како подарок. Кога бевме на нотар, нотарот убаво ни објасни. Ако некој сака да ни го одземе треба да се тужиме со него. Маца99 ако дедо ти е починат не можете да ја добиете куќата.
Поклон не може да се оспори, но татко ти има право на нужен дел. Значи ако целиот имот дедо ти му го поклонил на чичко ти, а на татко ти не останало ништо, тој со тужба може да бара нужен дел. Ако татко ти е починат, по правото на претставување вие(ти и брат или сестра зависи што имаш) имате право да барате нужен дел, зошто сега на местото на татко ти вие доаѓате како наследници од прв наследен ред.
Уф многу е комплицирано ,прашавме адвокат и нотар ,ни рекоа многу тешко че биде,зашто е поклон.сакавме да ги тужиме и да си побараме дел не зашто ни е потребен туку зашто откако почина татко ми не постоиме за нив а нив устври им е било гајле све си било поклонето од имот на нив па затоа така се однесуваат.ако е одлучиме да тужиме ќе биде тешка борба а згора на се баба ми е жива а таа е со нив,адвокатот рече единствено има шанца да добиеме ако таа се согласи ,а тоа нема шанси пошто таа е со своето синче.уште повеќе се изнервиравме кога дознавме дека татко ми незнаел за тоа всушност му било направено зад грб,а цел живот глумеле пред нас.може избегав од темата,жал ми е.
Прво : СЕКОЈ договор за подарок МОЖЕ да се раскине доколку дародавателот иницира постапка со тужба со која ќе ги докаже факторите на влијание врз создавањето на неговата воља за раскинување на договорот за подарок. Како најчести причини за раскинување се наведуваат : крајна неблагодарност од страна на даропримачот спрема дародавателот и крајна неблагодарност од страна на даропримачот спрема блиско лице на дародавателот. Во смисла на ова ,не е важно пред колку години и од кои причини е склучен договорот за подарок. Второ : Доколку постојат две правни дела кои опфаќаат еден ист имот (во случајов имот ) како акт со поголема важност се смета оној кој прв е направен ,а не е раскинат или за кој постапката за раскинување не е во тек . Значи ако има 2 договора за дар спрема две различни лица , за валиден се смета оној кој прв е направен ,а не е раскинат. Доколку има тестамент и договор на дар , тогаш судот може да утврди дека доколку прв е тестаментот ,а подоцна е составен договорот за дар дека дародавателот односно тестаторот ја сменил волјата .
Ве молам доколку сте во можност да ми помогнете. Татко ми кој не ми е биолошки татко сака да ми го остави имотот на мене. Прашување на повеке места но сите различно ни кажаа. Имено имотот сеуште не е легализиран, значи нема докумен за истиот се е во процес сеуште. Дали постои некоаков документ или тестамент, кој ке биде веродостоен, во кој ке стои дека се сто е и во иднина ке биде на негово име ми го остава на мене. Ако знаете ве молам упатете не на правото место. Благодарам
Eпа јас ја објаснив ситуацијата,а ово одговор не го сфакам баш,значи дали може или неможе? Нотар и адвокат ни рекоа дека може ако баба ми иницира,бидејќи и татко ми и дедо ми се починати,а дедо ми ја дал на поклон куќата...баб ми нема да се сложи,значи работата е дали ако ние иницираме без помош од баба ми би го оспориле поклонот,барајќи дел??
Здраво Феминки, пред се, морам да ја пофалам темата сто сте ја отвориле, затоа што сметам дека е многу корисна и потребна. Имам едно прашање, поврзано со актуелнава легализација на имот. Имотот е даден како поклон на син на соствениците, и тоа уште од 2007 год. Моментално, кога се вади имотен лист, за сопственик го пишува синот, а не родителите, што е во ред. Но, прашањето ми е, која е постапката за легализација на имотот, а сопственикот ( синот ) е странски држајванин, а имотот на поклон го има добиено кога веќе бил странски државјанин? Се наидува на проблем во општината каде што се поднесува барањето, со што нивното објаснување е во та дека е странско физичко лице. Дали доколку постои генерално полномоштво меѓу синот и еден од родителите, може да се заврши постапката за легализација? И чие име треба д астои како поднестител, на синот-странско физичко лице, или на родителот-со македонско државјанство? Ве молам, доколку би можеле, барем да ме упатите или да ми дадете совет. Ви благодарам, поздрав
Според претходниве одговори може да се заклучи дека давањето имот како подарок е посилно од тестаментот. Дали тоа значи дека подарокот воопшто не може да се оспорува од трети лица (освен од оној што подарува имот и оној што прима имот) или пак може трето лице да оспорува? И дали оној што примил имот на подарок може да бара иселување на лицата кои живеат во тој стан/куќа..., со оглед на тоа дека сега тој имот е во негова сопственост? Фала!