ТЕМА: Полномошно

Мислење 25 Јун 2012, 12:27

^^
Никаде не пишува дека полномошново е за надвор од границите на РМ, убаво си пишува: Дозвола за управување туѓо моторно возило. Тоа е тоа што и треба. Да не си се помешала нешто со меѓународна дозвола?
Како и да е, најдобро нека си се јави и праша, ете ги броевите.
Аватар на корисникот
Kitten

Сино цветче
 
205245
Мислења: 451
Зачленет: 27 Ное 2009, 16:43

Мислење 25 Јун 2012, 12:30

Е сега тек ме збунивте, meU вели дека пред некој ден вадела само полномошно, а од друга страна пак ова со дозволава од АМСМ :?:
Аватар на корисникот
Snow-Queen

Виолетово цветче
 
119203055
Мислења: 14374
Зачленет: 03 Ное 2011, 08:08
Локација: Во ♥ на војникот мој
Трофеи: 1
Слика
Слика

Мислење 25 Јун 2012, 15:07

Да , минатата недела вадев полномошно , кое со лични карти од поседувачот на возилото и од луѓето кои ќе го возат , го заверивме на нотар и плативме 300ден.
Аватар на корисникот
meU

Жолто цветче
 
29061295
Мислења: 2648
Зачленет: 22 Ное 2010, 14:03
Слика
Слика

Мислење 25 Јун 2012, 16:29

Јас кога требаше да си земам уверението од факултет небев во можност да отидам и мораше да нашишам полномошно нели јас таа и таа го ополномоштувам тој и тој да го подигне моето уверение бидејни не сум во можност поради оправдани причини да го сторам тоа ( нели не сега буквално вака напишано, но нешто во тој контекст само добро составено ) и мислам дека ми бараа лична карта и 150 денари како што се сеќавам.

Во полномошното мора да се наведе за која цел е наменето и поради кои причини.
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
1470567
Мислења: 2795
Зачленет: 20 Сеп 2010, 13:25
Локација: далекy од реланоста...
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, дури и кошулата од грбот - но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

Атентат - Јасмина Кадра

Мислење 25 Јун 2012, 22:13

Kitten напиша:^^
Никаде не пишува дека полномошново е за надвор од границите на РМ, убаво си пишува: Дозвола за управување туѓо моторно возило. Тоа е тоа што и треба. Да не си се помешала нешто со меѓународна дозвола?
Како и да е, најдобро нека си се јави и праша, ете ги броевите.

Не, туку ти постираше линк без притоа да го отвориш документот кој е прикачен, односно барањето за издавање дозвола за управување туѓо моторно возило.
Прочитај го барањето и ќе видиш долу лево пишува- за управување надвор од границите на РМ.
1. Вакво барање поднесува правно лице кога сака да овласти вработен да управува моторно возило надвор од РМ.
2. Кога правно лице овластува вработен или друго физичко лице за управување на туѓо моторно возило, доволно е да направи полномошно на свој меморандум со печат од фирмата, и не му треба нотарска заверка.
3. Кога физичко лице сака да овласти друго физичко лице да управува со туѓо моторно возило, полномошното го заверува на нотар.
Се надевам дека сега е појасно.
Аватар на корисникот
Abeja

Жолто цветче
 
35822279
Мислења: 2238
Зачленет: 24 Мар 2011, 01:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 25 Јун 2012, 22:51

Snow-Queen, ако ја возиш колата само во РМ, доволно е полномошно заверено на нотар. Ако мислиш да излегуваш со колата на дечко ти надвор од границите на РМ, ќе ти треба овластување за туѓо моторно возило за надвор од РМ, она што го издава АМСМ. Исто ќе ти треба меѓународна возачка дозвола, зелен картон, патничко осигурување.

Ако во меѓувреме истекува регистрацијата на колата на дечко ти, во секој случај обавезно ти треба нотарско полномошно каде меѓу другото мора да биде наведено дека те овластува да ја регистрираш колата. Инаку, нема шанса да поминеш за печат на шалтерите на МВР, во било која станица за технички преглед. На технички може да ја однесе било кој, не мора сопственикот, но на шалтерот на МВР за заверка на сообраќајната може да биде само сопственикот, или ополномоштено лице, со нотарско полномошно каде меѓу другото те овластува за регистрација на возилото.

А за банка и други документи не сум упатена, сигурно ќе најдеш повеќе информации :)
Аватар на корисникот
green.eyes

Зелено цветче
 
13372125
Мислења: 997
Зачленет: 03 Јул 2011, 13:16
Локација: Скопје
Слика

Слика

Мислење 25 Јун 2012, 23:22

^фала ви многу, утре ќе му пренесам на дечко ми....неделава ќе го завршиме тоа.
не планирам да ја возам надвор,само за тука ми треба...а за регистрација он веќе ќе биде вратен
Аватар на корисникот
Snow-Queen

Виолетово цветче
 
119203055
Мислења: 14374
Зачленет: 03 Ное 2011, 08:08
Локација: Во ♥ на војникот мој
Трофеи: 1
Слика
Слика

Мислење 25 Јун 2012, 23:26

Сноу за управување на возилото во државата ти треба само полномошно заверено на нотар. Истото ќе те чини 150 денари, доколку станува збор за заверка на потпис(ти да си го составиш полномошното а нотарот само да ти завери потпис, мада има нотари кој и ќе ти го состават за 150 денари) или 450 денари за полномошно во форма на нотарски акт (ова полномошно си го составува нотарот).
За управување на возилото надвор од државата мора да извадиш дозвола од АМСМ.

За во банка ти треба посебно полномошно(не дека не може на едно), ама во банка ќе ти го земат полномошното и затоа подобро да си направиш две, едно за возилото, друго за во банка.
Аватар на корисникот
BoaVista

Жолто цветче
 
75427169
Мислења: 2802
Зачленет: 23 Авг 2010, 00:40
Слика

Мислење 25 Јун 2012, 23:29

^до сега по пракса имам напишано 101 полномошно(те генерално,те специјално....те вакво те такво)....еее богами не му давам 400денари.... сама ќе си го направам :D
Аватар на корисникот
Snow-Queen

Виолетово цветче
 
119203055
Мислења: 14374
Зачленет: 03 Ное 2011, 08:08
Локација: Во ♥ на војникот мој
Трофеи: 1
Слика
Слика

Мислење 27 Јун 2012, 12:26

Snow-Queen напиша:^до сега по пракса имам напишано 101 полномошно(те генерално,те специјално....те вакво те такво)....еее богами не му давам 400денари.... сама ќе си го направам :D

Ти можеш сама да си го направиш ама за да ти го завери нотар ќе ти земе пари
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
33762132
Мислења: 3646
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Врати се на Правни совети

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 6 гости