1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Е неможе геодетот или адвокатот да и стават ограда на Абеја, они можат да и изготват документација, а адвокатот прано да ја советува. Абеја ако сака да си се огради со ограда, нека и го направи тоа. Се оде во нејзин прилог, па и ако комшијата потоа реши да ја вади. Или ако упоште не им даде да ја стават. Може уште сеа да му пушти тужба за смеќавање на владение, Абеја си има и имотен лист, и скици и планеви. Ако меѓниците овој ги извадил не значи дека судот неможе да виде до кај е на Абеја. Така да, ако Абеја имаш документи каде што пишува дека тој дел од имотот е твој, прави што мислиш :)
     
  2. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Па никој не рече дека адвокатот и геодетот дека ќе и стават ограда, туку ќе го решат проблемот по постапките кој ги налага законот. Сепак нивно си е што си прават со имотот, али очигледно е дека комшијата им е некој ненормален и може да им праи проблеми. Посоветувајте се со тие што сте ја почнале постапката, ипак тие си знаат најдобро.
     
  3. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ама правото да располагаш со својата сопственост, да ја користиш и управуваш со неа ти се гарантира и со Уставот и со закон. Шо ќе ја советуваат ако Абеја има документи дека тој дел од имотот е во нејзина сопственост.На геодетот работата му е да измери и да каже до каде се протега твојот имот, да ја изготви соодветната документација и толку. Неможе никој да се меша во внатрешните односи на соседите. Или адвокатот. Што би ја советувал сеа кога она има право на сопственост? Па неможе она да трпи заради на комшијата бавчата. Ако настане проблем, комшијата ако праве проблеми и неможе она да си владее со нејзиниот дел, тогаш ќе ја советува адвокат. Што излегуваа сеа ова, де да прашаме што да правам у мојот двор, а на парцелата и скиците се гледа дека е мој тој дел од имот. Безсмислено е Абеја некој да ја советува да се воздржува од владеење на нејзиниот имот, додека комшијата не се вразуми и не се натера некако да се повлече. Сите имаме вакви комшии кои не знаат до кај им се протега парцелата па одат малку понатака, ама Абеја си е чиста. Нема она проблем, така да како сака може да го користи тој дел, а ако има проблем ќе пуште само тужба и готово.
     
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    ^ Значи Абеја убаво си кажа дека човекот им прави проблеми. Ако они ја стаат оградата сигурно ќе прави дупли проблеми, пошто на човекот очигледно човекот е со некоја фалинка. Океј е тоа што они си имаат и имотен и елаборат и скици и свашта, али проблемот е комшијата. Затоа и ја советував ако ставаат ограда да ја слика пред и после состојбата па да има докази ако почне човекот да праи проблеми. И затоа и реков ако почне со кавги да си се советуваат со надлежните, пошто само така ќе завршат работа.
     
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Абеја нема проблем. Има проблем што он до сеа си го владеел тој дел како да е негов. Ете и она кажа дека најверојатно ке поскока ама од кога ќе ја стават нем да се осмели да ја вади, пошо нема факти со кои може да се брани пред суд. Сепак, доста е, Абеја знае што и како да праве. има механизми за заштита :)
     
  6. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    има чл. од ЗСДСП кој вели дека совесен држател на недвижен имот има право на сопственост на тоа земјиште по истекот од 20 години.Дали тоа важи и за државен имот? и каква е постапката за негово присвојување?
     
  7. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Абеја,сепак мислам дека овде не се работи за смекавање на владение,така што ваквиот основ на тужбата не би бил соодветен.
    За смекавање на владение судот го зема предвид последното мирно владение на “владетелот“ на имотот,што во овој случај е комшијата(може само да го мотивирате него).За да се поднесе ваква тужба потребно е фактичко владение ,така што не треба да се мешаат поимите “владение“ и СОПСТВЕНОСТ.

    Сте тргнале добро со елаборатот на геометарот и мислам дека посоодветно би било да поднесете тужба за утврдување или за вознемирување на сопственост.
    Мислам дека добра идеја е сепак прво да си ставите ограда,доколку ја оштети викнете си полиција чисто ради записник,па комотно може да му понесете тужба за вознемирување со барање за надомест за штета(предвидено е со ваква тужба) со фотографиите и записникот како и документи колку чинела оградата.Постапката убаво е опишана во Законот за сопственост и др.стварни права со коментар.
    Колку само ме нервираат такви силеџии,истерај си ја постапката до крај.
     
  8. nina888

    nina888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ве молам за помош. Ми треба број од некој адвокат за консултација кој ги познава добро имотно правните работи.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    За сега е добро, оградата е ставена а и тој самиот видел кога ја ставиле. Не се работи за некој голем дел од имотот, ама едноставно сакаме да си го означиме и да го имаме тоа што законски ни припаѓа. До сега нема реакции, иако тој не живее тука, ама се може да се очекува од такви силеџии.

    Овде особено треба да се внимава на поимот-совесен држател.
    Ако држателот на стварта-подвижна или недвижна, знаел или морал да знае дека тој дел не му припаѓа нему по законот, односно да знае дека му припаѓа на друг, не е совесен. А и тој не го одржувал тој дел. Тој нема ниту поставено своја ограда туку тој дел му користел како премин.

    А за прашањето кое го постави, тоа е случај за легализација кој е сега актуелен и мислам дека рокот за поднесување барање за легализација на сопственоста која ја владеат е продолжен, само не знам до кога. Нели откупуваа за 1 евро квадрат. Обратете се до некој нотар со комплетната документација која ја имате, ќе ви објасни.
     
  10. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Ми треба правна помош за изјава која треба татко ми да ја потпише, каде ќе биде наведено дека своеволно се откажува од станот на мајка ми. (поради алчни полубрат и сестра од кај татко ми) Има вакви бланко договори на нотар или ја да ја составам за да не им наплатат?

    Данкешн
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што прашувам, но дали двајцата брачни другари се живи. Ако одговорот е -да, тогаш мажот нема потреба да потпишува изјава, туку жената го отстапува својот имот со договор, значи го отстапува делот од сопругот да припадне на нивните деца.
    И имотот кој ќе се отстапи со договорот за отстапување на имот, нема да влегува во оставината.
    Инаку, во нормален случај, при смрт на еден брачен другар, оставината ја поделуваат на еднакви делови брачниот другар и децата.

    Еве пример за таков договор

    ДОГОВОР ЗА ОТСТАПУВАЊЕ И РАСПРЕДЕЛБА НА ИМОТОТ УШТЕ ЗА ЖИВОТОТ

    Склучен на _________20__година, меѓу:

    1. Отстапителот на имотот__________________ од_______со стан на ул.________________бр.__ (во натамошниот текст : отстапител) и

    2._________ од_________со стан на ул.__________бр.__

    3.___________од_________со стан на ул.__________бр.__

    4.___________од_________со стан наул.__________бр.__

    Согласност на овој договор дава и брачната другарка на отстапителот по име_________, која и го потпишува овој договор.

    1. Со овој договор отстапителот врши отстапување и распределба на дел од својот имот уште за животот, и им го распределува на своите потомци, од кои вториот и третиот договарач се негови деца, а четвртиот договарач му е внук од порано починатиот син по име_______.

    2. Отстапувањето и распределбата на имотот уште за животот, отстапителот го врши на следниов начин:

    а. На синот_____ му ги отстапува следниве недвижности и подвижни предмети....( да се набројат);

    б. На ќерката_____ и ги отстапува следниве недвижности и подвижни предмети.... ( да се набројат)

    в. На внукот_________му ги отстапува следните недвижности и подвижни предмети...(да се набројат).

    3. Со заверувањето на овој договор од страна на судот, на отстапените недвижности и подвижни предмети, потомците на отстапителот стекнуваат право на сопственост и тие им се предаваат во владение, а потомците се овластени врз основа на овој договор да извршат пренос на правото на сопственост од име на отстапителот на свое име.

    4. Отстапениот го задржува правото на плодоползување за себе како и за својата брачна другарка и тоа доживотно, на четворособниот стан на ул. _______бр.__во______, кој им е отстапен на сите тројца потомци на по една третина. Во случај неговата брачна другарка да го надживее, потомците се должни да и обезбедат плодоползување на конфорен стан од најмалку 1050 мкв., во подрачје на градот според нејзината желба.

    6. Вредноста на отстапениот имот се проценува на износ од _________денари.

    7. Овој договор е склучен во потребниот број истоветни примероци, од кои по еден за потписниците, а другите за службена употреба.

    Отстапител: Потомци:
    _____________
    1.____________
    2.____________
    Брачен другар на отстапителот 3.____________

    Ова на крај со потписите, не ми излегува како што треба.
    Од една страна-лева се потпишува оставителот, од десна - потомците и брачниот другар.
    Туку, нелогично ми е зошто се плашите од братот и сестрата на татко ти, кога едниот ваш родител го наследуваат брачниот другар кој го надживеал и децата. Па и по смртта на надживеаниот брачен другар неговиот имот оди на децата, тоа е прв наследен ред. Во втор наследен ред влегуваат баби и дедовци и деца. Нема логика и причина за страв.
     
  12. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го има купено станот со пари од наследство од дедо ми. Татко ми и Мајка ми се живи, фала му на Бога. Бидејќи слушнав за пример каде полусестри се расправаат за имот, а и со тоа дека татко ми има право на наследство на станот на мајками (со тоа и неговите деца од првиот брак), се сложија да се потпише татко ми дека се откажува од наследство на станот (а со тоа ќе немаат право на оставина полусестрата). Инаку станот уште нема имотен лист, па претпоставувам како доказ за имот може да се користи купопродажен договор.
    Колку се наплаќа ваков договор и дали подлежи на данок ,за поклон, или други такси што се плаќаат кај нотар?
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Во тој случај двајцата родители како идни оставители, треба да направат договор како тој што го постирав погоре и во него да објаснат се. Договорот ќе го заверите на нотар и ќе го прашате кои докази треба да ги приложите.
    Значи не оди тоа само со изјава од страна на татко ти, туку оди со договор за отстапување и распределба на имот за време на живот од страна на двајцата брачни другари, во кој ќе биде убаво објаснето дека при смрт на еден брачен другар, делот кој би требало да му припадне на надживеаниот брачен другар, ќе се распредели еднакво на директните потомци-децата. Нормално дека не се знае тоа кој кого ќе надживее, затоа и договорот го потпишуваат двајцата родители и вие како нивни деца. Можеби ќе може и само татко ти да го отстапи неговиот имот, ама тоа би ги искомплицирало работите, зашто пред тоа ќе треба да направат делба да се утврди кој (идеален) дел би му припаднал нему.
    За нотарските такси навистина не знам, тоа треба да разговарате со нотар, бидејќи, како и да е, ќе треба да платите трошоци, договорот е најмал проблем.
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Абеја не ги доведувај во заблуда луѓето, Нотарите вршат заверка на потписи и потврдуваат факти, вршат солемнизација на приватни исправи како и изготвуваат нотарски акти, А НЕ ДАВААТ ПРАВНИ СОВЕТИ. Значи треба да си иде кај адвокат девојчето и да и каже што и како.
    И друго, институтот одржувачка не се однесува за државно земјиште, ако беше така немаше да има постапки за приватизација и да се откупува државно земјиште за 1 евро :)
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    За да го коментираш муабетот, треба внимателно да прочиташ кој што пишувал.
    Одржувачката беше за мојот случај, и немаше врска со државно земјиште, а откуп на државно земјиште беше за друга работа, изгледа не си во тек.
    И нотарите се правници како и адвокатите, така да не ти држи вода муабетот, и нотарите објаснуваат, особено за имотно правни работи. Адвокатот само ќе земе пари за работа која тој и не ја води, туку тоа оди преку општините одн.Мин.за транспорт и врски.
    Откуп на државно земјиште е постапка која се поведува со барање до општината каде што се наоѓа земјиштето, со потребната документација, кој ќе им ја кажат и во општина, без адвокатот да им наплати за "правниот совет".

    Потребни документи:
    - уверение за државјанство за домашно физичко лице, одн. дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централен регистар на РМ односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште;
    - доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој закон;
    - геодетски елаборат за извршен премер на катастарската или градежната парцела и на бесправниот објект, кој содржи скица на премерување на катастарска или градежна парцела и скици на премерување на внатрешната површина на бесправниот објект;
    - проект за фактичка состојба на бесправен објект изработен од правно лице со соодветна лиценца за проектирање и имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект

    А и фала што ми ги наброја надлежностите на нотарите :lol: , ама ја заборави оставинската постапка :lol:
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Морам да се вмешам и да прашам.
    Кога бев на нотар за да прашам за ваков договор, односно распределба на имот за време на живот, ми рекоа дека со ваков договор
    оставителот мора да го распредели целиот свој имот, а не само дел од него. На пример ако оставителот има 3 стана, за сите три стана ќе мора да направи ваков договор, а не само за еден или два стана.
    Искуство ?
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    ^^
    Па на нив им беше за станот, а ако имаат и друг имот, сигурна сум дека мислат на целиот имот, бидејќи луѓево имаат некој страв, кој сметам дека им е неоснован и нема од што да се плашат.
    За какво искуство прашуваш, дали може само дел од имотот да се распредели? Мислам дека ако е направена делба, својот дел може и на друг начин да се префрли, договор за дар, купопродажба и сл.
    А и мислам дека кога веќе некој прави ваков договор, најубаво да го распредели целиот свој имот, макар тоа било и на ист начин како што би наследиле наследниците. Ќе се договорат и точно ќе се знае кој што добива.
    Зар праша на нотар и тој ти објасни? Нема шанси :rofl:
    Се шалам, во контекст на претходниот муабет.
     
  18. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    дали постои тужба за психичко насилство?
    или психичко малтретирање?

    :^)
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Може да се поднесе тужа за надомест на нематеријална штета, поради предизвикување душевна болка и сл.
    Од она што си го постирала не е јасно за што би поднела тужба. Ако е за работни односи можеш да поднесеш тужба поради психички мобинг од страна на работодавач.
     
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    не е за тоа,за свекорот и свекрвата е,ама и ја касно палам,за тормозење и викање во тек на бременост,и сега сум со мало бебче и се договараат да не бркаат мене и маж ми,лошо е што е замешана скоро цела негова фамилија,тешко ми е до недоглед не знам веќе ни кај да се обратам.