1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Уфф тоа се семејни проблеми. Треба да имаш доказ, сведоци кои ќе посведочат за тоа, можеби некој лекарски преглед, ама најлошо е тоа што со маж ти седите во нивен стан и уште повеќе ќе ги искомпликувате работите. А маж ти, колку и да те поддржува, сигурно не би сакал да поведе парница против своите родители. Неговите може да викнат некој роднина кој ќе сведочи дека ти некогаш си ја нападнала свекрвата, вербално или физички, па дека од тебе почнале сите несогласувања (ова само примери кажувам). Просто кажано, тоа бил нивни дом и никој не ве терал со сила да седите со нив.
    Единствениот спас ти е да се иселите од таму, макар и под кирија да одите. Но оваа тортура сте можеле и по одамна да ја прекинете и средите. Ако имате опција да одите кај твоите, отидете, ако не, одете што побргу под кирија, барем да се средиш и ти психички а и да имате нормален брачен живот.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    благодарам на совет.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 5ko

    5ko Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Prasanje:ja sum vo proces na kupuvanje na nov stan ,koja zgrada ja gradi fizicko lice i kje VE zamolam da mi kazete koj posle zavrsuvanjeto na zgradata treba da go plati danokot na imot t.e. fizicko lice-prodavac na nedviznosta ili pak jas kupuvacot....dzirnav vo zakonot za imot i tamu pisuva deka fizicko lice ili pravno prodavac na nedviznosta treba da go plati....isto taka imam potpisano preddogovor vo koj pisuva deka danokot na imot treba da go platam jas kupuvacot,taka da dokolku e slucaj deka prodavacot treba da plati danok dali preddogovorot kje bide validen ili pak kupoprodazniot dogovor e biten ?
    Vi blagodaram :D
     
  4. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Почитувани, што со побарувања од ЈП, за сметки кои се стари и по години, а не се тужени? До кого би се пратил приговор за застареност? До архивите ли нивни? Конкретно се работи за сметки за вода, кои се нетужени, но со кои тие не условуваат (само усно) при барање на потврди и барање за разделување во шахта и, секако, не ни ги уважуваат.

    Ви благодарам однапред за одговорите. Поздрав
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.409
    Купопродажниот е валиден. Ако не било наведено во договорот ќе си го плател тој.

    Сега вака, не е ова правен „проблем“, ама би ми помогнало доколку некој/а од вас знае да ми објасни за заверка на потпис?
     
  6. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Здраво, знае ли некој да ми каже на кого би гласело Решението за данок на промет на недвижности доколку во договор за купопродажба не е нагласено дали купувачот или продавачот треба да го плати? Се работи за Општина Центар. Има ли врска кој ќе ја поднесе даночната пријава? Многу благодарам!
     
  7. Majka31

    Majka31 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Praven sovet?

    Ziveev so soprugot vo zaednicki stan koj zaedno go kupivme so podednakvo ucestvo, i istiot na imoten list se vodi na dvajcata popolovina. Od neodamna jas go napustiv stanot i se otseliv kaj moite roditeli. Toj mi go smenil klucot i bravata. Sovet kade treba da prijavam?
     
  8. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Овде се работи за нарушување на непосредното владение кое сте го имале како сосопственик, заштитата се остварува во посебна постапка заради смеќавање или одземање на владение, која се поведува со тужба против тој кој го нарушил владението, односно во случајов совладението.
    Во оваа постапка која е ИТНА, судот ја дава заштитата на (со)владението, според последната мирна состојба на владението, без оглед на законитоста, совесноста на владетелот, и без да навлегува во тоа кој има појако право на владение. Значи се утврдува само фактот кој бил последен владетел, (односно фактот дека сте го владееле станот како совладетел), и дека на истиот му е нарушено (со)владението врз станот, без да се испитува понатаму било какво појако право на владение, судот носи решение со кое ќе се утврди дека е нарушено (со)владението, и со кое ќе му наложи на тој кој што го нарушил истото да го воспостави во поранешната состојба, и ќе му забрани во иднина да превзема дејствија кои значат повторно остварување на веќе утврденото нарушување....
    Доколку не постапи доброволно по тоа решение, истото претставува извршна исправа, присилно извршување спроведува Извршител согласно Законот за извршување...
    Правото на заштита на владението, односно покренувањето на посебната судска постапка поради одземањето на владението се остварува во рок од 30 дена од дознавањето за одземањето и за сторителот, а најдоцна во рок од една година од настанатото одземање.
    По овој рок ќе мора да покренете РЕДОВНА постапка во која ќе се претресуваат и правните прашања околу тоа кој има појако право на владение т.н Публицијанска тужба - чл.160 од ЗСИДСП....
    Со ова не се задира во правото на надомест на било каква штета која е претрпена поради ова постапување, која доколку постои мора посебно да се утврди во посебна постапка согласно правилата за надомест на штета содржани во ЗОО....
    Исто така не се задира и во правото во било кое време да се побара делба (ова право не застарува) на заедничкиот имот во посебна постапка...
     
    На Majka31 и AnaMKD им се допаѓа ова.
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Aj ве молам за помош ! Станот ни е купен на 40 години , и сега ни стигна писмо дека немаме платено 6 рати ,во писмото пишува да го подмириме долгот во рок од 10 дена , но дури денеска го добивме и одминати се тие 10 дена , е сега што треба да се направи ? Дали ќе ни биде одземен станот или ? Адресирано е од државен правобранител , и пишува дека треба некаков закуп да направиме , што значи тоа ? Дали станот станува државна сопственост или останува наша приватна сопственост ?
     
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    ние кога го купивме станот пред 10год , ние си го плативме данокот. Мислам дека купувачот си го плака затоа што е така со сите производи. Кога купуваш лаптоп во цената ти е вклучен и данокот-нели?
     
  11. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    На мој близок му стигна Решение од УЈП за присилна наплата од парични средства, со барање за забрана 1/3 од плата.
    Наведено е дека се работи за парична казна/глоба согласно Решение/Пресуда од 18.02.2009 година на Царинска управа/Одделение за прекршоци-Комисија за одлучување по прекршок.
    Решението на УЈП е со датум од 23.04.2014 година, а доле е напишано дека станало извршно на 05.05.2014 година.
    Прашањето ми е, дали Царинската управа после изминувањето на 5 години од пресудата може да бара наплата на овој долг, односно како се движат роковите за застареност за ваков вид прекршоци????

    Читам во Царински закон дека согласно Член 246 став 1 - Правото за наплата на износот на давачки застарува во рок од пет години од денот кога настанал царинскиот долг.
    Можеби погрешно читам, ама ве молам кој е запознаен со ова, што побрзо да ми одговори, итно е!!! Ви благодарам.
     
  12. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Мислам дека извршните решенијата застаруваат по 10 години од датумот кога станале извршни. Ова колку што знам важи за извршните решенија (пресуди, нотарски решенија и сл.) по кои се постапува кај извршителите. Веројатно истото важи и за тие од УЈП.
     
  13. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Ана, овде паричната казна, односно глоба по новиот систем за прекршоци, е утврдена со правосилно и извршно решение на Царинската управа, кое потоа е доставено до УЈП која сега е надлежна да ги извршува паричните казна, глоби, утврдени трошоци во сите видови постапки, каде како доверител се јавува државата, а за кои некаде до пред 2011 година надлежни беа извршителите, и која врз основа на извршната исправа донела Решение за блокирање на платата....
    Една работа е кога настанал царинскиот долг, тоа не го наведуваш, а друга работа е од кога до кога веќе утврдениот долг со извршна исправа ќе биде поднесен на извршување до УЈП, зашто има една многу битна работа, а тоа е дека со секое превземено дејствие од страна на органот за наплата, рокот за застареност се прекинува, тоа значи за тоа време рокот не тече, а потоа почнува да тече од почеток,се до настапување на апсолутниот рок на застареност кој е двапати подолг од релативниот...што значи во него не се засметува времето минато пред превземањето на дејствието....на пр.кога органот превзел мерки да се поведе прекршочна постапка пред прекршочната комисија, во тој момент со поднесување на пријавата, настапило прекин на застареноста...
    Има една апсурдна ситуација што настана со измените во законот за прекршоци, а тоа е пропишување на рокови за застареност за прекршоци (кои се полесен тип на неправо за разлика од кривичните дела), кои се многу подолги од роковите за застареност за некои кривични дела!?....
    Уште повеќе што самото поведување на прекршочната постапка, водење и изрекување на глоби (кои во некои случаи се многу повисоки и од паричните казни предвидени за кривичните дела) и извршување им се довери на самите управни органи, наместо на прекршочен суд!?....
    За подетални информации може да коментираме во лп.
     
  14. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Почитувани, дали можеби некој знае кој може да направи увид во збирката на исправи во Катастар? Може ли секој да провери правен основ за сечиј имот?

    Знам дека најубаво би било да прашам на лице место во Катастар, но утре не ќе можам, а ме копка па да не чекам до следната недела. Можеби некој од вас има искуство :)

    Однапред благодарам за одговорот!
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Катастарот на недвижности е јавна книга и секоја заинтересирана странка има право на пристап на информации.
    Ако бараш само увид во збирката исправи, треба да пополниш уплатница од 200 денари и барање, без разлика колку долго ќе трае непосредниот увид и увидот е секогаш во присуство на овластено лице во просториите на Агенцијата. За Уверение за историски преглед на сите запишувања на една КП се плаќа 400 денари или 600 денари ако сакаш само за една недвижност од таа КП.
    Секако дека е најдобро да отидеш лично во Агенцијата за катастар на недвижности и да ги добиеш одговорите на лице место.
     
  16. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Здраво, може ли некој да ми објасни како се докажува владение врз недвижност?

    Фала многу
     
  17. Majka31

    Majka31 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0

    Ви благодарам многу за правниот совет. Поздрав
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.623
    Допаѓања:
    152.138
    кредит земен 2008 година повеке од половина вратен и остатокт остана
    нема ништо од страна на банката се до ден денешен
    по законовој долг застарува ли некогаш или моше било кога банката да си го наплатипо присилен пат
    особата веке не живее во мак
     
  19. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.137
    здраво... :)
    сакам да прашам за судска покана за помирување кај брачен психолог дали може да не се оди кога не сакаш да се откажеш од разводот.. итно ми е ;) ве молам за совет ...поззз
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не знаев кое би било најсоодветното место за да го поставам прашањево, па решив овде.
    Значи ме интересира, дали е легално некој да има голема нива со зеленчук сред град каде има околни згради? И згора на тоа шупа која е дивоградба?
    Ве молам информирајте ме ако не е, КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ АНОНИМНО!?! Итно е! :!:

    И дали воопшто нешто ќе преземат надлежните органи по тоа прашање?