Форумџика на годината

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Mence-m

    Mence-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Поздрав до сите.
    Ми треба еден совет.
    Ако поднесеш барање за трансформација од определено на неопределно работно време, треба да чекаш 8 дена одговор, потоа во рок од 15 дена можеш да се жалиш, ако не се лажам :)
    Е сега, прашањето ми е, ако закасниш и наместо по 23 дена ја поднесеш тужбата за 27 дена, да речеме, дали тужбата паѓа во вода?

    Однапред Ви благодарам. :)
     
  2. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски

    Странецот кој аплицира за македонско државјанство мора да ги исполнува законските услови, да е полнотелен, психофизички здрав, да го владеее македонскиот јазик (Комисија при владата гои утврдува тоа), со обезбеден стан и постојани приходи за живот, непрекинат престој од 8 години, да не е осудуван за потешки кривични дела, легално да престојува тука, доказ дека во постапка во неговата земја ќе добие отпуст од страснко државјанство, читај член 7 и 8 од Законот. Отпуст како термин е отпуштање од државјанство ефектот е формален престанок на дотогашното државјанство. Во Македонија надлежен орган е МВР кој со акт – решение констатира дека лицето повеќе не е државјанин на соодветната држава и те брише од евиденција на државјаните која се води во посебен оддел при МВР. За да има отпуст треба да има волја, согласност на страната која не сака да го носи државјанството на РМ, да ги исполнува условите( полнолетстго, регулирање на државните давачки, да нема имотно правни обврски кон фирми, лица, инстуции, да не се води постпака за потешко кривично дело, си плаќа издршка кон деца и сл, доказ дека има отпуст од странско државјаснтво или е во процедура да добие), барањето со сите прилози во писмена форма, се поднесува до МВР која во понатамошна постапка го проследува ти дава одговор да или не со писмено решение. Кај нас можеш да бидеш носител на македонско и друго државјанство, нема пречка, е сега сите земји, со меѓународни конвенции, договори се стремат секој човек да има регулиран државјански статус, да не е во небрано, па затоа ако лицето е без државјанство, а аплицира за македонско државајнство мора да го докаже тоа, со потврди, решенија за отпуст од државјанство од неговата земја или изјава пред нашите органи дека се откажува од страснкото државјаснтво.
    Престојот на странецот треба да е легален, да поседува документ за дозволен престој, во кое се гледа за колкав временски период е дозволено неговото престојување, после кое пречекуравање е нужна обнова, продолжување на документите за престој или ако не ги исполнува условите, престојува на црно, кој период не му се засметува во престојот. А тоа да биде во континуитет, постојано за тие 8 години. Врз основа на сите тие списи, документи се прави математика на годините на престој. Надлежен орган за водење евиденција, докажување државјанство е МВР.
     
  3. gvardijan

    gvardijan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Прашање за Boa Vista.

    SummerGirl напиша:

    gvardijan напиша:worried:UMMER GIRL Ve molam za pomos uste ednas. Ako moze da mi kazete koj zakon ili koj clen e toj KOGA bracniot drugar go nasleduva 1/2 imot bez razlika sto ostavitelot ima Deca. Ve molam kazete mi go toj zakon za da nemame nedorazbiranja i iznenaduvanja pri ostavinskata postapka. BLAGODARAM NA RAZBIRANJETO I GOLEM POZDRAV.


    Ќе појаснам пак. Имот стекнат во брак, макар и да го стекнал едниот од сопружниците, е заеднички на двајцата сопружници. Имото се дели на 2 дела. Едниот дел го добива брачниот другар, а другиот дел се дели на онолку делови колку што наследници има починатиот. Значи, доколку татко ти го купил станот во брак со мајка ти (дури и мајка ти да не дала пари) е заеднички на татко ти и на мајка ти. Парите од продажбата на станот ќе се поделат на 2 дела. Еден дел ќе добие мајка ти, а другиот дел ќе се подели на 3 дела. Еден за тебе, еден за сестра ти и еден за мајка ти.

    Најдобро ќе биде да се обратиш кај адвокат.


    Јас мислам дека нема потреба да се обраќаш кај адвокат, ова што го има напишано SummerGirl е ТОЧНО! Јас работам кај нотар и досега имаме решено многу вакви наследни предмети и со сигурност ти тврдам дека мајка ти има право на издвојување на дел од имотот стекнат во брак. Убаво напишала SummerGirl мајка ти ќе земе 1/2 од имотот, а другата една половина ќе ја делите ти, сестра ти и мајка ти. Е сега мајкати може да се откаже од издвојување и во тој случај целата оставина ќе се дели на три еднакви дела.

    Ми одговоривте на прашањето за наследување дека работите кај нотар и знаете како се решаваат овие случаи. Ке ве молам да ми кажете кој закон е тоа кога сопугата без разлика сто финансиски не учествувала во стекнување на имотот ја следува 1/2 од имотот ,дали е тоа закон за наследување или закон за семејство , бидејќи јас не можев да пронајдам некој член кој го потврдувA TOA.
    Исто ме интересира дали ако се утврдува кој од брачните другари колку придонесол за стекнувасе на имотот тоа се решава при оставинската постапка кај нотар или додатно на суд.
    Очекувам сдговор. Ви благодарам.
     
  4. mleko

    mleko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Поклон или тестамент

    dali moze nekoj da odgovori kaj moze da se tuzi Sudika sto zemala pari i falsifikat na potpis a podocna e utvrdeno deka i advokatot suruval so sprotivnata strana a on samiot kazuva deka sudikata e koruptivna zavrsuva sporovi za 3000-5000evra!!!!?

    [mod-kirilica:vq7vycfr][/mod-kirilica:vq7vycfr]
     
  5. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    Поклон или тестамент

    Ако немаш некакви докази дека судиката е потплатена, тогаш ништо не можеш да постигнеш, неможен ниту да ја тужиш.

    А што се однесува до првото прашање, ако тестаментот е составен после договорот за дар, тогаш тестаментот има правна сила.
     
  6. cvet957

    cvet957 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    38
    Топлификација ми наплаќеше испорака на топлинска енергија за 59м2 а не за 57 колку што е по имотен лист.Оваа трае од кога е поставено парното пред 30 години можеби повеќе.Јас станот го откупив од моите браќа 2001 година.Парното го исклучив пред една година и ми доставија поравнителна фактура.Јас фактурата им ја вратив со напомена дека ми фактурираат 2м2 повеќе од колку што е станот, истовремено побарав да извршат корекција за мојот долг.Добив одговор дека согласно нивниот правилник сум требала да се жалам во рок одреден према нивниот правилник, а бидејќи сум закаснила односно не сум го запазила рокот за жалба тоа повеќе не важело.Ме интересира колку е тоа исправно да плаќам 2м2 повеќе со години а Топлификација за тоа да не одговара.Дали можам да поднесам тужба против неа.Ве молам за совет.Поздрав.
     
  7. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Здраво имам еден пробллем :)

    Се работи за станбен простор , живеам најгоре на 6ти спрат имаме тараса најгоре долга колку цела зграда , таа е заедничка знам но,дел од тарасата ми е токму под прозор , и таму никој не оди , цела зграда се старци шо никаде не мрдаат, е сега моите го покрија кровот над тарасата настрешница лесна настрешница монтажна и демонтажна но само оној дел кој е опфатен под нашиот прозор другото натака НЕ , покриено е бидејки зградата е стара и на тие под нас им тече секоаш коа ке заврне ,со целосно наши пари . Но избувна револт кај цел влез дека демек сме сакале да го затвараме тој дел,да правиме соби и незнам уше шо, не сме смееле они сакале да шетаат тука незнам шо...не пријавија , дојде инспекција напраија записник некој ....со моземе ние сега да направиме ? треба тоа да го рушиме не треба да го рушиме ? ке плакаме казна?....?
    ти благодарам однапред :)
     
  8. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    Секогаш е така има љубоморни луѓе ;)
    Прво незнам што ви кажаа инспекторите, каков записник направиле? Казна не би требало да плаќате, единствено можат да ви наредат да го срушите тоа, но се зависи од записникот на инспекторите (како што кажав погоре). За да не треба да го рушите, обидете се да соберете потписи од жителите во зградата и тоа 51% од вкупниот број на станови.
     
    На bubuu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Тоа е одредба од Законот за сопственост и други стварни права - член 66,67,68,69.
    Заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница - Стекнување имот во брачна заедница
    Член 66
    Имотот на брачните другари може да биде заеднички и посебен.
    Член 67
    Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот.

    Член 68
    Имотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот претставува негов посебен имот.Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не преставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот. Секој брачен другар самостојно управува и располага со посебниот имот, доколку брачните другари во писмена форма поинаку не се договорат.
    Член 69 Правото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се нивен заеднички имот во смисла на член 67 од овој закон се запишува во јавните книги на името на двајцата брачни другари како нивен заеднички имот. Ако во јавните книги како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари. Ако во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како сосопственици на определени делови, ќе се смета дека на тој начин ги утврдиле деловите во заедничкиот имот.
    Врз основа на овие одредби, при решавање на оставината најпрвин се издвојува тој дел(1/2) која му припаѓа на брачниот другар, а другата 1/2 се дели меѓу брачниот другар и другите наследници(деца)
     
  10. liverpoolfc

    liverpoolfc Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo i od mene....imam edno prasanje i potreben mi e odgovor ve molam.Odnapred vi blagodaram.Mojot tatko ima kupeno zemjiste pred 25 godini arno ama nema dokument za istoto.Zemjisteto seuste se vodi na stariot sopstvenik koj e pocinat a negoviot sin sega go saka zemjisteto nazat.Nie na toa zemjiste imame izgradeno kuka veke 25 godini .Pa ve molam kako zakonski da dobijam stanarsko pravo ili pravo na sopstvenost.dali e toa mozno ili nemozam nisto da storam.Imase slucaj isti vakaov so drugo lice i bile na sud a sudijata im rekol deka covekot si dobil pravo na sopstvenost.Ve molam za odgovor sto poskoaro...fala
     
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Според облигации, ако сте го користеле земјиштето над 10 години, според право на оддршка мислам дека беше за приватен имот, а во текот на тие 10 години никој не го оспорил тоа право, може да добиете право на сопственост.... Не сум сигурна, ама во облигациони односи спаѓа вашиот проблем, консултирајте се со некој кој работи во таа област. Со среќа.
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Провери во Законот за сопственост и други стварни права, член 124 - Стекнување на право на сопственост со оддршка - совесниот и законит држател на недвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со оддржувачка по истекот на време од 10 години.Совесниот држател на недвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со оддржувачка по истекот на време од 20 години.
    Од горенаведеново вие имате право на сопственост и по двата основа.
    Прочитај ги и одредбите за владение од истиот закон - член 167 па натака.
     
  13. Natasa-N

    Natasa-N Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите! Имам голем проблем и накратко ке го изложам. Откако почина мајка ми пред 7 год. со смртовница по службена должност, не повикаа во суд за оставинска постапка. Се беше во ред и се изјаснивме исклучиво за објектот - куќа. Заврши како треба и го потпишавме записникот. Поминаа 8 месеци кога брат ми почна да ми се заканува дека нема да ги пушти кираџиите ( во тоа време ) да влезат во двор. Тек тогаш видов што направила судијката - без да ни посочи, без воопшто да не праша, дворното место го пишала на брат ми. Бев кај неа, кажа дека е нејзина грешка и да сум поднела молба за промена на решението во делот за дворот. Го поднесов во суд и после реакција од адвокат, ја најдоа ( 5год, стоела во ЌфиокаЌ). На првото рочиште , судијката кажа дека, бидејќи дворот бил на трајно користење на мајка ми, двајцата имаме дел, и дворот треба да биде по пола. Мислев се се заврши, кога на другото рочиште - сосема друга приказна. Не можело молба или жалба, туку тужба. Ми го одби барањето. Во меѓувреме, мојот брат го откупил земјистето.
    Знам дека е моја грешка, не го прочитав правосилното решение пред да платам пола за правосилноста. Има ли некој да ми каже што да правам понатаму, тужба или не, дали би добила ако тужам.

    Однапред Ви благодарам!!!
     
  14. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Здраво драги форумџии :hai:
    Еве ме мене после мнооогу долга пауза. :$
    На кратко. Работата која ја имав ја нема повеќе. Заради дискреција неможам многу да објаснувам,само ќе кажам дека се изврши намалување на вработени и ...еве ме тука.
    Чувствувам потреба од продолжување на мојата мисија која ја почнав за давање на правна помош на сите кои Ви е потребна.
    Значи тука сум со Вас.
    Се извинувам на оние кои ми пуштаа ПП и ме прашуваа за совет. Природата na работата коај ја работев беше таква што неможев да давам совети, ми беше забрането.
    Сега сето тоа а минато ,па повелете доколку имате некое прашање за мене.

    Сега би сакала да одговорам на НАТАША Н..
    Драга Наташа,
    Имаш право да тужиш. И ќе го добиеш спорот. Судот ќе ти признае една половина од дворното земјиште ,па ке наложи во документацијата на Управата за имотно правни работи да се изврши промена на сопственикот ,односно да се додадеш ти како сопственик на 1/2 од дворното место. Во тој случај очекувај брат ти да ти бара една половина од трошоците за приватизација ,кои попатно не се високи.
    Брат ти неможе да одговара за тоа што целото земјиште си го приватизирал на свое име, затоа што за тоа имал судска одлука ,а огранот на Управата , во случакот Управата за имотно правни работи поклонила верба во јавна исправа ,како што е судската одлука.
    Со твоето не реагирање само потврдуваш дека ништо не ти припаќа па затоа реагирај што можеш поитно.
    Доколку имаш уште прашања ,повели ти стојам на располагање.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BRANKO-BARNI

    BRANKO-BARNI Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ZDRAVO I VE MOLAM ZA POMOS DA MI KAZE NEKOJ AKO ZNAE KAVA E POSTAPKATA KONKRETNO ZA VO MOJT SLUCAJ KOGA PRAD DESET GODINI IMAM KUPENO STAN AMA NEMAM TOGAS SUTSKI NAPRAVENO ZAVERKA A SO TOA I NE SUM PLATIL DANOK NA PROMET ZA KOJ DANOK VO DOGOVOROT STOI DEKA JAS TREBA DA GO PLATAM,
    KONKRETNO PRASANJETO E KOJA E STAPKATA NA DANOK VO OVOJ SLUCAJ I KAKVA E POSTAPKATA T.E. DALI MNOGU SUM GRESIL I KAKO DA SE IZVADAM ...MISLAM REGULARNO I PRAVNO
    MNOGU VI BLAGODARAM.

    [mod-kirilica:2b5dmen2][/mod-kirilica:2b5dmen2]
     
  16. Natasa-N

    Natasa-N Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Вabyketi благодарам на одговорот! Би сакала уште да те прашам, како би требало да гласи тужбата ( искрено мојата адвокатка не знаеше ). Се распрашував и кај професори по право, едни ми рекоа дека штом сум се потпишала на записникот, сум го прифатила како таков и дека не можам ништо. Други ми рекоа дека можам да тужам, но требало да се прочачка, да се види како треба да гласи тужбата. Со еден збор, различно толкување за една иста работа и навистина веќе лудило ме фаќа.
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање во врска со социјална помош. Имено мои пријатели се корисници на соц.помош. Според законот причини за престанок на користење на соц. помош е промена на фактичката состојба во семејството пр. вработување, нов член во семејство, стекнување имот итн. Е сега, родителите на едниот брачен другар продадоа нива и парите ги поделија меѓу децата, т.е. и моите пријатели добија пари и сега сакаат да купат кола. Носител на соц. помош е сопругот и сакаат колата да ја стават на име на сопругата како не би ја изгубиле соц. помош бидејќи им е потребна. Според законот доколку се стекнат со возило мора да пријават во Центарот за соц. заштита и мислам дека со тоа би ја изгубиле соц.помош. Сакам да прашам дали доколку пријават дека колата им е дадена на подарок повторно би ја изгубиле соц. помош? Сакам и некој совет како да постапат. Благодарам.
     
  18. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    BRANKO-BARNI
    Незнам кој документ го имас фактицки за купопродажбата на станот ,како што викаш пред 10 години.
    Пиши кој документ имаш и на кој гласи .Инаку доколку не си го пренел и не си платил данок сосотојбата би била не променета ,а тоа доколку е така би се решило со повторно склучување на договор меѓу договорачите или со тужба за утврдување на сопственост. Да не пишувам на памет пиши подетално па ке видиме за понатаму 8)
    НАТАША - Н
    Незнам и за тебе што стои во записникот кој си го потпишала.Пиши подетално ,бидејќи доколку стои дека дворното земјиште ќе припадне на брат ти ,а ти си потпишала испаѓа дека си се согласила ,меѓутоа можеш да го тужиш брат ти за твое доведување во заблуда. И за тебе ..прочитај што пишува во записникот ( првиот) па пушти ми по лп или овде) :)
    ЛОЛИТА 777
    Најдобро решение во случајот е колата да се пише на некој од родителите ,дали на мажот или на жената не е важно . Понатаму преносот на името на вистинскиот сопственик е само 600 денари кај Нотар . ;)

    Поздрав до СИТЕ !!! :angel:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Вака, јас ќе се мажам во Грција и сум во тек на прибирање на документите, извадив уверение за слободна брачна состојба и интернационален извод и истите ми кажаа во нашата амбасада да се преведат на англиски поради тоа што не го признаваат македонскиот јазик во Гр.и потоа да се однесат во МНР во Солун за печат некој. Е сега во општината ни кажаа дека тие документи треба да се преведат на Грчки во МНР, од таму да се преведат и да се стави печат, но таму ни кажаа дека не ги преведуваат таму туку ги преведува судски преведувач.......значи потполно сум збунета и не знам кај да ги носам и што да правам , а време немам за чекање, па би сакала да прашам дали можете да ми помогнете во врска со моето прашање и каде може да одам да ги преведам документите, дали во Мк или во Гр.? :o
     
  20. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    680
    Драга kallias ,
    Мој совет ти е да ги преведеш документите и на грчки и на англиски. Грците можат за инает да ти прават проблем ,односно да наидеш на некој инатлив службеник.
    Судски преведувач од сите јазици има кај секој Нотар .Таму ке прашаш и тој ќе те упати.
    Преводот не е скап некаде се движи од 200 до 350 денари за страна.
    Ако неможеш да најдеш судски преведувач на англиски (што чисто се сомневам ,за англиски има најмногу ) пиши ми па ќе ти најдам јас ,знам една девојка од Скопје.
    Поздрав. 8)