На ова прашање, секогаш прво викам НЕ, а после додавам - Се менуваат - ама на полошо!
Ама искрено, не верувам баш дека е така, посебно од мое искуство. Доколку некој цени конструктивна критика и не е внесен во облаци, можно е да се смени, или барем да си ги ублажи негативнисте особини, што пак е некоја промена. Но, само ако тој некој вистински сака да направи промена со себе и животот.
Порано на промената гледав како на нешто ужасно, во смисла, еве ова сум јас, а ако сменам нешто - тогаш која ќе бидам, нема да сум верна на себе и сопствениот идентитет и изграден карактер. Ама убавината на животот е токму во тоа, промените, менувањето, созревањето, нормално се' додека се чувствувате удобно трансформирајќи се кон подобро. Ако не ви одговара, не мора да се менувате, иако според мене таквите луѓе се тврдоглави и толку самовнесени, па најчесто се и несреќни.
Има и друг тип на луѓе кои никогаш, ама никогаш нема да се сменат. Можеби тврдат дека можат или дека полека се смениле, но тие ми се ко животни облечени во јагнешка кожичка. Некои карактерни особини како посесивност, љубомора според мене не се менуваат, ниту исчезнуваат некогаш.
Сепак, мојот конечен одговор е ДА: Некои луѓе навистина се менуваат!