1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се менуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. ednaxx

    ednaxx Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Секако дека може да се промени. И тоа немора да значи на полошо, има и мн луѓе кои порано биле алкохоличари или зависници од дрога па сега се излечиле имаат создадено семејство и слично. Треба само мотив да се има а и поддршка за да можат да успеат во тоа.
     
  2. TheKitty

    TheKitty Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Да, се менуваат и тоа како!
    Најчесто поради некои туѓи влијаниа што се случувале постепено и тоа всушност е незабележливо. Никој не сме исто како што сме биле пред неколку години. Тоа е нормално. Освен ако не е нешто сосема драстично! :)
     
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Луѓето колку што се менуваат толку времето не се менува. :lol: Но секоја промена на човекот е последица на некоја ситуација,трагедија или радост.
     
  4. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Јас сум толку скептична на оваа тема,бидејќи се помалку имам доверба во луѓето..се прашувам дали некогаш воопшто сум имала.

    Карактерот на човекот влијае многу врз неговата желба да се промени,како и неговото искуство од поминатите години во животот.
    Сите правиме грешки,тоа е неспорно.
    Но ретки се оние кои искрено ќе си ги признаат грешките и ќе започнат одново.
     
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    8.723
    Пол:
    Женски
    Луѓето не се менуваат,туку остануваат такви какви што се ;)
    Само доколку некој е упорен да се смени и искрен да си ги признае сопствените грешки, тогаш се менува кон подобро
     
  6. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    Не луѓето не се менуваат дефинитвно тие едноставно учат од грешките стекнуваат знаење па можеби и се каат за некои работи што ги сториле.Може ке го подобрат односот на пример бидејки имаат потреба може глумат и искористуваат или пак им фалите но сепак тие повторно ке ја сторат истата грешка колку и да се трудат или да глумат.
     
    На Sherryl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Има одредени луѓе кои успеваат да се променат и тоа на подобро...но има и такви што ќе се "сменат" на два-три дена..и подоцна пак се истите... :^)
     
  8. s.a.-95

    s.a.-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Секогаш почнувам од мене да се анализирам а после и другите..Така да мислам дека луѓето се менуваат дали од подобро на полошо или обратно.. Гледајќи наназад гледам многу промени и кај мене, и кај многу други луѓе така да.. нормално е, секојдневно :)
     
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Да, луѓето се менуваат. Јас сум променета!!! Воспитана сум да ги сакам луѓето и да бидам добра со сите - доброто со добро се враќа!!! Таква и бев!!! Но, со поминување на годините запознавав различни луѓе и увидов дека не сите луѓе се добри и не сите заслужуваат од мене добрина. Дволичноста, злобата и лошотијата едноставно ги дефинира некои луѓе. Со нив неможеш да бидеш добар!!! Јас не им возвраќам со истата мерка, не ми е таков карактерот - едноставно ги одминувам, не ги забележувам и неразговарам со нив!!!
     
  10. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    Гледајки според мене можам да речам дека сум сигурна дека се менуваат.. Но гледајки го мм ме тера да мислам дека не секој човек се менува..
     
  11. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Навиките ги менуваат ама карактерот многу тешко.
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Луѓето не го менуваат карактерот.Само умеат да бидат добри глумци во зависност од ситуацијата и да се прикријат.А тоа наметнува некогаш да се посомневате дали некој воопшто сте го познавале.
     
  13. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Мислам дека луѓето се менуваат,и тоа многу често..зборувам од искуство.Многу често имам впечаток дека се околу мене е исложено на промена освен мене,не ми е јасно како се околу мене се мени,а јас останувам иста?Дали нешто не е во ред со мене...Сепак стојам на тоа дека луѓето менуваат се,освен карактерот :)
     
  14. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Луѓето се менуваат, само до добра волја и желба да се сменат, но според мене секогаш останува мало жарче од тоа што човекот бил пред да се смени, а ако се разгори тоа жарче пак ќе се врати на старо...
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе никогаш нема да се сменат. Најтрагично е што не можеш да им докажеш дека треба да сменат нешто во однесувањето. Затоа од такви подалеку.
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Се менуваат. Менуваат некои свои стари навики, свесно или несвесно, но станува збор за некои благи промени. Тоа за луѓето во пубертет.
    Но, веќе оформена личност, тешко. Скоро невозможно.
    Луѓето во главно остануваат исти. Има случаеви, кога мака мачат да искоренат некоја навика, и навидум изгледа дека се променети, и цела околина поверува во тоа, дури и тој самиот, се до моментот кога при некоја конкретна ситуација не исплива на површина неговата (не)промена.
    Луѓето во текот на животот созреваат и учат многу работи, знаат да проценат што е добро а што зло кај нив, и со сите сили се обидуваат да ги задушат тие негативни нарави кои ги имаат.
    Но џабе, кои се менуваат површно, а не суштински. И тоа само привремено. :)
     
  17. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Зависи од карактерот на човекот ако има тврд карактетој никогаш неможе да се смени , а ако е малку со помек карактер може со тек на години и вораст може и да промени нешто навика однос или фризура хаха.
     
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Се менуваат, но не онака из чиста мира зашто им текнало нив самите. Треба некој силен надворешен фактор да дејствува над нив. Под надворешен фактор 90% од причините им ги препишувам на силните емоции. А и нели со тек на време учиме, осознаваме...дури и веќе зрели личности се подложени на постојано запознавање со светот преку нови искуства и сето тоа влијае на обликување на личноста, а под тоа се подразбира и промена на карактерот. А дефинитивно не се променуваат луѓето со присилувања и нападни солења памет.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Она на кое мислиш се вика иницијален момент и технички гледано, може да биде направено со присила, тогаш стручниот назив е иницијација. :!: Како и да е, муабетот ти е комплетно на место.

    Луѓето не се менуваат „од чиста мира“, туку нешто мора многу силно да делува на нив. Војна, смрт на некој сакан, голема физичка болка и секако голема психичка болка. Тоа е иницијален момент, кој може да го смени комплетното однесување на еден човек, но и да го смени неговиот поглед на светот и нештата, исто така.

    Она кое го нареков со присила, значи она што сме го гледале по филмови за африкански племиња, кога со борат со лавови or smthn :) децата за да станат мажи. Во наше опкружување, тоа е стапувањето во брак, раѓањето на дете, првиот секс, првиот училишен час и слични трауматични моменти. :lol:

    Така што, луѓето се менуваат, ама ако мислите дека дечкото ќе се смени заради вас, тогаш подобро играјте лото, иста шанса имате.
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Се менуваат, но не значи дека и некои навистина се смениле. Јас на пример во 6то бев по хипер и жива, а сега сум повлечена и тивка. И, да, се сложувам со Мадам-А, луѓето се менуваат под некој надворешен фактор.