1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте манипулатор/ка?

Дискусија во 'Психологија' започната од Nezna28, 11 јануари 2014.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.575
    Допаѓања:
    155.673
    Пол:
    Женски
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Со ова нагоре што читав (зошто од телефон читав и не обрнав внимание кој што напишал) сакам само да кажам дека сведивте дека секоја едноставна лага од која се зема корист е манипулација. Напротив, најчесто манипулацијата е скоро секогаш добро усмислена а не „Еј брат, никако не можам да напишам домашното, ќе дојдиш на кафе да помуабетиме?“ кога поќе од очигледно е дека ја барам за домашното? Манипулацијата ти е поигрување со нечии чувства и најчесто влечење сопствена корист од тоа. Патем едно се сеќавам дека мислењата на Nezna28 се целосно точни и ги оправдуваат моите мислења во врска со манипулирањето.
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Еве дел од една статија на која налетав на интернет,

    Манипулатор

    Манипулаторите се служат со сите трикови, за да ве натераат да го направите тоа што тие сакаат. Саркастични се, лажно ве фалат, директни се. Размислете дали некој меѓу вас знае да каже: „ти тоа толку добро го работиш, никој друг тоа не го знае како тебе“. Со манипулаторот е најдобро, исто така, да бидеш директен.
    *
    Јас под манипулатор подразбирам личност која знае што сака,и по секоја цена ќе го оствари тоа газејќи по другите.
    Искрено,се имам затекнато како манипулирам со некои луѓе,ама станува збор околу некоја баналност :D
     
    На crazylady, sweet-star и Nezna28 им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Дали сте Манипулатор/ка?

     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Манипулацијата никогаш не се прави за позитивни цели,затоа што секошаш постои жртва на таа манипулација.Без разлика дали се работи за ситница!Секогаш ќе бидат повредени или изиграни нечии чуства.Манипулацијата нема граница,тоа според мене би зависело од развојот и возраста на личноста.
    Мене ми стои дека некои ја мешат амбицијата со манипулацијата.
     
    На crazylady, theowndemon и vitomir им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Ај што ве гледам деца млади а животна желба ви е да бидете добри манипулатори , фино фино :D
     
    На Hipster, tessie, m2m2m2 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Целта ги оправдува средствата! :D

    Многу употребувана фраза,како изговор за манипулаторство ;)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Со моево кажување на се` што мислам ... тешко дека ... :D

    Иако многу често луѓето добивале таков прв впечаток за мене . Веројатно виделе некои мои особини за кои одамна се увериле дека не постојат и полесно им е да веруваат дека се лажни за да не потонат во голема депресија.

    Али у душата да ми се ... ќе се изненадат а можеби и искомплексираат од фактот колку не ми е гајле за нивните животи и наклоност кон мене. Си ја гледам куќата, фамилијата, за нив се`. И нема место во мојата глава за разработување стратегии за привлекување нови приврзаници за да ми помогнат нешто. Кој сака ќе ми помогне, кој не сака, фала на отвореноста. Немам нерви, а ни вештини да ги менувам интересите на луѓето за јас да добијам нешто.

    Во ова денешно време, признавам, постојат манипулатори и тоа не се малку на број.
    Но, верувам дека уште поголем е бројот на параноици кои мислат дека сите им се непријатели и едвај чекаат да ги фатат у заседа. Дека некому се толку битни у животот за да им прави филмови или да ги искористи и кои од пусти страв самите да се погледнат во огледало, со сите свои доблести и маани и оттаму да почнат со решавање на нивните проблеми, да мислат дека целиот свет им е крив, манипулаторски и грд, а тие се дијамантот оставен на буниште кој никој не го вреднува.

    Не за џабе има толку ентузијасти на теориите на заговор. Е тоа е манипулација. Ко шо оди во песнана „искористи моје мане“. :D
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Апропо мислењето на tessie, дали можеби постојат и луге кои се родени манипулатори, па затоа и не се чувствуваат како манипулатори а всушност несвесно го праат тоа?
    Зачи не ипутирам јас никому ништо, туку ете само нафрлам под темичка на која вреди да се размисли.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Несвесно манипулирање :?: ,до прееска викаше дека ги манипулираш луѓето за да си ги постигнеш своите цели,а сега демек несвесно,како може несвесно да манипулирам? Сите што манипулираат имаат јасна зацртана цел,и тоа го прават од корист,значи и те како е свесно. :!:
    Ова испаѓа волкот глумел јагненце :rofl: :rofl:
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.575
    Допаѓања:
    155.673
    Пол:
    Женски
    Можеби сака да кажи дека се што човекот постигнува за свои лични цели не го смета за манипулирање туку едноставно си прави како што сака и верува дека е цвеќенце?
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не инсинуираш ништо а мене ме спомена. :D Нејсе, шознам. А за прашањево да си кажам мислење, не верувам. И те како им работи свесниот ум на таквите и и те како свесно се замараат со правење шеми за да го прават тоа несвесно. Mногу свесно ќе му дојде тоа несвесно. :D
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Под несвесно манипулирање не може ли да се сврсти нечиј шарм, харизма... Не те ли тераат некои личности едноставно се да направиш за нив, а тоа тие го прават несвесно и не се замараат со тоа кој што мисли за нив...Има, има...но тие не се злобни, не газат за нешто да добијат туку едноставно сите ги сакаат и им угодуваат бидејќи ете имаат нешто посебно, енигматично. Но да напоменам ваквите личности се ретки. По присутни се оние што мораат да се намачат за нешто да добијат и тоа најчесто го прават со ковање завери и сл. Има и такви што обично сметаат дека само нивното мислење е правилно па константно ти солат памет. Или такви кои што се ставаат во улога на жртва итн.
    Заклучок? Има повеќе видови на манипулатори, добри, лоши, неподносливи и обратно... Не генерализирајте само ве молам.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Многу мразам да цитирам и реплицирам но морам кога веќе си се наврзал на мене. Ајде прочитај го постот над мојот и мојот и ваљда ќе сватиш на што мислев кога спомнав несвесна манипулација. Еве да ти олеснам, не мислев на себе дека имам таква вродена моќ несвено да манипулирам, туку се надоврзав на мислењето на теси и поставив под прашање. Ах леле, што ќе се прави со вакви мажи кои неможат да сватат 2 прости реченици.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    gangster, не верувам, затоа што мислам дека тоа е веќе особина на физикус која предизвикува такво психолошко однесување кај луѓето, а не психолошка особина која првиве ја поседуваат. Иако има и луѓе кои, свесни за своите квалитети, фино ги користат за да дојдат до крајната цел. Дури мислам дека оние кои имаат таков изглед, а не се свесни за истиот и не знаат да манипулираат (свесно) со истиот, не се ни забележани во својот вистински сјај од средината.

    Сепак, не можеш несвесно да манипулираш некого.Треба за многу работи да си свесен во тој процес: да го познаваш ко личност со неговите доблести и маани, јаки и слаби точки, ситуацијата во која се наоѓа и што ти можеш да добиеш од истата. Како своевидно мини истражување. Moжеш еднаш да имаш среќа и тоа е се`.
     
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    не сум манипулаторка и нема никогаш да бидамммммммммммм...........
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    На tessie и vitomir им се допаѓа ова.
  17. sweetgirl77

    sweetgirl77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    12
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Не сум, за жал. Денес дојде време кога стварно треба секој човек да има манипулаторски способности и да ги употребува во одредени прилики. Но ете човек таков треба да се роди.
     
    На vitomir и Femina777 им се допаѓа ова.
  19. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Не ми се допаѓаат мислењава на темава. Не ми е јасно како тоа повеќето дури имаат позитивни гледања врз оваа појава??
    Прво мора да се разграничат некои работи, има разлика меѓу барање помош, мислење и маипулација. Ако наидам на некој проблем и ми треба помош, која ќе ја побарам тоа не ме прави манпулатор. Едоставно си признавам дека ми е потреба таа помош и си кажувам и си ја барам. Нема тука некои скриени мотиви.

    Манипулација се наоѓа во скриените мотиви, во позадината на искажаните зборови и акции. Тоа е алатка која ја користат луѓе кои имаат многу негативни особини и кои се крајно себични.
    Лажговци, нарциси, злоупотребувачи ја користат оваа техника, а тука читам дека повеќето се ок со ова?
    Сакате да кажете дека ок е да се биде ваков човек?

    Упорноста, храброста, истрајноста се многу поефикасни во постинување на сопствените цели, а не манипулирање, лажење......
     
    На Iva 94, mimiiiii и vitomir им се допаѓа ова.
  20. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не сум манипулатор.