1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    37.833
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе што лошо има во тоа да има дечко на 16 год?Јас имав дечко на толку и уште го имам истиот и завршив средно и сега сум на факултет со одлични постигнувања и мојот дечко не имал никакво влијание на тоа.Не мешајте баби и жаби кој има памет во глава со се може да се снајде и за се да си одреди време.
    И јас излегував на 16 и јас чат пат пиев по некоја чаша вино или пиво и јас имав симпатии и се дотерував и јас станав сексуално активна на 17 па ете ме сега жива, здрава и права.Мене конкретно кај денешнава младина не ми сметаат овие ствари туку тоа што се прават многу проживеани, а не се свесни што се ги чека во животот.
    И на 16 не си дете, туку тинајџер кој почнува да созрева и му бучат бубалици во глава, па сите грешки и пропусти се можни, не треба да се осудуваат туку да се седнат и подучат.

    Кај денешниве моми и момци не ми се допаѓа што носат нешта што не им личат на годините, повеќето се облечени и пренашминкани за нивни години, па не знаш дали таа е моја генерација или е 10 години помала уствари.Немаат почитување за самите себе, не си го почитуваат своето тело и не почнуваат да го збогатуваат својот дух, момците пак сите костумирани, со сакоа и чуда со нивни 15-16 години.
    Повеќето се толку нарцисоиднии што ми се повраќа и најбитно немаат никаква почит кон постарите.

    Секоја чест на исклучоците, а вие останатите отворете си ги очите зошто вашите постапки денес ќе бе обликуваат еден ден како личност.
     
    На Golden, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Foreveryoungiwannabe и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    13.290
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со тебе! Крај краева, се зависи од нас и од нашиот карактер!
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Ловли ти си исклучок а исклучокот го потврдува правилото . :D
    Извинете ама многу ретко на 15-16 години некоја врска е вистинска љубов и со искрени чувства , повеќето се тинејџерска заслепеност. Многу ретко на тие години можеш сам да процениш правилно. А не се мал број на оние девојчиња кои во најубавите години се соочуваат со последиците од неодговорното сексуално однесување .

    И не не велам дека тие се криви и дека ги осудувам едноставно сеуште се деца па и пред закон не одговараат исто . :D
    На тинејџерите им треба цврста рака која ќе постави граници но и родител кој знае и да ислуша .Не сметам дека добар родител е оној кој ги исполнува сите хирови на своето дете .

    И не не се сложувам дека е подобро со постар дечко на 15-16 години , ма мене ми се гади од момци по 24-25 години од мојата генерација кои заведуваат млади девојчиња кои само што станале средношколки , мислиш ли дека се многу заљубени во нивниот карактер кој уште не е оформен и имаат многу теми на муабет. |( Ајде да не се лажеме , гледаат на полесен начин да си дојдат до "нешто" .

    Нема правила времињата се менуваат , не можат да имаат исто детство и младост ама сметам дека едно е константа те дека детето треба да биде дете и дека за се има време .

    Веќе и не се однесува на Биле или на некој трет ,многу млади феминки има тука сакам да им дадам совет да не се брзаат и да не се преоптоваруваат со работи кои не им се доликуваат на годините .И да е вистинска љубов ако почекаат уште подобро сексот никаде нема да им избега. ;)
     
    На imelda и Glasna им се допаѓа ова.
  4. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Значи на темава повеќе има тинејџери кои се расправаат меѓу себе одколку повозрасни личности. И сите мислат дека тие се во право. Факт е дека тинејџерите размислуваат доста незрело и дека не знаат за граници, освен ако некој не им ги покаже. Тоа е задача на родителите. А пак мислењата на постарите наидуваат на критики од страна на истите тие тинејџери, мислеќи дека им се вели дека е забрането шминкање, да се има дечко или да се излегува. Значи не... никој тоа не го забранува ама треба да се знаат граници. Неможе бе 15 годишна да оди со 25... За нејзе тоа и е можеби некој филм...од кај знам јас... ама што би барал тој со 15 годишно дете... Да ја слуша дека треба да пишува домашна или пак дека наставничката и пишала 3ка наместо 5ка? Мислите дека него го интересира такво нешто? Нормално дека не... Во право е Mimii за ова... таквите само гледаат на полесен начин да легнат "крцкалче" и ништо повеќе. Ама ај да не тупам и јас за ова пошто веќе 3 страни се зборува истиот муабет и на крај пак се иди на тоа дека самите тинејџери знаат се и неможе ништо да се докаже.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И јас спаѓам под таа денешна младина,15 години имам.
    Не пушам(значи не викам дека немам запалено цигара,туку дека не пушам редовно),пијам понекогаш во друштво.Дечко немам,нити сум имала(чудете се сеа,ај.).
    Читам книги за читање,си се облекувам како што сакам(под тоа не спаѓаат 15ка штикли),и едноставно си имам до некаде изградено свој стил.

    Сакам да кажам на темава,дека додека на сите тинејџери сами не им одѕвони у главата што прават,како,каде и со кого,до тогаш ќе се критикува младината.Е,така.
     
    На omg92, prettyliar, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Мислењето не ми е да ви солам памет или слично. Факт ли е дека сум за жалење со тоа што за моите години ни цигара немам запалено, ни алкохол пробано, ниту пак дечко сум имала? Со тоа што за моите 14 ипол еве 15 години сум излезена до 12 ипол ? И немојте да речете дека родителите ми биле строги па не смеам со малиот прст да мрднам. Родителите ми се душа. :l: Ете толку имам да ви кажам, и кога вашите дома не ве средуваат, зошто некој друг да се труди? :hai:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.453
    Доволно е да се прелиста темата : Дали сум бремена и ќе се сфати до каде дојде денешната младина,секако постојат исклучоци.
    Има многу кои се во чекор со времето,дури и еден чекор пред времето,ама кога е во прашање едуцираноста :x
    Сега. на 15-16 год се излезени до 2-3 зошто е срамота да дојдат порано дома,повеќе соблечени отколку облечени, преспиваат кај дечковци и ......
    И сега дали вината да се бара во родителите,во времето или во самите нив?
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    321
    Кога фатив дечко на 16 години тоа беше шок за моите, почнавме со забрани и се и сешто, лажев и се криев се до мојата матура. Излегов после 10, 11 од дома дури после матура, сеуште сум со истиот дечко против кој моите толку многу се бунтуваа, сега е се во добар ред. Но џабе е, најубавите години дома ги поминав, и не е се поради дечко ми, дури и да немав дечко пак исто ќе биде.
    Не појдов по лош пат, размислував со своја а не со главата на другите.
    Само едно знам, јас нема да постапам како моите родители, и покрај сите забрани јас го направив своето. Знаев дека можеби нема да ми успее врската после средно но продолжив па додека е добро до тогаш ќе биде. Сега за сега се е ок, можеби моите ќе ми зборуваа ете ти рековме не е за тебе,ама јас продолжив по мое. Нивното мислење за дечко ми е сменето, но времето не се враќа, сега колку и да е добро, тие години не се враќаат. :worried:
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Тие кои толку ја критикуваат денешната младина, забораават кој ја израсна.

    Само тоа имам да кажам.
    А искучоци има, секако.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CandiceSwanepoel

    CandiceSwanepoel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    I jas spagjaam pod taa mladina. imam 15 ipol god
    ne pusam (ne sum probala i nemam vo plan) , ne pijam, seuste sum nemala decko glupavo mi e so site mi se potsmevaat za toa no seuste ne sum sretnala nekoj so ima se so baram, izlez imam samo ednas vo nedelata nekogas do 12 nekogash do pokasno..
     
  11. hard-rock-girl

    hard-rock-girl Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    И јас сум во младината но можам да кажам едно незнам какво искуство односно случка моја другарка на фб го нашла овој текст:
    И сега мислиш ми го скрши срцето и цел свет е твој? Мислиш ќе се затворам во соба и цел ден ќе ронам солзи? Мислиш дека ќе патам по тебе? Еве признавам дека плачев,но кога поубаво ќе размислам и не вреди да плачам.. Ги избришав солзите,ја кренав главата и гордо застанав на своите нозе.. Не е лесно да те заборавам,но барем ќе се потрудам..(posveteno)
    поставено од 11 годишно девојче што ,,сакало" некое дете 2-3 години поголемо од неа а тој не ја шишал и што треба ова да значи ако ова го објавува чупе од 11 години јас што имам 17 треба да направам?
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.998
    Допаѓања:
    11.117
    Младите денес се многу уфилмани. Мислат ако се млади и убави дека се семоќни и најпаметни. Пред некој ден дечко 20 години што едвај заработува за џепарлак ми кажува дека сакал да купува стан, да не живее со неговите бидејќи има 20 години и возрасен е веќе. Да ја продаде куќата и да купи стан. Е добро неговите кај ќе ги носи ако ја продаде куќата? А сака сам да живее? Детски фантазии, уште не пораснале и не созреале.
     
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Младината т.е тинејџерите гледаат едни од други, се копираат да не речам. Еве за пример би земала некоја уфилмана тинејџерка. „На 15/16 години, таа ја следи модата, секогаш е дотерана и нашминкана, таа редовно пуши цигари во школскиот двор, тоа го прават кул децата нели, била во врска со некој над 20 години што има бмв, ауди или слично. Излегува до кога сака, се облекува во миничи и штикли 15, ги омаловажува другите кои се не како неа. Си мисли дека е паметна, а уствари копира статуси од некаде и има по 500 лајкови на слика.“

    Е сега, има многу такви како што ви опишав. Жалното е што овие личности ги сметаат за кул.
    Девојките, повеќето, сакаат да бидат како неа и тргнуваат по тој пат.

    Младината се срами да биде уникат, никако тоа не доаѓа во обзир. Мора сите да бидат такви, бидејќи нели, такви ќе ги сакаат сите.
    Мислам „хелллоу“ , популарни се, може да имат се што ќе посакат. :smirk:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Не знам што ви смета толку дотерувањето и средувањето, и јас си се шминкам за во школо, си излегувам по кафичи и дискотеки по штикли и миничи, не гледам нешто многу лошо во тоа, мене повеќе ми смета кога некој е несреден, коса која се познава дека е мрсна, нетуширање по 3-4 дена и слично, мириса, мене не ми е пријатно :worried: истуткана облека, а сака дечковци да фаќа :^) , и тоа се под изговор на немање време, а јас како наоѓам време и за хигиена, и за учење, и за вежбање, и за шетање, и за курс и за се...
    Но многу пострашна е неинформираноста, имавме пред некое време изборен на кој што сме само женски и нешто дебата падна тема за апче за ден потоа, никој освен мене не знаеше што е тоа, а не дај боже ќе им затреба утре...Гарант пола 15/16 годишни да ги прашаш што е клиторис(а се учи по биологија во 8мо одд) ќе не знаат да ти кажат а имаат односи, кога веќе почнуваат со секс би требало се да знаат во врска со тоа, од контрацепции, полови преносливи болести до несакана бременост, а за машкиве да не зборам. :x Друго, еве сега треба да се определуваме за смерови, пола клас појма нема што да одлучи, ај разбирам да се двоумиш околу нешто, ама бре никаква заинтересираност за ништо, за две години треба на факултет да одат за идна професија, нив ништо не ги влечело |( а Дота дома ги влече, и да одат да се видат со дечкото, тоа ги влече. |(
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Не е проблем што денешната младина излегува,јас сум баш за тоа.Да се излезе да се отиде на џуниор парти,да се отиде во парк,да се седне на кеј,да се отиде во кино,да се дотераат да во некое фустанче во суќна па и во штикли што да не.И јас сум носела штикли на 16 години,сум излегувала со другарки и другари од клас од маало и слично.Но никогаш во живот не сум каснела дома,никогаш не сум се вратила опијанета или надувана(што е мн нормално за денешните 14годишници),секогаш сум кажувала каде одам со кого дури и моите ме имаат проверувано неколку пати,они ме носеле они ме земале и слично.Тоа е во ред тоа е супер,мене искрено ми е многу глупаво кога ќе видам некои 15 годишни што само седат дома,немаат ни другарки ни социјален живот.Јас сум против тоа.Во прва година дури првпат бев сама со другарки на одмор,во Охрид и моите ме пуштија без никаков проблем.Зашто ме знаеа доволно и ми веруваа а јас не ги разочарав.
    Се си има граници,не викам дека младите треба да седат дома,но треба да имаат граници.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    На некој начин и јас спаѓам во мланинава и незнам дали сум стварно заостаната или така ме викаат само 3-4 „напредни“ од моето одд. Значи на 12 години тие објавуваат посветени љубовни песни или статуси, демек ќе станале гордо на нози, абе девојче оди поправи оценките историја прво не ги реди 2 ко пушки за армија. Јас разбирам на 12 години да се прошетаме до парк или на сок/кафе во кафич али на 12 години да одам на штикли и фустан од кој се гледа се, на 12 години ги редат кецови и демек се кул со тоа, ги сечат раците со разни имиња (секоја недела различно име), пушат.... А за заостаната ме сметаат мене и другите бидејки сме читале книги по сопствена желба (демек никој не го прави тоа), бидејки сме не сме се опијаниле на некаква и забава и не сме биле во штикли и фустан минич во декември месец или оти не сме пушеле :puke: . Па ако е тоа заостанато на 12 години подобро да бидам заостаната отколку да се правам некој мафијаш. :^)
     
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски

    Не си заостаната,туку тие се ;)
    Ич немој да се секираш за такви,не вреди. :nod:
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  18. loveIan

    loveIan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    61
    За однесувањето на секоја индувидуа зависи и од дома. Ако некое девојче разговара со своите родители и тие ја советуваат правилно, нема да има дечко уште од мала. Има многу работи кои всушност влијаат на тоа како ние сите се однесуваме. Сепак некогаш годините не се мерило за зрелост. :)
     
    На Snow-Star, eliesaab и rak4estip им се допаѓа ова.
  19. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Имам пишувано наа темава, али да го докажам ова.
    Тие што се од Битола сигурно знаат за случајот со една девојка втора година средно, каде што и беа објавени слики каде орално задоволува 35 годишен маж разведен,каде имаат секс, и на крај сликана нејзината ва***а.
    Дознала на училиште, кога почнале сите да и дофрлаат,аи наставниците ги виделе што е најтрагично.Паднала во несвест па за брза помоош ја носеле, и на крај мислам се поднесува тужба против тој што ги објавил..
    Трагикомедии е денежнава младина, поготово некои вакви.Али ако, ако и е.Нека и дојде умот. :fubar:
     
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Не е ни прва, ни последна, ехее имало и ќе ги има, колку ги имаше јас ко бев средно што бегаа од часови за да задоволуваат грци, ама тоа е, кога сме слепо црево на државава. |( Инаку странците кога ќе дојдат во Битола и ќе излезат навечер мислат дека битолските чупиња, се курви и протитутки поради начинот на кој се облекуваат без разлика на времето и многу луѓе од Битола биле усрамени по тоа прашање. :fubar: