Најпрво да кажам здраво до сите. Решив да напишам еден одговор, бидејќи имам 14 години и спаѓам на тој почеток на младината. Инаку јас не се однесувам вака како што опишувате. Имам излез додека останува моето друштво но тоа најчесто е во 11. Излегувам петок и сабота (зборам за преку школска година) и тоа низ населба најчесто. Летово со друштвото (август поточно) излеговме неколку пати во град. Излезот ми беше ист. А јас носев старки, суќничка и бело блузиче. Шминка ставам креон, римел и пудра за да ги покријам бубулиците

Како и да е, она што сакав да го кажам е следното. Дека кој е виновникот за однесувањето на децата кое сите вие го опишувате незнам. Ама знам колкав притисок носиме ние, барем девојчињава од моето друштво.
Денес јака женска е онаа што носи штикли, не е до толку за шминката, туку повеќе за штиклите. И онаа која има повеќе машки шо и се пуштаат ( не викам што ги мува, тоа е веќе орос*ија

) . И тука е проблемот, ниту јас ниту моите другарки не носиме штикли, и машките од моето друштво викаат дека женски како нас би требало да облечат штикла и така да искочат. Главните теми се однесуваат постојано само за тие две работи и веќе ми се преку глава. Јас од една страна си ги сакам патичињата, а од друга знам дека цел живот ќе носам штикли пошто сум заљуубена во нив

али мислам дека за се ќе дојде момент и не треба да се брза. И сега оваа година сум полуматурантка. Деновиве се зборува само за тоа кој ќе носи штикли а кој не. Кога во друштво кажав дека јас не сум многу за тоа носење сите ме погледнаа на криво..а партнерот што ќе ми биде за полуматура се засрами цел. Ко срамота да е на 14 години да не носиш штикли...
Во секој случај сакав да кажам. дека постојат и некои нормални деца (ко мене и другарките пример

)
a никој не го спомнува теретот што ние го носиме. Бидејќи сме најасални од цело школо и сите машки се дружат со нас. постои таков притисок за овие работи што мислам дека ќе пукнам еден ден. А да не зборам за тоа дека сите момчиња што ми се допаѓаат на мене ги бараат тие штикли, и секогаш се понижувам пред нив кога ќе излезам нормално облечена. Се чустувам како никој да не ме погледнува, бидејќи сите мои другарки имаат дечковци или муватори а само јас немам. Самодовербата ми е смалена на некакво под ниво и тоа ми е главна мисла веќе со месеци. Неможам да ја зголемам самодовербата а целиов овој притисок само ми одмага. Позрела сум во памет од другите (не дека се фалам

), и знам како стојат работите и затоа сакам да си помогнам а незнам како. Пречи тоа, што го налага денешницава...и незнам како ќе се справувам со тоа. Знам дека ќе терам по мое колку што можам иако како што викаат: не е нормално да бидеш нормален денес.
Поздрав до сите.
