1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Во последно време сум онака безволна,како без осет,незаинтересирана за ништо,постојано изморена,без енергија за било што,молчелива,разочарана,некако како да не сум јас,незнам како да објаснам,како да лебдам некако,како сите чувства да ми се изгубени,не осеќам задоволство ама баш во ништо,некако се смеам ретко ама сосила,овие се знаци на депресија или сум грешка?
     
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Aко ти траат повеке од две три недели сигурно се.
     
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Цел ден сум весела и насмеанано когаа ќе дојде ноќта се потсетувам н некои лоши спомени од минатото а веќе тоа почна да се случува често плачам по цела ноќ. На никој не посакувам да му се случи такво нешто. Тоа се случи поодамна и на почетокот мибеше тешко плачев секоја ноќ но како поминуваше времето некако престанав да мислам на тоа и да ми е тешко поради тоа си мислев било поминало размислував позитивно но сега пак ми се случува истото како на почетокот.. Кога преживеав и останав жива после тоа незнам зошто сум тажна поради тоа... Ноќите се тешки...
     
  4. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Последниве недели ни самата неможам да се препознаам.Се однесувам лошо со секого,избувнувам за небитни работи.
    Преку целиот ден се се карам,и едноставно нормален разговор немам со никој..
    Се плашам дека ќе ги изгубам пријателките,кога ќе се свестам што сум направила викам нема де се повтори и пак ја правам истата грешка.
    Додека пак навечер е друга приказна сонувам чидни работи за семејството,и толку сум влезена во сонот што кога ќе станам мислам дека се од сонот е реалност.Незнам дали е ова депресија ама незнам зошто воопшто .
    ми де случува. :'(
     
  5. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19
    Девојки, не сте сами низ ова, тука сме сите ние заедно со вас.
    Имам 18 години (дааа пубертет блаблабла) и сум прошла низ депресија.
    АМА СИТЕ ТИНЕЈЏЕРИ СЕ ДЕПРЕСИВНИ. Да се, ама не го прошле тој пат кој ја сум го прошла.
    Иако се борев од 11-12 година си го победив и можам да кажам дека сега сум си нов човек.
    Не користев никакви апчиња, освен повремено што се консултирав со психолози. Најтрагично беше што на домашните кога ќе им кажеш вакво нешто, сите мислат дека тоа е поради хормоните што ти вријат, дека пубертет едно друго.
    Пред една година плачев преку цел ден, не искачав од дома, немав снага ни до дневна да идам. Не трошев енергија, не јадев. Успут имав премногу домашни проблеми, па и со дечко ми - тогашна една годишна врска. Верувајте ми, знам како е едноставно да немаш воља да продолжиш понатаму, да те кочи се, ко да нема ништо пред тебе, се осеќаш ко да си во провалија, во тунел без излез, ко да е крајот дојден. Но не е.
    Секогаш има сонце позади тие облаци, мили мои. И сега ви е тешко, може ќе ви биде уште многу време, но живееме во такво место со многу финансиски проблеми, тие доведуваат до караници по дома, домашните нервози те стресуваат, имаш неслога со дечко, колега, колешка, другарка, шеф, што и да е. И на крајот од денот се осеќаш ко едноставно да ти е преку се. Верувај, секогаш може полошо.
    Пред се ти треба самата себе да научиш да се сакаш. Немав никаква самодоверба порано, се гледав во огледало и се мразев, си го мразев лицето, телото, се мразев самата себе!!
    Без разлика каква си, слаба, буцка, висока, ниска - АКО СЕ САКАШ, ТИ СИ УБАВА!
    Затоа научи прво да се сакаш себе си! Ќе те сакаат успут и другите!
    Луѓето идат и си идат. Биди со тие што те исполнуваат, со тие што ќе можеш да збориш до 4 саат сабајле без престан за се живо и диво. Зборувај за историја, за медицина, за нови факти, нови случки.
    Уживај во ситни ситни работи. Земи си малку пари, на крај краева почасти си се чоколадо. СИ ЗАСЛУЖИЛА. Секогаш почастувај си се, така храни си ја душата.
    Искачај, шетај, уживај, скитај низ град. Разгледувај низ бутици, смеј се на плоштад. Не ти требаат пари за да направиш едно кругче пеш.
    ИСКОРИСТИ ГО ВРЕМЕТО ЗА МАКСИМУМ. НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА МИСЛИШ НА ТИЕ ГЛУПОСТИ. Мозокот оптерети го со убавини!
    Човек што нема време, нема време ни да се нервира!!! Тргни се од тој телевизор или фејсбук.
    Уживај, смеј се, дружи се. Земи си евтина книга, напрај си турско кафе, или нескафе од 7 денари и уживај! Едноставно сакај го тој живот! Тешко е ама во МАКЕДОНИЈА ЖИВЕЕШ.
    Еднаш ќе се насмееш. ПОЛЕСНО ЌЕ БИДЕ. Да, после некое време пак ќе се навратиш.. АМА ВЕРУЈ ЌЕ ПРОЈДЕ.
    Таа празна душа и тоа мало срце напрај ги среќни! Бликај од среќа! За себе, за твоите, за сите што ги сакаш!


    Уште еден совет - јадете банани. Научно докажано е дека помага кај депресијата.
    Избацете ги тие гадни дечковци и лоши другарки - тие ве тераат да се чувствувате празно!
    И сакајте се! Секогаш. И кога си со мрсна коса, и со 2-3 килца плус, гледај се во огледало и насмевни се и кажи си ТЕ САКАМ. Ти тоа го заслужуваш!!!


    Можда бев долга, СЕ НАДЕВАМ НА НЕКОЈ БАР МАЛЦЕ му помогнав.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Мене антидепресив ми е моето куче! :D Секогаш кога ќе ме види тажна се стрчува накај мене и скока да ја забележам и да одам со неа надвор на трчање. Никогаш не сум ја игнорирала и нема да ја игнорирам! Таа ме извлече од „живиот песок“ наречен депресија. :inlove:
     
  7. nadja30

    nadja30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Во последните 2-3 недели само плачам,немам волја да излезам некаде,само сакам да лежам и да спијам,не ми се разговара со никој,ги одбегнувам сите,немам желба за јадење само сакам тој да пиши.Дали сметате дека оваа е депресија и ве молам за помош
     
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    Да, депресија е. Ништо страшно, на секој може да му се случи ова.
    Секое живо суштество барем еднаш во животот почувствувал депресија, да плаче цело време, да нема волја за ништо. Во таков период си сега. Ќе бидеш подобра со текот на времето.
     
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Не е депресија.Обичен период е,низ кој сите минуваат и личи на депресија ама не е.Депресијата не се лечи така лесно,со разговор.Не се секирај,ќе ти помине ;)
     
  10. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам, не е депресија. Можеби се совпаѓаат симптомите, ама депресијата е нешто многу подлабоко и попроблематично. Воопшто не се сеќирај и не се преоптоварувај. Сите имаме понекогаш кризни периоди, но тие се минливи. Ако мислиш позитивно и убаво се одмориш, многу брзо ќе ти помине. :)
     
  11. nadja30

    nadja30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Премногу имам лоши мисли дека не ми се живее :(
     
  12. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    ^Мислам дека мораш да си го ослободиш умот од глупави мисли.
    Максимално користи си го времето, биди со блиските, најди повеќе занимации, прави нешто што го сакаш, што те исполнува. Ако немаш нешто такво - најди!
    Ќе видиш, и те како ќе го засакаш животот.
    Најпрво мораш да почнеш да мислиш позитивно. Без тоа ништо не правиш.
    Шетај, радувај се, смеј се... Нема да имаш ни д од депресија.
    Најди причина за која сакаш да живееш, секогаш има! Пронајди ја! Ова ќе ти помогне да ги заборавиш мислите кои ги спомна.
    Ова е само еден период, можеби потежок, но верувај ми, ќе помине. Пред тебе имаш цел живот. Биди умна и исполни го со убави работи.
     
  13. nadja30

    nadja30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Оваа ме тера на депресија и лошо мисли :Се наоѓам во љубовен триаголник подолго време,од зафрканција стана главоболка се заљубив во него.Во почеток ми беше забавно,убаво и не мислев што се случи подоцна,но како што ме бараше се повеќе и повеќе се заљубив во него,но подоцна тој се смени тотално се однесува како идиот спрема мене не ме бара повеќе толку,ми наоѓа изговори дека има работа,ми вели да му верувам и да чекам да ме побара но веќе подолго време само комуницираме на скајп и на фб.повеќе незнам што да правам а премногу го сакам за да го оставам.
     
  14. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    34.156
    Пол:
    Женски
    уффф после се сеуште неможам да излезма од депресија(и тоа стручно кажано дека сум во депресија) си играм играчки и не ја пијам терапијава ко што треба немам воља ни за тоа денес можев да направам неш да си го променам животот ни тоа не го направив...
     
  15. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    nadja30
    Mислам дека ова не е доволна причина за да мислиш дека не треба да живееш. Си стојам на истото што го кажав прееска, нема да се повторувам.
    Ако тој почнува да се однесува како идиот и те игнорира, тогаш значи дека не те сака и дека не заслужува да го сакаш. Што значи дека нема смисла да умираш поради некој таков.
    Уште еднаш ќе ти кажам дека не си во депресија. Ако мислиш дека си, си правиш полошо.
    Заборави го, и не си ги упропастувај деновите поради него.

    Всушност, можеш и со него отворено да разговараш на оваа тема. Види како ќе реагира, па самата одлучи. Но како и да е биди подготвена за се. Немој да се повлекуваш во себе, биди поотворена, и те молам не мисли на умирање. Така ништо не правиш.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Девојката не е во депрсија туку заљубена во некого кој што има девојка.
    (Љубовен триаголник).За да паднеш во депресија треба многу проблеми да имаш, за кои што мислиш дека нема решение.
    Тогаш нема да излегуваш од соба, ќе лежиш по цел ден како мрцина, мислејќи дека кога ќе излезеш од таа фаза проблемите ќе бидат решени.Секој (барем секој) ја поминува таа фаза во животот, која што може да биде моментална или да се провлекува низ годините во одреден период од годината.
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ако психички си слаба личност и некои ситуации не можеш да ги надминеш сама,обрати се кај стручно лице и побарај помош.Разговорот со психотерапевт може многу да ти помогне за да продолжиш понатаму.За некои проблеми да ги надминеме на сите ни треба време.Но,некои ги совладуваат полесно и побезболно,а некои ги сфаќаат трагично и се повлекуваат во себе, мислејќи дека тука е крајот на нивниот живот.Кога ќе бидеш подготвена и ќе можеш добро да ги разгледаш сите аспекти на ситуацијата во која си се нашле сигурно ќе сфатиш дека има и нешто позитивно во сета таа негативност што ја чувствуваш.Самата мораш да си помогнеш и да ги насочиш мислите и енергијата кон работи што те прават среќна,а и да бидеш свесна дека секоја постапка што ја правиш треба да биде разумна и за твое добро.Автотерапијата е најдобар лек за секој проблем.
     
  18. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу лоши вести слушам и мислам дека почнав да запаѓам во голема депресија. Само болести околу мене, само лоши работи :(

    Одненадеж ни почина блиска личност, тетка ми има рак, пријателка има рак, колега има рак, јас имав безвезен абортус (од нормална бременост по грешка виделе моларна и морав да абортирам), имам голема циста на тироидната..............

    Страшното е што сама си вртам многу лоши мисли, дека ќе умрам и моето бебе ќе расте без мајка или некоја друга ќе му биде мајка, како ќе кажам на работа дека сум болна, како мајка ми и татко ми ќе ги оставам да патат по мене, значи ненормални мисли. И не можам да ги контролирам. Навечер не можам да заспијам од што се мачам самата себе. Последниве денови се ми е црно, мислам на такви работи дури и при нормални активности кога мијам тањири, кога пеглам, кога се шетаме со бебето. Од секогаш сум била многу позитивна, не знам што ми се случува..... ;(
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас треба да патувам во автобус во петок навечер во странство. Се имам некои лоши мисли, ме фаќа паника. Се имам возено лани, и сега пак. Како автобусот ќе се судри, падне...мене ми дошол крајот. Не сакам да одам или не оди, ама од судбината не се бега.
    Од секогаш сум била позитивна, оптимистка...и јас се прашувам што ми се случува???
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Момент на слабост душо. Не се замарај ,ако нешто треба да се случи дома ќе се случи, на пример саксија на глава.
    Така да среќен пат убаво да си поминеш
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.