Анксиозност, ништо страшно, секој си има такви умислени стравови. Во петок и јас тргам, и тоа на поприлично подолг пат, на дечко ми другар, што ќе одиме заедно цела недела офка, туфка, како ќе издржел толкав пат, па ако му се случило нешто... а ќе речеш маж, 30 години... али тоа е, кај сите се јавуваат стравови. Мисли си колку ќе ти биде убаво на одморот, како ќе уживаш, сонце, плажа... мисли си позитивно. А за патувањето, напиј се апче за патување и ќе го преспиеш патот, плус ќе те опушти... Убаво да си поминеш.
потруди се да не мислиш,занимавај се додека да тргнеш на пат,ако е судено човек и преку ноќ ке си умре.. мене порано ми беше така ама оти бев на почеток на депресија и имав секојдневно лоши мисли,смртни случаеви...свашта..а патував мн пати со автобус на долги патишта,со авион ...те свакам како ти е,биди упорна и не мисли,мисли позитивно. мене дечко ми ми помогна да речам,откако се фативме,тој се ме смееше,се беше позитивен,немав стресови и фала му на господ ја надминав депресијата. среќен пат
Знам дека имам депресија, или психијатарот знае. Ама од време на време ќе се влоши толку многу што посакувам да умрам. И мислењево веројатно не ми е за во темава ама ако не кажам некому во скоро време мислам дека ќе полудам. Па, вие тука сте најдобар избор,никој не ме знае која сум така да ќе нема кој и да ме осудува. Разочарана сум од животот. Посакувам да умрам за да се спасам од се. Самоповредувањето иако не е некој добар начин колку толку ми помага. Само страв ми е некој ден да не посегнам за вените. Се чувствувам како животов да нема смисла. Желбата за смрт ми станува се посилна. А најлошо е тоа што никој не знае. Никој не ме забележува. Всушност тоа и ми одговара,така никој не може да ги види исечениците. Од ден на ден се повеќе се разочарувам, се чувствувам како да тонам. Страв ми е само да не потонам целосно. Оти нема враќање. Извинете на оф-топик ама морав.
Браво секоја чест, многу ме радува кога некој ке каже дека се спасил од ова чудо. Јас патам од анксиозност и панични напади, не пијам ништо, се борам сама и се надевам дека еден ден ке ги надминам
Стварно имаш 13 години? Што толку трагично може да му се случи на дете за да се чувствува така. Како никој не знае? Имаш родители седни разговарај најдете решение. Посетуваш психијатар ако добро разбрав, кажи му се , па зошто е тогаш тој тука, за да ти помогне. Што ќе направиш со смртта, ќе го промениш светот. Нема Само огромна болка ќе им оставиш на твоите родители додека се живи, ама баш на никој друг нема да му е гајле, сонцето пак ќе свети, а ти ќе гниеш таму некаде. Животот е навистина шугав, ама што ќе се случи ако сите се убиеме. Ништо Штом се самоповредуваш има нешто, не е без ништо, затоа пак ќе речам разговарај со родителите или со мајка ти само, ама полека да не ја извадиш од памет. Мене ќерка ми да ми каже такво нешто ќе се поместам од умот, ама нема да ја оставам така, светот ќе го превртам за да и помогнам.
Јас на мајка ми кога и да и кажам дека ми е лошо ќе почне да вика. Се нешто мисли дека ми фали, вика, се лути, таа ќе падни во депресија пред мене . Сакав да кажам дека не секоја мајка би реагирала исто како тебе. Има мајки како моите кои би се обвинувале самите себе си за тоа. Лично јас, овој период се почесто сакам да сум сама, затворена во соба, да не ме замараат луѓе. Ми се плаче, нервозна сум, имам кошмари. Се обидувам да си помогнам, не е секогаш лесно. Спасот некогаш во дијазепамите го барам, некогаш во бедоксините, сакам да спијам. Реалноста не е убава.
Да се разбереме едно нешто. На кого му е сјајно, што мислиш има некоја од феминките без проблеми? Една нека каже дека се е совршено, па дури ни во рајот каков што ни го преставуваат. Депресивна си, ама период е ќе помине. Мене еднаш во годината, обично на есен ме фаќа и трае по 2 месеци и тоа е со години. Најверојатно од сите поминати стресови. Ајде јас возрасна жена, ама вие што ви е. Сите мајки не изразуваат исто, и јас знам да и кажам ај мавни се таму, ама ако гледам дека претерува се нешто се жали де ова ја боли де она, јас немам време да се пожалам. Ама кога се работи за случај како во постот што коментирав, ако тоа е вистина е тоа е веќе за паника. Депресијата не иде туку така , туку е последица на некое случување. Секој различно се бори а воглавном сакаме да спиеме, не сакаме галама, луѓе , во самотијата го бараме лекот. Откачи тоа дијазепамот оти до пред 2 години 30 мг не ми стасуваа за да ме смират.
И мене мајка ми ми вика аман се ти е а ништо не ти е. Но прва е со мене по лекари. И ако веке знае дека е анксиозност со панични напади, секогаш кога ке речам леле срцево ме боцка готово умирам хаха прва станува и одма шекер и вода. Иначе јас сум разведена со дете и имам 26 години, без работа и назад кај мама, ама не се предавам си велам ова е само лош период ке помине. Стално читам како на природен начин да се ослободам од стравот да излезам сама од дома со детето а да не ми се случи нешто. Значи животов е борба и колку и да ни е тешко ке се бориме.
Сега моментално ми е толку тешко што го гледам ова и се убедувам дека ова е состојба од која што јас набрзо ке излезам http://www.youtube.com/watch?v=lScyi3pBG4E
Нате не се секирај се ќе помине имаш детенце. Пази само и тироидната да не ја заебеш како јас, па сега апченце како навиена до крај на живот. Најди си работа било каква.
хаха за сега е безбедна пред некој ден ја проверив и добра е, се надевам дека што побрзо ке научам да живеам и справам со паничните напади и дека се ке биде добро
Јас нема шанси нешто да и кажам на мојата мајка. Имаме доверба меѓусебно 100 % ама не сакам да ја нервирам и натажувам за мене.
Luge dali ovde nekoj se soocil so prava depresija? Mene tokmu toa mi se slucuva, neraspolozena, bez apetit a i nesonici..... Mnogu mi e loso, pijam elicea 10 dena po cetvrtina, pa dva dena polovina, nisto podobro nema, cela nok ne sum spiela, help!!!!
Δ Lejlla не знам кое генеричко име е лекот, антидепресив е така? Ако е антидепресив нема никакво подобрување да забележиш одеднаш. Дури и физички симптоми да добиеш како гадење, расположението да падне уште повеќе додека да стане подобро. После месец дена отприлика обично станеш свесна дека ти е поарно. Доколку не ти е, разговарај повторно со докторката. Или ќе ти појачаат доза или ќе ти препишаат друг лек. Не сите апчиња имаат исти ефект кај секого. Неколку сесии кај психолог не се на одмет за да ти ја стават главата во друга рамка на размислување. Во два наврати имам посетено психолог, и моментално посетувам но не за депресија. Им вредат сите пари (кој плаќа на приватно), најдоброто што можеш да си го купиш за себе. После Гучи и Прада кондури - нормално
И мајка ми ќе помогне ама несакам да ја оптоварувам. Жената и така доволно проблеми има, и јас ли да ја оптоварувам. Сега за сега добро ми е, па ќе помине. Секое чудо за три дена, како што викаат стариве
Во последно време западнав некако повторно...и покрај антидепресивите се чувствувам меланхолично, тажно, без воља за ништо... не знам што ќе се прави, се надевам кругот ќе се сврти некако...
Понекогаш мислам дека околината околу мене ме турка во депресија,како намерно некои личности да се наоѓаат во моја близина со цел да ми ја исцрпат цела убава енергија и не е ни чудо што баш тие луѓе во мигови на радост и кога сум насмеана се уништуваат .Незнам како им успева ама за себе знам дека тешко ми се поправа расположението .Како е возможно некој да се чувствува посреќен кога е сам и далеку од сите кои го познаваат ,кои не му поставуваат прашања ,кои не му досадуваат со глупи муабети.Незнам како да си помогнам за да ги отргнам мисливе што ми се во главата и мир не ми даваат.
Се надевам дека ова брзо ке помине, доста е веке со години се борам. Некогаш си велам готово се откажувам, но во следниот момент си велам НЕ, Денеска сум ваква но за 2 години или помалце може ке бидам истата и весела јас и се такаа..... Но до кога ке види ме