Не се согласувам со тоа дека тоа дали си на работа или не си не влијае на депресијата.Јас години се борев со депресија и анксиозност,и сега се борам,но откако почнав на работа ми се смени животот.Немам време за мисли,постојано сум со луѓе,стигнувата платата и време за шопинг Точно е дека вработеноста или невработеноста неможат да бидат причини за депресија,макар што имам читано дека се причинители,но многу потешко е кога си дома без работа и пари.
Депресијата не е секогаш состојба на слабост што „Треба да се надмине...“ како што е скршеното срце, или некоја болест, всушност има многу повеќе. Погледнете што всушност се крие зад депресијата пред да осудите некоја личност дека е депресивна заради пубертетот Точно, има некој што премногу си ги преобвеличуваат работите во пубертетот и кај тие лица депресијата е минлива, ама има некој што стварно имаат психички проблеми. http://www.youtube.com/watch?v=GOK1tKFFIQI Депресијата не е избор! Тоа е медицинско нарушување http://www.youtube.com/watch?v=IQr1G1OOEEQ И неколку совети од оваа женска за надминување на депресијата http://www.youtube.com/watch?v=G7cDg0Trh1E
Jas licno za mene ke ti kazam deka imam bukvalno se sto ke posakam, pari, familija, luge koi me sakaat, mozam da odam kaj sakam i koga sakam, znaci nemam nikakva pricina da bidam vo depresija, no taa ednistavno dojde, me nadvladea, bev na dnoto, imav se, a nemav nisto. Toa gadno custvo ne mu go posakuvam na nikoj, si mislev samo dali ke pomini nekogas. Vo tie momenti i cel svet da bese moj ke bese isto za mene. Kako i da e sega primam terapija i nema ni d od depresija.
Људи који пате од депресије нису болесни већ им је одузета сва енергија. То се лечи редовним недељним литургијама као и обавезним постом и молитвом и исповешћу и круном свега то је - причест. Лекови за смирење само стварају зависност и ништа не помажу, помаже друштво истомишљеника и побожност. Али без свете литургије као основе за све нема ништа, човек је празан и нема краја проблему, а лекови погоршавају будуће стање, а привремено помажу. Старац Тадеј
Имам 16 години .... кога имав 8 ипол год. мајка ми почина ... и после тоа живеев со татко ми, дедо ми и брат ми .... сега брат ми има 9 ипол год.... но јас западнав во депресија (ова ми е втор пат) и пред 1 месец бев на психолог .. но јас се чувствувам осамено , тажна сум , анксиозна , повлечена и сл...... немам другарки на училиште не ме дружат сите си имаат друштво (2ра година сум средно) ... иначе лани ме користеа само кога ќе им требам ме бараа и се дружев а оваа година сватив дека е така и затоа сум сама .. но сепак ми треба некоја другарка :'( немам никоја нема некој/а во класот што е осамена па да се здружам со неа ... многу ми е тешко .. татко ми дома само ми вика затоа што се караме со брат ми ... и никој не е на моја страна ... мн сум тажна .. и паднав во депресија ... и лани ова време... во ноември месец паднав во депресија .... а многу сакам да се дружам ... и не ќутам на училиште ама зосто не ме прифакјаат и барам помоѓ од вас.... фала од напред <3
Драго девојче, многу ми е жал што починала мајка ти. Си изгубила драгоцен член на семејството и сега се наоѓаш во таков период кога најмногу можеби ти е потребна мајчина грижа, но што е тука е. Мораш да бидеш силна како за себе, така и за твоето помало братче, зошто во неговите очи ти си сега негова мајка. Нормално е да се чувтвуваш осамено, сигурно голем дел од домашните обврски паѓаат на твој грб. Си морала да созрееш порано за разлика од твоите врснички, но тоа ти дава предност во многу работи и на некаков начин стануваш поодговорна личност, што може само да ти послужи во понатамошниот живот. И како што гледаш и читаш, постојат многу луѓе со слични проблеми како твоите, што значи не си сама и не е нешто ненормално. Велиш си имала 9 години кога починала мајка ти. Не знам под кои околности починала, но се надевам дека се сеќаваш на неа и на многу убави спомени со неа. На нејзиниот мирис, насмевка, на убави моменти. Секогаш кога си осамена сети се на нешто убаво од неа или некои весели и смечни случки и труди се да имаш секогаш позитивни мисли. Не дозволувај лоши мисли да ти се вртат во глава, зошто тие водат во маѓепсан круг. Другарки ќе си најдеш, не мора да е некоја осамена, па не им пишува на чело дека се осмени. Напротив дружи се се позитивни личности, пробај да се приклучиш во некое друштво, во некои заеднички активности од училиште, повикај ги дома кај тебе на кафе, чај, да гледате некој филм и сл. Или дружи се со некои братучетки, макар и постари да се, чисто да си како што вие милувате да кажете "во шема".
///// ФАЛА премногу .... п.с дааа .... иначе мајка ми почина во сообраќајка... но секој ден со татко ми се караа немам среќно минато татко ми пиеше до лани секој ден ... и полиција викавме.. и во болница го носевме навечер со мојот дедо кој има сега 81 год и мн ми е тешко немам братучедки сите се мажени и сл .. единствено ова ми е репешение ... феминава ... и не памтам ништо во последно време ... да одам кај Иван исцелител? :/ :'(
Каков Иван исцелител!? Ќе се караме! Имаш ли роднини од страна на мајка ти, тетка, вујко, братучетки, роднини со кои можеш да разговараш, да се истажиш. Некој да те советува. Доколку немаш, само не започнувај со бајачи, гатачи и сл. Подобро распрашај се за некој познат духовник (свештено лице) оди кај него, кажи си, истажи се, сигурно повеќе ќе ти помогне и утеши отколку некој што само може да ти ги земе парите и ништо друго.
Да имам вујна , но таа не ми помага се на полошо ми мисли ... ич не ми веруваат за ништо ни другари/ки немам секогаш сум сама и на училиште значи премногу ми е тешко со вујна ми неможам да разговарам други немам :/ ... а и ќе си извадам упат од матичен за на психолог ... и ќе отидам кај свештено лице <3 tnx
Ама сега ќе те исплескам и овде го тупиш со Иван бреееее, ако ти е животна желба тоа оди не туку прашувај на сите теми дали да одиш!! Никој до сега не ти одговори позитивно. Ајде правец кај тоа што сум го болдирала.
Де бе срце шо се нервираш? -.- само во 2те теми прашав мислење пошто не знаеш како се чувствувам па тропаш глупости -.- не се прај јака овде дојди у инбокс ако имаш нешто дами кажесш -.- П.С СВАТИВ ВЕЌЕ НЕ ПРАШУВАМ СРЕЌНА? -.-
Да, ми се има случено да паднам под депресија. Тоа беше пред околу 3 години кога почина баба ми, а после 1 недела од тоа тетин ми. Јас за баба ми душа давав, исто како и за тетин ми. И не ми беше лесно да се вратам во нормала. Не јадев, не спиев, буквално се осеќав како робот. И за тоа мораа да ме однесат на психијатар. Подобро почна да ми биде после 1 месец, откако посетував психијатар секој ден. До ден денеска кога ќе помислам на тоа се осеќам многу лошо, а и сигурна сум дека ќе биде така до крајот на мојот живот.
Доста не тролаш овде, дојди во инбох! Ова не е кафитерија па излези надвор да се тепаме! Спојлер Едно време еден удави со некојси Васил од Ѓорче, сега ти со Иван-Исцелител аман веќе од тролови.
Не мора да се врати воопшто. Уживај и мисли позитивно. Не чекај да се врати лошиот период чекај во секој момент да ти започе убавиот.
Може не ми е тука местото како машко но еве да си се искажам на оваа тема. Пред неколку месеци дознав дека жена ми имала врска со друг која си траела со месеци па еве резултатот е развод кој толку ми е болен што често помислувам да си заминам (ако ме сваќате). Имам и дете кое сега е со неа и тоа уште потешко ми паѓа. Цело време сум со променливо расположение но депресивните моменти се во 80% од времето. Тешко ми паѓа и моментот што сега на детето мое му се наложува новиот татко, а детето секое доаѓање кај мене ми плаче и ми вика дека сака пак да бидеме заедно и тогаш настапува заедничко плачење кое на крај завршува со тоа како он ме смирува да престанам да плачам. Е сега ајде некој/а паметен да даде совет како да излезам од овие депресивни моменти кои полека но сигурно мислам дека ме уништуваат до тој степен да се повеќе немам волја за живот бидејќи реално и немам за што да живеам
Ќе живееш за тебе и детето, оти тоа ќе те сака секогаш. Да не продолжела таа со другиот ај да речеме да замижиш и да се смирите, но нели викаш дека му се наложува новиот татко сигурно она одлучила да биде со него. Тоа не значи оти ти нема да најдиш нова прилика и нова љубов која ќе биде секогаш покрај тебе. Тогаш ќе сватиш дека дека си одбрал погрешна жена. Нели те заменила со друг не вреди да жалиш по неа. Гледај си го детенцето секогаш кога имаш прилики и не покажувај слабост пред него. Животот е тркало се врти, како беше она по дождот сонце. Сигурно после овие маки ти престои и среќен период.