Многу емотивна личност сум,дури и ме нервира тоа понекогаш што неможам да ги контролирам емоциите ! Можам да се расплачам на се,а особено од навреда или другите кога плачат и се тажни...често знам и да глумам издрлива ама понекогаш неможам да ги задржам солзите сами течат ..
Пред други секогаш се воздржувам да не ја покажам мојата емотивност, но кога сум сама мала ситница може да ме расплачи.
Премногу сум емотивна. Плачам скоро за се' за тага,за среќа...итн Многу сум емотивна исто така за сиромашни луѓе,бездомници....едноставно неможам да ги сокријам солзите
Во последно време сум едно емотивно и нежно суштество. Абе се ме повредува. Ама не покажувам емоции, никакви, сите во себе си ги чувам.
Отсекогаш сум била емотивна. Но, со годините малку, ама само малку се „зацврстив„... Кога бев помлада секоја ситница можеше да ме вознемири и расплаче, а денес треба малку „повеќе„ за да ме „стресе„!!!
Во последно време станувам се повеќе и повеќе емотивна. Доволен е еден збор и јас плачам. Се ме повредува иако не го покажувам тоа, ако порано не плачев со недели, сега плачам секој ден, постојано имам грутка во грлото. Воопшто не се сакам во вакво издание.
Не сум емотивна личност, иако понекогаш нешто знае да ме повреди па да почнам да плакам. Но, во глобала, не дозволувам ништо да ме растажи.
Во последно време сум станала преемотивна.Порано го прикривав тоа многу вешто,а сега не можам да се контролирам па се расплакувам веднаш штом ќе ми текне нешто,или некој ако викне...за ситници... Свесна сум од што произлегува ова ама ќе се потрудам посилна да бидам да не се приметува толку.
Јас пак не знам што се случува со мене, се изгубив целосно, бев преемотивна, пишував книги, но не издадов ниедна зашто ми ги избриша компјутерот... Сеедно. Поентата е што секој момент со само една прошетка, еден поглед во далечината, еден мирис, па дури и учејќи за во школо јас чувствував премногу емоции, се беше толку интензивно, го чувствував животот! Но сега - сега ги изгубив емоциите :Ѕ Бев заљубена, сите емоции ги чувствував наеднаш, бев пресреќна, најсреќна, но прекинав со него од одредени глупи причини... Сега тој се врати, божем осетив нешто, но му раскинав. Не можам да опишам како се чувствувам, не дека не го сакам него, немам никакви емоции, ни негативни дури! Не сакам ништо, никого, не знам што да правам, уживам во моментите донекаде, но не ги живеам како порано. Значи наполнив 18г и се се промени во мене... Што ми се случи наеднаш, како да си ги вратам емоциите? Тие ми беа од голема помош, ме водеа кон правилни одлуки, знаев многу да плачам, но сепак, едно време, бев среќна. Повеќе немам соништа додека спијам, немам желби, само цели... Како ќе пишувам без емоции, како ќе заработувам еден ден ако не пишувам... Го сакам тоа, си ги сакам емоциите назад, никогаш не сум се чувствувала волку празно...
Емотивна сум и тоа многу, само не го покажувам тоа воопшто, секогаш пред другите сум насмеана и спремна сум да помогнам на другите притоа ставајќи се на последно место лично јас. Сум имала периоди во животот кога сум била уништена ама сама пребродував и бев насмеана пред другите, секогаш се затворав во себе и не споделував скоро ништо што ми се случува, си правам некој заштитен оклоп околу себе можда затоа што кога ми било тешко некогаш не сум наишла на раширени раце кои им ги пружев јас за помош на сите . Не знам дали ме сваќате ама не сакам да ја искажувам емотивноста и тоа дали ми се плаче, дали сум повредена.
Емотивна сум но не плачам. Можат да ме растажат многу нешта, но не се лигавам, тоа за мене е неприфатливо.
Онаков сум каков што сакам да бидам. Не сум про во ниту една страна вроден, али со контрола се се може
Па, не ми влијаат работите на начин да ме расплачат туку во мисли ми остануваат, нешто лошо ако прочитам на интернет, пример некоја лоша случка, несреќа ако прочитам што се случила некаде цел ден ми остава некое лошо грдо чувство пример... Знаат да ме погодат работи доста ама не покажувам со солзи, повеќе во себе си ги премислувам работите, па луѓето мислат ладнокрвна сум. Може ми е само одбранбен механизам таквиот начин на реагирање.
Сум, освен еден период каде немав осет за ништо. Ни тага, ни среќа, само постоев и ништо не осеќав. Не можев да изразам ниедна емоција, баш дека ја немав заради најнеочекуван пресврт. Учи човек додека е жив.
Можам да кажам дека не сум емотивна. Не се растажувам на филмови,на нечииј приказни или на некои други работи. Не плачам често и не се воопшто лесно соживувам или приврзувам за луѓето. Не можеш лесно да ме повредиш. Но, сепак сум емотивна за одредени мои блиски луѓе. На пример: смрт на некој близок или ако се случува лошо на мој близок, тогаш стварно тражам решение за да се реши тој проблем и ме повредуба кога моите блиски ѓи гледам тажни. За смрт на мој близок нема да коментирам. Тоа ми е болна точка и не сакам да зборубам на такви теми.