Грижа на совест може да имам кога ќе навредам некој или ќе се однесувам лошо спрема некој кој што тоа не го заслужува. Исто така чувствувам грижа кога си ги прегазувам моите принципи, сметам дека не е во ред и нешто лошо сум направила.
Имам многу пати грижа на совест , најмногу кога ќе згрешам некому, но еве денес имам кон самата себе грижа на совест, понекогаш си правам работи кои лично мене си ме повредуваат
Имам огρомна гρижа на совест и многу ми отежнува, многу се κаам, но готово, нема вρаќање! Се чувствувам κаκо себична личност. Дедо ми беше на смρтна постела (јас незнаев, мислев деκа ќе поживее уште вρеме, беше болен од ρаκ 6 стадиум). Мајκа ми ме виκаше да појдам со неа даго посетиме (ме виκала зошто знаела деκа е за последен пат) но јас и ρеκов деκа неможам да дојдам, деκа сум умоρна. Во моментов се ρасплаκав феминκи не ми се веρува, κаκо можев толκу себично да постапам, мислев деκа не сум таκва личност, но ете себична сум била. 2 дена подоцна почина, не појдов за последен пат да го видам, не појдов ! Мајκа ми ми збоρеше κаκо сум можела да го напρавам тоа. Подоцна паκ ме тешеше и ми велеше деκа не сум била виновна, не сум знаела κога ќе почине. Но јас чувствувам огρомна гρижа на совест. Зошто не појдов да го видам за последен пат. Κажете ми феминκи нели е беше себично од моја стρана!?
Оф мило и јас сум со грижа на совест како тебе. И јас не кренав тел тогаш кога требаше, а да кренев сега можеби ке беше жива тука со мене ама... Тешко е многу. Незнам зошто мислиш дека ако ги прашаш другиве ке ти олесни? Нема. И јас прашував и ми велеа не си ти виновна, од судбина не се бега, ама секогаш е тука она “што ако“. Незнам дали некогаш ке ни се олесни, ама знам дека долго ке не мачи. Тоа е тоа. Сепак во твојов случај е некако послесно, пошто дедоти сте знаеле дека ке умре, само не сте го знаеле времето. А и да си била кај него и да не си била тој ке умрел секако. Кај мене е сосем друго. Смртта дојде ненадејно. Тешко е кога саканите не ни кажуваат збогум. Тешко е кога знаеш дека многу работи останале недокажани. Тешко е што не сме се прегрнале за последен пат. Тешко е многу.
Се трудам да ги резонирам работите навреме за да не се доведам во ситуација која психички ќе ме измачува.
Јас секогаш се трудам пред на направам или не направам нешто да размислам за истото, дали подоцна ќе се каам или нема. Но сепак животот е многу непредвидлив и за некои работи некогаш едноставно немаш време да мислиш. Вака не ми текнува некоја поголема работа за што имам грижа на совест ама сигурно има некои ситници.
А бре луѓе во клас во основно имав едно чупе кое беше доста сиромашно, седеше до мене во иста клупа и некако кон крајот на првото полугодие последниот ден кога требаше да останеме на распуст нејзиното моливче во мојата чанта. Леле, кој знае дали имало да си купи нов, но наместо да и го вратам на почетокот на новото полугодие јас го загубив. Како можам да бидам до толкууу смотана. Кога ќе ја видам до ден денес имам грижа на совест.
Јас грижа на совест имам скоро секогаш и за скоро се. И за работите за кои не сум виновна или немам допирна точка со нив имам грижа на совест. Да му кажам на некој „не“ имам грижа на совест.
И јас имам скоро секогаш грижа на совест и за многу работи и за кои не сум виновна.Често имам грижа на совест поради довербата и кога ке ми изневерат и разочараат мислам дека ја сум крива што сум поделила нешто кое не е ни тајно ни срамно се некој а тие ке ме направат будала,ненормална и забегана..сепак не само поради ова и инаку имам многу често.
Забегана работа е овоа.. Многу пати ако се издерамм ми е криво..на моите им викам ( и отпосле размислувам ) темелно..ако кутрето се удари или ми падне од раце споулавувам од мака и грижа..Ако сум можела да помогнам а сум одбила од нервоза во тој момент...
Се случило да имам грижа на совест, најчесто кога сум приморана да излажам за да се спасам себеси или кога ќе им згрешам нешто на моите родители. Еднаш се изедов жива заради тоа што го уплашив внучето со мојот бес (не кон него но го покажав пред него) а тоа така мало беспомошно мислеше нему ќе му наштетам. Па кога го зедов, цртани му пуштив, чоколади му ветив дека ќе му купам, што не. Овој период не сум имала грижа на совест.
Многу ме нервира кога некој манипулира на оваа карта, ти предизвикува грижа на совест за да дојде до своја цел, али за среќа ја добро ги читам таквите.
Речиси се што ќе направам пред време ми е премислено, па можам да кажам дека до сега сум немала баш некоја грижа на совест за нешто сериозно. Гледам да не се доведувам во такви ситуации.
Некако ми изгледа соодветна темава. Вака, моментално сум во дилема. Ми почина пред некое време многу блиска особа. По анализи и сл, разбравме дека дошло до смрт заради неодгодорност на ќерка и, т.е и давала лекови за кои знаела дека не смее да ги пие, ради нив дошло до срцев удар од што помодрела цела лева страна ама ќерката криела од остатокот од семејството. Женава уште можела да функционира, но отежнато. Кажала после некои 10 дена кога состојбата многу се влошила, била повикана брза помош, но жената починала во болница. Не знам како, но ќерката не поврзала 2 и 2 дека она е крива, туку уште вика па како е можно да бил удар. На мајка ми и рекоа да и каже на ќеркава дека ради неодговорност дошло до ова, но мајка ми не сака зошто и е страв да "не и го уништи животот" нели ради грижа на совест. Дали вие би кажале?