Kaко мала многу сум се плашела од кловновите. Мајка ми ми купи еден кловн, ама голем колку мене, а јас тогаш мало детенце од 2 и пол години. Се сеќавам дека бегав како од ѓавол, го фрлав зад креветот. Сега веќе не. Симпатични ми се
не се плашам од кловнови ни од маскирани луѓе, никогаш не сум се плашела а знам дека како помала со сестра ми гледавме СЕ ПЛАШИТЕ ЛИ ОД ТЕМНИНАТА и таму имаше некои епизоди со овие митовиве за кловновите...... и таа беше поголема страшливка од мене па ја зафркавав
Не сакам кловнови, никогаш не сум ги сакала, језиви ми се и избегнувам филмови со нив. Не знам зошто , немам некое трауматично искуство од детството, ама не ги сакам. Тачка.
Не се плашам од нив, ама искрено ми се одбивни Не знам зошто Најверојатно тоа што вика Брајт, во нив и под нивната маска има нешто што е така мистериозно, плашливо, нешто бизарно можеби. И мислам дека барем јас не познавам дете од овие околу мене што ги сака кловновите, сите бегаат од нив.
Before you criticize someone, you should walk a mile in their shoes. That way when you criticize them, you are a mile away from them and you have their shoes.
Не се плашам..иако како малечка многу се имам исплашено од дете кое имаше маска на лицето..Ама ете, не сум дозволила тоа да влијае на мене и мојата психа.Се е до вас, ако сугестивно мислите дека се плашите и така ќе биде..ако таа сугестија ја тргнете тогаш нема ни страв од кловнови и маскирани лица.
јас имам фобија од нештава. Не можам да смислам кукла кловн а камоли вистински. не влијаат само на мали деца влијаат и на мене значи колку сум чудна не ми е страв да речеме вампири, зомбиња или да гледам некој ептен страшен хорор филм сама навечер во темница а страв ми е од кловнови