Во понеделникот. Разделба со многу драги луѓе, со кои здравје ќе се видиме за нецела година (наместо за 2-3 години како досега).
Пред два дена на погребот на моЈа 30 годишна другарка која пред една недела прави свадба....пу да ти се плукнам во судбината.
Многу ретко плачам. Можеби сум пуштила две-три солзи деновиве со сила што се вели. Ме доживуваат и се доживувам како многу емотивна личност, што лесно се приврзува и можат да ја повредат но треба нешто многу да ме изнервира/измачи ментално и физички за да плачам буквално иако тоа ќе трае 5 минути. Можеби е лошо што не можам да си олеснам со плачење и маката само ми тежи на душа, ама ете тоа е.
мн ретко плачам но незнам што ми се случи дека татко ми е америка и објавил некоја негова слика и кога го видов сами солзите ми течеа
Во сабота бидејќи од фејсбук дознав дека починала професорката по англиски и директорка на Vavilon Cantar Kumanovo-училиште за странски јазици кадешто јас пред пет години завршив прв степен италијански јазик!Изразив и јас сочувство на фејсбук бидејќи професорката беше многу добра и како ментор и како личност!Исто така тој ден од фејсбук дознав дека починала и една моја баба-мајка на тетка ми од Скопје што ја имам во пријатели на фејсбук,и изразив сочувство на тетка ми,само што дознав дека мајка и починала уште пред три и пол години,но бидејќи одамна не сме бевме чуле јас дури сега дознав за лошата вест! Многу ми се насобраа за брзо време смртни случаи,ама на кого колку му е пишано толку,животот оди и мора да оди понатаму!
Искрено немам плачено од претходната расправија со мајка ми, што за ваква плачка како мене е навистина одлично Па, да речеме околу 5 дена немам плачено.