Мислам дека за темава можам да докторирам.
Секојдневно сум опкружена со личности чија главна цел е да подлажнуваат... Ма какво подлажнување бре, лажат и тоа на велико
Кога ќе почнеш да лажеш за една работа, таа ''некоја'' си работа се поврзува со друга, и за да не испадне дека си излажал, мораш повторно и повторно да лажеш.
Значи еднаш кога ќе почнеш, ако не ти дојде памет, лажењето ти станува навика. Макар и за мали работи, ситници, ти пак лажеш.
Мислам дека лажењето кај повеќето луѓе(барем кај тие што сум опкружена) претставува еден вид на ''алатка '' преку која се истакнуваат во нешто. Сакаат да привлечат внимание и во краен случај да бидат сожалувани од страна на луѓето. Последново дека саакат да бидат сожалувани од околината, пријатели или колеги пример, никогаш не ми паднало на крај памет, се' до пред некој ден.
Кога другарка една моја(ако воопшто можам да ја наречам така) почна да лаже за ептен големи работи, како се труела со апчиња и бла бла, само за да привлече внимание и да биде сожалувана од луѓето.
Ова ми е еден навистина глупав начин да постигне нешто, и во никој случај не го оправдувам.
Што се однесува до мене, неможам да кажам дека сум безгрешна, затоа што никој не е безгрешен.
Имам лажено за некои работи, ама

само во случај кога сум била во некоја чкљ ситуација и сум била приморана да го направам тоа. Дали за мое добро, или добро за другите околу мене, небитно.
Што се однесува до прашањето дали ме фатиле во лага, ќе одговорам позитивно тука.
Да, ме фатиле. Работата беше нешто со моите дома за искачање, јас реков дека ќе бидат на едно друго место, а уствари бевме на друго место... Ама добро, не беше ништо сериозно.
Shame on me.
И за крај да не го тупам многу, ќе ви кажам само... Луѓе немојте да лажете, навика станува...