Има тема за „Лоши навики“ па одлучив да направам една и за лошите особини на вашиот карактер. Дали сте свесни за вашите лоши особини и дали ги прифаќате или негирате? Како се справувате со нив? Јас на пример сум многу инаетчика и тврдоглава Тоа некогаш ми е и добра особина затоа што не се откажувам лесно од ништо Друго, многу сум јазична, поточно пцујам И некогаш се однесувам насилно и сакам да се степам. Јас сум многу смирена личност никој не може да ме изнервира лесно, АМА постојат работи што ме нервираат, на пример да ме испрашуваат многу (особено глупи прашања) и да немам приватност, да ми ги диркаат работите или блиските. (Не избувнувам лесно) ама ако ми се стапе на нервот избувнувам, станам насилна и тешко ми е да се исконтролирам, кажувам груби работи, се дерам и се карам. Друга лоша особина ми е сарказмот, особено во кавги. Јас лошите карактерни особини си ги прифаќам многу послесно од физичките. Дури и си ги сакам Освен онаа кога избувнам Иако се случува ретко, сепак не сакам кога избувнувам и се обидувам да се исконтролирам и да не повредам никој, особено психички.
Неодлучноста ми е преглупа особина. Никогаш не сум сигурна дали го сакам едното или другото. Со тоа не се справувам никако. Си терам пак така. Ми треба пола саат да одлучам дали сина маица или портокалова, а не па за нешто друго.
Аха,ги имам многу,ама многу си ги и сакам,освен оваа првата особина. Најпрво,не прифаќав порано,но многу љубоморна личност сум.Во последно време си ја контролирам особината што е кул,ама подобро е да ја немав. После,сакам се да ми биде перфектно.Значи сакам на пример во мојата соба да има тоа и тоа,ако го нема тогаш не ни влегувам во мојата соба,ау,не.Всушност ова особина ми е дека сакам да имам се или пак воопшто ништо,средно нема. Идемо даљеее...хмм,глупа сум де,трескам глупости на моменти и што треба и што не треба и многу често си ги кривам тие околу мене,божем тие се криви што не разбрале а не јас дека сум треснала глупост. И,да,лековерна сум,многу брзо стекнувам доверба кај луѓето. И,оваа крајнаваа....тадададааааааааам...мрза сум најголема. Тешко мајци која ме је родила Ги имам уште многу,ама са ко че ти пишуе.
Особини кои премногу ги мразам кај мене се: -тврдоглавост -избрзување(кажувам нешто и отпосле ми текнува дека сум згрешила ) -пцуење(како некој кочијаш ) -пребрзо се нервирам дури за најмали ситници -пречувствителна на моменти -неодлучна понекогаш(читај често ) Можеби има уште,но не ми текнува во моментов...
Лоши особини имам еден куп, но ќе набројам само неколку. Пцуење (се обидувам да престанам, но често ми се случува не сакајќи да пцујам), инает, воопшто не сум сигурна во себе, многу лесно може некој да ме изнервира, нетрпелива сум. Мрзливоста ми е дефинитивно најлоша особина.
Значи не сум единствена на која пцуењето и' е лоша особина И да си додадам, дека немам самодоверба и сум успорена снимка Понекогаш и неодлучна
Епа има неколку, или малце повеќе: - тврдоглава сум(некогаш е добро, некогаш и не). - пцујам. - немам самодоверба. - неодлучна сум. - многу често се нервирам, дури и за најмали ситници. - избрзувам, кажувам нешто за што подоцна се каам. - мрза невидена сум.
Лоша особина ми е што никогаш не можам да си премолчам.Се' коментирам и на се' враќам.. Ѓаволче сум станало
Мислам дека имам најлоши три особини во мојот карактер недоверливост,импулсивност ,нетрпеливост кои избиваат на површина само кога некој стварно ќе претера со своите постапки и ме изиритира па неможам да премолчам.
Лошите особини ги препознавам, не ги негирам туку се обидувам да ги сменам. За инаетот и љубомората успеав. Сега си признавам дека знам да бидам мрзлива и во многу ситуации ми недостига храброст. Не сум ниту многу комуникативна. Ќе поработам на случајот.
Многу сум неодлучност дали тоа да го изберам или она, дали вака да направам или така од толку размислување некогаш почнува главата да ме боле. Избрзувам, кажувам нешто за што подоцна се каам, избрзувам и за некои постапки исто така, па подоцна се каам. Самодоверба на нула, а и комуникативноста ми е на нула.
*тврдоглава сум *брзоплета *злопамтило *мрзоволна Порано бев наивна, глупава проста.Сега летово се опаметив и станав ѓаволче
Ми пречи тоа што секогаш гледам да помогнам на личности кои ме повредиле мене, и тоа што имам премногу трпение за многу работи. Исто сум и многу неодлучна. Мислам дека овие три работи што тешко ги контролирам, но се трудам во секој момент да го сменам тоа.
Имам две крајности при сите можни емоционални состојби, или реагирам премногу бурно и емотивно, или не реагирам воопшто. Ни едно не е подобро од друго, средината е најдобра.