Спојлер http://www.femina.mk/здравје/заболувања/социјална-фобија понекогаш се работи за нешто сериозно, ама понекогаш и некој ќути од што го мрзи или едноставно нема што да каже
и јас сум често молчлива,знам и во друштво често да молчам ама мисл дека е од друштвото што се збори ако ме интересира прва сум ама Aко не ми е нешто темата си молчам...
МНОГУ Е ВАЖНО ЧОВЕК ДА МОЖЕ СЛОБОДНО ДА СЕ ИСКАЖЕ БИЛО КОГА ИМА НЕКОЈ ПРОБЛЕМ СО СЕБЕСИ ИЛИ СО НЕКОГО. Ако работите останат неискажани каде што треба или неразјаснети, тогаш можеме да настрадаме, да не најдеме лек за нашите маки, да бидеме погрешно сфатени и најчесто губиме на разни полиња. Во себе така собираме и еден ден ќе пукне. Праведните, чесните, благородните ги победува срамот!
Не молчам и незнам тоа да го правам ,се разбира освен кога некогаш мора.По природа темпераментен и авантурист ..Сакам работите да бидат јасни и гласни кога треба .Ме нервираат луѓе што немаат мерило за себеси.Оние што сакаат нешто да кажат а од пуст срам-молчаливост нивна мора да им извлечеш зборови,или пак кога едноставно неможеш да дојдеш до збор не те дослушуваат а ке ти го раскажат животот во 2 мин .
А како тоа да ја немам видено јас оваа тема порано? Значи истата ама баш истата сум јас. Нема потреба да пишам затоа што се имате напишано за мене. Туку вие “зборлестите“ кажете ни некој совет како да се смениме хеххехе П.С. ете јас кога седам во друштво не само што немам тема туку не ми текнува ништо за да продолжам со муабетот, ама баш ништо и седам само така ги слушам ...
Не сум премногу брблива но сум прилично комуникативна, не сум тивка во смисла да ќутам постојано. Во друштво со поблиските понекогаш и премногу зборувам а ако се најдам во друштво каде што не познавам скоро никој тогаш сум потивка.Но не можам да поднесам апсолутна тишина и ако гледам дека другата страна ќути почнувам да поставувам прашања, на пример кај учиш и такви глупости. Единствено со роднините не зборам многу, можеби чудно но не знам што да кажам освен ако не ме прашаат нешто. Пред наставниците секако сум тивка иако немам срам да зборувам со нив ако нешто не ми е јасно и сл. Инаку порано бев многу посрамежлива и молчалива но со текот на времето тоа се измени.
Јас па проблем имам, како да бидам по молчалива.Да ме оставиш цел ден, цел ден можам да зборам, уста не затварам. Се што мислам, се кажувам и ставови, и мислења, и нешто што ми смета кај некој, и што ме мачи...Абе и да ме оставиш со рандом човек на автобуска можам цел ден муабет да му правам.Дури и во спиење зборам понекогаш.
Не сум молчалива јас, ама ми се случува некогаш да се блокирам скроз и за секунда заборавам што сум сакала да кажам, па се плеткам и брукам.. А сум приметила дека оние со појак глас се покомуникативни, додека оние со треперливо гласче( ко мене на пр) се потивки така, не се слушаат не за друго, ама има секакви случаеви
Јас не знам во која група да бидам Молчалива за молчалива ехееееее терам :up: арно ама кога ќе ме фатат будалите само ќе зборам ќе зборам и станувам досадна па дури и хумористична како стенд-ап комеди во движење ама сепак сум молчалива(освен ако не се рачуна и сама шо си зборам)...Ќе сакам да ја отворам устата понекогаш,се предомислувам и сепак не... Констатација:чудна сум,можеби сум Венздеј
Е таква сум јас. Потполно се пронајдов во напишаното. Многу затворена личност сум и се премолчувам бидејќи се плашам дека другите само ќе се радуваат на моите проблеми и се плашам да искажам свој став за одредена тема бидејќи мислам дека другите нема да го ценат моето мислење и ќе ме исмејуваат. Знам дека тоа не е во ред ама не знам како да се променам и да станам покомуникативна.
Ми се случува некогаш кога сум со друштво да сакам да бидам сама да развивам мислење за тие луѓе.Ми велат што ти е а јас сум личност на која и се премногу лесно забележуваат промените на расположенијата.Ми велат што ти е биди искрена.ОК ќе бидам искрена но ќе се налутите.И си ќутам.Инаку по природа траам и праам.Не зборам многу.
И јас сум молчалива по природа. Дури и кога раскажувам нешто, велам:"Нема многу за раскажување". Во училиште бидејќи велев така, не раскажував многу, ми велеа дека не сум ги прочитала книгите иако ги читав и по 4 пати понекогаш. И кога излегувам, нејчесто кога сум со сестра ми, мисли дека сум лута па ме испрашува. А моете молчење оди во пакет со прекстени раце, па нормално е за другите дека сум лута. А лута сум само во 20% од случките.
Исто.Скоро секогаш кога сум во друштво,само молчам.Сакам нешто да кажам,ама си мислам дека никој не ме слуша и само си молчам. А инаку имам многу работи за кажување
и јас сум од оние кои не многу зборат хаха кога сме во друштво само јас сум така молчалива не сум многу по зборењето ...
Молчалива БЕВ.Сега сум само молчалива ако не ми е добро и не ми е погодено, па сметам дека ми е подобро да молчам.Дома без разлика дали сум добра или не никогаш не знам да молчам.
Молчалива сум, посебно во ново друштво.Порано постојано бев, ама ете сега не сум толку, едноставно си кажувам свое мислење, слободно дискутирам ...
И јас сум молчелива личност. Кога и да отворам уста да кажам нешто некој си лигуш ми оди контра со муабетот "ти не си у право, јас сум" затоа си ќутам повеќе пати.