Само пред неколку другарки можам да бидам зборлива и во вистинско светло.Пред непознати или некој со кој не контактирам, сум многу молчалива, незнам муабет да сврзам и да се спријателам со некого и мислам дека станува проблем.
Со блиските,другарките,односно целото друштво и тие што ме знаат подобро сум многу зборлива и се искажувам како што си сакам и ме сметаат за доста луда,но кога ке бидам со некое ново друштво или некој што не сум многу блиска понекогаш се срамам и да зборувам.. (мислам дека е тоа поради забите кои ги мразам највеќе на свет..уште малку и тие ке бидат во ред)
Уста не отворам буквално, посебно во ново друштво. Пред две другарки сум само опуштена и сега летово си најдов друштво пред кое можев да се опутшам до некаде барем ама не ми било судено дружењето со нив..
пред некоја година толку многу се повлеков во себе што со никој ништо и не ми се зборува....ептен ретко
И јас пред другарките,домашните и дечкото сум зборлива,ама со непознати луѓе и оние кои не ми одговараат за дужење некако не зборам многу,таков карактер сум потешко се опуштам,што дури некои ми викат дека сум дигната,ама нема врска тоа.
По природа сум ептен молчелива и повлечена личност, посебно пред луѓе кои прв пат ги гледам или малку ги познавам. Ми треба време додека се отворам целосно и бидам вистинската јас. А тој процес понекогаш знае прилично долго да трае. Зависи и од другите и од нивниот пристап спрема мене. Пред друштвото сум отворена, зборлеста. Понекогаш знам уста да не затворам, а понекогаш збор не испуштам ни пред луѓе кои долго ги знам. Големо влијание тука има и расположението, како и психичката состојба во тој момент. Кога сум расположена, среќна, не го кријам тоа и можам да зборувам со саати. Но ако сум емоционално скршена, разочарана, уста не ми се отвара, се затворам во себе и зборувам само доколку некој ме праша нешто.
Ако ми е погодено друштвото уста не затворам, ако сум со непознати внимавам на муабетот. Јас обожавам да разлагам дискусии. А оние многу што молчат, е тие ми се најчудни затворени и повлечени во себе, и од секогаш сум во дилема, што мислат сега што им се врти во главата, а бе со нив никогаш не знаеш на што си. Чудни типови, некогаш страв ме фаќа од такви.
Сите сме различни. Нормално е ова и не треба толку да ве загрижува бидејќи кај сите постојат тие моменти кога ни се молчи, и тоа од разно разни причини. Некои поради срамежливост, ново непријатно друштво, не ви се зборува, или едноставно немате што да кажете бидејќи темите на муабет не ви се погодени.
Кај мене молчаливоста зависи од средината и луѓето кои ме опкружуваат. Кога сум дома, меѓу некои што не ги познавам многу или што не ми се допаѓаат, тогаш цело време молчам. Дома гласот ми го заборавија. А кога сум во некое друштво што ми одговара тогаш цело време нешто си мелам
По природа сум молчалива, но ако ми се погоди друштво или пак подобро сум запознаена со тие луѓе, уста не затворам.
Па и јас сум малце молчелива ама кога сум со нови луѓе закратко време се опуштам и трескам зелени колку да кажам нешто аба бољје нешто него ништа. Незнам колку ќе ти бидат од корист советите од некомукативна личност ама пак да кажам :како што реков болје нешта него ништа : 1. Читај книги (тие ти помагаат да го подобриш речникот и да зборуваш потечно) 2. Кажувај го она што ти "паѓа" на памет 3. Кажи го она на што те асоцира претходното кажано (на пример ти велат бев во оној дуќан и си купив вакви фармерки ти честитај најпрво п после раскажи за нешто ако си имаш купено или предложи да одите да погледнете внатре што има демек ќе си купуваш кажи нешто драга па макар и лага... 4. Смеј се (поубаво е даправиш муабет со насмеана личност нели ?! Кажи нешто драга па макар и лага насмевни се... песнва е измислена за ова.. 5. Прашувај - не се плаши да поставуваш прашања тоа е добро 6. Погледни наоколу - ако има нешто интересно сподели го со соговорникот на пример гледаш поатавиле нова клупа па пркажи нешто за неа 7. Не летај и не фнтазирај - убаво е да се биде сонувач но додека си во друштво - не така ќе се забајдиш некаде и ќе си молчиш и ќе испуштиш некои работи што ти се кажани 8. Концентрирај се - ако мислиш само нвашиот разговор и н тоа што го зборуваате тогаш поголеми се шансите за подобра комуникација 9. Слушај внимателно - ако слушаш со четири уши ќе биде подобро И НЕ ЗАБОРАВАЈ - комуникацијата се состои од најмалку двајца нешто тој ќе кажи нешто ти и така немора секогаш ти да отвораш теми за зборење Ејј погледни го нпишав моето најдолго мислење и тоа н темата "молчеливост"
Јас во суштина не сум воопшто молчелива или срамежлива,ама ми треба малку време да се опуштам (се срамам понекогаш да зборувам поради забите),а пред тие што ме знаат ухууууу уста неможат некогаш да ми затворат
Јас секогаш го кажувам тоа што го мислам. Без разлика дали е грешно или точно, особено на школо. А од друга страна станав многу молчалива личност и воопшто не ми смена. Повеќе слушам, помалку зборувам. Тивките луѓе ги имаат најгласните умови
леле исто исто... и постојано внимавам што ќе кажам/направам, се со цел другите околу мене да не добијат погрешна слика за мене, никако не можам да се опуштам...
Незнам шо се дешава со мене но во последно време мн сум молчалива и повлечена во себе а не бев до толку таква сега од се ме страм не можам да се опуштам и нормално како и сите да напраам муабет се стегам шо ќе кажам дали е таман или не за се почнав да се замарам ме можам веќје да издржам ќе пукнам од мака како да се справам нез не сум толку силнаа а треба ве молам за помош во лп кој сака да разговарамее ..
Чим кажуваш дека ова ти се случува во последно време, воопшто не страшно, пероид е, ќе помине со тек на време. Инаку до тогаш, можеш да си посветиш време на себе, вежбај, прочитај некоја книга... Грижата за себе дава повеќе самодоверба.