1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нарцисоидност

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 септември 2010.

  1. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Па некако гороста е поврзана со нарцисодноста, човек доколку нема своја гордост и ако не се смета за убава личност тогаш има проблеми со самиот себе. Се во одредена мера нормално.
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Човек за да се сака себе си, прво мора да се сака себе си. Тоа е факт.

    И полесно ми е со нарцисоидните луѓе, отколку со оние кои не се сакаат себе си.

    Оние кои не се сакаат себе си, се исфрустрирани и искомплексирани, се многу напорни !!!
    Ќе направат се за и ти да се чувствуваш лошо, зајадливи се, провоцираат, љубоморат.

    Нарцисите барем се опседнати со самите себе, не со другите.

    **

    Иначе јас ги имам надминато комплексите и се имам прифатено себе си. Си се сакам.
    И честопати знаат 2-3 другарки да ми речат нарцис, ама како криво да им е, што си се сакам, а тие живеат во комплекси и се вечно незадоволни.

    Затоа немам така лошо мислење за нарцисите. Се додека се пристојни и фини луѓе со вас. :)
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    На некој начин сите сме нарцисоидни личности.
    Кај некои таа особина е умерена и незабележлива.А кај некои може да премине во опседнатост со самиот себе.Се додека ја прафаќаме дозирано не постои опасност да се дефинира како патолошка појава.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе Поента. Истото и јас сакав да го кажам - во секој од нас се крие извесна доза на нарцисоидност, но е контролирана и во рамките на нормалата. Кој човек не е пријател со огледало? Посебно ние девојките што е многу многу нормална појава и потреба.
    Меѓутоа ако е надмината таа граница на нормалата, тоа е веќе друга приуказна и реален проблем.
    Во моето опкружување нема ниеден нарцис. :) :) :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Леле јас имам една другарка, ама верувајте нарцис невиден е...НЕВИДЕН ! Се таа е најубава, се тој што поминал тука покрај неа и се испулил, се неа сите ја сакаат, неподнослива е верувајте.
     
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    30.639
    Пол:
    Женски
    Имам школска која е мнооогу голем нарцист.Нема никој поубав од неа,таа е најубава.Сама си се фали..
    Од што толку ми беше преку глава,пред 2-3 недели се и кажав во лице што мислам за неа.Многу се засрами,ама што да правам..веќе претерано беше.
     
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.461
    Е и уште да знаев да го ставам ова во смешни мислења,некој нов факт.

    Си погрешила силвер,ама. излегува така,како и да е човекот мора прво себе да се сака најмногу,па пак себе,па пак..... и потоа другите :)
     
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    44.033
    Пол:
    Женски
    Ме иритира нивното однесување,и тоа како.Никој не е ништо повеќе од некој друг,сите сме исти.А да се фалам самата дека сум најубава,најпаметна,најпривлечна,најбогата и слично,не можам,едноставно глупаво ми е.
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Секој човек барем малку е нарцисоиден. Ако не е, тогаш значи дека не се сака себе си!!! А, има ли таков??? Секој од нас сам за себе си мисли дека е убав, паметен, вреден!!! Не е во ред само ако тоа ги надминува границите на нормалата, па некој цело време го потенцира своето ЈАС па ЈАС!!!
    Малку НАРЦИСОИДНОСТ е потребна на секој од нас!!!

    Според една старата приказна кога кметот на селото им рекол на луѓето да земат стапови и да ги истепаат грдите, најгрдите луѓе од селото биле први што земале стапови!!!
     
  10. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Нарциси се луѓето што се некад исмевани и имаатеден куп комплекси и за да ги скирајт од другите, почнуваат да се фалат, едноставно се се заљубат сами во себе и готово.
    Порано и јас бев таква но сега веќе не сум.. Сфатив дека некој луѓе не се вредни толку колку што им се плашев, сфатив дека јас сум иста како сите други, ни сум најубава ни пак најпаметна.. Нарцисите живеат во минатото и одкако ќе почнат да мислат на тие што им направиле лошо нешто, нешто што ги натерало да се сменат, они уште толку се фалат и се самозаљубуват.. Почнав да ги тргам пополека тие што ми го “обележаа“ животот и така и нарцисот од мене си замина.. Сега се само ценам како персона, ни сум најубава, ни сум најпаметна, за смешна ич не сум тка да.. нема тука што, луѓето се менуваат со текот на времето :)
     
    На cupcakeb му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cupcakeb

    cupcakeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со ku4ence.
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.033
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била нарцис и не сакам ни да бидам. Знам дека не сум совршена. Не сакам да сум совршена. Зошто би била? Никој не е совршен, но некој мисли дека е. Не ги гледаат своите недостатоци, само убавата страна. Е таквите луѓе немаат потреба од друг, штом себеси толку се сакаат.
     
  13. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка, која секогаш знае да каже најубава сум.Јас тоа никогаш не би го рекла за себе бидејќи знам дека не е така.Се сакам себеси, ама тоа не значи дека сум нарцис. :)
     
  14. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Луѓето нарциси се опседнати со себе. Постојано или се огледуваат или се сликаат. Разбирам да се сакаш себе си, ама да се опседнеш со себе? -Не. И постојано сакаат да ги осипувате со комплименти.
    Јас никогаш не сум била нарцис, а ниту пак ќе бидам. Тоа ми е многу површно. Никој не е совршен, тоа треба да го знае секој, дури и нарцисите.
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.505
    Пол:
    Женски
    Нарцис луѓето се во ред се додека не почнат да ги навредуваат другите со тоа. :)
    Значи убаво е да се погледнеш во огледало и да си речеш дека си убава,но,не е во ред ако речеш дека си од некого поубава.
    И сега,ви се молам,не ги оправдувам ни нарцисите од типот „Ја имам најубавата коса“ а косата е како да е миена со зејтин.Но,навистина во ред е да мислиш дека си убав.
    Ах,и,да посебно место за оние нарциси кои велат дека не се убави само за да се придобијат со коплименти |(

    Јас сум си нарцис кој знае за своите недостатоци и прифаќа критика,само доколку критиката е реална. :D
     
  16. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе мислат дека доколу некој се смета себеси за убав, дека е нарцис.
    Друго е да си самобендисан, а друго да се сметаш за убав.

    А инаку мразам луѓе кои се сметаат себеси за најпаметни, најубави и се нај нај, потенцирам се НАЈ НАЈ. Значи, едноставно ги мразам, не можам да ги смислам. Не сакам да се дружам со такви луѓе, ниту пак да бидам во нивна близина.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.121
    Имам таква женска личност блиску. Сама се фали дека е убава, дека е успешна, дека ја почитуваат, а реално никој не ја сака и сите ја навредуваат зад грб. Многу е глупаво да каже “Што не сте не викнале мене и пријателката убави жени„. Уффффф
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Сметам дека луѓето кои постојано гласно ја истакнуваат својата НАЈ-ност пред другите всушност се луѓе со недостаток на самодоверба, па преку ваквиот начин на однесување се обидуваат да го скријат тој недостаток.
     
  19. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Нарцисоидноста има и добри и лоши страни. Добро е тоа што нарцисоидните личности имаат поголема самодоверба. Лошата страна е тоа што истите личности понекогаш се преценуваат и ги потценуваат другите околу нив. Не ме нервира добрата страна, но лошата и тоа како ме нервира :@
     
  20. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Сите сме нарциси кој повеќе кој помалку само некои тоа успешно го кријат. :D
    Е сега оние кои нападно искажуваат дека се нешто нај нај повеќе би рекла дека се луѓе кои незнаат да комуницираат и луѓе болни за внимание бидејќи тоа придонесува сите да ги гледаат како одбивни личности и воопшто не им помага да го стекнат рејтингот кој очигледно очајно го посакуваат. :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.