1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ненадејна промена во однесувањето

Дискусија во 'Психологија' започната од bebeto93, 14 април 2014.

  1. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Ве молам да ми помогните
    На моја многу блиска личност веќе 5/6 дена и се случува нешто многу чудно
    Се беше во ред, ама тотално се, наеднаш се промени, буквално преку ноќ ;( ;(
    Девојка е, има 19 години, како што реков претходно, пред 5/6 дена почнала да бега од дома, одела по улици, трчала, незнаела кај трчала, нејзините блиски трчале по нејзе, по улици ја барале.
    вриштела на моменти, незнаела што зборува, кога ќе појдел некој на гости не го пуштала да си оди ( буквално )
    пример, нејзин близок пошол на гости и кога станал да си оди го држела за рака и не го пуштала да си оди,и на човекот му капнале неколку солзи и девојкава му рекла, чекај дедо си се испотил да те избришам..... :(
    Медицински ништо немала, уште магнетна останало да се испита ама не оставала никој да ја допри, а бидејќи е полнолетна мора сама да одлучи.
    Со друга личност праела муабет на телефон и ја праша што прави братучеткае и теткаи и рекла добра е на тренинг е, и девојкава е убо и е нејзе и се остави желбата, јас сакав балерина да бидам ама ме боле нозете................
    Се надевам никој немал ваква случка, на никој не ја посаакувам, ниту некој да ја доживее, недај боже..
    Ама некаква помош, предлог, мислење????
    и ќе заборавев, биле на бајачка и таму рекле дека и ставил некој нешто во јадењето..... значи медицински се било во ред, така велат..
    Мајками помисли дека можеби е она Детинство што го викаат, најчесто се појавува на мало бебе, дете, ама можеби сега на големство ја фатило нејзе...
    Мм па помисли на трип ( дрога ) таа е како лепенка ама ја имало и во друго форми, од нејзе нема лек, цел живот ќе живее како во излузија, фантазија, ќе фантазира дека времето е ладно и ќе става дебела облека, а уствари надвор 30 степени..... така слично...........
     
  2. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    луѓееее нешто ви паѓа на памет што ми можело да биде? што да направиме???
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Мене ме интересира дали девојкава има некоја ептен трауматична физичка повреда во минатото?
    Мора да има нешто што направило онака, trigger на ваквото однесување, иако изгледа дека е предизвикано „преку ноќ“, сигурно нешто му претходело..
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Нека се измие со крстена вода и нека оди на психијатар.
     
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Ако ништо не помага, нека оди во душевна болница. Барем таму нема да наштети никому.
     
  6. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Има некое невротско растројство, за кое веројатно и свеста и е нарушена и таа несвесно го прави тоа.
    Се случуваат такви ненадајни пореметувања . Има многу причини за тоа.
    Треба одма да ја оденесете на психијатар. Какви бајачи бре луѓе.
    Психијатарот ке ги препознае симптомите, со оглед на причините зошто е тоа настанато ќе направи дијагноза за растројството, ќе препиши терапија и начин како да се излекува тоа.
    Уште нешто да надополнам, ние сме таков народ што попрво би верувале во нешто невозможно и недокажано како бајачи и такви некој гледачи отколку во медицински докажани работи како болести, што некој веќе ги открил, учел и му помогнал на многу луѓе. Неверојатно
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    ќе пробам, ќе им кажам на нејзините се што ми предложивте, фала.
    разбрав дека имало човек во куманово, ако имате контакт???
    ама не може да се зборува со нејзе за да откријат какво пореметување е настанато, според меене....
    Таа само зборува нешто, како дете... не кажува нешто логично и совесно, само некои работи што први ќе и панат на памет, без размислување....
    хмм,повреда..
    незнам како да го сватиме ова, пред извесно време, пред 2 месеци се скара со дечкои, ама имаше и друго машко што се гледаше сега брзо, ама сепак размислуваше за бившиот пошто тој несакаше да се смири во никој случај... ако не со друг, со мене имаме праено муабет за тоа крајот на март и не делуваше толку депресивно, се надеваше на смирување ама не беше депресивна околу тоа...
    има 2 сестри помали од нејзе и постојано правеа бука дома, и секогаш ми велеше немам мир во куќава, сакам тишина, збудалена сум....
    незнам дали ова е некоја повреда... стварно во моментов ништо немоаждам да потврдам, не сум во состојба :(
     
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.161
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    првода се провери дали користе дрога или користела ао е чиста од дрога тогаш има две варијанти шизофренија или биполарн растројство под хитно да и закажете на психијатар на клиника ке ј аостават и на клиника да полежи
    погледот и е чуден и нон стоп само зборува дури пена и собира устата нели?
    Не може да се грижи за себе може со едн авлечка една патика да испадне измацана и најбитно не ги сака нејзините дома и муабет без врска со нема логика
    имав во блиска фамилија кај мене ваков случај тешко е навистина
     
  9. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    незнам за ова пена дали и собира устата, ама знам дека не користи дрога сигурно 100% освен ако некој и нема подметнато од овај трипов :/
    што превзедоја блиските твои? Дали сега се е во ред со тие лица што му се случило ова?
    На доктор не ја задржуваат, велат не е за овде.
     
  10. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Затоа на психијатар тој си има техники, методи како да воспостави контакт со неа, тој тоа го работи, го знае. Бара многу работа за да се открије што е точно, но верувам дека ќе помогни.
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.161
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    на лекар да ја јават во психијатриска болница во клинички центар и те како е за оставање
    кај лугето што ги знам го примија лицето веднаш го посматраа некој 3-4 недели му поставија дијагноза терапија и домашните го контролираат пак нели ама еве од тогаш има поминато 8 години сеуште е под терапија сега видно намалена имаше така две фази коа пак малку го дрмна ама тоа е
    немате појма колку многу млади има со ваков случај на психијатрија скопје на 5спрат горе кај што се младинците која ја оставил дечкото па скренала од умот која од дома проблеми со родителите жално е навистина тиа млади животи да ги слушаш како зборуваат глупости треба да имаш срце за тоа отидов еднаш на посета животот ми се скрати веруајте пишам и солзими доаѓаат кога ке ми текне како беше
    затоа совет директ на психијатрија и рачунај она нема шанси да посака да оде ке ја излажите некако и ке ја однесите самоволно она нема шанси ке ви избега пак ке ги метри улиците дома нема да сака да влезе
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Јас мислам дека не и е ни од дрога ни од никаков трип,тие немаат такви дејствија имаат но доколку редовно се примаат а како што ти велиш 100% не се дрогира така да мислам дека психички е растроена...
    Никакви бајачи и што ти знам не ,директно на психијатар.
    Нејзините нека не веруваат во такви бабини деветини,знам во такви моменти е многу тешко и сакаш се да направиш за д апомогнеш но во овој случај мислам дека психијатарот е правиот избор...
    Дајбоже брзо да се оправи девојчето сепак е многу млада,господ нека и го чува паметот
     
  13. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Mоже да станува збор за некаква генетичка(наследна) болест,која може да се активира во текот на развојот.Moже да се работи за некаква доживеана траума,многу индикатори постојат ,што би можело да доведат до ваков вид на неповрзаност и раствојство.Eдноставно треба целиот период уназад да го проследи стручо лице заедно со моменталната ситуација,за да може поточно да се утврди за што станува збор.
    A не разбрав добро,дали девојкава користи/користела опојни средства???
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Одма во лудница ја испраќате.
    Треба да се направат медицински испитувања, најпрво крвта да се провери да се види дали користела некаква дрога, можеби некои лекови земала, можеби имала силен стрес кој предизвикал нешто поопасно.
    Па и на бајачка да ја однесат не е штета. Иако сум против гатачи за бајачи сум повеќе неутрална, не знам каква моќ имаат и што прават, но ако помагаат нека помогнат.
    И јас сум слушнала за некој во Куманово, ама само баел и помагал, а не гатал и такви слични работи.
    Психијатар последна варијанта, ма да не би препорачала, само пари ќе си фрлат.
    Прво комплетно медицинско испитување.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Девојката не користела ништо, туку мажот на феминкава која ја отвори темава се сомнева дека користела дрога. Барем јас така разбрав. :)

    Инаку, Bebeto93, девојката е за на психијатар.
    Јас имав вујко, кој од нигде никаде се поремети. Зборуваше неповрзани работи, се однесуваше чудно, бегаше од дома. А претходно никој немал психичко растројство во фамилијата.
    Тој некое време го помина во психијатриска клиника, му беше одредена терапија, и навистина имаше некои промени кај него во поглед на однесување, зборување, смиреност, почна да разговара со сите итн.
    Се согласувам со Glasna, дека можеби станува збор за наследна болест, од причина што, истово споменато почна да се манифестира и кај другиот вујко, на 40-годишна возраст..
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    1. Може да е од дрога. Дознајте дали зема дрога !!!

    2. Може да е од магија. Иако сум против вакви работи, сме имале блиски луѓе на кои вака им се случуваше наеднаш и траеше подолг период. Се излечија по бајачи.

    3. Огромна е веројатноста да е психичко пореметување поради трауми или нешто насобрано од минатото. Мене најверојатно ми е да е ова, по тоа што го опиша.
    И најдобро е се однеси на психијатар кој ќе ве упати во се што треба !!!!

    4. Може девојката си има некоја мака, ама крие од вас. Затоа се однесува вака чудно. Има многу девојки, ќе раскинат со дечкото, па им е тешко, пијат седативи, се однесуваат чудно.

    Како и да е, бидете внимателни и добри кон неа, немојте со сила и со викање да постапувате, зошто неа и треба помош и разбирање сега !!!
     
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    малку ќе бидам офф :$
    можете ли да ми објасните како се поставува клипче..баш е наменето за ваква тема..
    Aј ќе пробам вака ако може :P се работи за еден вид на тумор
    http://www.todaytonightadelaide.com.au/stories/teratoma
    се надевам нема да пречи на никој што клипчето е на англиски.
     
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    Според опишаното состојбата најмногу личи на биполарно, осносно фаза на маниа која обично се случува на пролет. Како и да е, треба безо да се делува бидејќи лесно може надвор на било каков начин да дојде до повреда. Однесете ја на психијатар па тој ќе процени дали има простор за сомеж за користење на психотропни средства, акутна психотична после некоја психичка траума или она што мислам јас, односно биполарно.
    Навистина е голем проблем тоа што според етичките правила таа треба мотивирано да отиде на психијатар. Но во ситуацијата таа не е критична и не може правилно да расудува. Така да потребен е голем ангажман од семејството и убедување, на сила не е добро. Евентуално прво родителите да се консултираат со психијатар, некако да се седира малку во домашни услови и да и се смири агитираноста, бидејќи рековте дека дава голем отпор. Па потоа да се однесе на лекар.
     
    На missfortuna и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  19. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Ненадеен пресврт. ПОМОШ

    мора девојчето да посети некое стручно лице,да и се помогне....по ова што го читам мислам дека она доживеала некоја траума,или стрес и сака да го отргне тоа од себе па затоа бега од дома,трча...
    жалам за девојчето и посакувам побрзо да се опорави.
     
  20. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    дознав и друго, сакала многу да се моли и барала в црква да појди, и е страв не пред секого, само пред тетка и и пред татко и кажувала дека се плаши и дека некој сака да ја убија, тетка и и велела дека сите се покрај нејзе и ја чуваат ама таа била упорна и велела тето само со тебе и татко ми можам да се разберам никој не ме свајча, јас не сум за во лудница, мене сака да ме отепа некој, однеси ме одовде, спаси ме..... оф солзи ми идат... ;(
    немала никаква пења на устата кога зборувала, зборувала многу течно и гласно, нормално, не била тивка повлечена, само очите и биле на пола копје, не доволно отворени, на тетка и и кажувала се што правела до пред една недела, бев таму бев онаму, со братучедите нејзини, и то е вистина се што кажувала било вистина, ништо не измислувала, не халуцинирала.. истиот муабет што го правела со братучетка е и го кажала на тетка е, дека и велела да ослаби, дека била в кафич претрхондиот викенд со нејзе седеле зборувале, дека сакала да се запиши и на уште еден факултет, ама се се што кажала било вистина, истиот муабет го правела и додека не и било ништо...
    само со татко и можела да се разбери, само него го слушала, а мајка и не, со нејзе се караше секогаш и порано и сега, имаат многу спортивни карактери, нетипично за мајка и ќерка...
    татко и нејзин на 10 години, го фатило Детинството ама тој 2 месеци бил таков, исклучен, ама на моменти го пуштало, на татко и му се случило нешто со Самовилите и само една жена во битола го спасила, и сега чекаат да помини велигден и да појдат, таа жена била сеуште жива.
    Денеска в црква ја оденесле, како што сакала.
    Леле многу ја сакам, сакам да се врати како порано, многу беше добра, позитивна, комуникативна..... оффф леле ;( :(