1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неодлучност- добра или лоша особина?

Дискусија во 'Психологија' започната од ansi.i, 9 април 2014.

  1. ansi.i

    ansi.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    24
    Па девојки, кое е вашето мислење? Дали неодлучноста не спречува да направиме грешка,или е само резултат на недостаток на самодоверба и е мачење и замарање?
    Какави сте вие на ова прашање? :)
     
  2. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Па според мене неодлучноста ее повеке знак на мала самодоверба. Многу ме нервираат неодлучни луге дури кога се работи за ситници не знам на кого очекуваат да одлучува за нив. Јас никогаш не би дозволила други да одлучуваат во мое име,со исклучоци кога некој е засегнат од одлуката правам компромиси во дозволени граници :)
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.126
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Порано бев многу неодлучна. А може и не бев... :D

    Мала шала... Не ја сметам неодлучноста за лоша особина. Мислам дека најбитно е да не се покаеш за тоа што си одлучил. Така да ако во нешто не си сигурен, подобро да одлучуваш подолго време или да си побараш совет за одлуката, отколку утре да си речеш се зафркнав. Па и грешна одлука да била, да не ти е криво за тоа.
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За секоја одлука е потребно време.

    Човек треба да си земе толку време колку што му е доволно за да размисли и да одлучи.
    Потоа, да ја донесе одлуката и да си стои зад неа.
    Доколку одлуката се покаже лоша, да ја измени во првиот момент кој ќе биде на располагање.
    Доколку не може да се промени, да си ги превземе последиците и да истави поука од истото.
    За секоја тешкотија да го замолиме Бог за помош, да ни го олесни патот со таа одлука.

    Значи, секој човек кој е стабилен, карактерен, мора да биде одлучен ! Но, одлучен, да ја избери најдобрата одлука од сите можни. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Неодлучноста ја дефинирам и како лоша и како добра особина.
    Доколку таа е дел од карактерниот склоп на една личност претставува негативна особина.Тоа е личност со ниско ниво на самодоверба која тешко ги препознава предностите.Ако некој ја користи како начин за тактизирање до моментот на донесување на одлуката ја сфаќам како позитивна особина.Не е секогаш лесно да ја донесеме вистинската одлука,а при тоа да ги избегнеме можните последици.
     
    На Elena69221 и ansi.i им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Лоша особина. Знак дека не знаеш што сакаш, не си ги знаеш целите. Според мене е така.
     
    На crazylady и TaMaRa80 им се допаѓа ова.
  7. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Лоша особина е во секој случај.. Се нервирам кога некои не может да се одлучет каква боја маичка да купат или какви мастики.. баш ме интересират како ке носат одлуки понатака во животот?? поздрав
     
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Според мене, неодлучноста е вид на лоша особина и знак на недоверба во себе. Треба да се знае тоа што се сака, и да се земе пред друг да го земе. Треба да знаеме што сакаме да правиме, сами да донесуваме одлуки. А за да бидат донесените одлуки правилни, треба да се слуша срцето :)
     
    На TaMaRa80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Лоша особина,јас сум таква неодлучна.За најобични работи што треба да ги направам се мислам.
     
  10. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Тρеба да ρазмислиш 10 пати пρед да напρавиш нешто, но неможе сето тоа ρазмислување да оди до бесκρај, да чеκаш дρуг да дојде да одлучи место тебе!? Сите одлучуваме за себе и ниκој не тρеба да дозволиме да одлучува наместо нас. Споρед мене неодлучноста е многу лоша особина κоја ниκому не му пожелувам да ја има!
     
  11. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Неодлучноста не се појавува само кај луѓе со мала самодоверба, туку и кај оние што се претпазливи. Не е секогаш сеедно каква одлука ќе донесеш, некогаш целиот живот ќе ти зависи понатаму од тоа. Еве јас веќе 4 месеци се двоумам за една животна одлука и сеуште никако да се одлучам што е правилното. :|
    Додека за мали и ситни работи нема потреба да се губи толку време и енергија да не можеш да се одлучиш. Едноставно избираш нешто и тргаш понатаму. Животот е премногу краток за да губиме време на банални работи :)
     
  12. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, неодлучноста е лоша особина. Ова го кажувам од лично искуство. Јас сум многу неодлучна личност и за најминимални работи не можам да се одлучам, се мислам што да изберам и на крај пак најлошата одлука ја донесувам ( во повеќето случаи ).Навистина треба да се размисли пред донесување некоја одлука ама не да се претерува( како во мојот случај).
    Ама, таква сум, што да правам. :(
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Лооошааа, многу лоша, јас не гледам што добро би имало во оваа особина. Неодлучноста се манифестира од наједноставното прашање „што да нарачам за јадење сега?“ па се до најважните животни одлуки. Во двата случаи е лоша особина и неубава и за носителот на истата. И мене лично многу ме иритира, бидејќи сум била во близина на доста личности со оваа особина.
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е лоша и многу се мразам што понекогаш владее со мене.
     
  15. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Лоша е, затоа што како што кажаа некои пред мене, тоа е знак дека не се познаваш самиот себе. Лошо е кога постојано се двоумиш, незнаеш што сакаш, што треба и така натаму.
    Друго е кога ти треба повеќе време за некоја поважна одлука.
    Всушност за се треба добро да се размислува. Арно ама, постојано да си таков не е многу добро.
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Да тргнам од себе: лоша, лоша и лоша!
    Премногу се двоумам и сум неодлучна. Почнувајќи од чорапите па се' друго. Ми треба време да се одлучам дали да облечам бели чорапи со розе кругчиња или розе чорапи со бели кругчиња. Или можеби чисто бели повеќе ќе ми одговараат? А плавиве? А да ги смешам? Леле, требаше другите да ги облечам. Дека нели... „сите“ ќе ми ги видат чорапите.

    А камо ли некоја поважна одлука или решение?

    Значи озбилно, до некоја мера е добра карактерна особина, али ова моево е претеризам. Не дека сум само јас неодлучна, меѓутоа радо би да се сменам со некого. И никогаш повеќе да не се двоумам, троумам, четириесетумам. И да не навлегувам во дилеми, трилеми, четириесетлеми. :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Многу лоша особина. Поминуваш време и време во мислење, наместо да направиш нешто покорисно мислиш дали да ставиш црвен или розев кармин, а полошото е кога во продавница не можеш да се одлучиш што да купиш. :?:
    Оваа особина мислам дека многу ги иритира останатите околу нас, сум пробала да ја искоренам ама не оди. :|
     
  18. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Не можам да се одлучам дали е лоша или добра неодлучноста. :D

    Многу сум неодлучна, и поради тоа имам испуштено многу нешта. Од друга страна, пак, си се тешам дека е добро тоа што размислувам пред да направам нешто, за после да не зажалам. Но, сепак, нели повеќе се каеме за работите кои не сме ги направиле отколку за оние кои сме ги направиле. :)
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Едно е да бидеш претпазлив и да ги разгледаш сите околности при донесување на некоја одлука, а друго е да бидеш неодлучен. Јас неодлучноста ја ставам во ист кош со не знам што сакам, а тоа никогаш не може да биде добра особина. Затоа што така не знаеш кон што целиш, па автоматски се губиш во време и простор кога треба да преземеш некој чекор.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Спорд мене неодлучноста е лоша особина и по често знае да ги иритира другите луѓе. Јас сум таква личност и цел живот пробувам да го променам тоа бидејќи јас навистина претерувам во се, покогаш за некоја слика ми се случува со саати да мислам дали сум добро излезена или не. Навистина се надевам дека ова ќе го сменам бидеќи е навистина глупо и само онака губиш време во без целно размислување.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.