1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пцовки...погрдни зборови и сл.

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 24 април 2012.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    И јас пцујам :D
    Знааам, ми кажал татко ми дека не личи на девојче, ама ете, јас пцујам.
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Пцовки ни е целиот јазик.
    Кога и да се изразуваме е со пцовки.
    Некој навистина претеруваат, дури грдо да ти дојде кога си во нивно друштво.
    Нека пцујат возрасните, ама кога слушнам дете како пцуе ми се плаче. :tmi:
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Фрапантно е колку нашиот народ користи пцофки и погрдни зборови.
    Нервозата и нетрпението се најчесто причинители, генерално.
    Незнам по колку пати дневно слушам погрдни зборови било во маркет, било во сообраќај, било по улици, било во угостителски објекти, ама најмногу во институции при редови и чекања.
    Ме ужаснува некултурата и тие фрази/изрази.

    Не личи од устата на маж, остава лош впечаток, примитивен, кажува за неговото воспитување, култура, почит, немање доволен вокабулар на ниво.
    За жени не сакам ни да чујам да користи пцофки и слични изрази, жената е дама, на ниво, со стил, жената е поим за префинетост и манири.

    За жал, нема разлика во полот кога се работи за употреба на пцофки и погрдни зборови, а тоа збори за општата слика на народот и нивото на култура, т.е некултура.
     
    На Papillon.Papi, Dvolicen и sweet-star им се допаѓа ова.
  4. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171

    Значи коа ќе прочитам вакво мислење ми се крева косата.Ако сме жени, треба нонстоп да се понашаме дамски, што всушност е ептен досадно.Пцовки, нема шанси.Тоа е само за улични жени без култура, мааа да бе.Ти немаш пцуено никоаш во животот? :fubar:

    Иначе да пцујам,онака сочно убаво хахха.Подобро да ја исфрлам некако нервозата отколку да собирам,најчесто коа ќе се удрам некаде пцујам и ми поминува.Секако не пред сите.Ми се дешава,пред моите а за во друштво да не зборам, сите си пцуеме за мерак ехаа. :rofl:
     
    На Slatkarka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. turbulentno

    turbulentno Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    пцујам и убаво ми е . 8)
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Така бе hristinnnna покажи и на Rubiii да не глуми светица или савршенство без мане. :D Пцуењето е здрава работа ако се практикува умерено, макар и во себе. Научно е докажано дека користењето пцовки го ослободува организмот од стрес и прави да се чувствуваме подобро, стимулира хормони на задоволство и среќа. Секако се додека пцовките ги правиме дискретно или кога нема никој околу нас или додека возиме сами кола, тогаш мислам дека пцовките се редовен репертоар. Јас тој момент секогаш го користам да се олеснам. :D Крај краева подобро е пцуење отколку држење на негативноста во себе и бууууууум експлодирање во одреден момент кога балонот ќе се предува.
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Немам зошто да се правдам, туку само ќе се надоврзам на мојот пост во кој не сум навела со големи букви дали пцујам или не, за оние кои неможат да сфатат од напишаното.
    Да, не пцујам, ниту сега на 23,5 години, ниту на 13 или било кога.
    Израснав во семејство каде немав чуено пцофка, и имав целосно посветено внимание од страна на моите за домашна култура, почитување, поздравување и слично, и ова сум што сум денес.
    Бев давана за пример уште од најмали години ( забавиште, основно), а покрај семејството како најважна алатка во моето воспитување, ниту една од моиве другарка не пцуе, па така немав директен контакт со тоа во годините кога стекнуваш навики, вокабулар и слично.
    Моментите на нервоза ги изразувам на други начини, меѓу кои дефинитивно не се пцофките.
     
    На sweet-star и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    :) Во тој случај си perfect girl. :lol: :up:
    И јас исто не пцујам јавно т.е. се трудам што помалку, ама кога сум сам во соба или во кола и кога ми е мерак си се ослободувам од стресот вербално. Секој на свој начин битно да нема стрес. :)
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Не пцујам.. дома никогаш немало такви зборови,или од типот пример Марија->Маро. НЕ!

    Дома ме воспитувале да бидам културна,да се поздравувам,да почитувам...Иако моите другарки пцујат јас никогаш не пцујам и слично. Не сакам, не сум учена така..

    Секој нека си гледа,за своето однесување,изразување ;)
     
  10. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.689
    Пол:
    Женски
    Да пцујам и тоа во последно време многу :lol:
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ретко употребувам вакви зборови, ептен ретко ако сум со другарки па да кажам у ПМ :?: , пред други луѓе не. Инаку многу мразам луѓе што јавно и гласно по цело време само пцујат и кажуваат погрдни зборови.
     
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    уфф си ја исфрлам нервозата така ама не гласно и пред секого. Пред најдобрите другарки знам да кажам само у ПМ и да ти е*ам и такаа ... :$ :lol:
     
  13. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Ретко но,употребувам.Но не озбилни пцовки,некои полесни :D
     
  14. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Да пцујам мислам не нешто сериозно туку онака негоаш нека иде у ... и такви ствари.Според мене поубаво да земам да испцујам неголи да чувам у себе па да пукнам...Не е тоа до култура или било што сите имаат барем еднаш испцуено,тоа е како човек се справува со нервозата... Нема ништо лошо у тоа...Нормално не подржавам да се пцуе нон стоп,во сите ситуациии во секое друштво на луѓе али вака нормлано е ок :)
     
  15. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    60.967
    Многу грдо ми звучи кога една личност ќе каже пцовка или навредлив збор. Не го одобрувам употребувањето на овие зборови во било каква ситуација. Ако некој многу ме изнервира со културни зборови ќе му го кажам своето мислење!!! Никогаш не сум пцуела или навредувала, тоа е под моето достоинство и култура!!! :) :) :)
     
  16. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Мразам пцовки и погрдни зборови и речиси воопшто и не ги употребувам.
     
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Од мала кога сум била ме карале ако сум пцуела, и сега не ни знам, ако речам такво нешто чудно ми е :D
     
  18. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Ако нешто навистина ме нервира, тоа е пцуењето. |(

    Ај да си возрасен човек па да ти се случи да опцуеш или да кажеш нешто такво. Ама кога ќе ги видам мали деца, уште не созреани, како пцујат, е тогаш ми се темни. :fubar: И тоа секој втор збор им е погрден...

    Никогаш не пцујам и исто како феминката над мене многу чудно звучам ако го праам тоа. Често се случува нешто да ме изнервира или налути, ама немам навика за пцуење
     
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Кога сум сама во соба пцујам се` живо и диво (ако сум изнервирана). А кога сум со некој, не ни зборувам многу, така да не ни пцујам.

    Но, навестина е одвратно тоа што родителите пцујат пред мали деца, а утредента, ете ги и децата, кај им текне пцујат, иако не ни знаат што значат самите пцовки. Па потоа следува ќотекот, кој воопшто не помага, туку ги поттикнува децата уште повеќе да пцујат.
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    За пцуење, баш и не пцујам, најмногу употребувам "да му се сневиди".
    Ама општо низ муабет знам да користам "се курчи" и моите стално ме опоменуваат. Ама не го сметам за пцовка. Не е баш сјајно, ама си го имам сфатено како дел од муабет и не бирам пред кого го користам.
    И "јебига", тоа ми е интерен муабет со другарките ... :D