Скоро никогаш не ми се случило да опцујам некого намерно.. Може од нервоза, кога не можам да се исконтролирам (што премногу ретко се случува, дури и никогаш) да ми се испушти. Но, секогаш наместо пцовка употребувам некој друг збор или фраза што е на место, и при тоа го „замолчувам противникот“. А доколку некој ме опцуе, едноставно го игнорирам или му давам до значење дека не ми е на ниво за да комуницирам со него Исто, може во друштво на шала, низ муабет да кажам „јебига“ , „скурчи“ и слично, но се согласувам со Spidy, не го сметам тоа за пцовка )
Псујам и тоа кочијаш не ми е равен. Посебно сабјле кога одам на работа во кола еееееееееее мајки, шајки, неписмени шофери итн. Ама никој не ме слуша, затоа пак кога ќе влезам на работа како од психијатар да идам.
Никогаш лично некој да опцујам, туку општо Знам кога сум сама да си опцујам гласно, во смисла, да ти се плукнам на машината за парење, да ти се плукнам у тоа глупиот кауч, да ти'бам времето, да ти'бам правосмукалката, да ти'бам семафорите... Јавно, мислам дека не пцујам, можеби порано, сега не. Мислам дека една жена треба да е свесна за своите зборови, макар и на форум, каде „да те ебам глупата“ е само одраз на домашно воспитување. Мислам дека ако помала сум опцуела, мајка ми би ми ги сронила забите. Воспитани сме да бидеме културни, отворени и искрени, колку и да боли, затоа сум груба со зборови, но не смееме да опцуеме. Само татко ми го имам чуено да пцуе, ама и тој со општи пцовки е На пример, да ти"бам карбураторот, ламелата, мењачот и слично. Мајките треба да имаат голема улога во воспитувањето на девојчињата, за жал, мајките пред да родат не мислат дали и колку се способни да воспитаат дете. Затоа денес нема дами.
Многу ретко скоро никогаш...мислам дека е многу ниско некој така да се изразува,сфаќам и нервоза и се,но си има одредена граница...ниту ги употребувам тие ниски зборови ниту пак сакам друштво со такви изрази.
Употребувам, ама само кога некој навистина ќе ми ги скине живците, а за да се случи такво нешто ќе треба да се изнамачи,челични живци имам Шала на страна, не ми се допаѓаат ни малку овие зборови,пцовки.
Знам неκогаш и тоа убаво да опцујам во неρвоза, но не ги пцујам луѓето (Ги пцујам и нив, ама во мислите...), воглавно знам да опцујам за пρедмети, вρеме, знам многу често да ρечам Е*ате дρжавата пρоκлета, и за неκои ситуации κога неκој упоρно ме вознемиρува на телефон и сл. .
Некултурно е,но нема кому не му се случуло да му излезат од уста вакви зборови. Jас најчесто велам-по ѓаволите,кога ќе се изнервирам.
Општо пцујам тоест никогаш не упатувам пцовка кон некого. Знам да запцујам ако ме изнервира времето,ако не ми е денот и слично ама се трудам да не го употребувам тоа толку често.
Пцујам,ама оптшо,се трудам да не пцујам,ама ми доаѓа некогаш.Не сум упатила некому пцовка. Инаку,смрт за пцовките кои содржат мајка,крв,се по список,татко и сл.
Само кога сум изнервирана користам пцовки и погрдни зборови. Се трудам и тогаш да не ги користам, ама некако не ми оди.
Па често го користам. Не е убаво, и најмалку женствено. Мислам дека на ова најмногу влијае околината, луѓето што не опкружуваат. Кога ги користам во друштво не мислам да ги навредам, туку така од навика. Им задавам внимание кога личноста што ги кажува, тоа и го мисли.
Не користам. Никогаш. Барем, не се сеќавам кога последен пат сум кажала некој грд збор. Колку и да сум изнервирана , кај мене тоа го нема.