1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посетување психијатар

Дискусија во 'Психологија' започната од Meggy, 13 јануари 2010.

  1. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    би саакала да одам ама некој кој ств ке ме научи како да постапувам, што да правам во одредени ситуации , ке ми ја крева самодовербата а не кај некој кој само ке ме слуша и ке ми вели ахм.. да.. и?...
    несакам никакви терапии и глупости само да ми каже тоа е добро но еве уште неколку начини
    пробај вака
    да ми ги реши проблемите.. а не само да ме учи дека не треба да сум депресивна овоа оноа.. демек јас незнам..
    и пари ти земи и толку. што фајде?
    така знам дека било
     
  2. ketisk

    ketisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    148
    Пред една година почнав да добивам панични напади и паднав во депресија.Отидов на психијатар и многу ми помогна, повторно сум старата јас. Од срце ви го препорачувам Д-р Ставре Грамов, прекрасен човек и многу добар психијатар.Мислам дека работи и со плави картони.
     
    На teogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Психијатарот е многу добра работа.Знам татко ми има посетувано и ми кажа дека му било многу подобро од кога ќе си дошол од терапија.За жал поради овој мојот скапаница од град,тоа е малце табуизирано,демек само мрднатите оделе,а кога ќе се спомне дека некој оди на психијатар тоа не е обичен разговор туку трач.Малограѓанство,тоа е.
    Инаку тоа не е потребно само на некој којшто има проблеми туку и на секој обичен човек без разлика на неговиот стил на живот.Секој си има потреба за душевен мир и благосостојба па силно го препорачувам. :)
     
  4. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Еднаш бев ама чисто поради радозналост што е како е...немав некој голем проблем ама едноставно се искажав што ме мачеше тој период. Мислам дека најблиските другари и мајката(ако сте блиски) се најдобра замена за психијатар(ако немаш некој сериозен проблем), го слушаат проблемот, те прашуваат како тоа те прави да се чувствуваш, ти даваат совети и пробуваат да ти помогнат на секој начин.
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Девојки, има ли некоја од вас искуство со ординацијата Лимине, кај д-р Милорад??? :?:
     
  6. devojceto15

    devojceto15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    Сакам да одам на психијатар,за да ми помогне да стекнам навика за учење,знам дека треба да бидам образована и да завршам факултет за да имам добра иднина.Ама искрено имам голема аверзија од школо и имам фобија од учење. Многу сакам да сум одлична и 5ки да добивам,имам желба ,ќе седнам да учам ама ништо,ќе прочитам пола страна и одма ме фаќа нервоза и не можам да продолжам со учење.Навистина не знам што е работата,не можам да се контролирам,никако не можам да се натерам сама себе да учам,а не дека не сакам.Сите викаат се што сака се може,многу сум загрижена. Ми викаат дека имам надпросечна интелегенција и треба да ја искорситам,ама не знам како.Дали да се обратам кај психијатар? :worried: :worried:
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мислам дека може многу да помогне, особено ако сме свесни за тоа дека имаме проблем, дека нешто не притиска, не мачи а не знаеме веќе со кого би разговарале на таа тема.
    Неутрална личност може многу да помогне, па уште и ако е стручна и ако тоа и е професија - да помага.
    Првиот чекор кон подобрувањето е да признаеме дека имаме проблем. И дај боже да има повеќе вакви свесни луѓе меѓу оние кои навистина имаат некаков психички проблем. За жал мислам дека сеуште постојат некакви предрасуди кон луѓето кои посетуваат психијатар, небаре се мрднати, а нема врска! И сум се сретнала со луѓе кои сакале да поразговараат со психијатар но се срамеле, демек „што ли ќе речат другите?“ :|
    Животот ни приредува многу спонтани неубави случувања, за жал многу пати се соочуваме со тешки ситуации, загуби, предизвици итн. и ако не сме доволно силни може да се случи да рикнеме. Супермен, Бетмен, Спајдермен постојат само на филм, поарно е да си признаеме дека сме слаби отколку да се правиме дека сме јаки па не дај Боже после таа „јачина“ да ни се одрази врз здравјето. Затоа велам едно огромно ДА за посетување на психијатар доколку чуствуваме дека нешто реално и навистина не мачи или притиска.
     
    На srcekrsacka и girl1985 им се допаѓа ова.
  8. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Многу ми е мило што на форумов гледам дека има луѓе со нормални сфаќања во оваа област зашто малограѓанштината убива. Ако посетуваш психијатар , најчесто си етикетиран дека си луд!Ама кој не го снашло,може да си зборува како сака,само другиот си знае како му е на него..
    Алал вера на тие што си детектирале во себе некаков проблем (голем или мал, не е битно) и решиле да се излечат, да чепнат во суштината,сакаат да разговараат за своите проблеми,стануваат кооперативни,бараат одговори на многу дилеми и сметам дека тоа е еден многу позитивен тренд во психолошката зрелост на популацијата. Зрелоста за разговор и барање решение за проблемите со кои се соочуваат, решение кое не подразбира само земање терапија. Ги изнесуваат своите проблеми, се обидуваат да ги презентираат најдобро што можат и го бараат најдобриот одговор за решавање на проблемите. Во секоја болница како што си има кардиологија, трансфузиологија, педијатрија, итн. си има и невропсихијатрија, што е тука чудно? Колку и да сме паметни и бистри, способни, ете се случува да се судриме со нешта во животот, на кои не сме секогаш способни да го најдеме решението и многу е лесно да си навлегуваме од еден во друг проблем не барајќи спас. А фала Богу и срединава не ни е за фалење,па најчесто и таа придонесува за голем број депресивни случаеви кај нас,посебно па кај младите.
     
  9. 2manydjs

    2manydjs Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Не гледам причина зошто не би отишле на психијатар/психолог/психотерапевт доколку имаме потреба, ако не боли душата нормално е да се посети лекар. Овие луѓе имаат завршено школо и се лекари исто како и стоматолог, ортопед, кардиолог итн. Кај луѓето е многу ниска свеста за посетување на психијатар/психолог или психотерапевт често ги поистоветуваат и мислат дека доколку не им е одредена терапија со лекарства, како да не им е дадена помош.
    Еве ја разликата помеѓу овие професии:
    психијатар: завршил медицина, специјализирал психијатрија, главна дејност МЕНТАЛНИ БОЛЕСТИ
    психолог: завршил филозофски- отсек психологија, работи со здрави луѓе и работата му е советодавна
    психотерапевт: психијатар или психолог кој покрај универзитетско образование заврсил и 4 годишна едукација по одреден правец на психотерапија (гесталт, психодрама, когнитивно-бихејвиорална ...) во работата користи најразлични методи и техники со кои му помага на клиентот внатресно да созрева и расте, му нуди поинакви аспекти на гледишта, доколку терапијата е подолготрајна, промените се трајни.
    Не се решава се со таблетки, мораме сами да се избориме за тој внатрешен мир, доколку не ни иде сами има стручни лица, кои професионално ке работат и знаат во кој правец да не насочат, а не секој втор да е на хелекс и не знам какви лекарства, што само те прават рамнодушен кон реалноста, а проблемите и натаму се таложат.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Blue.Butterfly

    Blue.Butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Луѓе,ве молам ако имате било какво искуство од психолог или психијатар,психотеравпет,сеедно,пишете ми негово име и презиме,за да стапам во контакт.
    Мора да признаам дека ми се многу скапи,бараат по 2000 некаде,а само разговараат и продлабочуваат за пак да отидеш.
    Ве молам,имам некои внатрешни конфликти што добар психолог треба да знае да ги разреши.
    Секоја инфо за лош или добар психолог ми е добродојденаЧ)
     
  11. Lizbet

    Lizbet Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Dr. Zora Mitic e mnogu dobar psihijatar, raboti i so plavi kartoni.


    [mod-kirilica:2dl5xmik][/mod-kirilica:2dl5xmik]
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Сум посетила само еднаш и тоа на систематски преглед од работа. А мислам дека на секој човек му е потребен разговор со стручно лице во ова стресно и динамично време.не мора никаков совет да ми каже, доволно е да ме ислуша и да кима со главата :) А нема да сум грешка ако кажам дека форумов делува како еден вид психолошка терапија :!: На сосема непознати лица им го изнесуваш својот проблем, си ја олеснуваш душичката, добиваш по некој совет, некогаш од голема помош, а што е најважно БЕЗ ПАРИ Е 8)
     
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Посетување психијатар нормална работа? Јеа, сигурно.
    Во Македонија не е. И нема да биде во следните 20 години.
    Ако некој каже дека посетил психијатар, одма ќе следат коментари од околината, да не е луд, да не е во депресија, да не ова да не она.
    Не сфаќаат дека можеш за секакви работи да разговараш со него, глупава нација сме и тоа е, за жал.
    Далеку сме од ова, прво други работи нека станат "нормални."
     
  14. Aunty

    Aunty Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Д-р Буба во Неуромедика кај Рамстор. Мене лично многу ми помогна да пребродам многу тежок период во мојот живот.
     
  15. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Мислам дека ми треба, искрено.
    И сметам дека секоја личност која се чувствува несигурно и растроено, треба да посети.
    А нема ништо лошо во тоа да кажеш дека си бил на психијатар!
    Патем, WHO CARES ABOUT WHAT OTHER PEOPLE THINK?!
     
    На srcekrsacka и Amore им се допаѓа ова.
  16. menta

    menta Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, јас сум нова на форумов, па би сакала да ми кажите некој добар психијатар во Ск и колку е една сеанса ?
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    незнам зашто во мк преовладува едно исто мнение дека на психијатар одат само луди луѓе, мислам лудите ги сместуваат во психијатриски установи и таму ги лекуваат со посебни методи и лекарства, психијатарот е како родител кој ќе те ислуша и даде стручен совет.

    јас многу сакам со такви лица од областа на психологијата да разговарам и кога немам потреба и секогаш ми е предизвик што карактеристики тие ќе приметат на мене и без никаков срам си ги прашувам и им кажувам пред сите што мислам и ме мачи. ;)

    јас си немам мака од тоа кој што ќе мисли за мене и совршена да сум ќе тресат се и сешто.

    баш ќе ги разгледам вашите препораки за психолог и психијатар.
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    неколку дена по ред се обидувам по телефон да ги добијам ординацијата Лимине ама се е зафатено :worried: а толку ми треба да поразговарам со некој
    знае некоја од вас што се случува?
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    некој да ми препорача добар психијатар во Битола? :doh:
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    упорноста се исплака :)
    после толку звонење, КОНЕЧНО го добив на теч. др Милутиновик од ординацијата Лимине-се наога кај Гртска болница кај автобуската која гледа накај Кисела вода(барем така тој ми објасни)па се надевам дека ке ми помогне :angel: