ТЕМА: Посетување психијатар

Мислење 06 Апр 2011, 20:08

Посетувањето на психијатар/психотерапевт е сосема нормална потреба. Не знам како е прифатлива кај нас, но психијатар/психотерапевт е потребен секому. Психотерапијата ни овозможува да бидеме во контакт со себеси за да можеме да ги препознаеме своите потреби а потоа и да бараме соодветен начин да ги задоволиме.Каков е вашиот став во однос на посетувње на психјатар/психотерапевт? Дали некогаш сте размислувале да посетите или едноставно мислите дека немате потреба? Што мислите за психијатрите/психотерапевтите во Македонија?

Да имам потреба од посета на психијатар дури и мислам дека тоа е нешто нормално немора да сме ненормални или не знам што едноставно онака опуштен разговор со некој кој би не разбрал ,сепак денес сме постојано изложени на стрес и напнатост тоа допринесува да сме нервозни и да се расправаме наокулу барем кај мене е така ,но во нашата држава ако посетиш сите ке те мислат за ненормален ајде така да се изразам едноставно таков е менталитетот на луѓето или она што најчесто го наведувааат како причина за непосетување е недоверба во психијатрите
Аватар на корисникот
fallenangel

Зелено цветче
 
3031121
Мислења: 720
Зачленет: 23 Јун 2010, 17:36
Вреди да се бориш затоа што вреди да го имаш.
Не дозволувај друг да ги уништи твоите соништа затоа што никој не ти помогнал да ги изградиш.

Мислење 08 Апр 2011, 00:20

Ги прочитав претходните неколку страни и приметив дека не сум единствената која има голем проблем со самодоверба нажалост......години и години на назад секое утро се будам со таа помисла и чувствувам огромна тежина во себе за која не сакам да разговарам со моите најблиски . Имам проблем кога разговарам со луѓето , кога седам со нив , кога ке ги сретнам на улица , јас се чувствувам многу ниско во споредба со нив , мислам дека сите тие вредат многу повеке од мене дека имаат лошо мислење за мене , дека јас во нивните очи сум многу ниско ,дека некој од тие луѓе би знаел како да реагира во одредена ситуација многу подобро за разлика од мене и дека не би направил нешто што јас би го направила или пак дека некој им кажал нешто лошо за мене.Најлошо се чувствувам кога сум сама и кога размислувам,мислам на многу работи кои поминале се навракам на минатото како да сум заробена таму многу години. Не сум била ваква сум се соочувала со многу полоши работи и стравови но наеднаш почнав да не можам луѓето да ги гледам во очи плашејки се од нив .Мислејќи дека ме гледаат преправајќи се а во себе ми се потсмеваат. Размислував за психијатар или психолог но незнам дали да се осмелам за тоа , дали можеби мојот проблем би им звучел глупаво но мене ми задава тешкотии секојдневно дури и кога сама седам и размислувам . Незнам зошто се чувствувам вака , опкружена сум со голем број на луѓе кои ги сакам и ме сакаат,имам доволно другарки , имам дечко и семејство кое ме подржува но не се осмелувам да прозборам за ова затоа што од секогаш бев таа што е од поцврстите и сама си ги решава своите проблеми без да потклекне ама еве паднав и ми треба некој што би можел да ми даде некој совет доколку сака и доколку не го мрзи да го прочита мојот реферат , ви благодарам :* :* :*
Maau

Фем почетничка
 
02
Мислења: 3
Зачленет: 07 Апр 2011, 23:32

Мислење 08 Апр 2011, 00:39

Маау сум имала еден период и јас ваков проблем.Се пронајдов во неколку твој реченици сама си се омаловажував со луѓето со кој бев опкружена беа сите поголеми во моите очи дури одев дотаму се да ги слушам и се да биде по нивно и се се тие во право и само тие да знаат да донесуваат одлуки а себе си се потценував и мојот став не си го почитував,небере они се попаметни од мене.
Ова го имам пишувано и друг пат не паметам во која тема.
Сама си помогнав,земав една слика кај што сум убаво излезена си ја ставив на масичката до мојот кревет така потпрена секое утро кога се будев гледав право во нејзе и сама си зборев понекогаш дури и на глас;колку си убава колку ти е убава косата,лицето си се фалев сама себеси си ги нагласував сите свои квалитети да не набројувам ке ти станам досадна.Верувај ми секое утро се гледав и се разнежнував со убавата помисла за себе.Можеби ке сум ти смешна но тоа мене ми помогна.Послушај ме повозрасна сум од тебе и поискусна давај си сама кураж-воља охрабрувај си се ке ти биде подобро.Ти посакувам срека.
Ако си одлучиш па оди и на психијатар ама јас читајките сметам дека не е толку голем проблемот.
Аватар на корисникот
sonce777

Сино цветче
 
164415
Мислења: 440
Зачленет: 30 Јун 2010, 13:12

Мислење 08 Апр 2011, 00:46

Ве молам итно се потребни најдобрите психијатри за сексуалка. Не еден повеќе, само немојте некој братучед да испадне, ќе го легне, ништо не сме направиле!!!

БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД!!!
Аватар на корисникот
babaDara

Сино цветче
 
19369
Мислења: 333
Зачленет: 04 Мар 2011, 02:04

Мислење 05 Јун 2011, 17:32

Severina напиша:jas studiram psihologija i mozam da kazam deka psihologot e za zdravi lica so problemi, a psihijatarot za bolni lica so nekoj psihicki poremetuvanja i moze da prepisva apcinja, isto i toj mozi da se rasprava so zdravi lica kako psihologot:) vo sekoj slucaj mi odgovara lugeto da odat na psiholog za poke pari da vagam hahah majtap nastrana ubo e da si ja olesnis dusata i da bidis podobar, odenje na psiholog treba da se svati kako obicen preged od sekoj drug doktor , dali bil opst ili ginekolog ili zabolekar, zalosno e so poveke si gi pazime zabite (odime na zabolekar ) otkolku dusata( a za na psiholog sramota e odete babe na bajacka).....ali ko so gledam ima svest m,egu mladite ima nadez da se srusat site tabua...
ps.znam dobar psiholog od bitola ako nekoj go interesira neka kazi pozz

може да ми дадеш контаткт од психологот и кој е тој патем?
zaboraeno

Фем почетничка
 
30
Мислења: 6
Зачленет: 04 Јун 2011, 14:19

Мислење 21 Јун 2011, 07:48

dali poznavate psiholog ili psihijatar u kumanovo?
anime969

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 21 Јун 2011, 07:18

Мислење 21 Јун 2011, 08:30

Не сум била никогаш на психијатар, едноставно не сум почувствувала таква потреба. При толку нешколувани терапевти слободни уметници кои повеќе се грижат за твоите проблеми отколку за своите, огроомна потреба од овој кадар во земјава наша нема. Можеби затоа македонштинава со други очи ги гледа(ше) луѓето кои одат на психијатар. Денешно време за среќа тој комплекс почна да исчезнува.

Инаку тоа е сосема нормална работа и совршено нормални луѓе одат едноставно да добијат професионален совет. Сепак, не препорачувам да е тоа претерано за да не се сфати психијатарот како еден вид поткрепа, сепак, ако нешто ни се случува во нашата психа, доколку сме свесни се разбира, прво мора да постои волја кај нас сами да се избориме да го победиме тоа. Затоа тие не ни зборуваат многу, туку слушаат. :)
Аватар на корисникот
tessie

Жолто цветче
 
87438186
Мислења: 4370
Зачленет: 11 Ное 2010, 18:20
Локација: Кракозија
«Ужасно то, что красота есть не только страшная, но и таинственная вещь. Тут дьявол с богом борется, а поле битвы — сердца людей.» Фёдор Миха́йлович Достое́вский

Слика

Мислење 22 Јун 2011, 00:26

Дали некој знае добар психијатар или психолог во Ск и колку чини едно одење кај него ?
Аватар на корисникот
pinklady

Сино цветче
 
190
Мислења: 109
Зачленет: 05 Апр 2010, 18:21
NEVER SAY NEVER!!!

Мислење 05 Јул 2011, 14:26

еве отварам ваква тема не видов нешто слично па би сакала од секој да слушнам искуство со психијатар и колку се благодарни од неговата работа.јас неможам да најдам добар во моето место но би сакал да посетам некој друг надвор од кавадарци кој е многу посетуван и многу сте балгодарни од него.дај пишете ми за вашиот најдобар психијатар спремна сум да го посетам ,се работи за депресија пропратена со анксиозност
Аватар на корисникот
lileee

Бело цветче
 
87
Мислења: 98
Зачленет: 06 Ное 2010, 13:41

Мислење 06 Јул 2011, 03:47

Во Прилеп има еден многу добар и доста сугестивен психијатар од кој многумина се фалат .
Човекот се вика Јохан Ѓорѓиоски ,не знам дали си слушнала за него ,но има достигнато голем успех во третирање на пациенти со депресивна клиничка слика .

Доколку имаш можност ,мислам дека би требало да се обратиш кај него .

Ти посакувам многу успех и што поскоро и побезболно надминување на проблемите ,драга Лилеее :*
Аватар на корисникот
MarchelineAmaru

Жолто цветче
 
10366178
Мислења: 2152
Зачленет: 07 Јул 2010, 18:57
Локација: The First Circle of Hell
EvErYtHiNg AlWaYs HaPpEnS 4 A ReAsOnСлика

"...It's me and you - or walou..."

Врати се на Психологија

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Google [Bot], sonce555 и 11 гости