1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со нервите

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 16 декември 2009.

  1. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    64
    мораш да најдеш нешто што ке те смирува некое хоби или било што нешто што ке ти представува задоволство да го правиш затварањето сама со себе не е добро може да прерасне во депресија зошто не пробаш да одиш на јога или медитација моше ке ти помогне да се смириш :D вреди да се проба затоа што со нервозата го гбиме и здравјето сите болести идат од нервоза а допрва треба деца да гледаш :fubar:
     
  2. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    17.812
    Пол:
    Женски
    Ситниците се мал извор на нерви кај мене ама константен нешто како мирна вода брег рони :( Кога се анализирам самата себе сваќам дека премногу сум се истрошила психички па затоа бурно реагирам на секоја иритација ама последната фиксација со мојот глупав бел тепих е врв :@ Значи само што ќе влезам во собата недај боже да има некое црнче или ронче ете ме вади од контакт,те не е добро исчистен или исперен и само нешто берам од него,па и сама си осеќам дека сум си напорна и се нешто не ми е доволно исчистено,изрибано,алиштата наместени под конец во шкафовите и се така во викенд баш кога сум слободна и имам време да размислувам и се разбира да се нервирам..Затоа само преокупација на мозокот со други активности му е лекот (шетање,дружба со позитивни луѓе,читање релаксирачка литература..)
     
    На Different7 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  3. Crazywoman

    Crazywoman Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    И јас го имам истиот проблем, неможам да се контролирам. Секој ден се нервирам за најмала ситница. Mожеби сум премногу мала за такви нервози, но .................. незнам како да опишам!
    Секој ден пробувам да се смирам со миризливи стапчиња, со медитирање, но ништо..
    Читам психолошки книѓи со надеж дека ке научам нешто и дека нема толку да се нервирам, но попусто. :worried:
    Help meee
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Јас кога вака се чувствувам не се срамам да посегнам по апчиња за смирување.Има сега и Персен на билна основа и не предизвикува зависност.И приметувам дека многу повеќе ми помага мантрањето,кога ги чистам ,нервозните фајлови,пијам и чај од валеријана...и секако прошетка на свеж воздух.Периодот пмс е особено чувствителен и тогаш оставам да се одвива природно.Моите ме научија и ме оставаат на мира.
    Мора да најдете начин како да ја убиете нервозата по ваш избор, и како што на вас ви одговара.Инаку ќе си го собере данокот кога тогаш.
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    полека , смири се и не се карај со партнерот оти тој не е жртвено јагне на кое ти му викаш секогаш кога ке те фати нервоза :fubar: на крај ке му прекипе, или ке те откачи и да ти каже во лице немој да се чудиш :) секој од нас си има црвена градица на трпеливост и толеранција :!:
     
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Потполно ве разбирам. Јас бев во една таква состојба едно извесно време. Ќе се испоразвикав, ќе се искарам, ке кажам и што треба и што не треба. После ми беше криво, паѓав во уште поголем очај. Колку да им се извинуваш на луѓето после нема никаква смисла. Едноставно си им го уништил денот (во најмала рака)
    е сега (пу,пу) еве веќе извесно време сум многу многу посмирена. Уствари ја не можам да бидам смирена, пошто карактеров ми е енергичен (ама кажав :D ) туку мојата енергија научив да ја префрлам во хумор. Не знам како да ви опишам како се конвертира тоа можеш само со самоконтрола. Кога сум нешто изнервирана од некого се обидувам да го имитирам, да си правам некој смешен филм од тоа што ме изнервирало и слично. Тоа можеш да го промениш само со помош на себе и својата длабока воља. Колку и да ви викам мислете позитивно, тоа ќе остане само како еден клише совет.
    Гости сме на овој свет, денес не има утре може да не нема. Многу е краток и природно сј*бан животов за да го докомплицираме со нервози.
     
  7. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    исто и јас ..и ако несакам да признаам. Тука прв пат кажувам, за ова незнаат ни моите другарки.
    Само кај мене е поинаку. Јас се нервирам кога сум дома односно кога сите сме дома, и јас од нигде никаде се нервирааам.
    Кога сум надвор, на факултет, на гости, в кафич немам никаков проблем ама кога сум дома навистина ми е тешко. Истото ми се случува и за викенд.
    Неможам да кажам дека кога сум дома цело време само се нервирам но на моменти ми идам нервози и не од нигде-никаде туку кога ке се скарам со моите и сл.

    А не можам да одам на психолог. Тогаш навистина ке се сметам самата за ула ;( ;( ;( ;(
     
  8. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Исто и јас. Ми треба да викам да се смирам.
    Можеби е смешно родителите да те нервираат, навистина имам супер родители, се ми е на послужавнник, но ете ми смета карактерот на таткоми на моменти, навистина има тежок карактер.. и смрт ми е кога сите се дома, па да не зборувам за викенд
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    А има ли лек за нервите?Зашто отидов вака млад и убав.
     
  10. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Исцрпувај се со напорно вежбање, шетај, дружи се, пиј чај од валеријан или ако претпочиташ таблети земи си Персен Форте.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ја погодив темата да го кажам мојот проблем...имам 20 години и сум студент прва година, доаѓам од друг град поточно мало градче и ми е многу тешко да се навикнам овде во скопје. Премногу станав чувствителна и нервозна. Секојдневните случувања имаат големо влијание врз моето расположение. Ми недостигаат моите, и во средно кога учев бев далеку од нив живеев кај сестра ми која беше мажена ми беше многу тешко што ги немав покрај себе во тој период, се чувствував многу осамено, истите чувства се и сега дури поголеми немам никој свој, сама сум, а и материјалната состојба е лоша тешко се справувам со плаќањето на факултетот се случува да останам без пари, неможам да бидам среќна, ослабев 5 килограми почнаа да ми се тресат рацете и нозете од стрес и нервоза ме боли главата, незнам што да правам многу сум очајна а најлошо од се е што сакам да сум сама, да молчам,се отргнав од се незнам како да се справам повеќе многу ми е тешко, секоја вечер заспивам со солзи. Ве молам совет како да го пребродам ова :(
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не си едниствена во ова што ти се случува, да знаеш. :!:
    Типично е за повеќето студенти. Од мало место, одат во голем град, се одвојуваат од своето семејство, родно место, пријателите и започнуваш речиси нов живот исполнет со тешкотии и предизвици.
    Но, исто така самата можеш да си го направиш животот поинтересен.

    Прво, знам дека е тешко со броени пари да поминуваш во Скопје, но тоа е студентскиот живот. Сепак биди благодарна што твоите те пратиле на факултет, ќе имаш диплома, и се надеваш дека некогаш сето тоа ќе ти се врати, целиот труд, и дека ќе им се одолжиш и на своите.
    И ќе бидеш горда што и со малку, но со труд и жртва си добила диплома.
    Парите, гледај распоредувај ги, троши ги рационално.
    Сум била студент и знам колку на ситници знаеме да фрламе пари, и кога ќе се завртиш оп парите ги снемало, а крајот на месецот е далеку.
    Сепак, труди се да штедиш и колку можиш да ги трошиш на најнеопходното.

    Второ, гледај на своето здравје. Купувај повеќе овошје, зеленчук, прави си чај, храни се поздраво, со повеќе витамини, зошто учиш, а тоа знае да исцрпува многу. Одбегавај чипсови и нездрава, а поскапа храна.

    Трето, ако го гледаш Скопје како лош град, така и ќе ти биде. Прифати го градот за да ти биде убаво. Увиди колкумина доаѓаат таму и се даваат за да учат во Скопје. Колку студенти и отпосле остануваат да работаат и живеат таму. Таму се сите видни луѓе, политичари, популарни фаци, градот нуди повеќе забава, живот, работи кои ги нема по малите места (пр. театар).
    Искористи тоа што го нуди градот.

    Ти си таму пред се за учење. Гледај учи, побрзо заврши и ќе се вратиш дома.
    Знам дека ти е тешко, ама годините одма ќе си поминат, да знаеш.

    Кога ти е тешко јави се дома, барем сега со бесплатните минути на мобилен, интернетот е многу лесно. За викенди оди дома.
    Запознај таму пријатели, дружи се со тие со кои ти е убаво.

    И ако на крајот на краиштата ништо не ти помогне и не можеш понатака, ти останува опцијата да се префрлиш вонредно и така да го завршиш факултетот.

    Ти посакувам среќа, биди похрабра, насмевнувај се повеќе и уживај во студенскиот живот. ;)
     
    На genijalci му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Вежбам секојдневно но нервозата ме убива. :devil:
     
  14. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Витомир, доколку имаш сериозен проблем со анксиозноста, која го попречува твоето нормално функционирање и извршување на секојдневните обврски, те дистанцира од реалноста, ти прави проблеми со околината(најблиските), тогаш ти препорачувам да побараш стручна помош. Не е срамота, не се плаши од етикетирање и стигматизирање, слободно побарај совет од некој обучен во тоа. можам во ЛП да ти препорачам мои колеги за кои имам пофални зборови. Некои работат со сини картони, и посетата им чини од 80,00 до 200 денари. Можеби ќе биде потребно и привремено да се ординира терапија, не се плаши, но НЕ ПРЕВЗЕМАЈ НИШТО НА СВОКА РАКА! Мислам на анксиолитици, кои за жал кај нас сеуште можат да се купат во некои аптеки без рецепт, а со закон е санкционирана и точно утврдено нивното правилно издавање.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    незнам дали е за овде прашањево ама ке прашам слободно преместете го.
    вака сакам да прашам колку е една сесија кај приватен психијатар отприлика?
    и мојов проблем е следен.
    Едноставно губам контрола, премногу љубомора во мене има спрема дечкоми. свесна сум и едноставно го гуШам. ако телефонот му е зафатен одма лелел зборуваш со друга ти ме лажиш, ако излезе одма не ме сакаш кажими го вреѓам лажго ваков таков.и тој трпеше ме предупреди ако продолжам така ке раскинеме, и еден преиод смирена и после пак исто. хистерично и изгледа како да сум психички пореметена зборувам глупости се губам и после некое време сваќам дека е касно. деновиве раскинав со дечкоми и ми рече = искрено те жалам ти си болна.ве молам помогнетеми не сакам да сум ваква а не сакам да земам лекови уште сега, сите совети се добредојдни
     
  16. Clementine

    Clementine Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Имам 15 години. Како што може да се согледа, прва година средно сум и одкако ја почнав оваа проклета година животов ми се сврти наопаку. Од среќно позитивно девојче станав повлечена и нервозна. Почетоков од годинава значи се супер ми почна едвај чекав да одам на школа и се тие работи. Учев, премногу учев и се во вода одеше. Проблем ми е што не можам никако да го изразам моето знаење. Значи прва оценка в дневник ми беше 1 по македонски јазик, а на тој предмет најмногу имав вложено труд. Освен тоа семејни проблеми, низок економски статус, вреѓање од страна на ученици на анонимен електронски начин за мојот физички изглед, а се тоа го збирам во себе. Човек лесно ме насмевнува, но уште полесно може да ме изнервира. Секоја најмала ситница ми го менува расположението. До пред неколку дена мајка ми и татко ми сакаа да се разведат, фала богу безуспешно. Од тогаш преку цел ден имам страшна главоболка, па дури и се будам со главоболка. Кога некој ќе ми се јави на телефон, пробвам на секој можен начин побрзо да заврши разговорот бидејќи секој нивен збор страшно ме нервира, т.е немам нерви да ги сослушам. Некој ваш совет добро би ми дошол. Фала однапред.
     
  17. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас имам проблем со нервите и ме интересира каде во струмица има психијатар да го посетам,не мозам повеќе да издржам некако ме тепа хистерија во дадени моменти не сакам да се опишувам што како и зошто стигнав до тој степен но свесна сум дека ми е потребна помош,ја немам моментално од најблиските никој не може да ме свати како ми е душевно зошто и веќе не можам да зборам со низок тон туку се ми е на висок тон и со нервоза
     
  18. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^ Хмм .. Јас би ти ја препорачила Љубинка Вета, но не сум сигурна дали сега работи бидејки е кандидирена за советот.
     
  19. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    798
    сакам да споделам со вас,а и да ти одговорам тебе.
    Исто и јас имав проблем така со дечко ми, исто исто сега го читав твоето како јас да го пишувам. откако ќе се изназборувам глупости, одма штом прекинеме разговор ми дојде умот и се каам, му се извинувам... ама неможе така, он вика му ги кинам нервите :( жал ми паѓа... само јас не сум љубоморна за женски, него за други работи... исто еден период сум смирена, ме држи тоа он кога ми се изнавика и ми каже дека ке ми раскине нареден пат, после неколку дена пак исто.. јас-хистерија...
    јас одам на психолог, ова 5ти месец ми е(од ноември уствари) во болница... ми помогна... и побарав апчиња некои за смирување... и жената ми вика, дали мислиш дека има апчиња за без,за гнев, за лутина? и сега секогаш пред да се почнам да се расправам со дечкото, да му викам... пред очи ми е сликата како он си оди и јас останувам сама... и тоа сега за сега ме смирува, прави да се контролирам :)
     
  20. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Животот е не-фер. И јас сум многу осетлива, дури премногу и сакам да биде се праведно, убаво и во ред. Но не е така, туку обратно. ГЛЕДАМ КАКО ПОДЛИ ЛУЃЕ, НЕЧЕСНИ, ЗАДАВАЧИ НА НИСКИ УДАРИ, СИ ГО ПОМИНУВААТ ЖИВОТОТ УБАВО И СИ ГИ РЕДАТ РАБОТИТЕ ПО НИВНО.Кога ќе им даде животот лимун, тие си прават лимонада. Долго гледам на телевизија АНИМАЛ ПЛАНЕТ и полека, полека сфатив дека сепак животот е борба за опстанок и владеат правила. Ако седам и плачам нема да избегнам удар или нервоза. Треба да се согледуваат правилата и или ќе пропаднеш или ќе успееш. Што порано тоа подобро. Не можам на лавот да му објаснувам дека греота е срната да ја јаде и да му се лутам, и да го убедувам дека вегетаријанската храна е поздрава. Законот за опстанок владее и кај луѓето. многу е тежок да се учи, а пак кај некои како да им е научен, без учење. јАС ЕДНОСТАВНО СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО НАИВНА, ДОБРА И ЧЕСНА СРНА ВО БЕЗМИЛОСЕН И НЕ-ФЕР СВЕТ. Но морам да одам понатаму, а како тоа ќе си биде моја борба...
     
    На Devilwomen и bubica13 им се допаѓа ова.