1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Колку што забележав, нема ваква тема, а ја ставам во Психологија бидејќи ме интересира психолошкиот момент на оваа ситуација.
    Татко ми е починат пред 11 години и од тогаш сум буквално само со мајка ми. После неговата смрт сите "пријатели" и "роднини" кои киснеја кај нас по цели денови, наеднаш исчезнаа. Значи пријателите автоматски ги снема, роднините од страната на татко ми почнаа пак да се појавуваат ама од ко помина долго време и од ко застанавме на нозе, ко се средивме, а од кај мајка ми сите се во странство. Значи се што сум сега моментално е благодарение на мајка ми и никој друг.
    Пред година и пол на мајка ми и беше дијагностициран рак на дојка 3Б стадиум. Бидејки сум на медицина, ги знам и професорите и докторите и реков тука во ск да се оперира. Од првиот преглед во ск после 3 дена имаше операција и фала богу секој проф кај шо се обратив ми излезе во пресрет без никакви проблеми. После операцијата следуваше хемотерапија. И веќе ништо не беше исто. Мајка ми се смена тотално. Мојата единствена подршка, мојот столб во животот наеднаш почна да се однесува како 5 годишно себично дете. Буквално се изгуби. Секој ден кавги, викање, се случуваше и да крениме рака една на друга. " како не ти е срам, утре ќе ме нема", " на сите проблеми па и ти си неодговорна", "ме лажиш не одиш на факултет", " ти не ме сакаш, сите сама ме оставивте", " најголем проблем ти е ко ќе ти се јавам, не сакаш ни гласот да ми го слушаш повеќе"...и еден тон други коментари. Ако бев на факултет и не можев да и кренам, знаев дека наредните 3 дена ќе се карам за тоа што не сум кренала на телефон. Звонеше во 3-4 ноќта: не си дома, кај си, знам дека не си дома...никогаш не сум дала повод да мисли такви работи, секогаш сум била искрена ама буквална стана параноична во врска со се. Од хемотерапијата и падна косата и мораше да носи перика. Купивме најскапа не се познаваше воопшто дека не е нејзината коса, сепак несакаше да излегва воопшто од дома. Единствен контакт и бев јас, а јас бев ск. Роднините знаеја и пак си се тргнаја. На телефон со мене ајде се ќе биди во ред ние сме тука, ама беа тука само дур да затворат телефон, а се јавуваја еднаш на 3 месеци. Тие што ми се странство на почеток не се нервирај ќе си дојди некој од нас, не те оставаме сама, и нормално ништо од тоа, пари ќе ми пуштеле не можеле да дојдат, а убаво знаеја дека не ми требаат пари, дека човек ми треба, подршка.
    Се изгубив и јас. Од една страна кавгите, од друга страна се осеќав виновна што и викам, од трета константно ми летаја мисли од типот што ако ја изгубам и неа. Работи што никогаш не ми иделе на памет сега не ме оставаа да спијам по цели ноќи.
    Помина хемотерапијата, потоа и зрачењето. Денес оди само на контрола еднаш на 3 месеци и сега за сега физички е во ред. Психички ситуацијата е многу подобрена, посмирени сме и двете, пак почнавме да функционираме нормално. Сепак никогаш нема да биде истата како пред операцијата. Се обидувам да не мислам на тоа што иди, ама некогаш пак без да сакам идат мисли од типот што ако се врати ракот и како ќе го преживееме пак истото. Не сум истата и јас. Подруго гледам на се. Ми се сменија многу приоритети во животот. "Трагичните" ситуации од типот на дечковци, кавги со другарки не ги перцепирам баш, уствари не ги доживувам како порано, дури ми рекле дека ладна сум станала.
    Ја отворив темата бидејќи знам дека не сум единствена што го преживеала ова, некои од вас моментално можеби се во слична ситуација. Нема полошо од чуството дека губиш некој што многу ти значи, а неможеш ништо да направиш во врска со тоа освен да чекаш, а уште полошо што не го знаеш исходот на тоа чекање.
     
    На WarriorAngel и Babyby им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Златушко, темава е многу тешка, и верувам дека ти е многу мачно - иако да се погоди вистинскиот збор за тоа што сега доживуваш е речиси невозможно.

    Се надевам дека мајка ти ќе се излечи и се ќе биде во ред! Имам слично искуство. На татко ми пред 5 години отприлика му дијагностицираа рак. Не морам да ти опишувам во каков шок бевме и јас и мајка ми. 3 години се мачеше, беше 3 пати опериран, едно време беше многу подобар но ситуацијата се влоши нагло после последната операција, и за жал потоа почина.
    Јас од тогаш болница не можам да видам, кога гледам бели платна имам нагон на повраќање, спомените од времето кога го гледавме како полека умира ми се блокирани, затоа што кога и да се сетам на тоа чинам срцево ќе ми излета од градиве, а како и е на мајка ми која секој ден беше со него и го лечеше и гледаше како си заминува, само таа си знае.

    Јас едно време заради ова почнав на психолог да одам затоа што сфатив дека ако не зборувам со стручно лице, ќе прснам еден ден. И се мислам повторно да одам, затоа што сфаќам дека да поттиснеш нешто толку силно и емоционално во себе не е на арно.
    Ако мислиш дека имаш и ти таква потреба не се двоуми, и побарај стручна помош.
    Тешко е да си болен, но јас мислам дека уште потешко им е на блиските кои се покрај болните :( Биди силна и наоружај се со позитивни мисли колку што можеш повеќе :*
     
    На auslader, WarriorAngel, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Со многу добра мисла си го завршила текстот,дека е многу болно да знаеш дека губиш некој кој ти значи многу,жално но вистинито :worried:

    Кога ќе размислиш подобро ќе сватиш дека најголем пријател во животот си самиот ти на себе,и да, можеби е клише ама вистината е дека ретки се ВИСТИНСКИТЕ луѓе што ќе бидат цврста карпа во твојот живот на која ќе се потпреш без да се плашиш дека ќе падне.

    На секој му е мил животот,нормални се сите реакции на мајка ти.Го изгубила човекот што и бил љубов,среќа,подршка....а сега можеби ќе го изгуби и сопствениот живот,се плаши за неа но мислам дека најмногу за тебе во смисла на тоа дека ќе мораш сама да се пробиваш низ животот.Сакала да го помине најголемиот дел од времето со тебе плашејќи се дека можеби тоа ќе биде последно во близина на своето чедо.Се борела со смртта и депресијата е во такви случаи нормална,пак ќе речам на секој од нас ни е мил животот,дури и стари луѓе од по 90 год па оди на лекар,пие лекови да биде подобро,не ја сака смртта :(

    Искрено се радувам на вашата заедничка победа над опаката болест,и од срце ви посакувам да си поминете долги години во љубов,хармонија и среќа :)
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Пред 13 години ја правија баба ми операција. Имаше тумор на матката, едвај ја спасија, се и извадија од внатре. И таа одеше на хемотерапија, па потоа на зрачење. И се восхитувам на силата што ја имаше, бидејќи сама одеше за Ск секогаш, а дома кога ќе се вратеше беше како некоја пијана, издрогирана кокошка. Косата и опаѓа, не сакаше перика, но многу често зборуваше дека ќе умре и си кажуваше во што сака да ја закопаме. Иако бев мала тогаш, убаво се сеќавам на секое нејзино одење во Ск, мачнините и повраќаниците што ги имаше потоа, беше како избезумена, зборуваше работи без врска, сепак организмот и претрпе големи промени и ја сфаќам. Долго време мака мачеше додека се врати во нормала, но ете сега оди на контрола на 1 година, за среќа не и се поврати болеста пак, си функционира нормално.
    Златушко, само со мир и спокојство ќе дојдеш до мир и спокојство, т.е гледај ја мајка ти како мало детенце, убедувај ја дека се мали шансите болеста да и се врати, давај и повод за живот и за позитивност, научи ја пак да си го сака животот... Полека со тек на време ќе си дојде се на свое место...
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Апсолутно точно,кога чувствуваш дека имаш потреба треба да се консултира стручно лице,тоа сум го споменувала и во други коментари,браво за Пирамитка од причина што многу луѓе кај нас живеат со некој менталитет и сваќања и верување дека на психијатар се оди ако тргнеш више скроз.Жално е стварно ама вистинито,едноставно се убедени во тие сваќања :x
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^^Да, за жал има такви сфаќања, ама јас сфатив дека јас сум си најбитна! Морам да сум силна јас за да и дадам сила и на мајка ми, а сами сме двете, кој ќе ни помогне? И освен тоа, несомнено секој од нас има пријатели, но дали тие знаат навистина да ни помогнат е прашањето? Во вакви тешки ситуации не можеме да очекуваме дека еден муабет со другарка на кафе ќе ни помогне и ќе не направи посилни.
    Плус што луѓево денес се секој со свое гајле, место да ти помогнат уште ќе почнат да ти трупаат свои проблеми а тоа е последно нешто што ти е потребно кога доживуваш ваква шокантна ситуација со која сакала нејќела мораш да се справиш.

    Златушко, затоа ти пишав погоре, наоружај се со позитивно мислење, ако треба оди на психолог, еднаш - два пати, поразговарај со некој кој е неутрален а кој ќе знае сепак да те насочи. Собери сила и биди покрај мајка ти, дај и дел од таа сила. Морате самите да се крепите. Не очекувај дека некој друг ќе ти помогне, за жал твоите раменици се единствените на кои што можеш да се потпреш. Жалосно но вистинито. А човек кој немал искуство со вакво нешто, колку и да ти е близок пријател, нема да може да те разбере.
     
    На avita и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Како што кажа луѓе кои не поминале, не знаат. Имав потреба за психотерапија, ама не бев. Не сум противник баш напротив, како што споменав на медицина сум и ги знам ефектите од неа и на секој со слични проблеми му ја препорачувам. Сепак кога ќе се вратам нанзад во тој период, не бев способна да размислувам. Живеев механички и буквално немав сила за ништо. Имаше денови кога не можев да станам од кревет, а имав спиено 15 сати. Надвор се понашав како ништо да не се случува, а уствари не можев да ја гледам мајка ми таква пропадната, бледа без ни еден знак на живот на лицето. Не одев затоа што буквално ништо не можеше да ме извади надвор од дома, не можев. Не знаев дека може најтешка работа на светот да биде да ја крениш главата од перница, а да не зборам за облекување. Пред неа и пред другите бев силна, најјака ама тоа што го преживував не му го посакувам ни на најголемиот непријател. Убаво кажа Пирамитка дека тешко е да си болен, но огромна е тежината на тој покрај болниот. Чуствував вина дека не сум покрај неа, а таа не сакаше и тоа уште толку ме мачеше. Сепак како што кажав ова е минато, и се надевам дека така ќе остани. Позитивна сум секогаш, извлеков многу од ова лошо искуство. Ја поставив темата за да знаат сите со ваков проблем дека не се сами. Гледајки наназад пред една година мене тоа најмногу ми требаше, помислата дека не сум сама и дека треба храбро да преминиме низ се што ни носи животот. Што и да се случи, треба да останеме цврсто на нозе и се разбира никогаш да не престаниме да веруваме дека се ќе биде во ред.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    не знам што друго да ти кажам,освен дека сум сигурна дека се ќе се врати по старо,само треба време.поминувајте заедно време во смеење,прошетки,не ја спомнувајте болеста воопшто,биди отворена спрема неа за да биде сигурна дека ти секогаш ќе бидеш покрај неа.и не се оптоварувај со тоа дали ќе се врати ракот или не.може да се врати,но може и не.ако не дај боже тоа се случи тогаш ќе му ја мислиш,сега уживајте и двете во освоената победа ;)
     
  9. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Златушка, ова што го напиша го помина и мојот сопруг со свекрва ми, само што таа имаше рак на бели дробови и знаеше дека и нема спас. Сите и беа криви, за секого зборуваше лошо, дури и за моите иако малку ги знаеше, но никогаш не и зедов за зло, занејќи во каква ситуација е. Од хемотерапиите беше нервозна, не сакаше со никого да се гледа освен со мажот ми и сестра и, а мажот ми кога ќе дојдеше од кај неа беше така напукан со негативна енергија, не сакам ни да се потсетам. Само што ме имаше мене и јас и детето му бевме светла точка во сета таа ситуација. Мислам дека свекрва ми ќе поживееше подолго, ако барем малку си дадеше воља, ама таа за жал од старт се предаде. А колку многу ни фали :sweat:
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Те разбирам потполно. Мајка ми се оперира од рак на дојка пред 2 год. Тоа беа цели голготи, и хемотерапии и нервози...Исто така и таа не сакаше да види никого освен мене по некогаш (бев омажена тогаш), не излегуваше никаде, се караше и 300 др чуда.
    И еден ден одам јас, а таа почна да треска некои глупости за тестамент ке прави, ке умира и др дрн дрн и веќе искрено преку глава ми беше дојдено се и и викам. Ок, ајде умирај ако мислиш дека така лесно се умира, биди среќна што имаш дете околу себе и има нешто што си оставила позади тебе а јас што да кажам - тогаш имав мал бебуш, јас сум таа што треба да изведе ова дете на прав пат. Наместо да се бориш со болеста и да гледаш внучиња ти го губиш времето во непотребни нервози. Не очекувај дека некој ке те сожалува зашто ти не го заслужуваш тоа што го правиш со таква постапка....
    И така, и изнакажав се и сешто и таа како да се освести за некои работи...
    Денеска прави редовни контроли и некогаш кога ке спомне за таа болест веднаш ја сечам со муабет - остави било и поминало не се враќај на минатото.
    Таквите особи мора самите да се изборат со таа болест а најблиските да им даваат подршка и во никој случај да ги сожалуваат.
    На секој удар во животот треба здраво да застанеш на нозе и да гледаш кон иднината
     
    На MiiLla и Zlatusko им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.864
    Само тој што го поминал ова, знае како е, а тој што не го поминал да даде Бог, никогаш да не дознае како е.
    Кога ке ја слушнете дијагнозата и цел свет престанува, пропаѓа. поточно, вие пропаѓате, а цел свет си продолжува со животот, додека вие незнаете на која страна да погледнете.
    барате разни начини за спас, ги давате сите пари, одите на се што ке слушнете, се смеете пред оној кој е болен велејки му *Ке биде подобро* а и сами знаете дека лажете и дека нема да биде ништо подобро.
    се пага, се допира дното, психички и физички, и почнувате да се гушите од самата помисла дека нема како да помогнете.
    знаете дека би го дале сопствениот живот. ГЛЕДАТЕ како пред вас пропаѓа оној кој го сакате.

    Овие работи, уриваат личности, семејства. Оваа болест урива се што е градено дотогаш. Оваа болест ве дели вас на милиони ситни парчиња. Кога желбата да се помогне не е доволна, а оној кој е болен во вас гледа едниствен спас.
    Кај болниот настапува себичноста, и желбата кај живот додека за вас престанува животот.
    Вие незнаете ни како да му се обракате, ви иде да вриштите од болка, а мора да останете присебни за да не му дадете дознаење дека деновите се избројани.

    Според мене, најнеблагодарна болест. И за болниот и за фамилијата.


    јас лично, после се, знам дека никогаш нема да бидам истата. Во главата ми се има создадено таква фобија, што и кога одам да вадам крв се тресам од страв што ке ми кажат. Се имам изменето целосно. Карактер, поглед кон светот, приоритети. Страв од повторна загуба ме гуши и не ми дава мир. Соновите за она што поминав исто така....

    Се вракам на првата реченица.. Да даде Господ никој да не почуствува вакво нешто никогаш.
     
    На Bibi30, Stories, WarriorAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  12. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Златушко искрено неам доживеано такво нешто како тебе,но имам слично искуство.Тис е восхитувам што и во тие моменти тешки со мајка ти си останала приземна.Jас може ке звучам оф топик но пред 1 ипол година почина татко ми на спиење од срце.Тоа беше голем шок за мене мајка ми и сестра ми.Голема фамилија сме додека беше татко ми жив сите ни доаѓаа за јадење и пиење а сега ги нема да не плукнат да не опцујат што се вика.Да ти кажам тие луѓе не вредат да ги мислиш и зборуваш ти си претрпела многу тежок период знаеш само ти како си издржала и секој може да ти каже тешко е да те жали но тие ништо не знаат сега дури јас ги разбирам какви гадови од луѓе биле да беа како што треба немаше ни нас ни вас да ве остават на цедило најблиските.Мене во тие тешки моменти не ми требаше материјална помош едноставно човек за муабет рамо за плачење да те ислуша и да ти каже дека ке биде добро да те утеши а сите бегаа мислеа дека пари ке им бараме.Кога им рековме на сите дека ке ми треба работа дека завршив факултет сите тотално се изгубија ни телефон веќе не креваат да прашаат дали сме живи.Tака да гледај си ја мајка ти само таа знае како и било кога починал татко ти и не се секирај за ништо најлошото поминало доаѓаат убави денови не се секирај само мајка ти искрено ке те ислуша и ќе ти помогне во секој момент.
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Психотерапија е нужна и за двете страни,Златушко.И на мајка ти и е тешко,а верувам дека има потиснат страв и болка.Надмини се,тешкото е зад вас,а сега е време да се испразниш.На мајка ти и биле натрупани и други работи и едноставно,тогаш пукнало се.

    Секој кој се соочува со тешка болест,без разлика,со или без спас,мора да најде утеха и испразнување,да продолжи да живее мирно или да си замине мирно.
    Да не образложувам,но тешко е кога светот го гледате сведен на три личности (толку и остануваат,ако не и една),две најблиски и докторот.Ви доаѓа да гребете со нокти по нив за да се спасите,колку и да е себично и лошо.Желбата за живот,потребата за внимание,доказот дека сеуште некому требаш тогаш ти се се.Свесен си дека претеруваш,свесен си дека те сакаат,ама сакаш уште за да добиеш животна енергија и доказ дека нема да те пуштат.

    Луѓето не сакаат да гледаат туѓа болка,затоа и бегаат.Не знаат да пристапат,настапат,да се соочат,се плашат да не кажат нешто погрешно.Не може да се замери,такви се сите.Некогаш таму гледале причини и повод за средба која ќе донесе среќа,а сега можеби само...непријатна тишина која голта,а секогаш ќе се спомнува името на тој што си заминал.Се плашат од туѓата болка,затоа што на свој грб,треба и својата да ја понесат во даден дел од животот.На таквите,никогаш не сум замерила.Ми било најтешко,не сум сакала никој да видам.
     
    На thelittle17, Zlatusko и Phyramide им се допаѓа ова.
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Вчера мајка ми беше на контрола, прва целосна и детална контрола. Пред две години беше официјано дијагностицирана со 3Б стадиум carcinoma mammae. Го памтам моментот кога ја отворив онкологијата и кога прочитав дека статистички за овој стадиум 5 годишно преживување е 40% од пациентите. Раскажав што се поминав. Кога вчера влегов на онкологија после неколку месеци мирисот на клиниката ми сметаше. Цела предходна недела не можев да спијам дур трчаше мајка ми по доктори, дури ги правеше испитувањата. Кога видов се, не ми се веруваше. Мамографијата е чиста, ренген на сите коски и бели дробови се е чисто, дури и скен на коски ја натерав на направи иако не е потребно кога ренгенот е чист, и тоа е во ред. Ехо на абдомен, тумор маркери се е во ред. :) Буквално планина ми падна од душата. Не се сеќавам кога последно сум била посреќна, наеднаш сите секојдневни проблеми ми изгледаа толку банални, од вчера се чувствувам дека нема што не можам да решам. Како само 5 мин можат да сменат толку работи во животот.
    Полека се се враќа во нормала, но како што кажав никогаш нема да бидиме истите. Многу извлеков од ова лошо искуство, и јас и мајка ми. Подобра сум како личност прво, посилна и научив дека се што се случува може да ми се случи и мене, дека не треба да си ги земаме работите здраво за готово и дека животот може да те искуши на милион начини. И дека во тие моменти сам треба да се избориш. Исто научив многу битна работа. Не можеш да ги промениш луѓето, ниту да ги натераш да разберат нешто што не може да го почуствуваат, можеш само да ги смениш своите погледи и своето мислење за тие луѓе. Еве ден денес уште никој се нема јавено или прашано што правиме. Не ги мразам, не ги сакам. Едноставно премногу се мали во моите очи. Таа тишина што голта, ги поврзува луѓето многу повеќе одколку најголемите среќни моменти. Да дојдеше некој од нив тогаш и едноставно да ќутеше со мене, ќе ми дадеше многу. Да не даде господ на најголемиот душман мој да му се случи ова, а ако се случи станав доволно човек да погазам и гордост и да заборавам на се и да му понудам моја подршка и помош во вакви моменти. Ви благодарам на сите за подршката, не ве знам воопшто, а повеќе покажавте разбирање и сочуство од луѓе што сум била заедно цел живот. Тоа ми покажува дека сепак постојат луѓе на светот. :) :*
     
    На WarriorAngel, tarantula, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Златушко, не знам дали ќе ми поверуваш - ама те читам и треперам со насолзени очи, буквално! Колку ми е драго што слушам вакви пријатни вести!!!

    И со се што напиша се согласувам, бидејќи знам дека луѓе кои доживеале и поминале низ она што и ти, размислуваат многу слично, а јас во твојот пост многу се пронајдов. Токму така - не можеш да ги промениш луѓето, можеш само да го промениш сопственото мислење за нив. И барем во мојот случај да научиш да елиминираш - кој навистина вреди да го добие твоето внимание, а кој не.

    Браво за тебе! И со среќа на мајка ти. Се надевам и верувам дека се постепено ќе си дојде на свое место. Ви ја посакувам сета среќа на светов и пред се - многу здравје!!!

    :*
     
    На WarriorAngel, Diamond и Zlatusko им се допаѓа ова.
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Златушко се радувам за убавите вести.Осетив многу работи на своја кожа и сочуствувам со тебе.На 11.01.2010 кога резултатите ми беа добри на мојата срека и немаше крај исто како што се и ти радуваш денес.Научив,осознав и чинам станав по зрела за се во животот.Посакувам само здравје и срека да ве прати тебе и мајкати. :hai: :hai: :) :)
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Себична,отровно себична станав...Неможам да се препознаам себеси,итам кај ќе стигнам,правам што сакам,не размислувам за последици,повредувам луѓе драги и се тоа со еден изговор глупав "Можеби утре ќе ме нема",па дај денес да си е*** мајката :( ..Не знам утре денот што ми носи,ама еве веќе две години поминаа и заборавив на се.Можам да кажам во ред сум,но секогаш ќе се секавам на кобниот момент кога мајка ми излезе со проклетите резултати и нејзиното пребледено лице кое сакаше да врисне најсилно што може.Поминав низ сите овие работи за кои раскажувате,еве уште на 16 години а јас и понатаму сум оптимист.Се се случува со причина си реков,нема назад само напред,добро е млада сум и можам лесно да закрепнам,иако на секоа нова контрола умирам и одново воскреснувам.
     
    На cavalli му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Те сфакам комплет и јас без татко сум и буквално и кајн нас беше така.и јас се сменив-такви не направи судбината... ;( како е мајка ти верувам дека ќе се излечи те молам пиши ни ,нека е Господ со Вас и нека ви помогне еднаш сте страдале сега нека ве направи среќни
     
  19. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    на баба ми (откај мама) пред 9-10 години и беше дијагнозиран рак на градата, ја оперираа и како така беше малку подобра, но одеше на зрачења не знам на колку време (сепак помала бев, не се сеќавам) и кога се враќаше буквално како мртва беше. Не можеше од кревет да стане, други ја хранеа, а вода пиеше премногу, и секогаш бараше ладна да е, и во зимо ја чуваа водата во фрижидер. косата често и паѓаше. Пред околу 2 години ракот пак и се повтори и веке не можеше да издржи, често беше заморена но сепак се држеше, но еден ден се почна да и се отежнува, веке и да јаде не можеше само вода пиеше (како шо пишав ладна), потоа падна во кома, за по 2 дена да почине. нејзиниот татко исто починал од рак, па докторите ги тераа мајка ми, тетка ми и вујко ми да прават испитувања зашо во некои случаи ракот бил наследен :|
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    И јас имам слушнато дека е наследен, што не значи дека ќе се појави, влијаат и други фактори, но сепак е добро да се оди на редовни прегледи кога веќе и лекари советували, за да навреме се открие и да нема последици.