bittersweet напиша:solzuska напиша:на баба ми (откај мама) пред 9-10 години и беше дијагнозиран рак на градата, ја оперираа и како така беше малку подобра, но одеше на зрачења не знам на колку време (сепак помала бев, не се сеќавам) и кога се враќаше буквално како мртва беше. Не можеше од кревет да стане, други ја хранеа, а вода пиеше премногу, и секогаш бараше ладна да е, и во зимо ја чуваа водата во фрижидер. косата често и паѓаше. Пред околу 2 години ракот пак и се повтори и веке не можеше да издржи, често беше заморена но сепак се држеше, но еден ден се почна да и се отежнува, веке и да јаде не можеше само вода пиеше (како шо пишав ладна), потоа падна во кома, за по 2 дена да почине. нејзиниот татко исто починал од рак, па докторите ги тераа мајка ми, тетка ми и вујко ми да прават испитувања зашо во некои случаи ракот бил наследен

Конкретно за рак на дојката е веќе откриен мутиран ген кој го предизвикува,така да секој кој има повеќе случаеви на рак на дојката во семејството,во светот му се прави тестирање за откривање дали е носител на овој мутиран ген.
Баба ми почина од рак на дојката,мајка ми почина од рак на белите дробови,тетка ми имаше рак на дојката јас се имам тестирано за овој мутиран ген и за среќа го немам.
Секој кој имал рак на дојката во семејството треба редовно да се контролира.
Искрено ме интересира за кој ген си правела скриниг и каде, бидејќи јас колку што знам, баш за рак на дојка нема специфичен мутиран ген. Има некои студии што го поврзуваат BRSA1 генот со рак на дојка, но сепак сеуште не е докажано, а уште помалку дека кај нас се изведува тој скрининг.
За зголемен фамилијарен ризик за рак на дојка, да има, и тоа еве точни податоци за прво колено, значи мајка ризикот е поголем за 1,7-2,5% повеќе од другата популација на жени кои немаат рак на дојка, а за второ колено (баба) тој процент е 1,5%. Рак на дојка најмногу се поврзува со: рана менарха пред 12 година, нередовни сексуални односи, касна менопауза, жени кои не доеле или доеле кратко време, прва бременост по 35 год, жени кои воопшто не родиле, абортуси ( спонтани или намерни), јонизирачко зрачење, долготрајна употреба на естрогени-орални контрацептиви.
Има два вида на рак на дојка, естроген зависни кои се хранат со естроген и прогестерон, и тумори кои имаа на својата мембрана ХЕР позитивен ген ( овој ген е од туморот, не е во нашата ДНА), и според кој оваа поделба се базира и лекувањето. Естроген позитивните тумори имаат значително подобра прогноза од ХЕР позитивните.
За рак на белите дробови е сосема друга приказна, и има докажан ген ко е во корелација со него тоа е мутација на генот п53, кој што ген нема никаква врска со ракот на дојка. Ама колку што сум запознаена кај нас нема скрининг ни за овој ген.