1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мислам дека има цела гранка од медицината која се специјализира со истражувања од областа на онколошки заболувања и нивна поврзаност со вроденоста. Ако не се лажам, сеуште се сликовито речено во пелени овие истражувања, бидејќи самите научници не знаат со сигурност да кажат дали во гените е одговорот, но сепак кога одите на комплетен преглед не можат а да не ве прашаат дали имате случај на рак во семејството и врз основа на тоа се концентрираат на понатамошни испитувања.

    Не е на одмет да се оди на систематски прегледи. Не се пријатни поготово кога ги чекате резултатите на анализата на крвта (тука зборувам за оние онко-маркери) ама поарно порано отколку никогаш или подоцна.

    Пу пу нели! Јас се ежам од овие работи, мојата психа сеуште не може да свари болници и вакви испитувања, ама собирам храброст и го правам тој преглед барем еднаш годишно.

    Чума на денешницата, да даде Господ да ја снема! Кога би имала волшебно стапче во моментов би направила да исчезне оваа болест кај сите кои ја имаат. Невидено знае да ви направи и тоа какви пертурбации во животот, физички и психички, со долготрајни последици за жал, поготово од вториот вид, особено кога гледате како ви боледува близок човек :(
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Конкретно за рак на дојката е веќе откриен мутиран ген кој го предизвикува,така да секој кој има повеќе случаеви на рак на дојката во семејството,во светот му се прави тестирање за откривање дали е носител на овој мутиран ген.
    Баба ми почина од рак на дојката,мајка ми почина од рак на белите дробови,тетка ми имаше рак на дојката јас се имам тестирано за овој мутиран ген и за среќа го немам.
    Секој кој имал рак на дојката во семејството треба редовно да се контролира.
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Искрено ме интересира за кој ген си правела скриниг и каде, бидејќи јас колку што знам, баш за рак на дојка нема специфичен мутиран ген. Има некои студии што го поврзуваат BRSA1 генот со рак на дојка, но сепак сеуште не е докажано, а уште помалку дека кај нас се изведува тој скрининг.
    За зголемен фамилијарен ризик за рак на дојка, да има, и тоа еве точни податоци за прво колено, значи мајка ризикот е поголем за 1,7-2,5% повеќе од другата популација на жени кои немаат рак на дојка, а за второ колено (баба) тој процент е 1,5%. Рак на дојка најмногу се поврзува со: рана менарха пред 12 година, нередовни сексуални односи, касна менопауза, жени кои не доеле или доеле кратко време, прва бременост по 35 год, жени кои воопшто не родиле, абортуси ( спонтани или намерни), јонизирачко зрачење, долготрајна употреба на естрогени-орални контрацептиви.
    Има два вида на рак на дојка, естроген зависни кои се хранат со естроген и прогестерон, и тумори кои имаа на својата мембрана ХЕР позитивен ген ( овој ген е од туморот, не е во нашата ДНА), и според кој оваа поделба се базира и лекувањето. Естроген позитивните тумори имаат значително подобра прогноза од ХЕР позитивните.
    За рак на белите дробови е сосема друга приказна, и има докажан ген ко е во корелација со него тоа е мутација на генот п53, кој што ген нема никаква врска со ракот на дојка. Ама колку што сум запознаена кај нас нема скрининг ни за овој ген.
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Во Австралија скрининг се врши веќе 4-5години,за во МК незнам а и верувам дека сеуште нема.
    Несум стручна дотолку али со мутиран BRSA1 или BRSA2 се открива дали ке добиеш или не рак на дојките.
    Има голем процент на жени кои го имаат овој ген кои се одлучуваат за отстранување на дојките како заштита,како што реков несум стручна само си кажувам тоа што го знам и што сум поминала.
    А процентот со мутиран BRSA1 мислам дека е доста висок некаде околу 85% дека во текот на животот ке добиеш рак на дојката.
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    BRSA1 е сигурно, ама кај нас Македонија нема скрининг програми за мутации на гени. Единствено се препорачува еднаш годишно клинички преглед кај жени со зголемен ризик ( позитивна фамилијарна анамнеза) до 40 год, и веќе од 40та год натаму еднаш годишно и мамографија. :)
     
  6. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    MAZOT MI IMA POVEKE LUGE VO FAMILIATA KOJ IMALE RAK KOJ POCINALE.NEGOVIOT TATKO IMAL RAK NA BELITE DROBOVI NEMOZELE DAGO SPASAT I MLAD POCINAL.RAKOT SE PROSIRAL NASEKADE PO TELOTO KOJ NEMOZELO SO OPERACIA I SO NISTO DAGO OSTRANAT RAKOT ZA 6 MESECI POCINAL.ISTO TAKA UMRELA NEGOVATA TETKA(SESTRA NA MAJKAMU)I NEGOVIOT DEDO(TATKO NA TATKO MU).MAJKAMU IMALA NA MALI GODINI IMALA TUMOR NA GLAVATA BLIZU DO OBRAZITE OD DESNATA STRANA KOJ GO IZVADILE I SEGA PO MNOGU GODINI POMINATI E DOBRA NEMA POVTORNO POJAVENO.DOKTORITE NA MAZOT MU KAZALE DODEKA E MLAD POBRZO ODI VO TELOTO I POBRZO UMIRA AKO E STAR COVEKOT TESKO SE RAZMNOZUVA PO TELOTO.BRATMU IMA NAPRAVENO ISPITUVANJE NEMA NISTO.MAZOTMI VIDEL VO PLUNKATA IMALO KRV POVEKE PATI.TOLKU SUM ZASIKIRANA STO MIE STRAV DANEMA RAK.BI SAKALA DAMI ODGOVORETE KOJ SE ZNACITE AKO IMAS RAK VO BILO KOJ DEL OD TELOTO.DALI MOZE DA IMA MAZOT MI RAK NASLEDENO OD FAMILIATA NEGOVI.VI BLAGODARAM AKO MI ODGOVORETE.VI ISPRAKAM TOPLI POZDRAVI OD SOSEDNATA ZEMJA GRCIA :talk: :talk:
     
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Gkatzopulu најдобро е да отиде на испитување, бидејќи малигните заболувања може и да се појават поради генетски причини. Нема никаква штета од тоа, откако ќе ги добиете резултатите ќе знаете на што сте.....дали треба превентива или не :?:

    Златушко верувај комплетно те сваќам низ што имаш поминато, не ја имам видено темава порано. Мајка ти мора да биде оптимист, тоа многу ќе и помине за оддржувањето на понатамошната здравствена состојба. Тоа што таа така агресивно се однесувала не е до неа, хемотерапијата има многу нус појави. Нервозата, тагата, сожалувањето се некои од нив....потруди се да ја сватиш, таа со тек на времето ќе се опорави. Многу е битно да не биде сама, тоа убива....и нека ги прави маркерите почесто- нема штета од тоа. И на двете ви посакувам се најдобро, ни ронка тага :*

    Да ја забележев темава порано таа ќе беше вистинското место каде би го постирала мислењето
    СДК дека, од пред две години денешната дата за мене е заокружена со дебел црн фломастер.....Пресвртницата во мојот живот - поврзана лично со мене, борбата од 7 дооолги, мачни месеци започна на оваа дата 16.01.2009 Во тие моменти вистински созреав, си докажав самата на себе колку силна личност сум!
    Момент како кула од карти, наизглед совршено изградена....и одеднаш сето тоа се руши! Светот околу тебе ја губи бојата, ја потиснуваш тагата, болката и солзите- се смееш, само поради тоа што не сакаш да ја зголемуваш тагата и болката на најблиските, но сепак се надеваш за утрешниот ден...
    Блиските личности се покрај мене поради мојот карактер, но карактерно и да сум најлошиот човек на светот јас себе си пак ќе си се сакам.....јас како личност единствено можам да се видам во огледало! И кога во огледалото повеќе не се гледаш себе си, тоа во огледалото не ни наликува на тебе (денеска знам дека таа девојка во огледалото беше борецот во мене и многу ја сакам), тоа е страшно - светот и понатаму се руши, но знаеш дека мораш да продолжиш понатаму!
    И кога сите други не се оптимисти - ти си! Се смееш на секој нов ден, не даваш на солзите да излезат на површина, за се лошо - велиш ќе помине. Секој ден е еден вид на маскирање, самодовербата ја снемува, но почнуваш да одбројуваш до крајот - крајот на трката од која резултатите се гледаат подоцна.....Се радуваш на крајот, дури и почнуваш да плачеш од среќа, болка - за се поминато, но и страв (кој ќе биде победникот?)...Сепак од тогаш до сега победникот сум јас, ќе бидам и утре, за месец, за година, до крајот на животот - водејќи се од оптимизам!
    Едно прашање никогаш не поставив “Зошто ова баш мене ми се случи???“ така требало да биде, но денес понекогаш си го поставувам прашањето “Што ќе беше ако не се случеше???“ - никогаш не го знам одговорот, нема ни да дознаам...Се случи и помина, се надевам дека нема да се повтори ...(на мајка ми секогаш и велев - на најголемиот душман не му го посакувам ова)
    Многу ги сакам мама, тато, бато и трите прекрасни девојки кои беа со мене кога ми беше најтешко(сеуште се)...Од мене имате едно бескрајно ФАЛА, ми помогнавте многу ВЕ САКАМ
     
    На ilipili, Sunchild, KuklickaSk и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Прво сакам да ви посакам на сите добро здравје и да даде Господ никој никогаш да не осети на своја кожа како е близок да ти е болен од оваа проклета болест или пак лично вие.

    Оваа болест мене ми одзеде една од моите најмили личности-баба ми.Се случи пред 5,5 години.После 3 години макотрпна борба едноставно си замина.Ме остави,не ми дозволи да ја видам уште еднаш.Никогаш нема да сфатам зошто....Се што сакав јас беше таа да оздрави.Ја гледав како се мачи,како ја губи косата,снагата,силното држење и уникатната тажна убавина.Рак на дојка,да бидам попрецизна.Со тоа се започна,потоа се прошири и на белите дробови.Сеуште се колнам себеси што не отидов тој ден порано,барем уште еднаш да ја подржам за рака.Само половина час порано да бев таму,само толку.Ама не бев....Од тој ден ништо не е исто.Сите се сменивме.Се оддалечи фамилијата,почнаа расправиите за тоа кој е крив.Мајка ми беше на работ на лудилото.Замислете,дедо ми низ цел град раскажуваше како мајка ми си ја умрела мајка си со нејзините маки.Безмилосник!Лажго!Сите знаеме што ја уби!Тоа што ти никогаш не ја поддржуваше и тоа што до последен момент креваше рака на неа.Кукавица!Мислеше дека не знаеме.Се трудевме да ја заштитиме,ама изгледа не беше доволно тоа.Убиец...ми ја зеде.Сега ми останува само овој пост напишан со солзи.Јас никогаш нема да ја заборавам Онкологија во Ск,таму остана дел од мојата душа,од мојата детска невина душа.

    Кога мислев дека се е готово,дека конечно се средуваат работите заѕвони телефонот.Зборовите кои го расплакаа татко ми беа „Стигнаа резултатите-има леукемија....“. Да,мојата синоока братучетка има леукемија.Почна со лечење пред 3 години.После некое време докторите радосно рекоа дека болеста ја нема.На нејзината матура плачевме сите.Никој не мислеше дека ќе дојде до тој ден.Тргна на факултет.Почна да се жали дека не и е добро.Овој пат прогнозата беше лоша.Ракот се појавил веднаш до белите дробови.Опасноста да ги зафати беше огромна,а да ја оперираат беше премногу ризично.Замина во друга земја на лечење,замина по ронка надеж.Таму истото,премногу е ризично.Прво ја зрачеа додека го намалат,па после планираа операција.Состојбата и се влоши,на голем ризик ја оперираа,па се инфицира.Повторно ја отворија.И го оштетија едното белодробно крило.Потоа се почна да се потсредува.Се додека докторите не кажаа дека леукемијата се вратила.Пред една недела и пресадија матични клетки.Сега што е следно?Не знам што да мислам,се е толку конфузно.Со леукемија и оштетено белодробно крило,ќе преживее ли?Постојано ја бодриме,ја поддржуваме,а во нас ние си знаеме како ни е.И уште згора на тоа мајка и упорно тврди дека ние не и мислиме добро.Господ нека не чува од такви како неа....
    Извинете на предолгиов пост,ама мораше некаде да си ја олеснам душава.
     
  9. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    ја читам темава, и се растажувам и треперам....несакам ништо да раскажувам ,само ќе спомнам дека и јас сум с енашла во ситуација да имам близок болен од оваа подмолна болест,стравот уште во мене тлее,и од моментот кога ја чув дијагнозата па се до сега до овој момент како да снемав водух и сум напната како во грч некој,а преживувам на тој начин штоскладирав се длабоко некаде во мене незнам ни јас како,не зборам за тоа со никој не си кажувам ни на сама себе ,и луѓето околу мене забележаа дека сум поладна од порано,дека сум безчуствителна...а се тоа се случува сосема несвесно,едноставно ме промени таа ситуација....негација е мојот метод на справување со таа болест,незнам дали е правилно ,но...тоа е
     
  10. iznervirana

    iznervirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Iskreno receno Lylaby i jas se imam najdeno vo takva situacija vo moja familija umreja trojca od rak, prababami, dedo mi i majka mi,a dva meseci pred smrtta na majka mi pocina i dedo mi so koj ziveevme, znacit bese golem gubitok vo edna kuka, i jas isto kako i ti ja negirav celata situacija, ne sakav da prifatam nisto, ama samo se lazev sebe si i si nastetiv sama sebesi. Podobro e koga gi gledas rabotite so trezvena glava, podobro gi dozivuvas, jas samo se zalazuvav i uste poveke propadnav vdupka. Znam deka e tesko ama moras da se soocis so toj problem, da zborvis so tvoite prijatelki mozit i nemat da ti pomognit mnogu, ili pisi vaka na forumov ili pocni da pisis dnevnik i ke imas malo podobruvanje. Se nadevam deka komentarov ke ti bidit od korist.
     
  11. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    да и јас имам загубено родител (татко ми) од оваа болештина !!! Бев премногу мала за да знам што се случува но сепак знаев дека нешто не е во ред со него.Имаше 4 операции но ниедна успешна само ситуацијата му се влошуваше од ден на ден.На крајот за мене се беше чудно оддеднаш почнаа да доаѓаат роднини кои не ни биле кај нас со години.Мене ме праќаше мајка ми да спијам кај тетка ми.Од таму одев на училиште.Едно сабајле се будам кај тетка ми и гледам скоро 9 часот набрзина станувам упаничена цела дека задоцнив за на школо.Тетка ми ми вика чекај полека седни појадувај па ќе одиш има време.Не ни приметив дека сите околу мене носат црно и откако појадував ШОК ми кажаа дека тато починал ;( ;( ;( Неможам да ви опишам колку е тешко тоа да го доживуваш на 10 годишна возраст.Мајка ми беше целосно скршена а сите роднини од страната на тато подоцна исчезнаа од нашите животи мислејќи да не треба да не помагаат финансиски-КРЕТЕНИ !!! Ден денес не комуницирам со нив кога ми беше најтешко ми го свртеа грбот.Цел живот се мачев се да постигнам сама без ничија помош.Сега после 15 години сум млада успешна жена-мамичка и сопруга но сепак мојата траума од детството не исчезна стравот од загуба на близок сеуште постои.Тоа што ми се случи не ме потишти само ме направи подобра личност !!!
     
    На Sunchild, Nine25, FBI и 4 други им се допаѓа ова.
  12. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    БРАВО!Понекогаш болката не прави подобри личности. Кога на некој начин сме „оштетени“ во однос на другите гледаме тоа да го надокнадиме со нашиот успех. А успехот е најголемата убедувачка сила. Да им докажеш на другите каква личност си и дека нештата не можат да те скршат.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Зависи од видот на ракот. На моите родители им беше кажано дека ракот е предизвикан од надворешен фактор и дека нема никаква врска со гените, па затоа и нема опасност по нивните деца.. Но, денес секој 2 е дијагностициран со рак, така што сите треба да одат на контроли.
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и јас имам загубено член на блиска фамилија од таа болештина (баба ми-ми беше ко втора мајка) ;(
    имаше рак на белите дробови, а сите мислеа дека е туберкулоза(оти кашлаше и плукаше крв) :sweat:
    попуста беше нашата борба да остане во живот-какви не таблети, витамини, дури и со алое вера пробавме да и го продолжиме животот покрај хекотерапијата-и падна целата коса(ама носеше марама, не сакаше перика) :sweat: примаше и инфузија(за зајакнување) ама ништо.И покрај сите напори, баба ми почина :sweat:

    дома беше лудница, кавги, расправии, ужас
    кога ке се сетам на тоа време, морници ме лазат(а покрај тоа околу неа бевме и јас и брат ми, како и нашите родители и дедо ми)
     
  15. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    јас не знам ни кај сум ни на земја ни на небо.мајка ми е оперирана од двете гради,извадени и се скроз и сега ќе треба на хемотерапија ама незнам што ќе биде пошто викаат дека луѓе со рак малигнен не преживуваат. ;( :x и многу се плашам но си давам надеж постои ГОСПОД
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас ти препорачувам да не ги слушаш другите. Секој човек е индивидуа сам по себе.....се случуваат и чуда ;). Ова не ти го велам туку-така, туку ти кажувам од лично искуство.
    Не ја примај негативната енергија и песимизмот од околината. Биди позитивна дека ќе биде подобро, нека биде и твојата мајка. Психичката состојба е многу важна во борбата со оваа ужасна болест.
    Нека внимава и на храната.......
    Поздрав, ќе се среди се’ :*
     
    На meruska и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Не слушај што викаат. Сите ги гледаат лошите примери, а има толку многу примери на луѓе кои се избориле со болеста и се добри и ден денес.
    Се согласувам со ФБИ, нека си пази на исхрана, нека пие мајка ти сок од цвекло, морков и лимон, позитивна енергија и се ќе биде добро.
    Плус тоа, мајка ти веќе е оперирана, што значи дека ракот е изваден од неа, и со тоа има многу поголеми шанси за успех.

    Се најдобро.
     
    На meruska му/ѝ се допаѓа ова.
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Купете бадеми живи, значи не печени, и секој ден по 10 бадеми ќе ставите во вода, да отстојат повеќе од 12 часа, ама не да поминат 20 часа...Секое утро ќе испие чаша вода, па ќе ги изеде бадемите (излупени), и после тоа 30 мин нека не јаде...
    Ова е совет од нутриционист од Кина, кој кажа дека сите луѓе треба ова да го применуваат, и шансите за да се појави рак со конзумирање бадеми се сведени на минимум, затоа што бадемите во целост го алкализираат организмот, а во алкална средина болести не виреат, само во кисела...
    Е сега , кога е веќе заболен човекот, со ова се спречува интензивното ширење, и лековите и терапиите многу подобро делуваат...Ќе види подобрување за месец дена...
    Земете веднаш, и секој ден нека јаде, а препорачливо е за сите, од здравствени а и од естетски причини ....
    Биди силна, и верувај дека се ќе биде добро...и ќе биде...позитивната мисла е 80% од процесот на лекување....
     
    На meruska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Можеби сум офф ама ме интересира кои се симптомите на рак? :tmi:
     
  20. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Најчесто на почетокот нема симптоми, за жал. За после тоа се различни во зависност од тоа на што се појавува. Редовни контроли е најдобра превенција ама некако многу малку го почитуваме тоа.
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.