1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    фала ви душички на убавите зборови
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Баба ми имаше рак на дојка, пред неколку години ја оперираа, и пред 1 година повторно и се врати. Меѓутоа штом мајка ми не споменала нешто, значи во ред е.
    Дедо ми пак, рак на простата и за тоа моите сосем случајно дознаа.
    Односно човекот е перфекционист, сите не кара, буквално кога одиме кај нив дома се здружуваме цела фамилија за да се браниме еден со друг. :D И последнава година, две, забележавме дека не е таков. Се смее, не не кара, не мрчи кој колку е слаб и слично.
    Не знам зошто, не паметам но моите провериле во болница кај доктор еден и им рекол дека дедо ми само што завршил со лекувањето, имал рак. Не и давал на баба ми да ни каже, доволно проблеми сме имале посебно како семејства, зошто да не замарал. Како и да е, излечен е, добар е.
    Ви раскажав безпотребни работи, она што ме интересира бидејќи сум премногу малку информирана е дали може да се пренесе генетски? Не знам кој ми кажа дека одело преку гени, меѓутоа не на секое колено, скокало.
     
  3. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    ^^^ Значи како јас да сум го пишувала предходниов пост :x
    Истиот случај и во мојата фамилија. Само што баба ми ја оперираа минатава година и сега засега е добра, а дедо ми пред месеципол го оперираа од зголемена простата така нешто, а сега на последниов преглед му открија рак на простата... Не ми се верува кој малер ги бие, просто неможам да поверувам :worried:
     
  4. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Искрено немам никаква допирна точка со медицинава, ама мајка ми и братучетка ми се во тесна врска со медицинава и баш тоа пред некој дена зборуваа дека болеста е наследна и тоа можно е од едно колено на друго(едно по друго)! ... Таков беше случајот во мојата фамилија каде сестрите и браќата од баба ми починаа од иста болест и се претпоставува дека можно е и некој од нас да ја наследи! :tmi: :x :worried:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Уф ;(

    Дедо ми, од на татко ми страната, со кој не сум прилично блиска- мислам, човекот мене многу ме сака и цело време е супер спрема мене, но далечината си го направила своето -, имаше рак пред 3-4 години. И се беше океј, додека денес не ми кажаа дека повторно му се вратил. Јас стварно, не знаев ни што да кажам, ни како да изреагирам... Човекот е во години, никој нема да се нафати да го оперира, единствена опција им е ласер, а колку тоа ќе биде успешно... Не сум многу блиска со нив, ги гледам неколку пати годишно, ама сепак ми дојдоа солзи кога ми кажаа.

    Мило ми е што видов дека тој тоа добро го прифатил, беше прилично оптимистички настроен. Или пак се помирил со судбината ?! Не знам како треба да се однесувам, што да зборувам, што да речам... Се трудам да зборувам како ништо да не се случува, ама се сеќава некоја непријатна тензија... Обично сум зборлива и ретко останувам без зборови :x
     
  6. busavata

    busavata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    На психијатар се оди кога имаш навистина сериозни проблеми. Психијатарот е доктор значи - лекува со лекови. Психологот е филозоф - тој ти ја лекува душата со зборови. Иако сум јас психолог, имам обичај да си кажам ,,психлогот е најискрениот пријател, најобјективниот, и оној кој најмногу ќе те поддржи и поттикне. баш затоа што е совршен пријател, се плаќа“ :)

    Психологот во никој случај во својата ординација не работи со психички пореметени луѓе. Тие луѓе се хоспитализирани, или пак посетуваат клиника каде што работат со психолог по клиничка психологија, и со психијатри. Во ординацијата на психологот доаѓаат луѓе кои имаат моментални проблеми, потешкотии, тага, потреба од некој да ги советува правилно и да не ги осудува. Вистина нашиот народ, има голема предрасуда према луѓето кои се наши пациенти. Психологијата е наука за душата, за убавината на животот, оптимизмот.

    Сите кои имате каков и да е проблем, одете и ќе сфатите дека не можете да најдете подобар пријател од психологот.

    Ние студентите што сме, сите до еден посетуваме психолог, односно нашите професори психолози речиси се затрупани од нашите досаѓања кој прв ќе оди, зошто знаат да ни дадат правилен совет и да ни помогнат. Дали тоа значи дека сите ние психолози, сме психички болни, зошто одиме на советување кај нашите колеги психолози??? :)
     
    На thelittle17 и rainlover им се допаѓа ова.
  7. busavata

    busavata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Доколку е ракот малигнен и се пренесува по пат на соседство (односно ги зафаќа соседните ткива и органи) се лекува на места кои не се витални за животот на човекот (гради, матка, јајници, дебело црево итн) но проблем е ако се пренесува по пат на крв. Мислам дека во случајот со жената е по пат на соседство, бидејќи во спротивно немало да биде локализиран само во градите.
    Ви посакувам многу среќа при лечењето и да се отарасите од оваа одвратна работа,
    биди храбра, потребна си сега!!!
     
  8. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    денес бев на посета кај дедо ми, брат од баба.Човек кој многу го сакав и го почитував но и тој мене. Уште од мала бев многу поврзана со него. боледува од рак, ми кажаа дека му е влошена состојбата па побарал да ме види. отидов со мајка ми пошто нема шанси сама да одам таму, ми беше страв од тоа како изгледа.леле кога го видов колку пропаднал човекот му ја стиснав раката, го бакнав и тој ми ја стисна раката, се стискав да не пуштам солза но залудно ;( . не сакав да го тревожам ама почнав да плачам и тој почна да плаче.на пат сум да изгубам уште една многу сакана личност, а и не е престар човекот нема уште 60.
    кога си дојдов дома многу плачев, чувствував голема болка и сеуште неможам да се смирам. со моите неможам ни да разговарам одма плачам. незнам што да правам девојки, постојано мене ми се случува такво нешто. разочарана сум од животот. ми треба помош
     
  9. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    леле срц и јас сум таква плачка сега кога те читам што си пишала си плачам и јас многу жално па исплачи се тоа е најлесно
     
  10. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    се исплачав и тоа повеке пати, но тоа ти е. се плашам само да не ја слушнам лошата вест дека починал. Знам дека кога тогаш треба да го прифатам тоа. Едноставно тоа е нешто што ни јас ни било кој друг неможе да го спречи.и свесна сум за тоа дека никој не успеал да и побегне на смртта, а живите мора да живеат со тоа дека ги нема повеќе тие што ги сакале.Но во моето срце ке има празнина создадена од денот кога тој си отишол :( ;(
     
  11. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Бев дете кога мојата мајка почина од рак. Целиот тој период на болеста, терапиите, солзите го заклучив во себе. Дури и На погребот се трудев да не испуштам ни солза. Успеав. МОРАВ да бидам силна. Пред сите, но не и пред себе. Пред дваесетина години поимот психолозите и психијатрите беа мисловна именка. Почнав да се уништувам години потоа. Тонев. Пубертетот беше тежок, созревањето уште повеќе. Предвреме пораснав. Иако моите најблиски беа до мене(останатите роднини и пријатели на моите-одамна се избришани од моето сеќавање-како што обично бива по нечија смрт), мене ми требаше помош за да се справам со емоциите. Психијатарот беше погрешен избор. Се откажавме-и таа од мене и јас од неа. Продолжив да живеам со болката. Средно, факултет, работа.
    Годините си го сторија своето. Сега е подобро.Тракалото се сврте. Но уште се борам со своите емоции. Да, јас сум силна-но кога едно дете ке земе преголем залак тоа може и да го убие.
    Мојот совет до сите е ПЛАЧЕТЕ кога сте тажни, чувствувајте, потиснатите чувства кога тогаш ќе избијат надвор-на сопствена штета. Побарајте помош. Ако психологот или психијаторот не ви одговараат-сменете ги. Времињата се изменети. Сите имаме само еден живот.
    Мојата грешка беше во тоа што очекував премногу од едно мало дете(ЈАС) коешто незнаеше како да се справи со тагата. Полека сфаќам. Изгубив дел од животот, но не се откажувам од него-НИКОГАШ.
    Сега повторно учам-како да бидам среќна!!!
    И да, се тешам-се што нема да не убие само ќе не направи посилни,нели? ;)
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Златушко, гледам си пишала овде неѓто за ракот на белите дробови и за мутиран ген за кој постои ризик да го наследат членови на семејството. Може ли ако знаеш малку подетално да напишеш кој имаат предиспозиции да го имаат генот, исто како што имаше пишано за ракот на дојката?
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Ете ја и мојата болна точка, јас така ги изгубив татко ми и брат ми. Само што брат ми се повреди па потоа се створи хематом..во време од 1 недела од големина на орев стигна до големина на портокал. Моите се направиле за да го спасат, тогаш имал 11 години,јас 5..па и неможам јасно да се сетам на се...Татко ми...имал болки па се труел со апчиња за болка..мислејки дека е жолчката не се притресувал до толку..но кога веќе станало сериозно, беше итно опериран.....Неуспешно, и знаев дека нема да го имам уште долго... Се сеќавам кога мајка ми ми кажа, на тато не му останува уште многу, ако сакаш дојди во болница види го, но, не е истиот....јас мислам дека е најдобро да си го запомниш онаков, весел насмеан, крупен....таа да е последна слика, а не како се мачи....
    Ах колку само плачев......не можеа да ме смират, ко тогаш ја осеќам и сега болката во градиве. Толку е тешко, претешко...да знаеш го губиш, знаеш дека нема како да му помогнеш....а пак да не се откажуваш....и иако го знаеш крајот, пак си велиш не не е можно да не напушти, не се ни надеваш..велиш не нема тоа мене да ми се случи....
    Јас во средно завршив кај психологот, кој верувајте многу ми помогна. До тогаш, неможев да гледам слики од бато и тато..сега имам во дневна и кај мене во соба....Дотогаш ми беше болно да ги спомнувам, сега знам дека со тоа што ги зборувам уште ја живеам нивната душа.
     
    На thelittle17 и Tomcia им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Ова може да се испита во МАНУ, и да се види дали болеста е предизвикана од ген, или од надворешен фактор. АКо е ген во прашање, има можност да се пренесе генот на децата. Ова се испитува со носење на стакленцата од патологија од болниот во Ману (кога ти прават биопсија, или после операција, они клетките ги ставаат на стакленца и ги испитуваат за да утврдат каков тип е ракот)
    Ова испитување за ген, е дополнително, ама сите пациенти имаат право да си ги земат стакленцата од Патологија, и да ги однесат во Ману за да бидат сигурни.
    ВО случај да е генетски мутиран ген, а пациентот е сеуште жив, му се дава дополнителна терапија, а децата се испитуваат почесто со цел да се спречи болеста во некоја рана фаза (може и да им се дава некоја терапија ама не сум сигурна)
     
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Со рак на белите дробови се поврзува мутација на генот p53 (п53). Сепак мутација на овој ген не е специфична за рак на белите дробови, туку се поврзува и со други тумори бидејќи припаѓа во групата на супресорни гени. Значи сите го имаме овој ген и тој е одговорен да го регулира т.е супримира растот на соматските клетки. Кога клетката ненормално се размножува, овој ген ја детектира и ја уништува. Дефект на овој ген доведува до ненормален забрзан раст на оштетената клетка што може да резултира со туморски раст. Сепак дефект на п53 спаѓа во една од последните причини за рак на белите дробови.
    Примарните причини за овој канцер не се генетски. Прва и основна причина е ПУШЕЊЕТО. Зависи од тоа колку време е пушач особата, колку цигари на ден пуши, какви цигари пуши, колку вовлекува од чадот, дали ја пуши до крај цигарата ( втората половина од цигарата содржи дупло повеќе канцерогени од првата половина).

    Возраст: Белодробниот карцином се јавува најчесто во напредната возраст. Статистички најчест е кај луѓе во 5та и 6та деценија од животот.

    Пол: Почесто се јавува кај мажите и тоа во одност 3:1.

    Марихуана: Содржи многу повеќе катран и канцерогени од цигарите. Се вдишува подлабоко и подолго се задржува во белите дробови.

    Белодробни заболувања: Хрончна обструктивна белодробна болест (ХОББ) и туберкулоза се болести кои создаваат лузни на белодробниот паренхим, кои се предиспонирани места за создавање на таканаречен посебен вид на карцином - скар-карцинома.

    РАДОН: Втор по на листата после пушењето. Природен радиоактивен гас кој го има во воздухот. Кај нас се врши редовна проверка од институтот за Хигиена за концентрацијата на радон во воздухот и се држи во најниска можна концентрација. Сепак има луѓе кои се изложени на повисока концентрација најмногу рударите, градежни работници кои работат под земја, луѓе кои работата по подруми. Радонот испарува од земјата, и колку си на повисоко толку е помала концентрацијата во воздухот.

    Азбест: Луѓе кои се изложени на азбест можат да развијат посебен вид на плеврален карцином, поточно карцином од обвивката (плеврата) на белите добови наречен мезотелиом.

    Сепак од сите овие најважен фактор е ПУШЕЊЕТО. Пушачите имаат 30 пати поголема шанса да развијат белодробен карцином од непушачите. Луѓето кои се откажале од цигарите имаат помала шанса од пушачите но сепак поголеми предиспозии од непушачите.
     
  16. RainHunter

    RainHunter Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    боли кога гледаме како единствеиот столб што ни дава потпора цигла по цигла се руши. Немој да губиш надеж. Биди силна. Со тоа што пријателите си заминале или ви го свртиле грбот, само ја покажале себичноста на луѓето. Ќе најдите нови пријатели. Пробај да живееш. Јас сум помала од тебе имам 18 години, се надевам дека ова ќе ти помогни. Пробај да бидиш тука за мајка ти. Пробај смирено да зборуваш со неа, укажи и дека таа ти е единствената поткрепа, укажи и на тоа колку ти е важна. Зборувај со неа за се. Нема мајка која не си го сака чедото. Борете се заедно, во исти тим. Ова што ти се случило те натерало на созрееш предвреме, и те натерало предвреме да ги видиш неволјите и асовите од ракавот кои што безмилосно ги извлекува животот. Главата горе. Немој да потклекнуваш. Во ред е да плачиш, во ред е некогаш да бидиш избезумена. Луѓе сме не сме од камен.
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Дедо ми починал од рак на дебелото црево.. Јас сум имала само 1 година. Му го откриле премногу доцна, и не можело ништо да се направи. Јас кога сум се родила, тој лежел во болница и ме носеле да ме види.
    Откако лекарите сториле се што можеле, го пратиле дома, барем да ги доживее последните месец два во нормални (колку-толку) услови..
    Живеел во село и често сме биле таму додека бил жив. Сакал многу да ми пее и сеуште во сон му го слушам гласот како ми пее, ама само гласот без слика иако сум била премногу малечка.
    Мајка ми уште со солзи се сеќава на тој период. И таа е медицинско лице и почувствувала на своја кожа како е кога не можш да му помогнеш на некој свој најблизок..
    Мој совет- Бидете силни. Се имате сами себе.. треба да продолжите да живеете. Можам да претпоставам дека тоа е најтешката болка на светот :( .. Бидете храбри!
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    денеска еден мој близок роднина ја изгуи битката со ракот :( ;( ;( ;( ;(
     
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    пред година и пол скоро почина мојот дедо (единствениот кој го имав и тоа вујко на мајками). Навистина беше болно и сеуште неможам да се помирам со фактот дека повеќе не е со мене, сеуште неможам да се помирам со тоа дека кога ќе звонам на вратата од неговиот стан никој не отвара....премногу е болно и секогаш кога ќе одам кај бабами очекувам да дојде и да играме карти... навистина ужасно беше...имаше рак на простатата и не сакаше да се лечи, беше доктор и му беше јасно дека со лечење само може да се одложи смртта за некој период а не да се избегне и тоа долго го криеше од нас...1 месец лежеше во кревет а мајками разбра дека има рак 3 дена пред неговата смрт...јас не го видов додека беше болен бидејќи не ме оставаа да го посетам, а на денот на неговиот погреб моите м икажаа дека не сакал да ја расипам сликата за него...беше страшно навистина...НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ПРЕБОЛЕМ НЕГОВАТА СМРТ, и ми олеснува тоа што мислам дека еден ден повторно ќе се видиме...Бидете храбри бидејќи потешко од тоа нема ! :'( :'( :'(
     
  20. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    181
    Едно прашање имам до Zlatusko (ако има и некој друг што се разбира во медицина може да ми одгговори слободно , ВЕ МОЛАМ) :( Не е за Рак прашањево, ама бидејќи е во категорија психологија мислам дека држи место оти веќе неможам. Вака:
    Дедо ми имаше Скелодермија или Склеродемија(мислам дека вака се спелува, Златушко ти сигурно знаеш за што станува збор). Буквално сите мускули на телото почнаа да му се сушат едноставно. Тоа е таква болест, ги напаѓа мускулите на цело тело(вклучувајќи ги и внатречните органи) и едноставно просто кажано, човек се суши малку по малку.Дедо ми после некој месец од болеста почина, бидејќи нема лек за таа болест, прилично е ретка, кога дедоми почина, вo македонија имало само 5-6 души заболени меѓу кои бил и дедо за жал. Е сега, пред 2 и пол години, на мајками почнаа да ја болат мускулите, секакви испитвања направи, и неколку месеци потоа и ја дијагностицираа истата болест како на дедо ми :( ;(
    Еве веќе 2 години се носи со таа болест, пие лекови од Грција ги нарачуваме специјално бидејќи овде нема..Ама веќе личниот опис го смена..Да знаете само колку е слаба...и само слабее и слабее..Пред некој ден се слекуваше да се бања..Лелеее ја видов случајно ;( ;(девојки не сте свесни како ми беше...Абе направена беше да не речам само коски и кожа (не е повеќе истата жена, висока, крупна со толкави бутови едноставно за мерак).Да ти е грев да ја гледаш...слаба,слаба...само да ми текне и ми се чини неможам да се соземам..Знам дека нема лек, само Zlatusko сакав да прашам, сега и мене психата ме јаде.Колкава е шансата да Недај Господе се случи трагедија? (ме сваќате на што мислам) и дали е тоа генетски пренеслива болест т.е. дали е можно и јас да ја наследам? неможам веќе ќе умрам...де од страв за мајками, де од страв да не ми се случи и мене нешто или на брат ми ако е наследна болест..А многу страшна болест е.. Ве молам ако знае некој повеќе (недај Боже ако имал некакво искуство со ова нека каже). аххх....
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.