1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    На некои луѓе стварно им паднаа маските. Човек колку и да е паметен и итар ќе биде измамен. Додуша не сме свесни колку се луѓево злобни. Да напоменам никого не спомнувам тука ако си се пронајдете тоа е ваше. Се изумре и епитетот најдобра другарка, другарка за тајни абе се.
    Више аман, болје ќе бидеш сам отколку со некоој кој ти копа гроб.
    Страшен и мрачен свет е ова.
     
    На T.e.d.d.y, minika и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Има една личност која не можам да ја сфатам.Можеби затоа што е дволична.
     
  3. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Џабе си тупам главата учејќи кога никој не го цени тоа, сите гледаат пари да земат на факултет , и на крај ќе нема ни работа да се најде у оваа наша глупа држава, ќе ти ги наместат некои неписмени кои поминале со врски шефови да бидат... :@
     
    На buba4e89 и babyblond им се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Во тешка депресија сум падната, и трошам пари ко луда.
    Незнам, ова вака ако продолжи....далеку ќе стигнам.
    Ништо не ми иде, све е наопаку.И после ќе речат период било....како да не...па и времево е сра*е. :@
     
  5. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Моментално расположение не значи дека и истото ќе продолжи понатаму,минатото остави го зад себе и уживај во денот како така, сигурно си млада нема потреба од безвезе мисли да се труеш себеси. И ако купуваш купувај тоа што ќе те направи среќна, почасти се, сонцето доаѓа ;)
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    ах..јас во годините сум млада, ама во душата не сум. Се обидувам некако да се стабилизирам но...тешко. Од денешен аспект ми е смешно, кога ќе ми текне дека сум се нервирала за другарки, дечковци, маж или свекрва...или јадело детето-не јадело. Сега веќе проблемите се сериозни....и не постои магично стапче што ќе ги оттргне.....а тоа со парите решив....не се расфрлам...ама не знам до кога ]:). Мислам дека шопингот е нешто што можам да го конртолирам, па му се нафрлам :lol: .
    Фала за советите.
     
  7. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Многу нешта ми тежат на душата. Но по природа сум заторена личност и не сакам да разговарам за своите проблеми со никого па дури ни со најблиските.Знам дека е погрешно но не можам да го сменам тоа. Мислам дека луѓето само ќе ми се радуваат и потсмеваат на моите грижи и проблеми и дека никој нема да ми помогне.Причините зошто сум затворена личност се во детството. Имав навистина тешко детство.Ако тоа воопшто може да се нарече детство. Живеев во село кај баба мми и дедо ми заедно со мајками ми, татко ми, брат ми и сестра ми. Баба ми и дедо ми кои сега се веќе починати( нека им е лесна земјата )воопшто не ги сакав. Тоа беше најверојатно поради нивниот однос кон мене и кон брат ми и сестра ми.Отсекогаш сум мислела дека бабата и дедото треба да се најголема поддршка на внуците и дека тие треба да ги сакаат најмногу своите внуци и да ги бранат и подржуваат дури и кога родителите тоа не го прават. И сум видела такви баби и дедовци секоја чест. Но моите не беа такви. Тие секогаш бараа нешто од нас да работиме и никогаш не беа задоволни од нас колку и да се трудевме.Секогаш викаа по нас и не караа и за најразлишни ситници. Не се сеќавам на ниеден убав збор од нив двајцата.Татко ми е човек којшто до ден денес не можам да го разберам.Како може да живее таков живот. Тој прави се како што другите ќе му наредат ( порано тоа беа баба ми и дедо ми а сега тоа е мојот чичко т.е негов помал брат.)Целиот живот живееше со мајка му и татко му иако беше женет. Ние живеевме со мајка ни во градот а тој понекогаш се јавуваше да праша како сме а некогаш ни тоа. Доаѓаше да не посети во градот само кога имаше нешто работа и веднаш пак се враќаше. Како ние растевме тој се помалку и помалку не посетуваше сметајќи дека сега сме веќе големи и можеме сами да живееме. кога умреа баба ми и дедо ми и мајка ми се пресели таму во селото и тие заедно сега живееат таму и ја одгледуваат земјата и животните( понекогаш всушност не понекогаш туку почесто мислам дека животните им значат повеќе од нас децата).Јас, брат ми и сестра ми живееме сами со чичкото којшто го мразам најмногу а нашите родители ги гледаме еднаш во 2 или 3 месеца.И многу ми е тешко зошто и да сакам немам да кого да кажам како се чувствувам. На татко ми и да кажам ништо нема да ми помогне бидејќи тој е алкохоличар и всушност кога и да сум му кажала некој проблем тој од тоа ќе направел уќте поголем проблем а не да го реши.Пример. кога бев во депресија и му кажавме тој почн ауште повеќе да пие и да вели дека ќе се самоубие бидејќи децата му создавале проблеми.А ние воопшто не сме некои деца кои создаваат проблеми да не претеруваам ама многумина би биле среќни да имаат вакви деца ( секогаш и помагаме на родителите во работата, на ушилиште сме едни од најдобрите ученици, не пиеме алкохол, не пушиме цигари, не излегуваме секој дена како што другите го прават тоа всушност никогаш и не излегуваме бидејќи кога е во прашање одмор и излегувања тогаш сме малечки а за работа е тогаш сме големи.)Мајка ми е добар родител колку што и дозволуваат да биде. Таа е многу добра личност( никогаш не се жали и трпи се што другите и прават) и тие тоа и го искористуваат.Сека е болна и треба да прави операција и наместо татко ми да се грижи тој не вели ништо и уште повеќе ја загрижува неа и ја приморува да работи на нива и да ги одгледува животните.
    Како живот е оваа? Зарем ваков живот треба да живее една дваесет годишна девојка??Наместо да уживам во младоста и да се забавувам како што тоа го правам сите мои врснички јас го живем овој беден живот.
    Извинете за долгиот пост ама морав на некој начин да го исфрлам овој бес и оваа тага што ми лежи на душава.
     
  8. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Личностите со таκво детство κаκо тебе стануваат најзρели, со најцвρст и најдобаρ κаρаκтеρ од сеκогаш сум ги ценела, ги ценам и ќе ги ценам луѓето κаκо тебе. Жално што во денешно вρеме луѓето се себични и намеρно им додаваат сол на ρаните на ваκвите луѓе. Тоа го знам лично од себе бидејκи и јас имав тешκо детство и сега имам тешκа младост. Утρе ќе напишам еден долг пост овдеκа за да си ја олеснам душата.
     
    На eliesaab, Paolita, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  9. IvanaDusa

    IvanaDusa Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Мислев дека мојот живот порано дека е совршен си имав другарки си имав се ама се нагло се промени. Имав 14 години кога го изгубив мојот татко. Е тогаш ми беше најтежок период од мојов живот немав на кој да му викам тато. Со тек на времето беше малце подобро но после пак се полошо и полошо. Многу сум затворена во себе неможам појке вака сакам да кажам на некого што чуствувам некој што ке ме сватит ама немам таков немам пријатели едноствано што прам по цел ден седам на ком и се досадувам ама што да прам сакав кај една другарка да појдам дома и дури и напишав и на фб таа само ми врати еј не сум дома знам дека сите ме одбегаавт незнам зс е така ;( ;(
     
  10. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Да додадам уште нешто, не знам зошто на едното дете κое ме задеваше односно пρво почна да ме зафρκава цела година му бев κаκо тρн во оκо, ништо не му напρавив се κолнам. Навистина ми е стρав да не го напρави паκ истото и во оваа година ме дави помислата на тоа. ;(
     
  11. loverangelx3

    loverangelx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    А зошто едноставно не престанеш да се замараш со нивните мислења? Ти си ТИ. Едноставно си таква каква што те создале и ич гајле да не ти биде за нивните бескорисни коментари. НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН! НИКОЈ. Стави си го ова во глава! Сите тие што те омаловажуваат имаат мани, помалку или повеќе. Се додека не престанеш самата да се критикуваш ке ти биде вака лошо. Размислувај на опцијата дека можеш да носиш штикли без да се плашиш дека ќе бидеш повисока од дечко ти. Мисли на убавите нешта. Од секое лошо вади по нешто добро. Секој нивен коментар нека ти влезе од едното уво нека ти излезе од другото, ако не сакаш да им враќаш. Ако пак сакаш, кажи им само дека никој не е без мани...нека се погледнат самите па после нека судат на другите. Прекини со лошите мисли, само си го уништуваш расположението и си ја намалуваш самодовербата. Биди задоволна со тоа што си...Бидејќи да си жива и здрава е доволен дар од Господ, не можеме сите да бидеме со иста височина и изглед. Ете и од мене и од тебе и од сите тука на фемина, има некои поубави и позгодни ама не се оптеретувај со тоа зашто секогаш има нешто подобро. Совршеноста не постои, постои само доволно желба да се стремиме кон неа...Ако ти веруваш дека вредиш и другите ќе поверуваат во тоа, верувај ми. :)
     
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    И другарка ми имаше ваков проблем и таа е ниска и во прва година ја зезале за тоа. Кога била дежурна кога бришела табла и се смееле зашто се подигнувала на прсти. Ама кога ќе созреете веќе тоа не е толку страшно, сега таа си живее нормално никој не и зборува за нејзината висина. Тоа се детски работи.
     
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Во средно бев висока 176 а дебела ко крава. Никогаш не дозволив никој мајтап да прави со мене бидејќи си ја држев главата горе. Изгради го својот карактер и ќе блескаш со самодоверба. Колку си посамоуверена толку си поубава. Забележи дека убавите луѓе без карактер, со тек на време стануваат грди и обратно. Инаку не сме сите по шаблон правени. Секој си е убав на свој начин. Ако некој те задева, врати со иста мера. Немој да мислиш дека е некој совршен и нема за што да се запнеш. Прифати се самата каква што си и направи некоја шега на своја сметка. Така луѓето ќе те прифатат каква што си. Јас секогаш си правев шеги и на своја и на сметка на другите. Дугарка ми беше ниска, и тоа многу и знаев да речам “Како Хипо и Чипо сме“ или “Ако продолжам вака ќе треба вративе да ги прошируваат“ Мислам дека заради тоа ме сакаа сите.
     
  14. pikachy

    pikachy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Конечно најдов место каде што можам да се искажам... Пред 2 години незнам ни сеуште самата како се случи сето тоа но се смував со еден дечко од моето школо, сватив што направив и се тргнав си отидов дома тоа беше голема грешка што ја направив бидејки бев во 1годишна врска во тоа време. Ми требаше подолг период да поминам преку тоа т.е да заборавам на тој настан... и оттогаш повторно се здружив со тој дечко ми стана другар мислев дека и тој заборавил и сватил дека тоа што го направивме е погрешно со текот на времето се зближивме почнав да му кажувам се сите проблеми што ги имам ме советуваше и јас него дури и поблизок од сопствениот брат почнав да го сметам. Кога стануваше збор за тоа дека немам дечко и сакам да си најдам или пак кога му кажував дека сакам да се смирам со бившиот тој секогаш се противеше на тоа како никој не ми одговарал бидејки сум била премногу чуствителна сите ке ме повределе и јас тоа го сваќав како искрен совет. Но пред некој ден се пуштив кај него на фб и случајно прочитав разговор со моја најдобра другарка и негова исто така како тој мене ме сакал и неможел да ме гледа со други ама неможел да ми го каже тоа на мене и затоа се противел на се. Јас откако го прочитав тоа сакав да разговарам со него но тоа беше невозможно на се што ке му кажев само враќаше со тоа дека имам право да му се лутам и да не му зборам а јас мислам дека тоа не е правилно решение. Оттогаш се отргнав од сите не излегувам од собава се обидувам да најдам начин како да постапам со сето тоа ама неможам да најдам незнам што да правам премногу сум разочарана...
     
  15. loverangelx3

    loverangelx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    Прва варијанта: Ако ти него го сметаш за другар и ништо повеќе не чувствуваш кон него-кажи му го тоа. Ако прифати и сакате и двајцата да продолжите со другарувањето океј ако не, оддалечи се од него иако ќе те боли тоа.
    Втора варијанта: Ако се мислиш за своите чувства кон него, кажи му да одите пополека и дека ти треба време за да го сфатиш тоа што се случува.
    Не можеме ние да ти помогнеме толку-колку што можеш да си помогнеш самата преку искрен разговор со него. Поздрав. ;)
     
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас си станав чудна сама на себе. Повеќе не сакам никого. Ама баш ниеден човек на оваа планета не го сакам, пријателки, дечковци, родители (освен мајка ми) роднини. Како да немам повеќе чувства. Како да сум мртва внатре. Некако ми е смачено од љуѓе и од се. Се ме нервива.
     
  17. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    И јас сум го имала истиот период и истото чувство дека си ја сакам само мајка ми :)

    Ти се насобрало се во последно време?
     
    На irence88 и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  18. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Да си олеснам... значи се ми стагнираше во животов откако се вработив на ова место!!! Не можам да ви опишам колку ми е одбивна работава... Не би сакала во детали да навлегувам ама многу ми е тешко што немам храброст да си одам, а имам добри причини: слаба плата, на пола плата пријавена, :envy: немотивирачка работа. Немам ни колеги да си отидам на кафе до некаде.. а секој ден по осум саати кога ќе го поминеш тука времето, после некако си испразнет и без волја за ништо... Се надевам дека ме разбирате што сакам да си кажам.Сите околу мене ми викаат, ај седи колку тешко се најде и оваа работа, боље таму него дома :@ абе целосна поддршка само за да продолжиш да си го трошиш животот залудно!!!
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Баш се,проблеми на факс со испити. Дома моите не зборуваат меѓу себе. ДОМА Е ЛУДНИЦА. Се нервирам тоа ми ствара негативна енергија. Раскинав со еден дечко, на почетокот не ми беше криво ама сега како поминува времето. М тоа не ми е најголем проблем. Ме нервира татко ми што не зборува ни на мен ни на мајка ми.. Ќе пукнам. И мајка ми ме нервира понекогаш што нема ни грам самопочит :@. Колку испити имам другарките не го сваќаат тоа. А кога сум слободна никаде ги нема. Секој си гледа за свој гз :@
     
  20. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Мислам дека со факсот секогаш почнуваат големите промени во животот. Со своите обврски си фаќаш насока/правец во животот и едноставно си стануваш повеќе свој човек. Треба веќе да ти се појави и желбата за самостојност, а расположението на твоите гледај да не ти влијае толку на твоето.

    Се разминуваат понекогаш луѓето во животот, ете како ти и дечко ти што сте си тргнале по различен пат... Сега кога ќе си почнеш во септември, гледај да си се здружиш со некои колешки од факултет, верувај ми времето со нив е многу попродуктивно. Мене тие денови ми беа најубави баш зошто си најдов три супер колешки и немавме никакви обврски како другарки, а сепак се сакавме баш како другарки. Си пиевме кафе на факултет и дури и си учевме една кај друга :)

    Тие другите, стари „другарки мои“, уште на факултет со дечковците и правец дома, брзо се омажија, брзо се заборавивме. Сакам да ти кажам, да не зависи твојата среќа од понашањето на другите. Ги нема нив, ма баш ти е гајле...Стани си посамоуверена и ако твоите не зборат со тебе, пробај ти со нив да збориш, или бар со мајка ти. Охрабри ја...зошто со текот на времето ние стануваме родители на нашите родители.