1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. westimka313

    westimka313 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    зашто душичке??
     
  2. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Самодоверба имам за се, освен што ми фали самодовербата на љубовен план!! ;( :lol:
     
  3. femtinka

    femtinka Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    epa da bi imala za se, ne bi ti falela vo ljubovniot plan :) i jas se cuvstvuvam slicno kako tebe, ama toa znaci deka treba uste malku da se poraboti za da se kaze imam samodoverba za se :)
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    Копам...и се барам...каде сум?
    А морам да се најдам...самодовербата ќе излези... :?:
     
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Ако немаш самодоверба, едноставно како да не си никој :|
     
  6. RedButterfly

    RedButterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    ех и јас немам самодоверба... воопшто не ми се допаѓа мојот изглед,фацата,телото... сакам да имам по секси тело и да се здебелам малку зашто сум мн слаба.. сите ми викаат убава си не збори глупости, не си слаба таман си и слично но јас не верувам.. кој и да ми вика така не верувам....некогаш сум тажна ради тоа... како да имам самодоверба? :/
     
  7. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Џабе што сите те тешат кога ти си самата свесна колку вредиш. Многу го мразам тоа лицемерие кога пред тебе ти се лигават и те тешат деек совршена си што ти фали ова, она а зад грб превртуваат очи и озбруваат.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Добро бре Срна, толку ли си имаш проблеми со сопствениот изглед, толку ли црно/бело (или си убав или не си) гледаш на работите, па мора сите тука да ги труеш со својот став?
    Да не се сфатиме погрешно, си имаш ти право да си го кажеш своето мислење, за тоа и постојат форуми, ама аман бре девојче како можеш така негативно да гледаш на работите?

    Самата си свесна колку вредиш... - велиш. Та зар човек вреди колку што има килограми, колку што носи број на градник или колку што има обем на струк и колкови?
    Човек вреди според она што го прави за другите и себеси, а не според тоа како изгледа.

    Крај краева, јас луѓето на грди и убави не ги делам.
    Сите можат да бидат убави ако душата им е убава и ако со убаво гледаат на себеси.

    Батерфлај, сите понекогаш си имаме испади на намалена самодоверба.
    Јас еднаш не сакав да излезам од дома зашто косата ми била огромна и не ми била пропорционална со висината :fubar:
    Тоа е нормално, човечки е. Но важно е, кога ќе се погледнеш во огледало да си обрнуваш внимание на сите оние делови од тебе кои ти се допаѓаат. Ајде, признај, сигурно има такви. Сите си имаме нешто на кое сме особено горди :)
    Сликата која другите ја гледаат за нас е истата онаа која ние ја имаме за самите себе. Твоите внатрешни мисли се манифестираат во околината и ако денес си се насмевнеш самата на себе и си речеш КОЛКУ ПРЕКРАСНА НАСМЕВКА ИМАМ, верувај дека кога ќе излезеш на улица со таа насмевка, сигурно некој од страна што ќе те види ќе рече Е ОНАА ДЕВОЈКА ИМА ПРЕКРАСНА НАСМЕВКА!
    Ти сметаш дека не си доволно секси зашто си слаба. Може некоја пополничка девојка па си вика ЕХ, ДА СИ БЕВ СЛАБИЧКА, ВО СЕ‘ ЌЕ МЕ СОБИРАШЕ (карикирам). Биди сигурна дека она што ти го поседуваш сигурно некоја друга девојка го посакува и токму затоа треба да се сакаш себеси онаква каква што си (се разбира треба и да работиш на својот изглед колку што си во можност, но не треба да се обесхрабруваш ако не ја постигнеш онаа слика за себе која си ја замислила).

    Сите сме убави и единствени на свој уникатен начин.
     
  9. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Секако дека треа да се сакаш така каква што си, јас тоа и го реков, џабе е сите да ти викаат дека си супер кога ти ќе се погледнеш о огледало ако не си се допаѓаш џабе ти е се. А и секогаш туѓото мислење нетреба да се зема за релеантно, затоа што не секогаш лугето се спремни да застанат гледајки те во очи и да ти кажат дека тоа што го правиш не е дбро, или тој дел од телото наистина ти е одратен, Бидејки се плашат од нашата реакција која по правило е негатина, без оглед колку сме свесни дека се о право. Затоа се оди по линија на помал отпор и те тапкаат по рамо дека си супер а всушност не го мислат тоа.
     
  10. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Јас имам преголема самодоверба :D А некогаш сум и нарцис што и не е добро тоа :wasntme:
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    Има една книга..мислам дека има поврзаност со самодовербата нешто...Авторот е Луиза Л.Хеј,а насловот на книгата е Како да го излечите својот живот...Професорката по психологија ни читаше некои делови од книгата на час... ;)
     
    На okcenzi и maravillosa им се допаѓа ова.
  12. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Во книгата Лујза Хеј го опошува нејзиниот начин на живот и дава совети како да го подобриме нашиот начин на живот и да бидеме посреќни, не е премногу поврзано со самодовербата иако има многу добри совети кои би користеле, повеќе се зборува за тоа како да имаме посреќен живот зошто Лујза Хел била личност која во детството премногу патела (била силувана од својот очув и на 15 год. избегала од дома) но сепак одкако го победила ракот (без хемотерапија туку со медитација и внимателна исхрана) таа на некој начин ја сватила смислата на животот и тоа го споделува и со нас.
    Сепак оној што има проблем со самодовербата би научил многу и навистина би му користела :)
     
    На simonna.a и elisabeta им се допаѓа ова.
  13. s.r.n.a

    s.r.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    не знам навистина дали немам самодоверба дали сум анксиозна дали сум срамезлива не знам навистина изгледа сум сето тоа заедно.кога бев во средно сколо знаци навистина си имав самодоверба мн не знаев сто е срам бев друствена за себа си стварно мислев дека сум си убава.ННоо во на 19год се омазив си родив едно детенце и така така ми бесе самодовербата сега на 24год си родив уште едно и постојано дома се околу децата нема излегуванје а башка што зивеам во така изолиранко место на крај,мислам дека сум аксиозна зосто некако срцето ми трепери во одреди ситуации рацете ми се стресат нозете гласот почне да ми трепере само мислам кога ке пораснат и се неккао глупости ми идат во мислите.има ли некој слицено како мене ако сака да ми пише мн ми е тешко од сите се изолирав избегнувам да се друзам мн се затворив во себе :(
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    ^Мора да го промениш твојот начин на размислување.
    Зошто беспотребно да се нервираш за хипотетички ситуации од типот што ќе биде по x години?
    За промена почни повеќе да излегуваш и да се дружиш,комуницирај со повеќе луѓе,смени го пристапот или запиши се на некој курс по јазик,јога,се што би ти правело мотивација за понатамошно напредување и нови успеси.
     
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.747
    Мора со некој близок да позборуваш за твојата состојба, со маж ти на пример. Почни почесто да излегуваш, стреми се работа да најдеш што поскоро, децата ако нема кој да ги чува може и во градинка да ги запишете. Закажи си преглед кај психолог (ако живееш во околината на Скопје, ги има по државините поликлиники, а за другите градови незнам), ќе ти помогне да сфатиш многу работи (јас пред две години бев на таков преглед и навистина ми ги отвори очите самиот разговор). Обнови ги врските со другарките од порано (тие што вредат да се обноват), почни да се дружиш со други млади мајки, со сопругот излегувајте сами барем еднаш месечно... Треба да го најдеш коренот на проблемот за да можеш да разбереш од кај ти е сиот овој страв и неувереност, само потоа ќе можеш да продолжиш понатаму. Што и да се решиш да правиш, почни побрзо, бидејќи со време уште повеќе ќе бидеш збунета и изгубена. Ти посакувам се најдобро!
     
  16. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Самодовербата ми е на високо ниво. Самодовербата значи една личност да се цени себеси. Јас се сакам, почитувам и ценам себеси. Знам дека вредам, без разлика не тие несовршеноси што ги имам. Секој човек има некои несовршености. Не сум нарцис. Далеку од тоа. Ако човек не се сака себеси не може ништо во животот да успее. Како велат, ако ти самиот не се сакаш, зошто да очекуваш другите да те сакаат? :)
     
    На makedonkamak и BV87 им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.935
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    Деновиве воопшто немам самодоверба.Се трудам да променам,но некако тешко ми оди..
     
  18. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    20.769
    Имам оооооогромна самодоверба. Од каде ми извира само?
    Си се сакам многу,се чувствувам феноменално,зрачам,задоволна сум од себе,знам колку вредам,свесна сум за некои мои несовршености ама тие воопшто не дозволувам да влијаат на мојата самодоверба. Не се сметам себеси за најубава на светот,ама свесна сум дека можам да и парирам на најубавата :lol: :rofl: :lol: Се шалам,не сум нарцисоидна.
    Ама се сакам себеси најмногу на свет и многу верувам во себе.


    Откако прочитав што сум напишала,сфатив дека во мене постои скриена нарцисоидност.... ццццц
    ......се додека не ги замарам другите со тоа,не е страшно
     
  19. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Огромната самодоврба е проблем исто како и недостатокот на самодоврба ;)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Затоа јас велам: Постои тенка граница меѓу самодовербата и самобендисаноста.

    Самодовербата не е чувство на убеденост дека поседувате пакет способности во суперлатив - дека сте најдобри, најубави, најуспешни, најсовршени, највредни... Тоа е нарцисоидност.
    Јас на самодовербата гледам како верување во сопствените можности и способности. За мене самодовербата значи да ги разграничите нештата за кои се добри, од оние за кои не сте. А потоа да работите на првите и да верувате во себе и своите потенцијали. Пример, ако знам дека имам дарба за нешто, гледам да ја искористам, да се надоградам и верувам во способноста што ја поседувам.

    Ама ако знам дека не ме бива за скијање, значи треба да се качам на скии и да се пуштам по стазата на Шапка за да докажам колку самодоверба имам? Од таквата самодоверба можам само глава да искршам и ништо повеќе.
     
    На mimiiiii, Someonespecial, Mama25 и 6 други им се допаѓа ова.