1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    leeelel, aj објасни ни подетално, аа се фрлила од црната зграда, од 5ти, ама имало ли некој со неа ? Викаат дека не била дома, ако не била дома, кој бил со неа додека го напраила тоа. ? .. :^) :x :worried: https://www.facebook.com/aleksandra.kolarik?fref=ts ова и е профилот, се глеа дека се дрогира :x ...
     
  2. Ane.a

    Ane.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Баш добро објаснување даде Лилит на ова, дека депресијата не е моментална состојба туку е болест би рекла дури пострашна и од најстрашните физички (тумор, рак,итн ) кај кои со лекови,операции можеби и има можмост за излекување, но депресијата е најстрашното нешто, не е до тоа дали мислиш позитивно или негативно на животот, туку тие хемиски процеси во мозокот те тераат на такво размислување,а кои не се во наша моќ ,те прават жив мртовец, човек без емоции,радост. Незнам дали навремено согледување на состојбата и посета на психијатар и зимање на медикаменти би спречила понатамошно влошување,ама знам дека најдобар медикамент е да имаш пријател покрај себе кој нема само да те потапша по рамото и да ти каже минливо е ќе се среди, еден е животот мисли позитивно(најупотребувана фраза) туку ќе ти биде бескрајна поддршка во борбата ,ова е тоа на што мислам https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater можеби за нас тој беше оној што секогаш не засмеваше , но никој не ја виде тагата во неговите очи, а со сиот тој хумор, тој само си ја заскриваше болката и тагата, како што знам да кажам јас, ОНОЈ ШТО НАЈГЛАСНО СЕ СМЕЕ, НАЈМНОГУ ПАТИ ВО ТИШИНА, значи при контактот со луѓето не е најбитна вербалната комуникација , туку читајте што му зборуваат очите,така можеби и ќе спасите нечиј живот.
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Не видов на профилот дека се дрогира ,да бидеме јасни
    За некој што не го знам неможам да коментирам...
    А од каде знаете дека не била болна? Девојче во пубертет,паметот и лета,можеби била понижувана,исмејувана,тепана поради некоја причина...па посегнала по животот
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Добро е да се прочита
    http://proverkanafakti.mk/kako-ne-treba ... i-primeri/


    И јас незнам кај видоа на профилот дека се дрогира. Па и јас имам таква намутрена фацка на профил а ретко и алкохол да пијам.

    Одма значи да се вадат муабети ц ц ц ц ех што нација ке бевме
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    205
    Ми се случило некогаш да помислам ех зошто постоам кога ќе се скарам со мајка ми. Но потоа ќе помислам дека животот е еден. Секој има тешки моменти па дури и периоди каде љубовта кон животот и живеењето ни е многу мала но самоубиството никогаш не го оправдувам. Никој не знае што се го очеква утре. Една моја познаничка се обиде со пиење на големо количество на апчиња но сеуште живее. Фала Богу сега е добро.
     
    На elka.timova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    Не, не ме сфаќајте погрешно, не реков декаа изгледот и е доказ дека се дрогираа, онака кажав дека може да се потврди и од тоа..
     
  7. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    ОФФФ не реков дека од профилот видоов-.- смири живци, онака реков, не ме сфаќајте погрешно, само го објавив профилоот а не реков дека од таму знам-.- Само муабети да се ваделоо ццц :x
     
  8. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Зад секое самоубиство постојат различни мотиви за негово извршување. Но во глобала мислам дека се’ се сведува на фактот дека личноста што се самоубива нема волја за живот, исполнета со мисли дека никој не ја сака, дека сите ја исмеваат, дека е одбивна. Или пак потрагично е кога го одземаат својот живот кога ќе се скараат со некој или пак ќе изгубат некоја блиска на нив личност. Значи да не ја вметнуваме овде депресијата, која нема никаква поврзаност со ова. Самоубиството не е слабост туку е момент на слабост. Е токму во тој момент на личноста која помислува на тоа и’ требаат утешни зборови кои ќе ја премислат и ќе ја наведат да размислува позитивно. Но, не секогаш можеме да присуствуваме во тој момент. Затоа секогаш треба да шириме позитивна енергија и мисли. Можеби малку забегав од темава со постов, но за ова навистина има многу, многу да се каже.
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ја следам дискусијата за депресијата и знам и верувам дека ќе бидам нападната за својот став, но сепак ќе си го изложам.

    Во мојава логика никако не можам да сфатам како таа депресија претставува болест (значи ова не го пишувам за да се спротиставам на нечие мислење)?
    Дека таа треба да се лечи со медикаменти и ред други нешта, но во својата суштина (според мене), таа е нешто многу повеќе. Не е депресијата болка на телото и душата, таа е болест на духот. Телото и душата можат да се лечат со лекарства, ама духот не. Зошто? Бидејќи не можам да сфатам како ред личности и со медикаменти и со други видови на медицинска помош (како психијатриски установи и сл.) не можат во потполност да делуваат на таа болест. Бидејќи ако е така, таа по правило би требало да се излечи слично како болката на главата или болката на забите или која и да било друг вид на болка...
    Ова сум го размислувала доста долго. Сфатив, дека не би можела (според мене) да ја класифицирам во редот на болести, ама од типот на оние кои се лекуваат од страна на медицината (зборувам за онаа депресија која е причинител на самоубиство). Бидејќи некако ми се коси со реалноста и за еден човек да помине преку депресија во најголемиот процент на случаите се случува нешто уште почудно. Лекот е разговорот и искреното пријателство или искрено подадената рака за што и да било во прашање и каков и да бил проблемот.
    Мислам дека тука станува збор за нешто понежно и нешто подлабоко отколку што можеме да претпоставиме, но сепак самоубиството не е решение на проблемите и лек за депресијата.
     
    На stylishh и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Без разлика дали некој кој пати од клиничка депресија има суицидни мисли или не, болеста е иста. И болест е исто како и шеќерна болест, кога пациентот има проблем со инсулин. Овој пат станува збор за рецепторот серотонин. Исто е физички составен дел од нашето тело колку и бели крвни зрнца и секој најмал дел од нас како физички тела. Не е болка како болка од нерв, туку е болест како рак. И од едното и од другото се лекува народ, и некој се избори, некој не, некој живее во страв дека ќе се врати.

    Мене не ми е јасна разликата со душа и дух, и како го гледаш тоа, но јас лично не сум верник, и да ми се објасни, сепак не би го прифатила тоа како одговор. Мене хемијата ми прави смисла.

    Подадена рака и искреното пријателство се и те како важен дел во борбата против оваа болест, но никогаш сами по себе не се доволно. Многу пати луѓето се обраќаат со `проблем` за решавање, и затоа постои толку неразбирање кон депресираниот. Да, многу фактори и сценарија со стрес, нервоза, траума, можат да влијаат од страна да доведат човек во таква состојба. Во депресијата нема конкретен проблем, и рачка, па реши го и се е розево. Депресијата Е проблемот.
     
    На Dentina и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  11. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Уф ај вака да почнам некако. Пред точно 9 години почина татко ми кој го сакав повеке од се, после цела една година ми почина другарка која користеше дрога. После тоа почна да се случува нешто страшно со мене, почнав да се плашам да излагам сама, мислев дека и јас ке умрам и слично, од кога сите тие симптоми се смирија, ме нападнаа мисли како да несакам веке да живеам, или што ке ми е мене животот, а во друг момент па да не се повредам сама а да не сум свесна за тоа. По неко време отидов и побарав помош од психијатар, кога веке се утврди дека немам друга физичка болест. Одев пиев асентра и дијазепам скоро 6 месеци и одев на психотерапев и бидејки бев добра докторот ми ги откажа лековите. После тоа се омажив родив керка која сега има 6 годинки и се беше добро. Пред две години се разведов, почна нови нервози, сопругот сакаше да ми го земе детето, дури на судиката кажа дека сум се лечела од анксиозно-депресивно растројство, но и покрај тоа не успеа да ја земе. Го прифатив лесно разводот бидејки имав другарка која беше дење ноке со мене и во никој случај не ми даде да се затворам дома, но што се случи пред една година почина од срцев удар на 30 години, умре пред мене во мој раце. Еве од тогаш па се до денес јас пак имам панични напади, кој понекогаш се проследени со црни мисли и депресија. Некогаш си викам ке се повредам ке се убијам, но во друг момент викам ке се борам ке успеам имам дете. Колку пати само помислував да не полудам и не свесно да си го повредам детето, но во друг момент викам како е можно да се изгубам и да направам такво нешто тоа не е можно јас неа ја сакам тоа се само мисли. Мислите ми ја уништуваат душата. Кога ке ми дојдат такви мисли одма гледам да земам да читам нешто, или ке седнам на нет само да ги игнорирам, секоја нок се молам на господ да ми даде сила да го пребродам ова. Утре решив да одам пак на психијатар, ке пробам прво со разговор, па ако не бива ке пијам пак терапија. Сега пијам магнезиум, гледам да се хранам здраво, излагам и ако некогаш ме напага голема паника дека нешто ке ми биде. Животот е убав, за секој проблем има решение. А јас се надевам дека набрзо ке излезам од ова. Може бев оф топик но фала на тие што ке ме прочитаат и ке ми дадат некој совет и подршка. :*
     
    На Viki693, eliesaab и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Ајде Натее знам дека можеш да го победиш ова , ти си борец ! Од срце ти посакувам што побрзо да ја осетиш среќата која ја заслужуваш. Имаш моја подршка ! :*
     
    На mal.ecka, eliesaab и natemila им се допаѓа ова.
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Драга Нате, тебе навистина не те поштедил животот туку напротив, ти приредил еден куп лоши изненадувања. Но, тоа никако не е причина за да запреш.
    Како што велиш и сама, имаш ќеркичка..Ете, таа нека ти биде најсветлата точка во твојот живот за која вреди да се бориш. :) А, тогаш кога ќе се почувствуваш осамено и сфатиш дека нема никој до тебе погледни кон својата ќеркичка и мисли на деновите кога ќе и бидеш најмногу потребна, па и таа на тебе!
    Размисли како би и било неа да нема мајка и да мора сама да се бори против светот како што си морала ти кога починал татко ти.
    Затоа мораш да се вооружаш со позитивни мисли, едноставно мораш!

    Башка не ти е потребен сопруг кој не те разбира. Би ти бил само терет... Така да уверена сум дека можеш да ја одгледуваш и сама малата, и сигурна сум дека и сама добро ќе се снајдеш во задачата како самохран родител.
    На крај краева не си ниту прва ни последна..Помисли на тоа како на некои девојки им е тоа личен избор во животот, а не проблем. Бидејќи знаеш и сама дека нема ништо поубаво од тоа еден ден да бидеш горда со тоа што ќе сфатиш дека си успеала да ја насочиш на подобар пат од оној по кој си минувала ти.

    Значи сега кога имаш вистинска причина за живот, не ја отфрлај!
    И не заборавај сето ова погоре што ти го пишав, да го направиш првенствено ради себе а не ради другите!
    Така да фокусирај се на своите животни цели и достигнувања. Не, не зборувам за оние на материјален план. Бидејќи сите денес сме свесни колку е тоа (не)возможно за остварување. Туку зборувам за надоградување на својот личен идентитет.
    Еве, почни да читаш книги за поечток, ако послабо си читала до сега, почни да гледаш серии на нет, зафати се со некоја креативна работа дома кога имаш време, медитирај, трчај наутро ..
    Еве и сама велиш дека си почнала да се храниш здраво што е одлично и за пофалба...Па да видиш како наеднаш животот ќе почне да ти се менува за 360 степени. Нема да бидеш ни сама свесна кога тоа ќе се случи, и на крај ти стане рутина. ;)

    Патем, психијатарот нема да ти помогне ако сама не преземеш иницијатива! Знам дека можеби звучам сурово па многумина овде може да ме осудат, ама тоа е жалната вистина.
    Ова го велам од причина што психолозите и психијатрите можат само да ти дадат насока, односно да ти го отворат патот. Но, ако ти не го зедеш сонцето в рака и не извлечеш макар еден зрак од него, џабе ти е сета нивна помош кога ти ќе чекориш напразно.
    Значи, мора да сфатиш дека ти си онаа која треба да владее со психата, а не обратно.

    И, да бидеме искрени...Сите понекогаш сме ставени во искушенија, и сешто треба да се сетиме е дека ние сме креатори! Дојдени сме со чин на создавање, и имаме мисија да создаваме исто толку, и да бидеме силни, дури и тогаш кога ќе напуштат старите вредности, родители, пријатели...
    Бидејќи овде ништо не запира! Особено не, само затоа што ти или некој друг одлучил да го пресече ланецот. Секогаш имај го ова на ум! Исто така имај на ум и дека никој не би тагувал толку колку ти самата ако добиеш прилика ретроспективно да прелеташ низ животот за последен пат и да ги увидиш грешките, а да знаеш дека си можела сто пати подобро.
    Знам дека звучи смешно, ама ако ти е подобро насмеј се, но запомни дека можеш и секогаш има излез! Затоа немој гласовите во твојата глава да дозволиш да те надвладеат кажувајќи ти поинаку. Посилна си од нив и точка.
    Ти вредиш и ќе остане така се до крајот. Но, дотогаш силно стисни заби и пркосувај му на животот колку множеш повеќе, бидејќи тој и онака сам по себе е доволно апсурден и тежок. ;)
    Меѓудругото се извинувам за предолгиот пост, ама ете така ме потресе животната приказна и не можев да останам рамнодушна..
    Поздрав и ти посакувам успешна борба. :hai:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.035
    Пол:
    Женски
    Самоубиство. Тема на која размислувам од мојата десетта година. Западнав уште тогаш во депресија, ја ставав раката на носот обидувајќи да се задушам самата себеси. Безуспешно. Никогаш не се вистински исеков на рацете, или било каде поради стравот од крв, но затоа постојат и други начини. Дури еднаш се обидов и да се удавам во кадата... Да... Би помислиле која е причината која ме направи волку депресивна уште од најмала возраст. Од каде да почнам?
    Распаднато семејство. Секојдневни кавги кои наместо да ги решат одредени личности, го шират проблемот, го бараат во сите, освен во себеси. Никогаш не сфатив зошто? Кои се тие проблеми? Се` што гледам јас е измислување, фалширање, а такви работи не поднесувам.
    Растроена сестра. Моите заштеди секогаш ги зема, мојот телефон го позајмува затоа што својот кредит го потрошила, мојата облека ја зема каде и да оди, иако има четири пати повеќе облека од мене. Никогаш од неа не добив ниту едно единствено "благодарам". Никогаш.
    Осменост. Во училиште секогаш ме презираа бидејќи сум ниска, чудна, со различни сфаќања од останатите. Имав сништа да бидам психилог или слично. Се растурија тие сништа. Никој не верува во мене. Мислат дека имам совршен живот затоа што сакам сама да одлучувам за себеси и мразам туѓи влијанија. Но не е така. Немав никој да ме подржува во животот, никогаш, ни сега. На секоја моја идеја добивав исмејување...
    Мајка која сака се` да е совршено. Не и` е гајле како јас се чувствувам. Не се интересира за бурата во мене. Сака само да одам на местата каде што треба, како црква, свадбени адети, крштевки и други глупости. Да, за мене се глупости. Не верувам во бог и христијански адети. Тој што верува и ги почитува нека оди, јас не. Не може да го смени начинот на кој размислувам и го гледам животот.
    Всушност, веќе не го ни гледам... Гледам само дупка. Можеби не баш денес, но еден ден ќе ме снема. По моја желба. Не можам да дозволам секој ден се` повеќе и повеќе да се мачам. Не можам...
     
  15. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Никогаш немам размислувано на оваа тема ..
    не сакам да помислувам на такво нешто :)
     
  16. JustLoveHim

    JustLoveHim Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Никогаш не сум размислувала за такво нешто...За мене луге што го прават ова се со слаб карактер и немаат храброст да се соочат со своите проблеми :tmi: ...И мислам дека на тие луге им треба подршка...Најголем грев е да си го одземеш животот...Создаден си за да живееш до кога ти е одредено секако дека ќе имаш и проблеми некогаш поголеми некогаш помали но треба да се соочиме со фактот дека не е се така розево во животот... :!: :?:
     
    На Twinkles и 4rever.unique им се допаѓа ова.
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Тие што не го оправдуваат самоубиството не знаат колку болка човек може да истрпи.Без разлика дали таа болка е предизвикана од другите или од самиот себе.
     
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Јас, пак, не можам да ти ја сфатам логиката. :?:

    Депресијата и по дефиниција спаѓа во душевни болести, болест на душата. Она „телото и духот“ е несврзливо или јас не ти го разбирам.
    Како и да е, има илјадници болести на човечкото тело кои може да доведат до смрт без да причинат болка. Најголем дел од нив се лечат на клиника за душевни болести. Шизофренија на пример, не се лечи, ама пациентот се одржува во реалноста со помош на апчиња. Амнезија, се лечи со апчиња. Илјадници фобии и пореметувања на умот кои не причинуваат болка, но се третираат со апчиња, за контрола на умот, да го држат свесен и присутен во реалноста за да не повреди некој друг или себе.

    Еве повели, едно делче од забавата. Википедија, категорија за ментални пореметувања. Фаворит ми е Аутофагија, иако има и други бајаги интересни. :rofl:
     
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    natemila, ако имаш време пробај да се занимаваш со некој спорт. Запиши се на аеробик или пилатес, од другарка го знам муабетот дека помагало да си физички активен, не знам колку е навистина точно но нејзе и помогна кога пребродуваше поголема психичка криза.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.704
    Допаѓања:
    72.598
    Пол:
    Женски
    незнам дали убаво го прочита мојот коментар, девојчето учеше со сестра ми 8 години, многу добри другарки беа во основно, дури она спиеше кај нас дома. Почнаа прва година на различни места и малце се одвоија... она тргна по лош пат со лошо друштво. Јас матура кога славев кога си одевме од дискотека во 5 саат ја видов во жена парк издрогирана и ми бараше цигара... а замисли тогаш беше прва година. Поминаа 4 години сестра ми заврши оваа година средно, а она повторуваше два пати втора година... :/ Пред 8,9 месеци беше кај нас по незнам колку време и девојчето фино лепо и побара на сестра ми ножици (да отвори нешто) и се дрогираше во веце... она беше зависна веќе. Беше на лечење ама не успеа... продолжи пак со дрогата. Пред два месеци ја бараше сестра ми да ја види ама сестра ми некако уплашена беше од неа. А не сакаше да и помогне затоа што и родителите не можеа да и помогнат а не па некој друг...
    и незз дали видовте но последната слика и е од септември 2013 год... скоро година немаше ставено слика нова... не знаете како лошо изгледаше девојчето, слабо, со подочњаци..... греота но тоа е.. :(
    а за самоубиството изглагаат секакви приказни била под дејство на дрога, или била во криза, била многу должна со пари... ама никогаш нема да се знае како што било точно.