1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам осамено

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija19, 28 јануари 2010.

  1. iren4e-baby

    iren4e-baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Се чувствувам премногу осамено.Во класот сите ме игнорираат, зборуваат секако за мене, ме навредуваат, а јас што и да кажам тие се прават како да не ме слушаат. :( без пријатели сум ;( ПЛАЧАМ кога ги гледам сите насмеани со пријатели се шетаат прават се и сешто, а јас тотално осамена. Немам дечко чувствувам дека никој не сака да биде со мене ;( во кое друштво да пристапам сите ме игнорираат...нема со кој да излезам... :( Што да правам ШТО??? иако не е добро објаснето се чувствувам премногу глупаво, плачам дури го пишам ова..ама не се издржува повеќе ;( ;( Ве молам дајте некој совет!!
     
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    Осамена..има моменти кај мене да..во последно време пола осамена пола не..
    Имам семејство кое ме сака премногу,брачеди ова она,другарки имам..ама пак...нешто ко празно да имам во мене :?:
    како една темнина во тунел чиј излез е некаде подалеку,чија светлина едвај се гледа..така нешто
    сега не сум нешто поетиште да опишам кој знае како...ама што знам некако чудно ми е
    дали дека доцна ме фати пубертетот
    или можеби друг е одговорот? :^)
    Како Хамлет сум Да се биде или не? :D
     
  3. cleocleo

    cleocleo Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Само што се регистрирав! Налетав на сајтов во момент на осаменост. Фала му на господ што имало и други како мене. Не дека е за утеха, но подобро ми е кога знам дека не сум сама во осаменоста :) . Добро, сите што сме во слична ситуација, може да пиеме кафе заедно во град наместо да очајуваме на форумов. Поздрав!
     
  4. dust.in.the.wind

    dust.in.the.wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Ако сакате да се запознаеме пишете пп машко сум иначе :)
     
  5. smforbidden

    smforbidden Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Исто така и јас се борам со овој проблем. Можам да кажам дека е една од најтешките работи што можат да се случат во животот...
     
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Иринче, а зошто е тоа така? Зошто те игнорираат, навредуваат и зборуваат лошо за тебе? Си направила ли нешто, си се карала ли?
     
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Ве прочитав повеќето феминки и јас мислам да си направиме еден клуб Lonely souls да се вика и да работи 24/7. И сите да си се собериме и заедно да си самуваме :D
    Шала на страна луѓе.. вака се чувствувам можеби речиси целиот мој живот. Што ако сум постојано низ луѓе, излегувам шетам се дружам.. имам прекрасно семејство кое ме сака и ме поддржува и никогаш не ми недостигала љубов од нивна страна, јас сепак секој ден сум се по осамена и по осамена.
    Се плашам многу.. постојано живеам во страв и некое чувство во градите кое ме гуши, дека ќе останам сама.. дека полека и другарките ќе ме напуштат ете речиси сите си фатија дечковци, се плашам дека ќе останам сама и никогаш нема да најдам некој кој ќе биде покрај мене без разлика на се.
    Доаѓа време сите заминуваат по свој пат, веќе и тие што се сега тука еден ден нема да ги има.. сите ќе си ги гледаат своите животи. Се плашам дека нема да пронајдам некој кој ќе ме сака.. дека нема да пронајдам моја сродна душа. Дека можеби ми е судено да умрам сама.. ете постојат и такви луѓе сум запознала многу и можеби и јас ќе бидам една од нив :(
    Никој не знае за ова не сум кажала на никој да не си помислат дека полудвам дека не сум нормална, се правам дека ништо не ми е.. дека мие само период.. а уствари вака се чувствувам секогаш.
    Мислам дека дури и полудувам од оваа моја депресија, самотија.. Сите ми викаат млада си излегувај забавувај се, ете излегувам ама нема фајде.. Ги гледам сите околу мене весели, ми збораат се обидуваат да ме расположат, јас само се смеам онака површно а внатре во мене има пустош.
    И луѓето што ако се околу мене кога јас гледам само празнина насекаде.
    Премногу се плашам.. не знам што да правам повеќе. Сум се разочарала многу пати од луѓето, ми завртиле грб многу пати и сум им простила само со цел да не останам сама..
    До кога вака не знам, веќе не можам да издржам. Не знам што да правам.. ништо не ми помага, чувствувам како никој да не ме разбира кога зборувам.. како никој да не ме слуша..
    Не знам што да правам, низ главата ми поминуваат секакви мисли, почнувам да стравувам за себе. :(
     
  8. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    И јас имам другарки ама се чувствувам осамено..
     
  9. DELFIN-15

    DELFIN-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки

    Се е во ред со тебе, потполно си нормална, ништо не ти недостасува, туку само си пречувствителна личност, која лесно може да биде повредена, затоа што на некои обични, секојдневни нешта им придаваш преголемо значење, ги сфаќаш пресериозно и тоа те доведува во ситуација да се однесуваш многу строго и кон самата себе и кон другите. Ваквите доживувања и размислувања не се невообичаени за младите на твоја возраст и со самото созревање успешно се надминуваат. Едноставно обиди се да гледаш порелаксирано на животот(во стилот што сака нека биде), дозволи си понекогаш да згрешиш и да не се обвинуваш за тоа и не очекувај другите секогаш да те разберат и прифатат. Ти посакувам многу среќа :)
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AgirlA

    AgirlA Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Дали има некоја како мене со ваков проблем без другари и да нема со кого да излегува и да се дружи, од Битола? Можиме да се запознаеме, да се дружиме, да излезиме на кафе, барајте и на интернет другари од вашиот град, можеби ќе се запознаете со некој што никогаш не сте сретнале, и од други градови секако, кој сака, можеме да разговараме, слободно, тука сум да помогнам и да ми се помогне, поздрав и се најдобро, само добро и позитивно на сите овде, пријатен ден.
     
  11. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Здраво дечки, од оваа година ќе одам на факултет во друг град меѓутоа ќе бидам сосема сама, никој од тие што се дружам нема да се запише во тој град и така немам ниту со кој да престојувам во стан, ниту со кој да одам 1 ден на факултет значи ќе бидам тотално сама и ми е многу многу страв. Епа сега сакав да ве прашам вас што имате искуство со студенските денови дали на факултет ќе можам лесно да се здружам, бидејќи јас не сум толку опуштена девојка, повлечена сум па се мислам дека нема да можам да се снајдам и дека ќе останам сама.
     
  12. AgirlA

    AgirlA Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    НЕМА да останеш сама, ќе ти биде уште подобро, од почетокот нема да се знаете никој со никој и ќе ти биде полесно да се здружиш. да се запознаеш, искористи го тоа, како да си сосема нова личност никој не знае каква си, дали се срамиш, не мора да си многу опуштена или отворена, едноставно немој да се плашиш, и дозволи си самата на себе си да стекнеш ново пријателство, на факултет има многу луѓе од различни градови, секакви, посиромашни, побогати, едноставни, имам различни и секакви, убав е почетокот, уживај и само напред, со среќа и се најдобро, поздрав.
     
  13. iren4e-baby

    iren4e-baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Не сум се скарала со никој од нив до сега, не сум опуштена девојка да зборувам се што ке ми дојде на памет едноставно повлечена сум :| јас ни самата незнам зошто е тоа така, како да ширам некоја негативна енергија.Незнам во што е проблемот,незнам во што треба да се сменам стварно :|
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Осамено се осеќам кога ќе сфатам дека се во денешно време е од инетрес, едноставно нема на кого да верувате.
     
    На makedonkamak, eliesaab и Srckata28 им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се чувствувам осамено кога ќе ме изневери некој од најблиските, на кои најмногу им верувам, и во кои имам најмногу доверба во овој свет.

    Некако се разочарувам, и баш се чувствувам осамено, оставена сама на себе... Сфаќаш дека на крајот на краиштата, сепак си сам, и не можеш да рачунаш на никого.

    Секогаш си се тешам: очекувај го неочекуваното, и слични фори, но сепак боли кога некој за кого би ставил рака во оган, ќе те предаде.

    И сфаќам дека многу блиски се злобни. Злобни поради својата љубомора, мизерност, искомплексираност. И секој друг им е крив, а самите не знаат ни со прст да помрднат за да си го подобрат животот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. g.i.r.l.y

    g.i.r.l.y Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    И јас некогаш се чувствував осамено затоа што досега имам претрпено најразлични промени. Друштвото целосно го сменив, затоа што морав и тогаш често бев осамена. :!: Ама за ништо што ми се случи не жалам затоа што сега имам супер другари. Сите имаат свој поглед на нештата ама сите си се почитуваат меѓу себе и во 5 од нив сум сигурна дека нема да ми забијат нож во грб. А тие што се сметаат дека се дојдени од повисока, супериорна класа се веднаш отфрлени. :)
    Сакам да ви кажам да не се грижите ако се чувствувате осамени. Навикнете се да поминете и малку повеќе време во ваква состојба. А ако вашите пријатели ве предадат, тој ви е најсигурен знак дека треба да видите на кој му се доверувате ;)
     
  17. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    И јас се чуствувам осамено... и тоа многу, немам многу другарки па затоа не излегувам често...Постојано мислам на совршенство за да не се чуствувам ептен осамена, но сепак кога ќе размислам како си го миинуваат времето другите а како јас... стално се нервирам заради тоа и си ја барам грешката во себе и се трудам да го сменам тоа што мислам дека им пречи на другите кај мене но...ете павторно се си е исто веќе подолго време....навистина незнам што повеќе да направам за да најдам добро друштво
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Како прво, можеш да престојуваш во студентски дом. Ќе ти доделат цимерки, нема да се секираш да најдеш некој, ќе си се шеташ со цимерките, покрај нив ќе запознаеш и други луѓе, па со комшии ќе се здружите итн итн. Инаку, со вакви непознати луѓе за цимери, повеќе можеш да си погодиш, од лично искуство, а и многу луѓе ми кажувале.
    Второ, првиот ден на факултет (сега завршувам прва година), и јас како тебе се туфкав, па како ќе биде, па никој не знам. И искрено баш гајле ми беше, ич не се секирав. Си поставив за цел дека треба да го најдам тој амфитеатарот каде ќе не соберат на првиот академски час, ќе си седнам, ќе слушам што ќе кажат и готово. Сестра ми ме испрати до пола пат и натаму си отидов сама и таман кога собирав сили да влезам гледам една школска и едно друго девојче со кое се знаевме, ама едвај и на здраво бевме и испадна да ми биде колешка.
    Иако отидов што се вика, на непозната територија, неподготвена :lol: си најдов какво такво друштво уште од првиот ден и за вториот веќе бев спремна.
    Може ќе ти се најде некоја колешка во студентскиот, па заедно ќе си одите на факултет, што е супер.
    Верувај, кога отидат на факултет повеќето се изгубени како тебе и си мислат дека ќе немаат друштво. Ќе најдеш некој. Секој уствари се радува кога види некој познат или од ист град. Или запознај се со некое девојче ако го видиш дека си седи само. Ќе прашаш а каде ова, а каде она и ќе тргне муабет. :)
    Немој да мислиш дека јас сум нешто многу опуштена. Срамежлива сум и повлечена, ама ете, не се грижев премногу, не очекував и се си дојде на свое место. ;)
    Среќно :)
     
  19. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    И јас се чувствувам многу осамено. Секој ден се повеќе и повеќе. "Другарките" коишто ги имав во средно сакам да ги избришам целосно од својот живот затоа што се дружеа со мене само од корист бидејки јас бев одлична ученичка за да препишуваат на тестовите од мене. Завршив средно и сега ретко комуницирам со нив но проблемот е како да најдам вистински другарки. :( Во денешно време тоа е невозможно.
    Покрај тоа немам ни дечко и тука имам проблем како да најдам некој кој ќе ме сака и почитува а покрај тоа и да ми се допаѓа. Навистина имам голема потреба да најдам личност на која ќе можам да се доверам бидејќи вака сум секој ден се поосамена и се плашам дека ќе ме совлада депресијата.
     
  20. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Јас бев во депρесија, едвај едвај се спасив, што е најтρагично ниκој не ми помогна да ја надминам, дуρи ни семејството од κое очеκував, но тие само ми пρефρлуваа κаκва сум била, деκа сум била намќоρ, ваκва таκва. Да напоменам деκа постојано се онесвестував на училиште и на κρај доκтоρите κонстатиρаа деκа се ми е на психолошκа база. Сама на себе си помогнав, потполно сама. Но сега, во последно вρеме се чувствувам толκу осамено што се плашам повтоρно да не западнам во депρесија. Исто κаκо тебе Paolita, бидејκи пρочитав деκа сега ќе бидеш на фаκултет биди сигуρна деκа ќе си најдеш неκоја пρијателκа, и една неκа се само вρедна! А дотогаш во мислите неκаде теши се со мене и повтоρи си во себе: "Ее и оваа Фоρевеρ, една девојκа κоја неκаде си живее во моментов се чувствува κаκо мене, значи не сум сама на светов што сум во ваκва состојба!" И κога ќе ги затвоρаш очите помисли κолκу ли е светот голем и убав, можам да го пρегρнам со двете ρаце, замисли си го сρодниот човеκ κој сепаκ постои неκаде на земјата, неκаде меѓу сонот и јавето неκа ти дојде тој пρинц на бел κоњ κој и јас ќе го сонувам пρед да легнам, вечеρва... Замисли го таκов κаκов што го посаκуваш и веρувај ќе го најдеш, веρувај во себе повтоρи си ја ρеченицава κоја си ја повтоρувам сеκогаш пρед да излезам: "И на κρајот од светот да си ќе те најдам сρодна душо!" Да не изигρавам поет со чувствава наши, од сесρце ти посаκувам сρеќа во животот бидејκи заслужува да биде сρеќна таκва κаκо тебе! :)
     
    На Miss.M5, DELFIN-15 и Paolita им се допаѓа ова.