1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам осамено

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija19, 28 јануари 2010.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Paolita - све во животот е променливо и минливо, не знаеш кога ќе сретнеш некој кој ќе ти биде интересен и занимлив, било пријателка или дечко.
    Да те посоветувам вака, најарно најди си некои пријателки колку да има со кого да излегуваш во град, да одиш на кафе. Па така кога шеташ ќе запознаваш и други луѓе па може и дечко. Не се преоптеретувај да најдиш вистински другарки верни и не знам што, тоа го нема. Сега времето дојде такво што секој за себе си гледа. Затоа и ти гледај си за тебе, најди некои дружи се, смеј се, уживај и потполнувај си го времето. Па може и ќе се зближиш со некоја повеќе за да имаш на кого да раскажуваш за себе.
    Ако почниш сега со факулет животот ќе ти се смени скрос. Ќе запознаеш многу нови колеги колешки, забави, журки ехеее, тек сега ти почнува тебе најинтересниот период од животот. Само опуштисе и уживај. Коцките сами ќе се поклопат.

    4rever.unique - па ти си веќе весел оптимист :*
     
    На Paolita му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Elissa и 4rever.unique ви благодарам на советите . Навистина ми значи вашата поддршка.
     
    На DELFIN-15 и 4rever.unique им се допаѓа ова.
  3. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Најлошо е кога си опкружен со многу луѓе а сепак се чувствуваш осамено.. ;( Кога на никој не му е гајле за тебе и за твои чувства.. кога секој си гледа за себе а ти исто како да не постоиш...
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Епа кога знаеш дека на никого не му е гајле за тебе промени нешто.
    Најди си некоја занимација , спорт, хоби со самото тоа ќе запознаеш многу луѓе.Не дремете по цел ден на компјутер кукајки.
    И не верувам дека никому не му е гајле за тебе, ако барем некому му е гајле, тоа се твоите блиски(мама,тато,бато.дада,баба,дедо,и многуууууууууу други).Самите си ги барате проблемите каде што ги нема.
     
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Е па немај гајле не си ти само во ваква позиција. Колку пати сите сме се чувствувале така, и мене ми се случува да добијам такво чувство и покрај премногуте пријатели што ги имам. Ама не им се лутам за тоа оти секој си ја гледа својата работа, порано им замерував сега веќе не. Ако се почуствувам така одма се пуштам во некоја активност одам вежбам, трчам, се договарам за на кафе излегувам навечер, се јавувам на пријатели кои одамна не сум ги видела и така заборавам на тоа дали некој мисли за мене или не.А како што рече Далерончето барем твоите дома ти се сигурни дека мислат на тебе.
    Како и да е тоа е фаза која ќе ти помине.
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Офф Топик
    Абе како пазач си ми :rofl:
     
  7. zgodendecko

    zgodendecko Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    и јас се чувцтвувам осамен, ако има некоја која сака другар нека ми пиши , од битола сум :)
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Настрана од темата ама морам да искоментирам. Си ми пишал во инбокс и ти вратив од чиста култура а се обложувам дека не само на мене туку и на други си и пишувал. Сакам да те прашам во која смисла се чуствуваш осамен? Неможеш девојка да фатил и мислиш дека некоја ќе ти се понуди тука? прости ако грешам ама што друго би можел да бараш на женски форум. Можам да ти кажам дека пристапот ти е погрешен, девојка не се бара на форум. Ова е форум за совети, мислења, да се каже нешто, да се прочита нешто паметно а не е форум за упознавање, уште помалку форум за барање девојка.
     
    На Lovely93 и Summerlover им се допаѓа ова.
  9. zgodendecko

    zgodendecko Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    не сакам девојка... пиши дека другарка барам значи пишано е ако некоја сака другар. :)
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    И мене ми пиша. :lol: ама не вратив ништо.
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Да бе другарка, со мали деца правиш муабет тука. :lol: Да бидеме реални, оние кои навистина пред се бараат дружење обично си бараат машки или барем не бираат, а не пак конкретно женско да бара. Не ни врти филмови тука. :rofl:

    Мој совет ти е дека ако веќе сакаш виртуелно, ФБ ти е подобра опција за тоа. :lol:
     
  12. Blume

    Blume Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Имам околу 30-40 пријатели,сите ме сакаат,но,секогаш кога се враќам од школо,сум на лаптопот,слушам некоја песна,имам некакво чудно чуство во душата.Мислам дека сум осамена,еднаш-двапати ќе се видеме со некоја пријателка и кога ќе и речам да дојде после една недела,одма добивам едно ,,Не,блгодарам,јас ќе одам кај оваа денес.,,Мислам,толку бев лоша на тие денови кога се гледавме што повеќе не сакаш да се гледаме?Еве,и сега го имам истото чуство...
    ШТО МИ Е?ПУБЕРТЕТОТ МИ ГО РУШИ ЖИВОТОТ НА ПАРЧИЊА!!! :(
     
  13. zgodendecko

    zgodendecko Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    фала ти :lol: :rofl:
     
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    1: Сите сме биле барем еднаш така почуствувано. Мислиш дека си отфрлена? Мислиш дека цел живот ти е безмислен? Мислиш дека светот ти се срушил над глава?
    Сето тоа ќе помине само кога ти ќе го дозволиш тоа. Затварањето дома, пред компјутер нема да ти помогне да излезеш од ситуацијата, туку напротив, повеќе ја влошуваш.

    2: Немој никој да молиш да се дружи со тебе. Кој сака, ќе го прави тоа и без да му побараш.
    Не моли за внимание од некои површни "пријателќи". Тоа да ти биде на ум. Никој, никогаш не моли.

    3: Наместо да плачеш и да се затвараш би можела да се потрудиш да запознаеш нови лица, нови пријателќи од твојата околина, училиште и секако без молења.

    Ќе ти кажам една моја случка од тие денови.

    Бев слична како тебе. Можеби и ситуацијата кај мене беше полоша, ама сепак тој беше проблемот.
    Другарќи имав но како да ги немав. Никогаш не беа со мене, секогаш кога сакав да се собереме бараа изговори. Се додека еден ден не ставив крст на нив. Ги избришав од мојот живот, ко да не постоеја!

    Знаеш што се случи по месец дена?
    Тие дојдоа на мојата врата да ми кукаат и да ме прашуваат каде сум, што правам, зошто ги одбегнувам и слични прашања. Секако, не должев многу туку им плеснав во лице се што мислам.
    Од тогаш сватив дека не е вредно да се нервираш за некои што глумат другарќи а не се тоа. Ќе бидам подобро сама отколку со личности кои мислите им беа само во пиење, дружење од корист.

    Затоа, сето тоа што мислиш дека ти го уништува животот мораш да го отстраниш. Не дозволувај ништо да влијае на твојот живот. Претпоставувам дека си во најубавите години. Не дозволувај да ти поминат во работи кои не се вредни за плачење.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Една од моите другарки додека беше слободна често одевме на кафе. Сега фати дечко, работа нема и цело слободно време го има на располагање и се нешто нема време. А и кога ќе се видиме цело време него го спомнува, ептен му го потенцира името, иако ми има признаено дека не го сака, ниту и се допаѓа како изгледа, плус мисли дека тој нема доволно пари за самостоен живот итн. Колку и да глумат луѓето дека се ок, сепак меѓу нас има многу искомплексирани личности.
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Не сакам да спекулирам за туѓи чувства, или да кажувам кои ти зрачат од напишаното, ама осаменост не е едно од нив.
     
  17. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    го знам тоа чувство многу добро, уште од мали нозе немам на кого да се искажам, со моите родители не сум воопшто блиска, а на сите други што и да имам кажено кога тогаш ме имаат повредно... иако сум мажена, пак се чувствувам осамено, не знам што ќе беше доколку го немав син ми... единствено музиката е мој придружник секогаш кога сум тажна, а немам на кого да се искажам, кога немам подршка за било која работа... и така веќе се навикнав да бидам сама во се :worried:
     
  18. sevdalinkaaa

    sevdalinkaaa Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    уште од мали нозе, сфатив што значи да си сам, што значи да имаш илјада луѓе околу тебе а сепак тажен, скршен, осамен, што знам можеби проблемот е бил во мене, сум барала трошка внимание од моите родители, внимание кое воопшто и не го добив, љубов која воопшто и не ја почуствував, утеха најдов единствено во пишаниот збор, во парче хартија која ме испразнуваше, ме одсликуваше онака како што всушност и се чувствував, за еден ден да се заљубам, за прв пат да се почуствувам жива, среќна, но и ова кратко трае сите ме напуштаат не прашувајќи ме дали всушност сакам да си одат. Веќе со месеци сум осамена, со часови слушам музика, која колку ме опушта толку ме прави депресивна, но како и да е верувам дека се е период, се е прашање на време, и ова еден ден ќе помине зар не :worried:
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Еве јас ке ти бидам другарка.Море мани се таму, па се крстил Zgoden decko. Алооооооооооооооооооо ова не е сајт за секси средби другрка барал жими тролов, еве ти се нудам за другрка, ама пишувај овде ќе се дружиме , а не во лп. Имаш 26 години време ти е за женење, ај оди во оние страни осамени срца, како и да се нарекуваат, може ќе најдеш некоја другарка со вештачки колк.
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Сакам да кажам дека на моменти се осеќам осамено затоа што сите ти се пријатели додека им требаш. Потоа кога ќе фатат дечко готово никој не познаваат и морам јас да иницирам кафе средба. Тоа трае додека да им се јави проблем во врска, па сакаат да споделат со некој. Луѓето се се посебични. Ако сум била коректна, сум излегувала во пресрет кога требало, што е тешко да одвои некоја другарка за мене време од 1 час? Цело време некои изговори- па гости ќе дојдат, па ај за некој ден итн.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.