1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Да сум барала работа но или креваат раменици или велат дека ке ме побараат тие тешко прифакјаат бидејки немам работно искуство.... и мм ми вели да не бегам дека гледаат дека се нервирам уште повеке зборуваат.секогаш на мета е моето пошироко семејство не велам дека се најдобри но секој си Живее свој Живот на свој начин најмногу ме боли што зборуваат лошо за моите родители а јас треба да премолчам и кога одиме на гости или идат тие кај нас прават нормален разговор како ништоо да нема а мене срцето ми се кине зошто ги прават будали на здрав памет. Мм не оди надвор зошто плакја дел од давачките тука аа да одиме на страна треба да плакја друга кирија сметки кола храна облека и се друго а една плата е малку :sweat:
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Очигледно немаш решение иако јас велам за се има решение.А знаеш што, ај обиди се они да си зборуваат ти не ставај на срце.
    Престани да го анализираш секој нивни збор.
    Знам дека ќе ти биде тешко, ама за твое добро да си ги сочуваш нервите.Во моментов и самата си свесна дека со м-ти немате друго решение, едноставно тие сакаат да газдуваат , а тебе те третираат како пепелашка оти нема кој да те заштити.Они нека зборуваат ти премолчувај (издржи па макар и да вриеш) па види дали суште ќе зборуват. Можеби новонастанатата ситуација кога нема да им возвратиш ќе ги зачуди. Ете и маж ти тоа ти го вели, сепак тој ги познава подобро.
     
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    pinki знаеш ли што, арно ти кажаа ај не се замарај. Па што има да им се фаќаш за зборовите нивни. А бе што сакаат нека си зборат ти удри бриге на весеље што би рекле.
    Имам една другарка, се омажи во друг град и тоа за два месеци врска толку и го познаваше мажот. Отиде таму нова средина нови луѓе се ново и дојде наеднаш. Живее во стан со свекорот и свекрвата, тие во една соба таа во друга. Она невработена мажоти сега едвај најде некоја работа во странство и повеќе време е таму. Свекрваи малку досадна па и болна свекорот имаше удар па лежеше неподвижен. Башка и нема никаква помош од нив. Сега има две деца и одозгора на золваи двете деца цело време се таму по цело лето и секој викенд. Во тие две соби.
    И сега што, и се восхитувам на карактерот. Ништо на срце не си става. Свекрваи и да и рече нешто оваа ќе и се насмее ќе оди ќе ја штипне или ќе и пушти некоја песна, и може да и заигра.
    Од дома беше научена да живее во голема куќа и се другите за неа да се грижат ама сега таа за сите се грижи. Секој пат со другите другарки си викаме како треба сите да бидеме такви, либерте со пуштено срце, да не се смараме со ништо и да не дозволиме никој збор да не погоди.
    А можеше и таа да се разведе или да замине од таму, ама не она си го сака мажот и нема шанси ради некој да замине.
    За тоа играј и ти така, некој да плачиш да кукаш. Се ќе си дојде во свое време, ќе си најдиш и работа па може ќе имате шанса и сами да живеете понатаму, и се ќе се среди. Само нервозите ќе ти останат. За тоа искулирај и уживај.
     
  4. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Ви благодарам многу за советите вака подобро се чувствувам кога ке споделам со некој тоа ми преостанува да се молам на господ да излезе некоја работа за мене ке бидам надвор цел ден а кога ке сум дома ке имам работа и нема да се нервирам. Поздрав и имајте убаво попладне.....
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Е ми текна нешто абе за миење садови не ти треба искуство(не се навредувај ) според мене секоја работа е добра само да е чесна.Или нешто друго ако ти падне на памет, за почеток де ,да се мавнеш од дома.
    Ако маж ти се сложи ок тие ќе мрчат ама ти спиеш со син им не со нив.
    Имај убаво попладне гледам ти се крена моралот малку. ;)
     
  6. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Можда ќе бидам малку остра и без чувства, ама зошто да им служиш па ти, не си слугинка дома, ти си невеста на нивниот син.

    Зошто да плачеш ако те навредуваат, остави им ги работите еден ден два, ти излези си сама до најблискиот парк, по пат купи си некоја водичка, кафенце и седни си и искулирај еден саат во паркот (претходно нормално кажи му на мажот ти) за да те разбере тој.
    И потоа ќе си се вратиш дома со позитивна енергија, не давај тие стари лица да те полнат со негативна енергија

    П:С Можа во паркот ќе запознаеш и други пријателки, комшивки
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    А каде се праша за работа? Ако се сака се се може. Незнам во која држава живееш ама некаде сигурно примаат и без искуство. Мислам сите ние некогаш сме почнале од 0 никој не се родил учен или со се искуство. Секако од некаде мора да почнеш за да го стекнеш тоа искуство. Неможеш да работиш како келнерка или во некоја слаткара или некаде како помошничка нешто мислам распрашај си се. Ама се зависи и од школото кое го имаш завршено ако немаш заврпено ништо повеќе од средно не надевај се на работа во канцеларија барај си нешто друго. Инаку во врска со тоа што зборуваат за твоите ич не им се замарај па не се и тие не се совршени. Не се случило некогаш ти да кажеш нешто лошо за некого па кога ќе го видиш да му правиш лице? Се слчучило, секому му се случило. И најреално мислам дека проблемот до некаде е во тебе. Зошто се вознемируваш безпотребно и земаш при срце се што ќе кажат тие? Значи пред се во прашање се стари луге и нема зошто да зимаш при срце секој нивен збор. Игнорирај ги и гледај си ја својата работа а пред се барај си работа. Сите ние знаеме дека со една плата не се живее и не се издржува семејство но ако ти почнеш да работиш не мора да земаш којзнае колкава плата ама пак за почеток ќе се одалечиш од дома и ќе си го одмориш мозокот од глупости а и ќе заработиш некоја пара пред се за своите потреби. И зошто да плаќа кирија ако и ти почнеш да работиш ќе може да си земете кредит и да си земете свој стан за почеток на пример. Вие продолжете да си седете таму кај што сте ама ако и двајцата работите ќе можете да го плакате тој кредит и отклако ќе го исплатите ќе си земете друг за мебел и по некоја година ќе можете да си се преселите во свој стан и на мира да си ги растете децата. Сега јас тука од прилика си зборувам ама размислете за ова.
     
  8. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Имам два „проблема“ за кои што ми треба совет.... Ве молам ако можете помогнете ми...
    **
    Имам 16 години, моментално сум во Франција со мајка ми кај мојот очув и тука сме скоро еден месец и треба да бидам тука до средината на септември, но уште од првиот ден од коа станав решив дека сакам да си одам порано, бидејќи ми фалат другарките и дечкото .:( На мајка ми не знам дали и е страв но ми одолговлекува за одењево цело време а јас навалувам цело време. Стварно не можам да издржам веќе тука, сама сум немам друштво немам никој... Имаме извадено повратни карти и не знае како да му каже на очувот дека сакам да си одиме порано и ми вика дека многу сум ја заебала и оти порано не сум се бунела за ова (што е во право за бунењето) но не помислив дека ќе ми биде вака... Не знам што да правам и дали да му кажам на очувот за ова?!?! Но некако се поклопува ова со вториот проблем... Пред некои добри 4 дена имав кавга со мајка ми и со очувот дека сум била нервозна и ич не сум се смеела од кога сум дојдена, цело време сум била пред компјутер и дека грбот сум и го вртела на мајка ми и дека ич не сум посветувала внимание на мојата сопствена мајка... И дека сум имала многу грдо понашање дека сум била многу избувлива, сум била убава, паметна, добра сум била, ама коа ќе сум се изнервирала многу сум избувнивала и тоа на погрешни места каде што приметуваат луѓето... Денеска пред точно 1 саат го имав истиот проблем, пак се каравме за истото... Не знам како да си го сменам тоа и ме боли кога ќе ми го кажат тоа зошто ме прават како погрешна личност што воопшто не сум таква и ме боли бидејќи нејќам луѓето да ме сметаат за лоша особа зошто не сум таква (многу попуштам, многу сум наивна и многу правам добрина мислам ако некој ми рече нешто јас преќутувам и нејќам да се карам и одма си заминувам, многу сум емотивна и кога ми викаат вакво нешто не можам да издржам и одма почнувам да плачам)....
    **
    Кажете ми како да се справам со ова и кажете ми како да кажам дека сакам да си одам дома порано?!?! Јас кога и викам на мајка ми ми вика дека со цел ќеиф он платил картите и ме донел тука...
     
  9. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Разбирам дека ти недостигаат дечкото и пријателите,но верувај ми доколку дечко ти вистински те сака и цени ќе издржи уште еден месец без да те притиска,да ти вгнездува сомнеж или пак да прави да се чувствуваш непријатно. (не знам дали тој ова го прави,но само ти давам пример) А пријателите доколку ти се вистински па и со години да не се видите кога повторно ќе се видите се ќе си дојде на свое место и се како и порано ќе можете отворено да зборувате затоа не грижи се. Тука е и фејсбук и скајп па можеш преку скајп да ги прошеташ низ убавините во местото каде се наоѓаш. Секој ден можеш да зборуваш со нив да се гледате на камера да ти кажуваат што се случува таму,а ти да им раскажуваш за Франција.

    Впрочем во Франција си, една од најпрекрасните држави што постојат па што ако не познаваш никој јас да бев на твое место не би трошела ни секунда дури и сама би излегла да се прошетам низ француските улици, би влегла во бутиците, би јадела во некој ресторан-едноставно би уживала!

    А штом очувот ви ги платил картите (а верувај би можел да најде секакви изговори за да не те донесе и тебе) тој вистински сака да се зближи со тебе и да помине прекрасно време затоа биди благодарна и цени го тоа, бидејќи навистина не сакам да ти се случи да не добиеш повторно ваква прилика па да се каеш за тоа што си го пропуштила. Имаш уште многу време пробај да се зближиш со него,а подобри ја комуникацијата и со мајка ти речи ѝ дека ќе пробаш да се однесуваш попристојно и пољубезно,а ако по некое време сеуште ти е толку ужасно без карање и смирено разговарај со неа. Но во меѓувреме излези со нив па очувот нека ви ги покаже интересните нешта кои се кријат таму не верувам да не можеш да најдеш нешто што ќе ти е интересно.

    Те молам обиди се ова ти доаѓа од некоја што последен пат надвор од државава била пред премногу години и би била пресреќна доколку би имала шанса летово да отидам на друга дестинација да зпаознаам нови луѓе да ги видам нивните животи и култура-едноставно да се забавувам. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Сепак ако толку ти е здодевно таму инсистирај да си се вратиш дома иако мислам дека со тоа ќе го навредиш очувот твој...
     
  11. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Како прво релаксирај се, во друга држава си - оди прошетај, септември брзо ќе дојде и ќе се вратиш и на другарките и на дечкоти, кој ако те сака ќе те чека.
    Секој би сакал да е на твое место, да се прошета во друга земја, да запознае друга култура, други луѓе.
    Не и се лути на мајка ти, секоја мајка мисли на своето дете се најдобро (а доказ е тоа што те зела со тебе да видиш свет) јас имам другарка мајка и овде ја остави со баба и - да супер и беа првите 2 месеци но после и притреба мајка, и недостасуваше ....не ти кажувам повеќе
    Не и го уништивај животот на мајка ти и на очувот, тој ти платил карта а размисли што ќе си речеше ако не те викнеше тебе, што ако ја условел мајка ти само таа да оди кај него без тебе - мислиш тогаш полесно ќе ти беше/

    Уживај во одморот, верувај септември многу брзо ќе ти дојди...еднаш ти се пружа шанса можда никад више, а Скопје не ти бега Ќ_
     
  12. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Се мислев дали и овде да се обратам и за другиов проблем.
    Не сакам да се помисли за тоа колку сум депресивна. Јас всушност и не сум ваква личност но решив да се обратам овде и за ситуацијата дома во семејството.

    По природа сум јас позитивна личност, сакам да ги смеам лугето околу мене, да им помагам. Ако на некој нешто му фали ќе се потрудам да биде среќна таа личност.Постојано работам на туѓата среќа а мојата веќе одамна е во сенка. Затоа што ако работам на нејзе ќе биде востание.

    Главниот проблем се моите родители и брат ми! Како да имаат формирано некаков клан против мене.
    Ме малтретираат физички и психички.. Психичката болка највеќе ме боли. Сите кажани работи и направени против мене.

    - Никогаш немаат време за мене.
    - Никогаш не ми го дозволуваат тоа што го сакам. (Мислам да се забавувам со друштво, да одам на одмор или пак да отидам кај другарка во доцните часови ако не сум излезена, од прилика во 21 часот)
    - А за да најдам работа (не смеам ни да помислам)
    - Секогаш кога ќе им побарам нешто или немаат пари за мене или немаат време..

    Ова е само дел. Се чувствувам запоставено од нивна страна. И тоа не е само од сега туку од моја 16 та година. Де јас не вредам, де сум била глупава без никаква цел во животот, де сум била мрзелива ( а како ќе работам нешто со мотивација кога тие уништуваат се што сакам да постигнам?)

    Никогаш не ме сметале на сериозен начин.
    Мојот бивши знаеше за проблемов и ми даваше подршка а сега кога го немам не можам да сметам на никого.
    Сама против сите.. Не ми се чини туку навистина е така. Ме исмејуваат, ме критикуваат кога најмногу ми е потребна подршка.
    Го изгубив патот по кој чекорев. Го изгубив колосекот. Не можам да се вратам назад и да продолжам онаму кај што застанав.
    Наликувам на жив мртовец. На другарќите не можам да сметам, сите влезени во некој филм.

    Многумина мислат: Ти мислат добро, не сакаат да страдаш.. А се случува тоа. Сттрадам.
    Додека некои девојчиња помали и на моја возраст прават што сакаат јас се плашам да не ме малтретираат физички или психички ако нешто направам.

    Сосема сум сигурна дека нема да недостигам никому доколку исчезнам. Доколку ме нема.

    Додека ги гледам моите познајнички со своите родители на пица, на сладолед во мене се појавува чувство на тага бидејќи знам дека тоа никогаш да го доживеам.
    Доколку им предложам ќе измислат дека се изморени ( а да им се јави некој друг веднаш наогаат енергија).

    За мајка ми што да кажам. Од нејзе ми започна сето ова чувство на депресија.
    Постојано се жали дека е болна, постојано јас не сум и помагала, постојано дури и кога јас сум нервозна таа знае да додаде јаготка на шлагот и да ја влоши ситуацијата уште повеке што ми доага да си пакувам куферите и да заминам некаде. Ама немам каде. Немам со што. А би го направила тоа до сега илјада пати.
    Ако пуштам солза таа веднаш ме прави ментално заостаната личност. Нејзе се и смета што правам.

    Не барам внимание на форумов ко некоја залутана душа. Сакам да знам што понатаму. Нема ден а да не се скарам со нејзе.
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Аман бре девојче како сите бродови да ти потонале на 22 години.
    Ти си веќе свој човек , не гледам од што се плашиш да излезеш пред нив со свој став, да им кажеш како стојат работите со тебе, твоите размислувања, стравови.
    Само едно не ми е јасно, од каде потекнува нивното однесување, такво какво што го кажуваш и тоа од сите тројца. Можеби во моментов си очајна од твојот личен проблем, па ти се чинат како баба роги.
    Смири ја топката, сигурно мајка ти не ти мисли лошо, седни поразговарајте без препукување, разгледајте ги сите опции зошто ти се чувствуваш така како што се чувствуваш.
    Тоа погоре намерно го болдирав за да ти кажам дека не можеш со никого да се споредуваш, секој си е приказна за себе.
    Твоево напишано ќе испадне: Видела жабата коњот го потковуваат и таа кренала нога.
    Подсмири се малку , превземи некоја обврска дома од мајка ти возрасна си не си мала, не им оди контра, разговарај со нив со смирен тон.
    Дали си се запрашала некогаш дека проблемот можеби е во тебе. Разбирам еден да те малтретира, ај двајца, ама тројца (твои најблиски) малку ми изгледа премногу.
     
  14. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7

    Како што реков предходно не е од сега туку од пред неколку години..Речиси го имам долг период..Сум се спротиставила многу пати, бев речиси готова да заминам од дома но тоа секогаш завршувало со кубење на коса и удари.А најмногу заканувања.

    Секогаш сум и помагала на мајка ми, и секогаш била незадоволна од мене. Секогаш кога е таа во странство сите обврсќи остануваат на мене... готвење, перење чистење пеглање и на крај ништо од тоа не е признаено и ме навредуваат со погрдни зборови и ми упатуваат удари. Дури и кога тетка ми застанува на моја страна и им потврдува за тоа дека постапувам како што е потребно тие пак незадоволни од мене а од брат ми... најдобриот и најкорисниот. Колку многу обврски на мајка ми сум превземала.
    Како е можно да ми мисли најдобро секогаш кога ми вели глупа си? И да ми забрануваат многу работи?
    Се трудам и јас да сфатам зошто така се однесуваат но не е од сега.

    Се потрудив мал милион пати ама секогаш безуспешно.. Кога и да започнам муабет за тоа таа си оди кај комшивкава.
     
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Марчела само да те потсетам дека имаш 22 години и до некаде е смешно вака да мислиш. Но добро и раскинувањето со дечко ти доста те потресе па нормално е овој период да си чуствително. Ама како можеш да дозволиш некој психички да те малтретира? Извини ама очигледно е дека сама си дозволуваш некои работи. Незнаеш да се спротиставиш или одбраниш? Додека молчиш сигурно е дека некој ќе те гази! Имаш 22 години неможеш да очекуваш од твоите да гледате цртан фим заедно или да сложувате сложувалка. И што ми е најчудно во целата ситуација ти си полнолетна како може некој да ти забрани излегување или да работиш??? :o Извини ама не се срамиш уште да бараш пари од твоите? Ова ти се случува оти сама си дозволуваш. Мој совет ти е да почнеш да си бараш некоја работа како за тебе сега незнам што имаш завршено ама ќе се одалечиш од дома и барем на некое време ќе заброавиш нам проблемите а кога ќе дојдеш дома ќе биде уморна некогаш што нема да можеш да мислиш ниту на твојот бивши дечко ниту на родителите ниту на други проблеми туку ќе гледаш да јадеш и да се одмориш. А што е поважно кога ќе дојде датумот ќе си земеш плата тоа ќе бидат твои пари и ке ги трошиш како ти сакаш и нема да бараш од нив секој динар. Ова би било најдобро за тебе ем ќе се смириш малку. И ако не те сметаат за сериозна тоа значи дека така си се поставила кон нив. Имај свое јас и бори си се за своите права. Неможе да дозволиш на 22 години твоите родители да се однесуваат кон тебе како 12 годишно дете. И ич да не ти е гајле за другите, својот живот си го живеј. А ова во врска со родителите јас со моите родители апсулутно никогаш не сум излегла на сладолед или некаде заедно да отидеме апсолутно никогаш или јас не се сеќавам. Дома ќе направиме јадење на крај татко ми се опијани и сите стануваме го оставаме сам нека јаде та нека .. да не кажам. А ова во врска со мајка ти не верувам дека ти мисли лошо на овој денешен ден кој не е болен? сите се! кој шекер, кој притисок, секој си има по некоја мака. На тоа нема замерување. А за брат ти тоа нема што да ти паѓа тешко тој е машко не личи тој да мие садови или пере. Рацете нема да ти паднат ако ги измиеш садовите јас сум 16 годишно дете и секое утро ги мијам а за алишта постои машина иако јас моите работи на рака си ги перам. И да не должам повеќе ти кажав не си мала и не дозволувај на 22 години сеуште да се однесуваат кон тебе како дете. Имај свое јас и јасно си ги кажувај своите мислења не молчи. Ако молчиш значи дека прифаќаш се кажано против тебе или дека се плашиш и затоа навредите ќе продолжат. Точно дека паметниот попушта ама има ситуации кои едноставно неможат да се премолчат и да дозволиш некој да те гази!
     
  16. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    еве и јас решив да пишам овде.. :)
    Во последно време сум премногу затворена, не сакам да искочам нигде, мајка ми цело време ми вика да идам со некоја другарка негде но луѓе неможам :| Во две недели еднаш или два пати ако искочам, и тоа со сила за дома да не ме замараат, онака ради реда што се вика.
    Tолку чудно се осеќам што искрено незнам ни како да пишам, како да објаснам.
    Незнам ни дали е правилно место за мислењево, ама морам нешто негде да пишам, тешко ми е во последно време иако ништо не кажувам на другите :worried:
     
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Има некоја причина да се чуствуваш така или? Мислам што е проблемот?
     
  18. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Па незнам, едноставно така се осеќам, сакам да бидам сама, едноставно ко луѓето од кои што сум опкружена да не ми одговараат.. :?: незнам дали е до нив или до мене, и плус не сум баш најдобра кога станува збор за запознавање на нови луѓе
    Не сакам да искачам од дома, несакам да комуницирам со многу луѓе, не ми се ни јаде
    Чудно ми е се
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Незнам каков совет да ти дадам оти истата сум. Ама сфати дека постојано неможеш да бидеш сама. Од толку луѓе мора да има барем еден што ќе ти одговара. А ова одсекогаш беше така или периодов?
     
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Па одсекогаш сум била повлечена, ама не до овој степен, може 2 месеца има