1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мој свети ти е да почнеш да излегуваш и да се дружиш. Знамд ека нема сикрени другарки ама се наоѓа по некоја, плус ти немора да ги кажуваш тајните и некои твои лични работи. Јас цел живот сум вака па ништо. И од искуство ти кажувам осаменоста е лоша работа посебно ако самиот се отфрлаш од други.
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш си била повлечена, сега уште повеќе.
    Размисли од каде потекнува „уште повеќе„?
    Кога ќе ја дознаеш причината, ете ти го одговорот.
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Барав соодветна тема за да побарам совет и мислам дека сум на правото место.
    Епа вака јас лани кога требаше да се упишам во прва година се запишав во средното Борис,арно ама јас поддадов дукументи за на правен бидејки имав и поени за таму. Всушност таму сакав да учам...Направиле некоја грешка па затоа ме ставиле во економскиот смер каде јас воопшто и не замислив,барав да ме префрлат но грешката ја наоѓаа кај мене па затоа не ме префрлија.Останав таму ,не се дружев со повеќето ама имаше и такви што се дружев сепак..Математиката како и секогаш ми бееше слаба страна,мајка ми често ми викаше да се префрлам дека ќе успееме ако повеќе се обидуваме и плус имаше ротации од еден во друг смер ама јас не сакав ми беше страв дане отидам во полош клас...И дали ќе се вклопам со децата од другиот клас.Така сеа ќе одам во втора година и сеуште ме мачи истово,сакам но се плашам.Што мислите вие?
    Извинете за рефератов
     
  4. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    ^Ако несакаш економски смер, тогаш најпаметно е да се префрлиш. Штета е да отидат четири години за џабе. Штом и други се префрлале, можеш и ти, не би требало да има проблем околу тоа.
    Што се однесува до класовите, распрашај се, ништо не губиш.
    Всушност ако си силен карактер, ќе се справиш со секого, каков и да е.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Значи, потребна ми е ваша помош!
    Еве прво ќе почнам со фактот дека се соочувам со ужасна финансиска ситуација.
    Моите се физикалци, и едвај стасуваат да платат за сметки и некои основни животни потреби.
    Јас одам на факултет, почнав од минатата година, а сега сум за II-ра. Ама некако не сум задоволна ни од изборот за факултет кој го направив, и иако ја завршив оваа година, сепак почнав да ја губам волјата да продолжам понатака. Со тоа автоматски се губат и моите цели во животот.
    Освен тоа факултетот се коси со професијата која понатака сакам да ја работам, и само се молам никогаш во животот да немам прилика да почнам да го работам тоа.
    Настрана од ова, се ми е некако помешано во главата.
    Моите не ми даваат да работам, под изговор дека ако почнам ќе го баталам факултетот! Особено откако ќе сум видела паричка во џебот скрос ќе сум ја изгубела волјата.
    До некаде се во право, ама не знам како да истуркам уште три години со ова темпо? :|
    Настрана од ова, секогаш на прво место ми било здравјето а потоа финансиите.
    Знам дека многумина од вас е можно да ме осудат, ама јас немам планови за мажачка.
    А никогаш не се ни имам вљубено во некого вистински, ниту пак сакам, и покрај тоа што сум имала удварачи, нели потенцијални партнери јас секогаш сум ги одбивала.
    Едноставно некои од нас не треба ни да бидат повредени за да сфатат дека сакаат да се поштедат од вакви искуства, или не се создадени или предодредени да бидат сексуални суштества што е случај и со мене.
    Тоа е така бидејќи немам интерес за дечко, а и воопшто за љубов. Не верувам во љубов, а и да постои немам интерес да ја искусам иако сум имала неколку врски од минатото, гордо сум ги прекинала. Некои со причина, некои без.
    Ова воопшто не ме ни загрижува само онака го вметнав меѓу редови чисто колку да се надоврзам со една од моите главни цели во животот - финансиите, независноста, и слободниот живот!
    Луѓе, верувајте ми дека сонувам како сама патувам низ светот, запознавам други култури и имам милион авантури.
    Дел од моите другарки веќе го живеат тој сон. Со пари не знаат што прават, а мене парите ми се ужасно битни. И баш тоа што е едно од приоритетите во животот секогаш испаѓа да го немам. ;(
    Се плашам еден ден дека ќе мора да си ја наведнам главата и да чекам од сопругот да ми дава пари!
    Тоа ми е најголем кошмар значи и се плашам многу дека ќе се оствари ако немам друг избор против моја волја.

    Скрос оф топик...Бев два пати на гатачка (не дека верувам во вакви глупости), ама дали е коинциденција или сум јас премногу загрижена незнам...Само знам дека двете ми кажаа дека еден ден ќе сум се омажела (а од тоа највише се плашам онака). :x
    Но со оглед под кој притисок живеам, најверојатно само слепо ќе мора да ги следам правилата кои ги налага општеството бидејќи немам пари и сум немоќна да си го овозможам тој нормален независен живот за кој сонувам.
    Јас сум свесна дека ова со парите е ниска страст и минлива работа, сведена на чист хедонизам ама што да правам, против своите желби и потреби неможам.
    Се би дала еден ден да зимам солидна плата, но да бидат и моите родители живи да можат да го видат тоа зошто премногу ги сакам, душа би дала за нив, особено за мајка ми на која и е ужасно тешка работата, за и она да си види нешто од животот. ;( Ако нив ги нема ништо од ова не би имало вредност и би било залудно.

    Исто така пред неколку години кога почина моја блиска личност, на гробот ветив дека ќе направам нешто од себе бидејќи ми значеше многу. И практично се што правам во животот е само за да го одржам тоа ветување и ништо повеќе. Во депресија сум веќе со години, не сум била на психијатар/психолог а немам ни пари за тоа, а уште помалце за лекови. ;(
    Ве молам за совет...
     
  6. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Ме загрижува иднината

    Да, имате ужасен проблем со финансии ;( но сепак си бевте летово на два посебни одмори, а братчето ти организира оргии по дома кога вас ве нема.

    Кој како сака нека ме сфати, нека ми се избрише и мислењето, мене ми пречат вакви тролови - размазени детишта желни за внимание што во реален живот не го заслужуваат, па преоптерети го форумот со куп приказни... срцепарателни демек.
     
  7. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Ме загрижува иднината

    А која сакана блиска особа ти починала? Зашто нели никого во животот како што никого не си сакала или се работи за некој роднина? И нешто што ме интересира зашто правиш работи коишто не ги сакаш, кога гледаш дека тоа ти носи само незадоволство? И уште нешто како тоа немате пари, а студираш? Зашто тоа не без пари! И што толку страшно студираш, па шо викаш не дај боже некад тоа да го работам....
    инаку не е скапо одењето на психијатар, дури и ако одиш на приватно, 400ден е.. лично познавам луѓе кои биле и тоа ич не е страшно, ниту пак срамно.. туку баш напротив! Позз
     
  8. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Ме загрижува иднината


    Сања, ако веќе сакаш да знаеш на одмор бев со мочани три илјади денари кои едвај ги собрав, а од моите родители не ни барам пари, али тоа е сосем небитно.
    Всушност, тоа беше и една од многуте причини ради кои порано се вратив дома, ама не осеќам ја тука потреби тебе да ти се правдам.
    Само едно со друго си нема благе везе, а ти случано си прочепкала низ малкуте мои мислења пошто сум тазе зачленета, и божем случајно си наишла и темата за брат ми па најде да тресеш глупости. |(
    Срцепарателни прикаски бе. :D Да, да.
    Иако, што е тука срцепарателно не сфаќам, со оглед на тоа дека со финансиски проблеми пола македонска нација се соочува.
    Може ти си некоја краЉица чим толку неверливо ти изгледа. :^)
    Како и да е, нема да комплицирам. Ако си вољна дај совет, а ако не врати си се на трол темите и препрочитај ги уште десет пати и првенствено размисли дали вреди да оставаш вакви коментари.
     
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.953
    Ме загрижува иднината

    sajonaramucaca Се согласувам со твоето мислење - откако го прочитав овој долг пост и твојата реакција на него ги прочитав и другите постови на Danira...

    Инаку не ми е јасно каква помош и совет бара Danira? Пишува дека студира, но не факултет што го сака - никогаш не е касно да се смени факултетот и да студира тоа што ја интересира!!! Вели не верува во љубов и несака да се мажи, но сепак двапати била на ГАТАЧКА??? Вели - во депресија сум веќе со години... Дали е во депресија заради тоа што
    сака да ги добие на тацна без мака и труд?!!
    Прости ми Danira ако грешам, но мислам дека имаш најголем проблем самата со своите желби...

    Мој совет е да ја погледнеш реалноста - илјадници луѓе немаат кров над глава, многу млади луѓе немаат можност да студираат - ти го имаш тоа, биди среќна со малку, не барај преку леб - погача!!!
     
  10. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Се работи за блиска почината роднина.
    Иначе за студии вадат моите пари од банка, спајаат некако крај со крај за скрипти ово оно ама тоа не е доволно, само се расправаме.
    Меѓудругото за психијатаров рака на срце се немам распрашано, ама многумина ми кажаа дека е скапо и затоа не отидов чекор по напред. Ако е 400 ден од сеанса (односно за еден час), тоа ми е мене сепак многу.
    Мислам иде и на плави картони али не сум упознаена со процесот а и се по неуверливо ми е дека ќе најдам некој добар психолог кој ќе навлезе во суштината на мојот проблем.
    Ако знаеш ти или некој друг нека ме информира. (Психолог, не психијатар).
    Бидејќи не сакам да се клукам со таблети, не сум некој ептен клинички случај, а и од здравствени причини сепак мислам дека не би, а на психијатар чинам така оди процесот.

    Еј луѓе јас стварно не ве разбирам вас.
    Каква веза имаат постот со брат ми со мојов проблем тука?
    Јас и он сме сосем различни особи. Иначе барам совет од аспект на животот, насока некаква.
    Немав каде па се испуцав тука, ви ги ставив проблемите на тацна.
    Иначе потенцирав дека сакам да работам а моите не ми даваат. Зошто барате влакно во јајце?
    Btw, јас не сакам да се задоволувам со трошки. Добро ми е позната реалноста и се соочувам со неа секој ден но сите имаме свои сонови кои сакаме да ги оствариме порано или покасно.
    Во врска со гатачките, го пишав тоа бидејќи многу ме заплашува. Не верувам во глупоштините, 21 век сме фала богу ама пред неколку години кога бев помлада кога отидов тоа ми беше затресување затоа и го пишав. Ми кажаа и др. работи кои досега се остварија може е коинциденција не викам не, ама многу се плашам за ова со мажачкава. Имам чувство како да минува биолошкиот часовник. :|
    Иначе среќна сум што можам да студирам, ама кажав - факсот не ми е по ќејф. Треба една година да фрлам у ветер сеа за ништо а се фино си завршив али нема везе.
    Испомешано ми е се во главата луѓе, се извинувам вака што се ви изнафрлив и ви напишав се во еден пост па ви направив збунка. Ама тоа е, кога се собира и наеднаш ќе пукне. :(
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ме загрижува иднината



    Може да ми кажеш како тоа се физикалци и се нонстоп на работа, не се прибираат дома? Прашувам бидејки платата на физикалецот и не е баш голема, освен ако не работи на повеќе места истовремено.
     
  12. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Ме загрижува иднината

    Мајка ми е од 8 до 8 Гордана, а татко ми и кога не е на работа си излегува со пријатели и избегнува да се задржува дома. Брат ми зема солидна плата и ми дава ама не можам ја цел живот на туѓ грб да живеам доста ми е веќе.
    Работоспособна сум само и размислувам колку утнав со факултетот што не значи дека несакам да земам диплома еден ден иако не сакам да работам по струката. И онака 90% не работат по струка шо имаат дипломи.
    Само се прашувам, што е ова толку битно со работата на мајка ми и татко ми уствари? :|
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ме загрижува иднината


    Лично, не ми е битно.Инаку, ќе си се средиш, ако сметаш дека можеш да работиш додека студираш, работи, разговарај отворено со твоите, држи се цврсто на својот став, само треба да имате меѓусебна доверба, тоа е основата, многу битна.Тешко е, но не се откажувај од своите намери.
     
  14. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Ме загрижува иднината

    Секако, не се откажувам.
    Само постојат оние глупи моменти на слабост (како овие), кои веројатно сите ги имаме па се трескам од земја.
    Искрено се надевам дека овие замисли се само производ на мојот песимизам и ништо нема да се оствари, ама сепак..Предолго ми е вака тешко, и се дур неизвесноста ме владее ќе се чувствувам вака тажно.
    Сепак се фокусирам и на позитивни работи не дека не ама сепак...
    Освен тоа многу ми е тежок факултетот. Не е дека се правдам али си бара захтевност, неможам да се упишам вонредно па да студирам и работам паралелно. :(
    Сакам да си извадам просек, зошто утре може ќе дојдам и при пари па ќе имам амбиции и да магистрирам мада далечно е тоа.
    Попрво ќе добијам на лото, ама ај тоа е. :|
     
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Прво не разбирам зошто воопшто ти треба дозвола од родителите за да работиш, сега е лето не се студира значи ако толку стварно сакаш пари ќе си најдеше некоја работа ама ти уствари сакаш пари ама не и да ги заработиш туку така некој на тацна да ти ги сервира.

    И ако се вадиш на тоа дека нема работа има тука на форумот две форумџики кои мислам дека се од семејства кои стојат добро финансиски а се моментално на печалба преку студенски организации во Америка, ќе работат извесно време после ќе прошетат ќе видат нови култури, ќе си пазарат што им душа сака и се тоа од нивни труд.

    Само пустото поубаво е да си кукаш дека немаш пари а ништо да не правиш за да дојдеш до нив, не ти се оди по печалби, не ти се работи, таму ќе нема тато носи, мама меси туку за се сама ќе треба да си водиш сметка, не мора да е ни Америка ете поблиску еден куп одат за Германија преку летото за да си спечалат некое евро за свои потреби.

    И сериозно збориш за биолошки часовник на 20 години. :x
     
    На thinkerbell и mimiiiii им се допаѓа ова.
  16. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4

    Се додека живеам под нивен кров, и те како ќе ми треба нивна дозвола Bitter!
    Ти веднаш ме напаѓаш и трчаш со заклучоци дека не сум сакала да работам.
    Прво и прво немам услови да одам за Германија или било која друга држава. Тие што одат и сама потенцираше дека се со добра финансиска поддршка од дома (макар нека се и само две членки од тука).
    Зошто, ретко кој студент оди таму да печали без мама и тато да му обезбедат добар џепарлак..
    Повеќе одат таму за да се прошетаат, а работат од забава.
    Некоја сериозна заработка за лето неможам да остварам, а и не се осеќам сигурно да одам сама така колку год да се добро ориганизирани тие рути.
    Секој за себе индивидуално си носи одлуки, а ти веднаш трчаш и велиш дека јас немам воља за работа.
    Епа драга моја, да бидеш студент и да работиш паралелно, е стварно тешка мисија.
    Многу зависи и кој факс си го одбрал...
    Не велам дека е невозможно само кажувам дека и не е мачкина кашлица.
    Знам дека постојат многумина кои го прават тоа, и животот не е лесен, ама јас сепак би се поштедила од паралелата.
    За преку лето тек таму нешто ако се најде за 100 евра и кусур може, ама вака стварно не би сакала.

    Башка нашава држава да имаше толку можности сето тоа да се изведе немаше младите да седат дома и само да студираат. Туку ќе одеа и на работа истовремено.
    Не се сите мрзливи.
    Тука не викам дека државата е главниот и еднинствен виновник, некои се и мрзливи, ама реално дека нема можности - нема.
    Пр. за тоа е дека не е почитуван трудот на обичниот работник и е деградиран во секоја можна смисла.
    Така е и со студентите и правдата за билетите, ако направиме споредба со пензионерите.
    Никогаш неможе да се издејствува максимална праведност и тоа е факт, ама ние сме сепак далеку и од приближното.
    И следен пат пред да ме осудиш дека несакам да си го испотам задникот препрочитај ми го постот уште еднаш.
    Колку за инфо - Прашав за работа летово во неколку локали, но бев одбиена под изговор дека персоналот им е доволен, па така да фино ме одбија.
    Во бутиците исто така...
    И кој сака нека каже, и за мала работа ти требаат врски и некаква заштита односно некој кому може да се потпреш, за да работодавецот не се иживува врз тебе што е случај во 80% кај лицата во Македонија кои имаат некој претпоставен.
    Моите родители ме чуваат во ''стаклено'' ѕвоно не затоа што сакаат да ме дистанцираат од реалноста која е сурова, туку сакаат да не минувам низ истите маки со кои тие се соочуват целиот живот.
    Не ги оправдувам тука, ама не ги ни осудувам.
     
  17. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    извинете оф топик ама мене данира ми личи на едно разгалено детиште,што нема никаква цел во животот,што ем сака ем нејќе да работи а сака да има пари. Работат мајка и ,татко и брат и и таа била во тешка финансиска состојба... ма ајде молим тее :puke: .
    сврти се околу тебе и погледни ја реалноста,погледни како живат луѓето,семејства со една плата па не се депримираат како тебе туку се трудат да успеат во животот .
    и ако си навистина во тешка финансиска состојба на секој начин ке бараш работа за да си ја олесниш ситуацијата.. ме иритираат луѓето како тебе :fubar: . туку си само обичен ТРОЛ ништо повеќе.
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    А кој факултет го студираш и каде, ако не е проблем да се каже?
     
  19. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Градежен.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А зошто си се запишала на тој факлутет ако не го сакаш? Зошто не си се запишала на тоа што го сакаш? Јас не разбирам. Тоа со љубовта нема врска со факлутетот или финансиската состојба тоа е твоја лична работа и не е темата тоа. Дали ќе имаш дечко и дали ќе се омажиш се твоја лична работа, не мора да зависат од факлутетот или парите. И планираното немора да значи дека ќе излезе секогаш така како што сме го планирале. Ти сега може си мислиш дека никогаш нема да се омажиш ама што ако по некоја година запознаеш некого со кого ќе сакаш да имаш семејство? И ти го читам постот и се чудам зошто мислиш дека целиот свет се врти само околу парите? Јас мислам дека претеруваш кој како сака нека ме сфати. Како намерно да правиш работи што не ги сакаш за самата себе да се повредиш на некој начин или блиските. Јас мислам дека ти имаш дури и премногу и не си благодарна за тоа. Има луѓе кои немаат кров над глава и леб да јадат па пак не викаат немам. Јас со моето смеејство пред неколку години живееме од 4500 денари социјална помош и татко ми привремено приработуваше некоја мала ситна работа некаде за 200/300 денари па никогаш не рековме немам, бевме благодарни и за тоа што го имаме. Имаш кров над глава, имаш леб да јадеш, родителите и брат ти најблиските се со тебе и што сакаш. Си седнала пред компјутер и се жалиш а на мајка ми на колешка ќерка пред неколку години факлутетот без компјутер го завршила. Немала ниту мобилен. Кога и требало нешто 1 саат оделе пешки до кај тетка и за да напише од интернет за факлутетот. Барем така ми кажуваа ама сигурно е вистина. И ајде да речеме ќе отидеш на психијатар и што ќе му кажеш на човекот? Види сега јас да ти кажам ако си мислела дека вака нема да можеш да живееш не си требала воопшто да се запишеш на факлутет туку со средно за си најдеш некоја работа кај ќе бидеш цел ден на нога и за 6 или8 илјади ќе работиш како вол за слама цел месец ете така. А твоите родители ти дозволиле да се запишеш на факлутет само затоа за утре да имаш подобра иднина и плата да не мораш да работиш многу а за малку пари а ти овде се жалиш. Ако не си го сакала тој факлутет требало да се запишеш на тој што го сакаш. Облека, кров над глава, храна .. имаш се што ти треба и престани да се жалиш за глупости. Ако не ти се допаѓа факлутетот смени го. Ако имаш потреба од пари побарај си некоја работа кој нема да мораш да ја работиш цел ден туку привремено. Да помагаш за нешто на некој твој блисок, авон, орифлеим, да причуваш некое детенце привремено и така натаму.