1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Видиш како ти одговара така си го читаш постот, значи јас напоменав за девојките дека се од добри финансиски семејства од аспект на тоа дека можеле родителите да им платат летување и да си дремат по кафиња цело лето а тие сепак одбрале да одат да работат во друга држава, така се ствара карактер и се прават одговорни личности а не со кукање.
    Стварно мислиш од забава работат по 10-12 часа, па ако е толку лесно ете што не одиш и ти да работиш место за се да си наоѓаш оправдување.
    Значи ли сите тие илјадници студенти од Мк што се моментално по Германија се потковани со џепарац од родителите и тие што се сиромашни и си се снашле со начин како да си го платат факултетот и на нив ли им дале од дома џепарац?
    За сите е сигурна и проверена работа ово со студенските организации само за тебе не, браво што да ти кажам и тие "мочани" 3000 денари ќе ти завршеле работа за документи, ем ќе стекнеше некоја работа навика, ем ќе си дојдеше дома со неколку илјади евра, ем пак ќе си почнеше од октомври со факултетот.
    Мочани 100 евра |( се подобри од ич евра ама кој да ја сфати разликата.

    Јас не ти реков паралелно да студираш и да работиш туку дека си можела летово да си најдеш некоја работа а дека е невозможна мисија, не е, јас со две деца мали, трудна со домашни обврски па успевам да излезам на крај со студиите, кога се сака се е можно, кога не се сака, ќе се барат илјада и еден изговор.
     
  2. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Не знам од кого да побарам да чувам дете. Има ли огласи некаде воопшто за привремена работа? :|
    Инаку, не се запишав на факултетот каде сакав бидејќи уредно поднесов документи, но бев одбиена за само 3 поени, а имав навистина солидни бодови но сепак ме одбија под изговор дека не беше доволно.
    Немав ни шанса да се префрлам...
    Иначе, ние живееме вкупно од 12000 - четворицата. И мајка ми и татко ми и сестра ми. Брат ми платата си ја троши за себе и од него ниту денар не сум побарала, додека сестра ми е невработена. Па сега ти направи ја математиката и размисли дали имам право да бидам загрижена и да се жалам.
    Фактот што мајка ми и татко ми беа на одмор со мојата сестра беше така бидејќи беа кај нашите роднини кои ги подмирија сите трошоци за нив.
     
  3. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4

    Ти се споредуваш со мене која имам 19 години и уште студирам? Епа алал ти вера.
    И незнам сеуште се препрочитувам по илјада пати да видам каде сум напишала дека не сум барала работа или не сум сакала да работам.
    Јас сум реалист и знам колку е голема разликата од тоа да сонуваш и да остваруваш.
    Моите обврски имено не почнуваат од октомври туку од септември бидејќи треба да ги доработам проектите, имам еден незавршен испит кој не го сметав ама се запнувам некако да го поминам, како и обврски околу праксата.
    Ти незнаеш колку е тешко и што со се јас се справувам.
    Инаку правев муабет и со моите за во странство неколку пати, им објаснив и ми рекоа оди и не се враќај повеќе, крај на дискусијата.
    Епа, сега Битер во мене ли е проблемот? Јас сум мрза или моите се нефер што ме лишуваат од работа мислејќи дека ќе ме поштедат?
    Вака ќе биде се дур живеам под нивен кров и зимам од нивните пари.
    Патем без оглед на тоа со какви животи се соочуваме, сите сонуваме за подобра иднина. Јас несмеам да сонувам за тоа? Па соништата не водат напред колку и да се нереални, кога не би постоеле ние би ја изгубиле желбата за борба.
     
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Леле деееете. Сестра ми сега да те чита ќе ти рече ти богата си. Она кога студирала дома се живеело со 9000, преку сила 10000. Јас учениче и толку. Ни неа многу не и бил факултетот по ќеф, ама на тие пари треба и да си среќна што воопшто те пратиле и тоа претпоставувам во Скопје. Штом сакаш да имаш пари можеш сега стипендија од втора да зимаш ако имаш просек. Да си се трудела доволно ќе има и за одмор и да излегуваш секој ден.
    И моите немаат ама запнав просек да извадам, се надевам че ми дадат, како прво да им помогнам на моите со месечните трошоци околу мене, и како второ на еден одмор да си идам.
    Летно време е, можеш на базен да побараш во градот кај што живееш, можеш и келнерка да идеш - не, не е ништо срамно, можеш и да волонтираш некаде по 3-4000 даваат за патни трошоци и исхрана.
    Ако имаш роднини во странство, што не идеш на еден месец демек на гости? Таман гроздоберот во Италија ете ќе почне. :wasntme:
    Кој те кара да се мажиш? Ти стави некој нож под грло за мажење? Заврши факултет, најди си работа и ќе си правиш ама што сакаш.
    Како ќе издржиш три години? Поработувај си нешто преку лето, стипендија гледај да земеш и бргу ќе помине. На технички факултет си, од 8 просек почнува најниската стипендија.
    И ја сакав медицина, ама кога рекоа па приватна квота, па специјализации немам бре пари и точка. Бирам друго решение. Моите дома требаше да ги исцедам. И јас ќе се нервирав и тие кога немаат да ми дадат.
    И ај замисли, да почнеш одново со некој факултет и да видиш дека можеби и не си го сакала толку, или па и тие пари што досега ги дале да пропаднат?
    Штом сакаш да си шеташ и да патуваш не се жали по форуми дека се нема. Стрпи се и најди решение како да дојдеш до целта што ја имаш.
    Знаеш највеќе што ти советувам? Да престанеш да гледаш Сексот и Градот, каде типките се немажени, живеат во огромни станови и облекуваат марки. Имај на памет, и тие завршиле факултет, никому не му паднале пари, среќа и независност од небо. |(
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се споредувам, ти напиша дека не било возможно и да се студира и да се работи а јас ти напишав и покрај сите обврски со децата и домот успевам да излезам на крај со обврските на факултет.
    А ако веќе ги споменуваш годините, на 19 години исто студирав и работев ( сега студирам чисто продуктивно да го искористам слободното време додека сум дома со децата ) и плус дека мајка ми почината имав и тогаш обврски дома и студиите на време ги завршив и покрај работата и домашните обврски, така да тврдам дека ако се сака се е возможно.
    Исто од 16 години работев во МкДоналдс после школо, четврток, петок и сабота, недела по цели смени, а потекнувам од семејство кое одлично стои финансиски, се ми било овозможено а сепак сум работела за минимална плата.
    Имав желба за сама да си заработам а не да чекам за се од татко ми, тој можел кога наполнив 18 години да ми купи нов автомобил ама ништо не се споредува со тоа кога си го купив првиот автомобил со сопствени заработени пари кои ги штедев две години, не чекав од небо да ми паднат, засукав ракавите и си ги остварував една по една желбите.

    Никако не ги разбирам тие родители кои не им дозволуваат на децата да работат, само ве осакатуваат, што мислат твоите дека те штедат, утре демек кога ќе завршиш факултет ќе те чека директорско место и ќе земаш огромна плата, се знае како се почнува, од дното па се оди нагоре.

    И покрај тоа што живееш под нивни покрив ако сакаш да се избориш за било што треба да седнеш да разговараш, да си ги кажеш желбите и да им објасниш дека имаш потреба од повеќе од они што можат да ти пружат и дека иако би работела не би попуштила со факултетот.
     
    На Dentina и imelda им се допаѓа ова.
  6. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Не ти треба ни психијатар ни психолог. Не треба ни одма да отпишуваш машки, љубов и се останато. Нема врска сега тоа. Батали тоа што твоите не те оставаат да работиш, ни мене не ме оставаа ама стварно нема ништо подобро од тоа да си имаш свои заработени пари. Да излезеш некаде и да не се стегаш многу колку си потрошила и дека од дома си побарала повеќе па после да ти зборуваат за тоа.

    Јас студирам во Скопје на Филолошки и моите, не се баш во најдобра финансиска положба, ова потекнува одамна па не сакам да навлегувам во тоа. И живеев така 2 години во Скопје, стегам пари, од месец за месец, некој излегува на кафе, ја не можам и така и на крај ми се смачи. Кој к.. си реков што од дома не ми дозволуваат, ќе одам да си барам работа и си најдов. Е сега да, со факултетот малку попуштив ама па и јас сум реалист и гледам дека баш со мојов факултет и нема некој голем просперитет. Сигурно мене нема да ме чекаат да ја земам дипломата и таман ќе излезам од факултет одма да ме вработат. Тоа е така за секој кој нема пријатели, а имам и тоа ама татко ми е таков, за мене не бара ништо туку ме остава сам да си се снајдувам. И работев и студирав 1 година и одлучив на крај да си се вратам во мојов Прилеп-ебаго, а факултетов да го изучувам како вонреден студент. Истовремено и работам и искрено подобро ми е така отколку да се секирам колку пари сум потрошил.

    И мелам јас и мелам без да дојдам до поентава. Значи самата знаеш како ти е, знаеш дека повеќе ќе им помогнеш на твоите, а и на самата себе ако дојдеш до некаква работа. Барај, работи било што, колку и да земаш е секогаш плус за тебе. 9000 (како келнер што работев) се повеќе од ич илјади. Башка срам ми е да им барам веќе дома пари...незнам зошто.

    И за факултетиве онака да споделам мислење, можеби за некој глупо ама... 90% од матурантите се запишуваат на факултет, 60% од тие 90% завршуваат (сметај за 5 години колку ќе завршат пред тебе, а и тие што пред нив завршиле.), па ако не си направиш нешто сам/а тогаш тешко дека ќе работиш за плата поголема од 20000 и никаква можност за напредок во кариерата што е најтрагично. Не велам дека не треба да се оди на факултет, фала богу корисно е и тоа ама не е толку клучно во животот како што некои луѓе го прават. Едноставно нашата држава не е толку способна за да вработи и пола од тие што завршиле факултет а камо ли повеќе. Нормално има некои на кои им се насмевнува среќата па си најдуваат работа во добра фирма, основаат фирма или пак некоја државна работа ама тоа се многу мал процент од луѓето. Јас не би оставал на среќа нешто да ми се случува во животов ако можам да го контролирам тоа истото
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Сакам да напишам нешто во врска со болдираното.
    Тешка мисија, ајде бе. Јас студирав и работев од мои 19 години. Работите беа сешто нешто, затоа што моите земаа просечна плата, а и куќа градеа. Сакам да ти кажам дека, ако сакаш можеш и да работиш и да студираш. Пример: кафич, чистење станови кога немаш задолжителни предавања (ако не ти е понижувачки), чување деца навечер и милион други работи на кои не можам во моментов да се сетам, така да факултетот не е оправдување дека не можеш да работиш.
    Според тоа како ја опишуваш вашата финансиска состојба, а ти сакаш повеќе, потруди се барем за себе да имаш.
    А тоа што твоите не ти даваат да работиш сигурно има причина.
    Најверојатно мислат дека доволно ти даваат за нормален живот или можеби е така ама ти сакаш многу повеќе.
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас само ке кажам дека девојчето и не студира некој лесен факултет, па да може и да работи и да учи. Знам колку посвета си бара техничи факултет зошто и јас сум го поминала тоа, иако да кажам мојот е потежок од градеж.
    Јас кога запишав прва година, патував секој ден по 150 км. Значи сабајлето заминував рано или пред 7, за да стигнам на предавања кои обично беа до 13 часот, а дома стигав во 15 ч. Ке спиев до 20 ч и после со книгата на работа до 3-4 сабајле ( интернет кафе). Ке дојдев дома мртва изморена, па дремни пак 2часа, па пак трчај по автобуси и така цели 3 месеци, се додека не завршив на нервно. Иако положив 3 предмети на колоквиуми и 2 на испит, здравјето од тогаш си го зезнав и еве ден денс немжам да се вратам во колосек никако.

    Лесно е да се каже најди работа. Тешко е да седнеш да црташ после работа а несмееш ни милиметар да погрешиш, а покрај тоа имаш и задачи и еден тон теорија за учење.

    Јас го разбирам девојчево што неможе да студира и да учи истовремено, но неможам да го разберам зошто во лето да несака да работи и за минимални пари, а зборува за патувања и нз што.
    Не иде ништо од небо, освен ако не ти падне лото. Но и тогаш треба да знаеш како да се организираш во животот, за да не ги изгубиш и тие лесни пари.

    Јас секое лето сум работела по свадби и тоа во мојов крај можеш дневно и 100 евра да заработш од свадба, но и случајно некој да те испука со калаш. За еден месец сум собирала за цела година пари за студии. Моите ми плаќале само партиципација од 200 евра, а се другото јас од гардероба, од пат, од храна, од кафиња итн. Арно ама и тие денови поминаа, па сум работела и други работи, како чистење на куќи на странци ( кај нас ги има многу), кафичи, орифлем, авон...... било што, само да се заработи.
     
    На Dentina и Daleron им се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Ах бе луѓенца мрзливи.
    Тој што кажува дека не е можно да се студира и паралелно да се работи, многу се лаже. Кажува човек што има уште еден испит пред дипломирање и скоро 2 години студира и работи паралелно.
    Можете да кажете дека е напорно, на моменти депримирачко, но не и дека не е изводливо.
    Вика девојчицата погоре немаат пари дома, а тешко и е да го запоти задникот и да заработи нешто. Затоа што луѓенца драги, работа се наоѓа. Можеби не по струка, ама за чесно заработување на парички има.
    Не ми е јасно како не ви е непријатно да чекате буквално на се од родителите, на 20+ години, да чекате 100 денари за да испиете едно кафе со другари, а најмногу што не разбирам е како по ѓаволите не се чувствувате на некој начин бескорисно кога цел ден лежите и правите дупки во креветите, а притоа се жалите како ви е лоша финансиската ситуација.
    И да, угледајте се на Битерсвит. Прво затоа што запишала факултет, а е веќе со фамилија. Второ, затоа што не е ситница да се грижиш за еден цел ДОМ, во поодмината бременост, да посветиш внимание и на маж, и на деца, а притоа да имаш сила првенствено да седнеш и да учиш.
    Мајка ми исто така запиша факултет во ситно загазени триесетти. Со две деца кои одат во школо, маж, полно работно време и тон други обврски.
    А верувајте тоа е потешко за постигнување од тоа вие мазите што го тврдите дека Боже господи било тешко да се студира и да се работи.
    Како што кажав погоре работам две години скоро, келнерка, студирам на стоматологија, факултет со 70 испити од кои сите имаат и практично полагање на пациент, па се ми е дадено во рок.
    Одам на курс германски, кој сама си го плаќам, трошоците за факултет сама си ги плаќам, собиранките со пријатели сама си ги плаќам, одморот и лани, и оваа година сама си го плаќам. Нема поубаво чувство од тоа кога успеав да и купам на мајка ми капут, затоа што одеше со јакна која е 10 години стара, излитена, тенка.
    Туку вас ве кочи преголемата мрза. Лесно е само да се зборува како се нема, тешко е да се превземе нешто во врска со тоа. Затоа што полесно е да се глуми татина принцезичка, која не работи било што, под ниво е тоа. А не знаете дека се што е чесно заработено не е нималку срамно.
    Чуден е на моменти овој животец, но е еден. Можеби почнуваш од дно, но верувам дека со доволен труд и амбиции може да се постигне многу.
     
    На Dentina, imelda и Daleron им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Како тоа мрза не фаќа за работа? Јас убаво кажав погоре дека е тешко и кажав дека сум го правела тоа и здравје сум уништила. Ке кажам пак дека е тешко да се студира одреден факултет и да се работи во исто време и тоа премногу е тешко. Не е исто да седнеш теорија да учиш полсе работа и да седнеш задачи и цртежи да средуваш кои бараат голема прецизност, а очи да ти капат и раце да ти се тресат. Школска моја од средно, се запиша на педагошки и почна и да работи и цело време кукаше колку и било напорно - педагошки еј, а не градежен, машински или електро. Не дека потценувам некој факултет, туку само ја кажувам реалноста. Уште потешко е ако патуваш секој ден како јас цели 5 години.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Некои ме нападнаа со тоа што побарав помош и ја префрлаа вината на мене наместо на моите родители. И дека ваква сум заради расќинувањето со мојот партнер. Не девојки, одамна е тоа.

    Малтретирањето продолжува. Најдов работа во една пицерија меѓутоа татко ми повлекол врсќи да ме отпуштат.. Продолжив да и помагам на мајка ми во домашните обврсќи. Пак незадоволна, пак ја полни главата со глупости на мојот татко ( не заслужува да го наречам така) и пак јас виновна за се. Ме направи наркоманка и како сум пиела многу апчиња. Од кај тие пари кај мене за апчиња кога мене денар не ми даваат а кога наогам работа ги вложуваат сите напори да ме отпуштат? Нашла две шишиња кои ги отварале моите тетќи додека бев во Италија и ме направи пијаница, и го кажала тоа на татко ми а сите знаат дека јас никогаш немам пробано голтка алкохол. И мајка ми го знае тоа. Само што секогаш глуми жртва и болна. Ќе отидеме на доктор нека ми го исперат желудникот, нека ми земат крв па да видеме дали сум пиела лекови и алкохол.
    Се потрудив да разговарам со нив. Татко ми ужива да ми го крои животот. Пред некој ден му се спротиставив на мојот татко. Веднаш тој се разболе и качи притисок.
    Секој пат гледа таа што јас правам на интернет, со кој се допишувам.. Ако се допишувам со некоја блиска другарка дома настанува востание.. Зошто збориш со нејзе, што и кажуваш, дозволуваш да ти ја полни главата со глупости.
    Пред некој ден се договорив да одам ан гости кај една комшивка, мајка ми веднаш почна да вели дека ја лажам, дека ќе одам на друго место.
    Ситуацијата дома, посебно со нејзе е секој ден се повеќе напорна. Не помага ништо. Ниту муабет, ниту да свртам на шала. Секогаш незадоволни. Уште што не направив.
    За да ни дојдат дома гости секогаш негодува, ни пак за одење. Не знам луѓе, не знам.
    Да напоменам, таман почнав да ги средувам односите со бившиот.. Ми се јави, ми кажа дека се уште ме сака и дека сака да се видиме... Се согласив.. плус јас да отидам во неговиот град да се видиме зошто во мојот немам никаква приватност. Таа веднаш почна да ми ја полни главата, и да ми расипува расположение. Не ми дозволува да донесувам одлуќи самата, а и ако згрешам ќе научам од грешката.

    Луѓе, јас не знам како да постапам и да им погодам. Се што ќе направам не вреди, е глупост, не им значи ништо. Секогаш останатите ѓи величи, секогаш најдобри а јас најлоша.
    Размислував да си пакувам куферите, да одам некаде а самата не знам каде. Кога би имала опција не би размислувала.

    Ќе ве молам да сфатите дека ми е тешко. Не е поентата да се каже имаш 22 години голема си не треба да се однесуваш така. Јас одамна не функциунирам нормално. И да сакам не можам. Не успевам. Секогаш мора да се замеша некој од домашните. Скршнав од патот и не можам да се вратам заради каприците на моите родители.
    Се изморив. Ми ја цицаат енергијата секој ден.. Па де кавги помегу моите, и веднаш се дише потешко..

    Не се срамам да кажам дека ја изгубив љубовта кон нив. Да трпиш такво малтретирање, и родители кои мислаат само на пари ( се вадат да имало за нас) па фала богу иамм мозок да заарботам сама не ми дозволуваат.
    Животот ми тече, а тие секој ден полоши.
    И на крај. Пред некој ден на брат ми му беше роденден,му порачаа торта му купија поклон а мене не ми ни честитаа. Туку целиот мој роденден гледаа како да ме изнервират повеќе.

    Е тоа е тоа.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Marcela да те прашам според ова што го кажа, ти си размислувала за тоа дека можеби си посвоена?
     
  13. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Како тоа ПЕДАГОШКИ ЕЈ, ај ве молам не зборувајте глупости, затоа што не знаете како е да се биде таму, по колку пати се полагаат музичко, ликовно, литература за деца и уште еден куп други предмети, мислите дека на педагошки нема цртање, ај седни ти врска немаш од пеење фаќај интонација, па да не паднеш интонативно, ајде ви се молам без таква дискриминација, ако мислиш дека е толку лесно пробај па ќе видиме. И тешко и напорно е да се студира и да се работи, ама кога се сака се се може, еден куп колешки имав кои беа со по три деца со мажи со свекрви одеа и на работа, со зло намерни и не услужливи колеги и колешки и пак дипломираа. Зависи кој колку е упорен и истраен во она што сака да го постигне.
     
  14. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Не, не сум.. Личам цела на татко ми, и во изглед и некогаш во карактер.. Исто и на баба ми, и малку на мајка ми, мешана сум.
    Не знам повеќе што да мислам. Сите мислат дека ѓи преувеличувам работите.А не е така.
    Еднаш кога ме удри брат ми, толку силно што ќе добиев мозочен удар тетка ми го бранеше него а не мене.
    Тогаш се обратив на мојот дечко, ми предложи да отидам кај него но глупа јас, гледав да не го замарам со мои проблеми.
    Денес сакав нешто да порачам на татко ми, мајка ми се обрати : ќе донесе ако му платиш.. Ме гледаше ко да сум и убила некој.

    А со брат ми се однесуваше најубаво. Денес се уште немам јадено, само заради нејзе. Дома нема ништо. А не смеам ни да побарам ниту пак да зготвам. За готвење требаат намирници, за намирници требаат пари а јас ѓи немам. Ако земам од новчаник ке ме направат ајдук.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Душо јас убаво кажав дека несакам да навредам ниедни студии, но да бидеме реални не е тежок факултет, за разлика од девојчето кое студира градежен. Се гледа по бројот на запишани и завршени студенти. Да не се лажеме. Почитувам секој факултет, но тежината е повеке од јасна.
    Техничко цртање кај албанецот професор, јас на преку 20 девојки им полагав, зошто кај него не се бараше индекс и за време испит им полагав на по 2-3 истовремено, се разбира за пари. Тоа што педагошки го учи во 4 години, машински го учи во семестар. Запров замина во пензија
    И да на педагошки има цртање само по еден предмет, на градешен по секој, покрај тон задачи и тон теорија.
    Не мораш да се навредуваш одма на реалноста. Снаа ми заврши педагошки а јас машински и знам колку таа имаше за учење а знам колку јас се тупев. И пак ке кажам дека е тешко да се заврши тој факултет и да се работи. И да често одев на педагошки кафе да пијам ( пошто имаше турско) и гледав мајки со бебиња во колички како се жалат дека имале цели 20 страни за учење - несвест- Не реков дека нема напорни професори, но нема нешто тешко за учење.
     
    На Cka, anggell и leona83 им се допаѓа ова.
  16. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Секој има право на став, ама ако сметаш дека се по 20 страни и од слушнала до на дело има ОГРОМНА разлика, запиши се па види, не реков дека е претежок, но како што мислиш не е така.
     
  17. JustLoveHim

    JustLoveHim Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Незнаев каде да се обратам за мојот проблем па решив тука се надевам дека ке ми помогне некој и дека ке ми даде некој совет ... :?: ;(
    дали некоја ке сака да ми помогне да и пишувам во порака? ве молам итно ми е незнам што да правам... ;(
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    е пиши де тука, ке добиеш повеке совети.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.580
    Окензи, соссема си во право. Не очекував дека некогаш некој некаде ке пише дека педагошки бил тежок факултет, па уште и да се спореди со нешто како Градежен, срам ме фаќа што читам. У слободно време, додека возам точак, ке го дипломирам тој факултет. Заради тоа што секоја може да го заврши, имаме неписмена младина. Испит од 300 страни е за разонода. Кога некоја од педагошки ке положи испит од 3000 страни, нека ми се јави.
    А факт е дека може да се студира, работи и да се чуваат деца. Имам таква пријталека, со 2 деца претшколска возраст, починат маж, оди 8 саати на работа и дипломираше на државен,ама не педагошки :) У исти ден кога помалиот и тргна прво одд. Ама не седеше на ФБ по цел ден.
    Треба само волја, ништо повеќе. Изговори има за се, вредни луѓе малку.
     
    На okcenzi, Play, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kimmi

    kimmi Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Хелп

    Во моментов сум многу збунета и ми треба добар совет.Има веке скоро две години од како сум маЖена и сеуште неможам да се пронајдам во бракот.се омажив на 19 години со човекот кој го сакав и бев со него цели 5 години но за жал не успеав да се вклопам во неговата средина иако се трудев највеке што можев.Јас сум од град но он живее во село и неможам да бидам како нив.Се трудев на секаков начин да им угодам и многу се плашев и поради тоа почнав психички да се оболувам,се затворив дома ми беше страв да комуницирам со луѓе навечер плачев и се карав за секакви ситници со мажот ми.Сега пред некој месец почнав да одам на психијатар,конечно се решив да побарам помош и ми дадоа лекови пароксетин и хелекс почнав да ги пијам и ми дојде подобро се стабилизирав,се охрабрив и малце од малце ми се врати самодовербата а и самата докторка ми рече дека по неколку месеци терапија постепено ке ги намалуваме.Проблемот е во тоа што кога и кажав на една блиска личност за мене ми рече дека многу сум млада за тие лекови и не однесе со мажот ми на баење кај оџа кој ми рече дека многу сум преплашена но дека лековите треба одма да ги оставам и ми кажа некои работи да ги направам и дека ке ми биде подобро.ама јас се осекам пак лошо без лековите и тоа дека наеднаш ги оставив и сега незнам што да правам дали да продолжам да си ги пијам уште некое време или да почекам да видам како ке ми биде :doh: